Се едитирав - сфатив уште од дете дека животот е педер и дека и сопствениот родител може да те столчи, а не некој друг. Ама и сега и никогаш нема неверство да оправдам.
Не знам каква разлика има точно меѓу мажи и жени статистички зошто изневеруваат, можам да кажам јас зошто сум изневерила во врска. Дисклејмер: млада бев многу, на брак не ни помислував( не се пеавдам туку да доловам состојба на умот) Ужасно згоден тип, со неверојатна хемија меѓу нас, но од оние -сериски изневерувачи. И тој имаше долгогодишна девојка , сега се во брак. Едноставно хемија. Сексот беше фантастичен. Другото- не верувам дека би било. Не би се омажила за него ниту дете би му родила, па нека е задњи. Ни тој немаше намера да раскинува. Јас знаев да се исконтролирам да не се заљубам. Зашто знаев што носи врска со таков. Не дека не чинеше, еве на жена му и чини веројатно. После се заљубив до дечкото со кој тргнав( нова врска беше) и овој беше изгустиран. Дали доволно одвратна бев? Инаку не знам дали сте забележалр, политичарите во мк и естрадните звезди кој како сепак дел од нив полу јавно изневеруваат. И мажи и жени. Сепак НИКОЈ од нив не е разведен. Зошто? Мене па тоа не ми е јасно, оти сите те христијани, те морални, те паметни и ситуирани, те независни. На крај швалерите/-ките извисуват ако се заљубат. Кучињата лаат, караванот си врви
И го има на секој чекор и го прави секој втор. И ќе дојде време секој си има маж/жена и по еден швалер/ка. Ако и не дојде тоа време.
Абе, како јапонски да ви збори човек.... Јас не ви викам дека треба да го оправдате... само дека е толку многу распространето што веќе ми стана нормално. Веќе не ме изненадува кога ќе слушнам за некого дека му се случило нешто такво... и така...
Дури мислам дека има разлика од пред неколку години.... тогаш одма се разведуваа луѓето, се утепуваа, депресии, алиментации.... Сега ќе се здават, ќе се испокараат, ама на крај ќе останат заедно.... Не знам дали јас имам таков впечаток или стварно е така... Јас и да ја начекам дома жена ми со цел фудбалски тим, не смеам да се разведам... Јас неа жирант, она мене...заедничка куќа...
Не сум во домот на родителите. Сама живеам веќе 8 години. Финансиски почнав пред 2 години сама да се издржувам, тешко е, претешко, али се крпи некако. Помагаат уште, целам и тоа да го снема. Не сум во брак, тоа точно. За партнери бројка нема никогаш да кажам - ама сум била со доволно луѓе за да можам да донесам колку толку заклучоци. Животот апсолутно не го сметам за фер - сто пати сум повторила на форумов - за некој е мајка, а за друг е маќеа. Па пак сум си на мојот став. Ми се случило, се случило дома, на блиски другарки. Сум се нагледала се. Сум се нагледала како поради тоа што не можат да комуницираат на попознативе апликации, инсталираат whats app, дискорди, дури и за kik имам слушнато. Кажано беше претходно - тој што сака, ќе најде. Никад не сум изневерила некого, сум имала сто пати шанса, дури сум била во врска ми доаѓале доста пати. Не дека сум лепотица, туку луѓево толку шврљаат. Ниту еднаш не отидов, дури и откако ми се случи тоа. За мене овој ми е ставот. На глава ако сакате застанете - ако решите дека нема да изневерите - нема да изневерите.
Апсолутно си во право... Само што тоа не прашува... туку едноставно се случува. Сум гледал случаи каде што луѓе што сум ги сметал за светци, губеле глава, се заљубувале, растурале бракови...
Затоа јас ќе си живеам вонбрачно, еднаш го јадев, втор пат не. Вака, ако не ми чини, пакувам куферите и си одам. Пари за развод веќе не давам. И освен потрошувачки, друг кредит никако. И што и да си купам на мое име.
Јасно ни е на нас дека има неверства. Не живееме никој во таков розов свет. И ако треба да се помириме со тоа океј. Ама има и се друго. Ете реков, дали да се помириме што има токсични врски? Ако некој изневери ќе се оправда абе сите изневеруваат. По логикава и јас што го понижував дечко и јас бев едно време таа што кажуваше што и како ми оти од дома ми фалеше внимание треба да речам абе сите врски се такви. А сепак не можев да го изневерам. Ама не, се свестив што правев наместо да се правдам и да тупам кој е зрел кој не. И разбирам дека некои околности може да те сменат, како мене. Ама признај мајко му стара дека си згрешил и наведни глава наместо да бараш глупи изговори, оти само уште толку пониско паѓаш.
