Па и со маж ми да имам секс не и' кажувам на ќерка ми... Господ да не исчува ти е муабетов Ти кажав иначе што ме пали: сексуално искуство и повозрасни мажи. Колкумина има над 40 што се сингл? То ко прво. Ко второ.. сингл над 40, посебно неискусни, нема шанси да се плеткам со нив.. па да ми се испозаљубат или нешто така. Со овие, се знае што сакаме и двајцата: Секс, фала-пријатно. Плус, мора да ми е привлечен.. да има хемија. Нема да се сексам со некој само заради тоа што е сингл, ако не ми е секси.. нема шанси.
Ај ти се молам со вакви постови. Не ме засмејувај жити се. Поддржуваш вакво нешто оти се работи за членка што си коментирате во други теми и се мирисате, а да се работеше за нова членка, ќе ја распневте. Нели?
Лелеее Сношти баш ова беше муабет.. дека ако се приклучат на темава, одма ќе се нафрлите со муабет: Оти сте 'пријателки'! Не сме до толку. Чка посебно, нешто ако не и' се бендисва, има да ми го сренда и око да не и' трепни. Не дека сите со мене се согласуваат и за се' ој читај на +-40 Ќе видиш и таму како ме пердашат
Ја поддржувам WildMk. Сите вие што се пуфкате и продавате морал не сте свесни што ќе ве сполети во животот/или веќе ви се случува само не сте свесни !!! затоа малку по реални бидете. За врска или секс со женет маж е крив мажот и само мажот !! Жената има моќ да заведува и тоа и во природа а кога има овци за стрижење..... Се додека ние жените изигравaме жртви се до тогаш ќе бидеме изневерувани и ќе отвараме теми ' ме искористи за една вечер' или не знам ти какви слични. Го "фаќаш за уши' го сексаш и му ги даваш клоците. Но до таму до кај што имав нерви да читам...свтлосни години сме позади мажите на тема секс. Тие си го живеат животот а ние морали продавме и други ни се криви. Јас лично не би можела секс со женет затоа што повеќе сакам внимание и нежност од мажот отколку секс, а пак втора да бидам неможам да поднесам (значи пак за себе си гледам) но не им судам на тие што можат. Никој на сила не му го вади од панталони а кога се плитки и малку им треба за да го извадат не залужуваат ни жена да имаат, ни деца. Таа што ќе кука дека трета и го завела мажот само си бара причина и оправдување за да остане со него. Не навлегувам во причините. Јас се разведов поради неверство..крив е мажот и само тој !!!
Разведени ? Еден тон. Сингл цел живот? Тук там. Сексуално искуство ? Можеби жена му му била прва или втора. Зарем годините се мерило за спремност во кревет ? Друго, им бараш број на изминати партнери па знаеш дали се искусни или не, им читаш од лицето ? . Дете од 20 години може веќе да имало повеќе партнерки за разлика од векот на 40 годишниот. Искуството пак ќе поновам не се мери со годините. Околу заљубувањето, пак немаш гаранција, како што немаш ни со искуството. Немаш гаранција ни дека слободниот ќе се заљуби во тебе, ниту пак дека женетиот нема да се заљуби во тебе. Исто и ти во нив.
Ама не ме привлекуваат помали од мене. И сега? Да се ебам со некој од 20, само за да ги задоволам твоите стандарди? Ебате логиката! Ај ти немај секс со 20 годишни, ами со 50 годишни, оти мене ми се секси? Шо мислиш за то? Како можиш да ми кажваш, јас на кој да се палам? Не си земај таква слобода, која апсолутно не ти припаѓа. А да! Пак ќе повторам, и немој пак истио муабет да ми го прајш! Тие со кои јас сум била (оженети), имале по 100 и кусур партнери, повеќето додека се во брак. Не одбирам некој што прв пат излегува од постелата на сопругата. Оти така ми е секси!
Ти ли беше таа со незаборавната изјава дека „либерална“ ти е навреда, либерализам кај жени ти асоцирало на плескање со други мажи, а ти сакаш конзервативно „здраво“ семејство? Мхм, ти ептен нас нè убеди, ем и по некоја солза ни капна од длабочината на напишаново.
Искрено, јас сакав да се јавам со подршка за тебе ама се воздржав... прво да не јадам ќотек тука, второ, дека не се согласувам целосно со твоите ставови... односно дека се прерадикални и за мене иако се сметам за некој со доста либерални размислувања... АМА.. тоа си се ТВОИ ставови и ТВОЈ живот, па затоа ниту имам право да те осудувам, ниту да те навредувам, ниту да ти се мешам, нели... Е сега, за другите членки што коментираат (не сакам да нагласам никого посебно) ... ама вашите коментари покажуваат голема незрелост...всушност, уште не сте ни зачекориле низ животот а сметате дека знаете како да сте наполниле по 80 години и сте виделе и искусиле се од животот... врска немате ... тоа допрва ќе го сфаќате, колку е животот суров и нереален и дека нема врска со тоа што си го замислувате и посакувате. И баш ме интересира од каде ќе ги најдете мажите што ги посакувате, што ќе бидат по ваша мерка или онака како што ги преставувате тука, како ангелчиња... Можам до утре тука да пишувам... ама нема фајде, бидејќи животното искуство ви е толкаво, што до бесвест ќе ме реплицирате и ќе ме убедувате дека не сум во право... И за крај... мислам дека добар дел од вас што тука ја напаѓате Вајлд, го правите тоа зошто ви е криво што не можете да бидете како неа...не сите...ама добар дел...
