Извинете што вака упаѓам среде жесток дијалог, само многу ме интересира едно нешто. Зошто мажите што изневеруваат (и кога се во брак, а и оние во врска) не сакаат да ја остават сопругата/ девојката, кога веќе се гледаат со некоја друга? Ајде тие во брак до некаде ќе ги разберам ( поради углед, дома им е средено, испеглано, жената добро се грижи за нивните деца и сл), ама тие во врска, каде што ништо не ги врзува, зашто упорно изневеруваат, кријат и не признаваат? Па уште, многу често влегуваат со долгогодишната девојка во брак и продолжуваат со своите шеми... Стварно би сакал некој да ми ја образложи психичката позадина на тоа.
Нема со сите штиклирани полиња, затоа што не постои таков... единствено што може е да има што повеќе штиклирани... И ако некој е верен на почеток на врска или брак, тоа не значи дека таков и ќе остане. И ова не е мое мислење...знам премногу примери од случаи што се случиле на мои блиски, пријатели , колеги што го потврдуваат тоа што го кажувам... Никогаш нема правило...
Зошто прашањето не го поставиш, само со заменети улоги... машките и женските. Можеби тогаш поинаку ќе гледаш на работите. Немојте она... " Сите женети изневеруваат, сите мажени се поштени" . За да биде мажот неверен, потребно е женско... а поголем број женски се во брак, нели, проста математика... значи еднаков е бројот на мажи и жени на кои неверството не им е непознато...
Сосем јасно ми е дека никој не може да ми гарантира дека нема да посака да излезе од врската/бракот во некој миг, но првин до себе ќе барам пријател кој ќе ме почитува доволно за да искрено ми каже дека „До тука било, не оди понатаму“. И ќе разберам. И пак ќе го сакам и почитувам за искреноста, затоа што останал ЧОВЕК до крај.
Види, речиси секој е со ваков став се додека не му се случи нему. Дали ќе е поради флерт, страст, љубов, некогаш нема да можеш да се контролираш. Колку и да си разумен. Никогаш не ќе знаеш што тебе може да ти се случи. Затоа, пак ќе ти кажам, јас бев човек што мрази неверство, што и се гади, што смета дека никогаш не би можела да го стори тоа и да и го сторат. Ама како што кажа @ninja35 сеуште повеќето сте неискусни, би рекла и незрели. Откако пројдов низ тоа, сега гледам сосема поинаку. Би рекла подлабко на проблемот. И поинаку го доживевам. Апсолутно сум за моногамија во бракот, не подржувам отворен брак, но знам дека од партнерот можам да очекувам се. Некогаш тешко е да се разведеш, многу работи, фактори влијаат, па партнерите остануваат во такви бракови. Молчејќи се согласуваат и на неверства. На крајот секој има право на љубов и среќа.
Па, поради тоа што сум женско, хетеросексуалка, некако природно ми е да прашам на тој начин. Еве, ги сменив улогите: Извинете што вака упаѓам среде жесток дијалог, само многу ме интересира едно нешто. Зошто жените што изневеруваат (и кога се во брак, а и оние во врска) не сакаат да го остават сопргот/ дечкото, кога веќе се гледаат со некој друг? Ајде тие во брак до некаде ќе ги разберам ( поради углед, дома им е средено, мажот добро се грижи за нивните деца и сл), ама тие во врска, каде што ништо не ги врзува, зашто упорно изневеруваат, кријат и не признаваат? Па уште, многу често влегуваат со долгогодишниот дечко во брак и продолжуваат со своите шеми... Стварно би сакал некој да ми ја образложи психичката позадина на тоа. И пак не ми е јасно. Постот не беше напад кон машките. Така да, ако немаш одговор- заобиколи!
Нов апдејт на темава имаме. Изневерувачите да ти биле созреани, а оние кои се против таквиот чин, несозреани тикви кои ништо не виделе од животот.
Еден пример на променето мислење не е и правило. За незрелоста, нема да коментирам многу. Само ќе речам, ако изневерувањето ве прави зрели, тогаш јас никогаш нема ни да бидам зрела. Јеби га, не сите можеме да пораснеме.
Па знаеш она коа немаш друго оправдување за нешто, а тој карши тебе е помлад. Ако отидам сега и се плеснам со некој а сум во врска, дали моментално ќе созреам?
Не созревате од неверството туку од животните ситуации. Па да на некој начин ве прави позрел, поискусен. Всушност, зависи како и ќе го надминеш и прифатеш. И не е само неверството, многу други животни ситуации ни го менуваат ставот за многу работи во животот. Може нешто друго ќе те измести од колосек. Еве јас ти поскаувам никогаш да не треба да минуваш низ тоа.
Па никоја од нас не кажа дека вени ќе сече ако биде изневерена. Ќе биде на секој тешко ама ќе се помириме на крај. Токсична врска дали е созревање? И тоа е играње со чувства и психа како што е неверство.
Не разбирам како мислите дека третата страна не била крива,дека се борела за љубовта итн.Да,факт е дека сопругот ја носи најголемата вина,ама жена(љубовница) која да речеме дека знае дека тој е оженет,дека дома го чекаат сопруга и деца на кој им кажал дека ќе остани на работа +2 часа пример,како може СВЕСНО да се впушти во таква авантура? Како нема ниту грам совест не ми е јасно? А сум 100% сигурна дека на вас да ви се случи да сте изневерени,ај што(се надевам) ќе му ги шутнете клоците на мажот,ама нема да имате најдобро мислење за швалерката,како демек абе греотка е,таа само авантури сакала,сакала секс со маж ми,не е крива таа,ќе си ги раснам децава сама јас,ко ќе пораснат и ќе ме прашаат ќе им кажам еј ќерко татко ти се е*еше со друга,ама не е крива таа,и ти ако налеташ на оженет копиљар на кој му мрда опашката искористи прилика и легни со него,не се мисли за децата,нека пораснат како тебе,бори се за љубовта *** Сепак ова е само мој став,не цитирам никого,не запомнив кој што пишал,да не сфатите ништо лично
Јас не реков никаде дека имаш погрешен партнер до тебе, ама велам во случај кога друг ти окупира ум а имаш некој до себе тогаш дефинитивно тој не е правиот.
Абе јас не сакав со тие зборови да го кажам...ама кога веќе рече... Врска нема твојов коментар со она што сакав да го кажам... Само сакав да кажам дека премалку имате видено во животот, веројатно уште сте во домовите на вашите родители, финансиски зависни, не сте во брак, не сте имале многу партнери, животот уште го сметате за фер... На тоа мислев
Добро и кога ќе видиме повеќе што ќе се смени? Едит - Не, животот не го сметам за фер. Доволно ми е за цел живот што се родив во токсична средина.
Ќе сфатите дека животот е педер... дека партнерот подоцна не е истиот од почетокот, дека луѓето се порасипани и посебични од што мислите.... И дека неверството е толку многу распространето, што звучи дури и нереално...
Ама муабетот ми е што можеш да мислиш дека до тебе е ''вистинскиот'' а во иднина да испадне дека не е
Фејсбук ти е повеќе за стари лица веќе. Инстаграм муабетите се фина работа, бришеш одма, слики не се зачувуват, снапчет па ептен добра работа. Апликации па да не збориме. На македонски Тиндер мислам беше, колку мажи во среќни бракови видов. Колнете се вие пак на вечна љубов и доверба во партнерот.