Ти како современ маш ме занима ако откриеш дека твојата жена те изневерила како ке се цувствувас?(направи си визија за моменто) Што ке им казеш на децата(доколку ги имас)? На околината околу тебе ? Каде ке ти биде маското его во тој случај(тоа не знае за современост) И запрашај се како мозе НЕКОЈ ТОА ДА ГО ТРПИ И ВООПСТО ЗАПРАШАЈ СЕ ЗОСТО ДА ТЕ ТРПИ,знаеш постое развод,немора некој да биде изневерен а со тој некој изневерен и блиската околина повредена.А ако ти се сметас за современ имас ли помислено некогас дека многу од тие што се околу тебе не се до толку современи како тебе,истите нема да ја разберат твојта современост.И ке бидат повредени и крајно револтирани во таа ситуација имас ли помислено некогас за тооа...Дај освести се и поимот современост проуци го подобро и не дозволувај егоизмот да владе со тебе не мораш за етика моралот го преповтори...потребен е а јас кога ке слуснам дека е женет од него бегам како црвен гавол од тамјан на тој нацин се справувам со контрола на цувствата и ми успева проби ке видис за проба пари не треба а со срцето не мозе да сакас само една лицност со срце се сака повеке знаеш мајка,татко,деца,пријатели итн.а ако твоето срце е фокусирано само на тебе и на усте една др особа тоа јас не го сметам за човек со емоции и така да тој цовек нема сто да контролира и затоа не знае како...и се извинувам ако несто од текстот допре до твојте нерви(не верувам ама ајде јас да си кажам) А лубовта прво се ствара во главата па опп во срцето
Кога си го слушал/а Балашевиќ на 15 години верувам омилена ти била оваа песна: http://www.youtube.com/watch?v=Wglm3wuv5ek пам пам парарам Јас не функционирам така. Да функционираа сите како мене, темава воопшто не ќе постоеше. Не сум така воспитана. Ме учеле на уште многу порана возраст од таа кога ти си слушал/а Балашевиќ, дека во животот треба да почитуваш туѓо колку и твое. Треба да се биде чесен и искрен. Ма не треба...Мора! Не се правам сега фина...Имам и јас свои јадови... Ама се МОИ! Верувам и јас во љубов. Во таа љубов која кога ќе се случи велам: Негова сум! Мој е! Не се работи за сопственост или робување...Мислам дека сфаќаш за какво припаѓање станува збор... П.С. Балаш можеби е стар, но не е застарен! Од единствена причина што не е тренд, туку е уметник, кантавтор, поет, писател...Севременски! Со само тоа што често третира една универзумска тема- ЉУБОВ, во која ти силно веруваш, ти го препорачувам да му се навратиш читајќи го и слушајќи...Оплеменува! П.П.С. Те молам користи интерпункциски знаци, за полесно да комуницираме.
1000 камшика за жените, а сечење на мочалото за мажите неверници... Ако толку ви стискат да одите со други кои се оженети/мажени или додека вие сте во брак,па соберете храброст за развод или вашите партнери нека ги остават нивните партнери... Ама кој тргнал по тој пат,се знае кај завршил и кој ќе е тука на крај на животот МОЖЕБИ НЕ СУМ КОМПЕТЕНТНА ДА ПИШУВАМ СО МОИТЕ 19год. АМА ПОЗРЕЛО РАЗМИСЛУВАМ ОД ЖЕНИТЕ КОИ ДОБРОВОЛНО СЕ ВПУШТИЛЕ ВО ВАКВА АВАНТУРА т.н. трагедија..
уфф комплицирано е ова, има секакви животни ситуации, и никако не може да се генерализира, но како и да е сигурно дека носат многу проблеми, тоа ти е како еден вид на порок, задоволството носи штета, само зависи колку голема
абе луѓе остајте ги луѓето да си живеат како што сакаат и живејте вие како што сакате.Во животот не знаете во каква ситуација ќе се најдете и во кој момент ќе го промените мислењето така да.....слушајте ги постарите и поискусните...односно слушајте паталец а не гаталец.
сакаш да кажеш дека сум јас невоспитан?тебе те учеле од рана возраст да почитуваш туѓо а што тоа?барбика топка ??јадови нормално дека сите имаме и можам слободно да си земам за право и да кажам дека сите што пишуваат на оваа тема индиректно се поврзани со некоја ситуација колку и да се прават наивни и праведни тоа мислење го имам од едностава причина што гледам по себе зошто на пример не следам форуми за астрологија??? зошто сакам да споделувам мислења тука? се е со причина ништо нема случајно затоа и се согласувам и ја оправдувам една таква врска затоа што има милјон причини да се случи тоа треба да ја видиме основата проблемот од што произлегло сето тоа пред било што да кажиме балашевиќ е цар иако е стар и застарен сакам понекогаш да ја слушам песничкава ама лесен сум подуша и одма ме навалуваат спомени а не го сакам затоа што никој околу мене не го слуша сите ги нервира мислат дека е помината работа http://www.youtube.com/watch?v=VwHcKtd7Zn0
како ке се чувствувам? сигурно неубаво ама ќе ја барам грешката во мене не во незе затоа што нешто сум промашил сум пропуштил не сум му посветил внимание и затоа се случило тоа нема да ми е драго нормално ама ке се разведам сигурно мислам дека немам сила да се справамс о тоа најискрено со срцето се сака повеке лицности нормално ама на разлицен нацин се разбираме мислам љубовта во никој случај не се ствара прво во главата што ако некој те привлечи физичкии сакас да си со него?ас мислам дека и едно и друго треба не глумам современ маж само се трудам да се прилагодам на ова модерно време а кога гледам убава жена на се заборавам пошто зените ми се слабост само на тој план сум слаб инаку се друго е ок
Tи бато не си дораснат за брак! Имам јас еден план кој би можел и законски да се изрегулира - отсега ,пред секое стапување во брак и двете индивидуи да бидат подложени на еден опширен психотест од страна на некој врвен стручњак и тој со неговата компетентност да докаже дали тие ликови се подготвени за вистински и нормален брак или не . Преку глава ми е веќе од муабети за швалерации и шврљање! Глејте си ги фамилиите , бре , кој к*р ве тера да растурате бракови и да уништувате туѓи животи?