Иако си ја сакам Вајлд како членка и искрено ме воодушевува колку опенмајндед е за многу теми за кои други луѓе на нејзина возраст имаат закоравени сфаќања, сепак на темава не можам да се согласам со неа. Нема јас да и диктирам како да си го живее животот ама нема ни да ја оправдам конкретно за учеството во неверство ( не за отворениот брак, тоа си е нејзино и воопшто не ми пречи). Во однос на она што го имаше пишано @JuLleE дека не треба да бидеме сигурни и за себе, апсолутно нема да се согласам. Точно се знам себеси дека никогаш ама баш НИКОГАШ не би посегнала по неверство како опција за да си решам проблеми или незадоволство во врска/брак. Ќе расчистам со партнерот па после ќе си праам како ми се сака.
Не се нервирај Вајлд. Можеш да имаш секс со кој сакаш и со кој стигнеш, само тебе нека ти е убаво, ама немој низ филозофии да пробуваш да се осеќаш подобро во врска со себе, дека не правиш ништо погрешно и да си ја намалуваш одговорноста. Почитувајте ја институцијата брак, кога веќе сте ставиле потпис. Бракот како формалност, се повеќе бива злоупотребуван од оние кои имаат ексклузивитет на него И не чини. И не им ја кревајте вредноста до толку аман, еден кур е, ништо повеќе.
Мојот брак го почитувам. Туѓите, не се моја одговорност! Ко ќе одите наоколу да предупредувате изневерени, дека се изневерени, и 'ќе им ги спасувате' браковите, тогаш навратете се кај мене.
Замисли ситуација, собрани мажи и еден од нив се фали како има секс со мажени жени, а другиве го осудуваат, па како можеш така да растураш бракови, па отето је проклето, па зарем не ти е жал за децата нејзини што ја чекаат дури ти се ебеш со неа, па филозофии од типот да немаше мажи што идат со мажени, жените ќе немаа со кој да изневеруваат...Not gonna happen Ќе го тапшаат за рамо, ќе го частат пиво, мајстор си бе брат, дај пушти нешто и за мене!
А, да, клаузулата за сексуални односи ја немало, заборавив. Истото може да го рече и изневерувачот, кој не е во отворен брак. И немојте да кажете дека потписот не значи ништо. Поголемо обврзување амин. Иди земи кредит во банка, ќе ставиш потпис, не ги почитувај точките од договорот, па ќе се уверите во моќта на потписот. Не можеш да кажеш дека си против нешто, а да си дел од истото. Како јас да кажам, мразам мито и корупција и посакувам таа појава да се искорени, ( како што ти нејќеш изневерување пропратено со лажење ), сакам се да биде фер и транспарентно и да му пикнам 50 евриќа на полицаецот до мене во следна прилика. Не иде, видиш. Се најдобро.
точно. Само жално е што само 1% од женетите мажи спаѓаат во таа група. 99 % или прифаќаат или се како тие што ти ги опиша во твојот случај.
Моето однесување е конзервативно и тоа не може да се смени. Ама јас на никој не можам да ми ограничам слобода. Веројатно не сфаќаш дека конзервативните луѓе се за нив конзервативни и не им е целта да ги сменат либералните. Јас нема да изневерам, ама моето мислење нема да те смени тебе либералната да имаш полиандрија.
Lujdzevo so ne prat. Mamat doma brakoj rasturat pak se im odi. Mene i na mojte cel zivot posteni nisto ne mu odelo niti mi odi.
Не може да го рече истото изневерувачот, оти тој не го почитува договорот за верност, кој го ветил на партнерот. Јас, тоа што ветив, исполнувам. Тоа што не сум сигурна дека можам да исполнам, не ветувам. Пак се сведува на искреност. И не го потценувам бракот како институција, туку стојам зад тоа дека сечиј брак е договор меѓу двајцата сопружници, и никој друг освен нив.
Имам предлог. Да ја распнеме Вајлд за најголема изневерувачка, што викате, а? Веројатно тоа на сите ќе ви ја задоволи потребата за чиста моногамно - хетеронормативна заедница. Сите оние кои се полиаморни/полиандрични такоџе нека се изјаснат, да ги знаеме кои се за по грешка да не им лајкнеме некој пост по темите. Сите со камшик и свилени ракавици на индиректен начин да ги "slut-шејмуваме" овие сексуални 'предатори' за повисока кауза. За сите вие да можете да продолжите со сервилните општествени лаги дека не е добро да се има повеќе од еден партнер, и тој треба да се чува себично во кафез. И нормално дека потписот во матично е светиња.
Се можам да разберам ама швалерката дека е крива оти мажот ме изневерил, е тоа не можам да ја мразам, да гледам што има таа што немам јас, може по сто пати на ден да ја и именувам со курва, ороспија ваква таква ама на крајот на денот единствен виновник ќе ми биде мм. Кога велам единствен мислам само на него зошто не мислам да се обвинувам дали ме изневерил зошто ручекот не му бил по ќеф, кошулата неиспеглана, синоќа не сум му дала или сме се скарале за нешто. Затоа му имам кажано боже мој луѓе сме, сметаш дека не ти обрнувам внимание, не те задоволувам, сметаш имаме проблем кажи ми отворено, не ме сакаш или си се заљубил, чуствуваш привлечност кон друга, сакам карти на маса, развод и секој по свој пат. Ќе ме боли ќе ми биде тешко ама ќе помине ама да разберам дека ме изневерил мислам ќе го кастрирам, убијам задавам до таа крајност. Се што барам е искреност нека ме остави ќе ме боли ама ќе му простам ќе го сфатам до тука било, а да ми прави работи зад грб, да ме лаже во очи тогаш не одговарам за постапките.