Се разбира. Ама повеќето луге имаат слабости- решиле дека ке престанат да пијат-не престанале, решиле дека ќе ослабат-не ослабеле, дека ќе остават цигари или спорт ќе воведат. Сексот е зависност некогаш а некогаш и адреналинот и ендорфините се помили од секое решавање да се биде исправен. Секако дека ова не е универзално правило. Ама сите имаме - никогаш не вели никогаш. Изневерување не го прави некого лош човек по дефиниција, ако не бил таков пред да изневери . Има па створови што не изневеруваат , па сепак се дувај и бегај.
Има нешто што се вика животно искуство. Тоа не се учи во школо, не можеш да го набубаш на памет на 23 год. И како што кажа јуле, постојат многу фактори за понатамошна одлука откако ќе дознаеш дека си изневерен. Тие фактори сега тебе ти се невидливи. И затоа мислењата ви се наивни и смешни.
Порано пеевме еци пеци пец......ехе хе. Уште колку имаше додека се дојде до добитникот. Денес викате еци и одма пеци. Секој втор, а?
Сите можете до утре да филозофирате. Ама кога животот ќе ве удри во лице тогаш се ќе се смени. Затоа Никогаш не вели Никогаш.
Ај кога веќе се навртев во темава... за ова "искусниве" девојчиња тука важи... Дали мислите дека неверството е најстрашното нешто што може да го доживеете од партнерот? Дека партнерот ако се трансформира во јак ебач на страна тоа е најстрашното??? Дали сте имале прилика да разговарате со жена што мажот и станал алкохоличар? Дали сте разговарале со жена на која мажот и станал коцкар? Зависник од кладилници... Насилник... Педер.. Абе кешки неверството да беше настрашното нешто...
Абе чекајте да дојдамммммммммм, многу брзо пишувате @Tan4ence сакав да дојдам од компјутер да ти вратам за прееска. Јас лично, не живеам во страв од изневерување. Уствари, во никаков страв не живеам. Искрено, не ни имам размислувано на темава за дм, ние со други проблематики се бафтаме. Како и секоја врска, нели. Ама знам дека ако ми се случи, нема да го доживеам како крај на светот. Едноставно, тогаш ќе одлучам дали и како ќе се справам со тоа, ама дека светот ќе ми се сруши - нема. Сум била и во многу полоши ситуации и тоа се тие ситуации што @ninja35 и @JuLleE ви ги кажуваат. Едноставно, после некои многу тешки проблеми во животот, не гледаш на работите со исти очи. Нема ништо лошо во сексот. Почитувам ако не сакаш да го имаш, разбирам и асексуалност и знам дека е личен избор. НО ако сексот е само животински нагон, тогаш ќе го направиш тоа со првиот што ќе ти дојде - а во случајот на женетите, тоа е жената дома, нели? Според мене, психологијата на изневерувачот оди многу, многу подлабоко. И не се сексаат оти им фали секс, се сексаат оти им фалат некои емоции. Како што реков, од неоствареност, досада, бес, фрустрации, недоволна комуникација, различни очекувања - да не се повторувам. Мој најдобронамерен совет, размисли зошто размислуваш и го толкуваш сексот како валута. Уствари, кое е тоа убедување за сексот што го имаш, што те тера да мислиш дека толку многу работи се вртат околу него? Можеби тука лежи нешто и со асексуалноста но не би сакала да ти копам по интима. Тоа е твоја работа и ја почитувам како таква. Инаку, скроз офтопик од темава, ама затоа баам цело време дека човек мора сам себеси да си е на прво место и сам себе да знае како да се усреќи и да се оствари. Јас нема да изневерам, ама и нема да се препуштам без памет во ниедна врска веќе. Го јадев и јас еднаш, откако го прибирав додека брка Русинки и Азијаткињи, па сега малце подруго гледам на работите. Или да имам нереални очекувања дека партнерот е тој што треба да ми даде се' и да ме усреќи - ноуп. Прво јас да бидам среќна и задоволна сама со себе, па после. Само така ќе можам прво да си најдам ист таков партнер, а второ да одржувам една среќна врска - без да се секирам дали си го праќа пенисот по енкриптед порака на вибер. Во тој случај, и да се случи неверство од другата страна - мене нема да ми се сруши цел живот, затоа што врската/бракот е само дел од мојот живот, а не цел мој живот. Ако не се случи, топ, си продолжуваме среќни и задоволни. А да плачам врз детето оти татко му си шврља - ни во лудило. Ама ни во најголемо лудило.