Не сакам да кажам дека си невоспитан...Ама Душко Радовиќ вели дека е подобро да си невоспитан, отколку лошо воспитан Се шалам Во врска со тоа како јас сум допрена од темава... Еднаш, некогаш, имав дилема (на 17-18години) од типот: „На кого повеќе му припаѓа Тој: мене-која го сонувам или неа-со која спие??“ И сфатив дека љубовта ќе му се случи на секој, не во некои триаголни глупави форми, туку онака, чиста, како треба...Е на тие 17, 18 години, кога сакав некој кој беше во врска, не со мене, се борев со желбата тие да не се заедно. Се разбира, остана на посакување, никакво дејствување и сл. и денес ми е многу жал што воопшто сум го сакала тоа. Мене ме пројде ко лоша болест, а тие ден денес се заедно. И волкот сит и овците на број.
Tи друже си тежок случај не си дораснат за да бакниш било која жена а не да разговараш на темава десанка само тие позната и ек ти биде уште долго време како што те гледам како размислуваш изгледаш премногу демоде треба да бидиш одма подложен на појке психотестови планов твој нее лош ама за во пакистан и функционира таму на сличен начин таткото кажува кој кога и каде ке стапи во брак тој е тој што е компетентен и е стручњак разгледајја темава на разговор тука пред било што да напишис какво шврлјање какви глупости зборуваш не те разбирам ??????
Да би била на твое место јас би ја прекинала таа врска веднаш!!А веке ако толку те сака би се развел од жена му!Поздрав Да сум на твое место јас веднаш би ја прекинала таа врска!А ако толку те сака зошто не се разведе од жена му!
Да би ја запрела одма, кооолку и да ми е најшармантен на цел свет, затоа што таквите врски најчесто завршуваат така што момакот од кога ќе ја искористи малата за секс малце поразличен од тој што го има дома, ќе ја остави и ќе си се врати кај женичката и децата Може некој ќе го осуди моето мислење, може се ова предрасуди ама јас така мислам и тоа е тоа. Не би се впуштала во таква авантура
Јас сум против врска со оженет човек. Сметам дека во текот на младоста секој си го запознава партнерот со кој ке го помине остатокот од животот кој нормално треба да биде на иста возраст со вас. Не е ли поубаво сите работи кои си ги носи времето да ги доживувате истовремено? Заедно да си завршите факултет, и ред други работи. А што да бидам со оженет и јас да се радувам на првото вработување, а тој да ми се жали на болки во кичмата? Дадов смешен пример, ама мислам дека ме сфаќате што сакам да кажам. Од милиони слободни момци сте се фатиле за некој зафатен? 100% сум против и ми се гади од такви девојки кои растураат семејства
Јас сум во врска со човек што е оженет и со две деца и заедно сме некое време и знам колку е тоа погрешно и сум пробала да се тргнам од него меѓутоа неможам... мој совет е никогаш да не влагате во такви врски
Мене до пред месец почна да ми пиши еден бизнисмен од СК кој има жена (можда и деца).. Секој ден ме вика на јадење, пијачка, кафе, ШТО И ДА Е... Ми нуди бесплатни работи од кај него итн...Иако е симпатичен, мене ми е одвратен затоа што мене ми пишува а има жена.... и знаете што одговорив?? Спојлер НЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Секој може да живее без секого
јас сум мажена и имав врска со женет...беше преубаво дури траеше,сонвав и дека еден ден ке сме заедно...неговата сопруга дозна за нас,правеше секакви напори да дојде до мене но не успеа...јас бев втора кај него но и тој кај мене и на еден начин бевме на исто ниво....прекинавме само затоа што тој почна да ме изневерува...затоа мислам нема некое непишано правило дека некоја врска дали е со женет или слободен човек,важна е љубовта ако е јака ќе ги победи предрасудите и ќе успее,се зависи од нас самите.....
Нема среќа на туѓа несреќа.... Џабе!!!! Несакам ни да помислам како и е на таа жена кога дознава какво гом*о од маж има поред себе .... не не не !!!!! Посебно млади девојчиња со женети мажи? ужас... Етиката и моралот барем да проработат во тој момент, не друго....Остро ги негирам ваквите ситуации...Има милиони слободни мажи, што не се закачат за таков некој без обврски. А за мажите што влегуваат во вакви врски несакам ни да коментирам КУКАВИЦИ... тоа за мене не се мажи... П.С. Љубов тука никогаш неможе да има... има само земски страсти и секс...Љубов не постои...само илузии....
Тебе почнал да те изневерува? Од таквите како тебе косата ми се крева! Какви предрасуди жити се? Што е овде според тебе нормално? Господе златен