Зависи од случај до случај, не е кај сите исто за од ракав да се расфрламе со заклучоци кој е виновен кој не е. Hе мора да имаш проблем со брачниот партнер за да се загледаш во трета личност. Се случува нешто да ти привлече очи и да ти окупира ум. Кој е толку издржлив во одбивањето личност што му се допаѓа? Секој има моменти на слабост. Е сеа дека повеќето што вараат тоа го прават од свои комплекси колку да се рече дека имаат швалерка а не оти многу бираат е факт, но сепак поединечно нека се гледа на секој случај.
Како може ако го сакам маж ми друг да почни да ми се допаѓа и да ми окупира ум? И психичката превара е превара, а не да преминуваме на физичка. За тебе тој што го сакаш е најубав, не е возможно друг да ти окупира ум ма каков и да бил. Чим друг ти окупира ум имаш погрешен партнер до тебе
Како минуваат годините, треба да се одалечуваме од партнерот? Карактер да од карактер до карактер ама времето не е мерило тој што ме привлекува сега и останам до него ќе ме привлекува секогаш исто како првиот ден Се изјаснав. Имаш погрешен партнер до тебе чим може.
Е како не може? едит сега видов- нема врска партнерот, може да те сака и се да ти удоволува ама ако те привлече друг,шо праиме? Така да може
Aко е партнерот покрај тебе вистинската личност, не значи дека не може да биде и некој друг. Дали ќе сретнеш еден, двајца или ниеден, којзнае.
Точно така не се може против срце и ум, јас за себе не гарантирам а не па за мм, се сакаме среќни сме, но утре што носи којзнае. Затоа велам ако дојде до такво нешто сакам да ми каже како што јас би му кажала и би се разделиле
Епа кој вели дека можеш, може овој до тебе го сакаш и се е супер додека во твојот живот не влета личност која те импресионира повеќе од таа до тебе и твојот живот се менува се заљубвиш во друг и губиш интерес за тој до тебе. Е сега има два начини седнуваш на маса и му кажуваш дека сакаш да се разделите или почнуваш да се караш за се нешто, да негодуваш, да немаш волја за секс да го избегнуваш и во меѓувреме да почнеш врска со тој другиот.
А како то ќе влета личност во твојот живот? Ако влета значи си ја барал другата личност. А то да ако веќе се случи тоа прво го седнуваш парнерот, му кажуваш како е и што е, тој си продолжува понатаму да си ја најди вистинската, а ти од кога ќе завршиш со вториот вистински, премини на третиот
Неможе да влета ако седите затворени во 4 ѕида па и тогаш може поштарот ќе ти се погоди Еве на пример колега на работа, ммм? Во спротивно секој ден запознаваме луѓе
Нормално е да запознаваш луѓе, ама ако го сакаш тој до тебе не е нормално некој што ќе го запознајш колега или што и да е да ти го поматит умот или крајно да ти се свиѓа.
Никој не рече дека е невозможно и неверојатно, се изјаснав и погоре ако дојди до тоа погрешен партнер имаш до тебе кој не го сакаш и почитуваш доволно.
За каков финален избор зборуваш? Финален избор би бил мажот ( или жената)да поднесе барање за развод и да замине од дома( или да подели имот) и да се ожени со швалерката. Финален избор не е секс со нова личност. Да точно дека е бегство но овие мажи /жени не сакаат најчесто да се разведат. Да сакаа, ке го стореа тоа пред да плеснат друга. Деца ќе страдаат при развод, финансиски позатегнато, родители ке кукаат, комшии ќе оговараат. Варање е лесен избор а не финален. Плус голрма е шанса да не те фатат. А ако и признаеш на жената/мажот дека не ја сакаш веќе, дека не ти е привлечна , дека ти е здодевна - помалку ќе ја повредиш? И ајде објасни ми како ако не ја сака, ако не му е згодна, терапија ќе го реши тоа? Проблеми се решаваат, отсуство на љубов и страст не .. А некои чак имаат љубов и не многу проблеми па пак сакаат да пробаат нов партнер понекогаш. Сериски изневерувач е карактерна особина одвратна, а човечки е еднаш два пати во живот да се најдеш на раскрсница. И што ќе одлучиш, секој за себе си знае.
Абе јас ти тврдам дека имам партнер кој го сакам и ме сака, го почитувам и ме почитува, прекрасен сопруг и татко и пак не гарантирам ни за себе ни за него во иднина. И токму твоето погрешен партнер до тебе ми боде очи
Можеби нема да најдеме со апсолутно сите штиклирани полиња, но прашања како што е неверство сигурно и тоа како ќе ни бидат битни. Also, нема ради реда да бидам со некој само за да не бидам сама. Во тоа може да бидеш сигурен.