Апсолутно не. Свесна сум каде живеам, во свет каде насилство, убиства, силувања и секакви различни гадотии постојат. Меѓутоа ова многу често го правите, ако сакате да кажете дека има и црна на страна на јин - јенг го деминизирате неверството. Никој не рече дека е смак света, дека е најлошо или дека нема како после тоа. Меѓутоа исто така не го романтизирам како некои други. Боли. И што е пострашно го повредуваш и го нокаутираш психички човек кој ти е партнер, со кого имаш направено мало катче наречено живот. Како контрааргумент никогаш нема да користам "ај бе има и полошo" затоа што со тоа се дефокусира проблемот и се пренасочува кон друга тематика. Изгуби работа? Ај што плачеш стечајци има колку сакаш. Се разболи? Ај што плачеш у Африка деца од ебола умираат. Збориме за тема неверство, ако сакаш да праиме муабет што следи од алкохол, коцка, насилство - бујрум. Имам и на тоа што да кажам. Верувам дека на девојката која ја ре-активираше темата апсолутно не треба коментари какви што поминаа да и се даваат, те изневерил али ај барем не пие, не иде по коцка, не те тепа. Се пронајдов во нејзиниот пост, можеби сум 10тина станици понапред со возот, ама сум ја прошла и нејзината. Ако веќе збориме за искуство - ете и јас го имам, па пак ќе повторам не ми ги смени погледите кон тематиката. Почнав со тоа дека апсолутно не е виновна затоа што осетив дека го има тој осеќај како она да утнала нешто, продолжив со тоа дека животот ме научил и мене нешто иако не сум во брак - а ќе завршам со тоа дека не треба коментари кога некој плаче оти е изневерен дека има и полоши работи од тоа. Поздрав и секое добро.
Вакви семе синапово фрази само ко на чешма у 40ка може да ви пројдат, надвор од тој бабл меѓу „незрелите“ кои сè уште имаат цврсти ставови - да ни извините ама не. Што ќе се смени? Ако осетиме неверство на своја кожа, тогаш ќе почнеме да го оправдуваме? Дали сте сериозни? Никој не рече дека може 100% да се верува во партнер и дека не може секому да се случи да биде изневерен, ама ако на секој чекор сопружници се изневеруваат - тоа не го прави неверството нормално и океј. И од добар дел од постарите на форумов „научив“ дека со стареење и „животно искуство“ доаѓаат ствари ко на пример да станеш конзерва и bigot, да ти стане нормално удирање на дете како воспитна мерка, а сега и да ти стане вообичаено изневерување и да го оправдуваш. Е па, за такво созревање - не фала, скраја да е. Патетики.
Категорично не. Едноставно е, доколку сака да е со мене треба да расчисти со жена му. Ова не е од оние ситуации каде има аргументи и за и против. Не велам дека мажот изневерува, а бракот бил прекрасен, прекрасна врска со жена му. Не ме сфаќајте погрешно, сопругата не е виновна што он ја изневерил, никако, али се слагам со doozy над мене, најчесто не им фали секс, туку некаква поврзаност. Али тоа е веќе друга тема. Дали се спремни сопружниците да си ја пронајдат пак таа поврзаност која некако ја изгубиле или секој по својот пат тоа е друго. Да се мешам со оженет или некој кој има девојка...многу погрешно од милион причини. Исто така да имате на ум она што велат дека ако е спремен да ја изневери жена му со тебе веројатно е спремен и тебе да те изневери во иднина. Пак, не велам дека тоа важи 100 од 100 случаи али ако некој си ја има таа тенденција во себе, хм може ќе му се активира пак. И тоа што некој горе пиша што ако ние не се мешаме со оженет он пак ќе си оди по други жени. Епа вака. Неостварливо али да замислиме. Доколку на светов никоја жена не би одела со оженет маж, мажите би немале со кого да изневерат. Многу од нив би ги завршиле врските со сопругите. Но да ви кажам една работа. Постои огромна разлика од раскинување пошо не ни иде и раскинување заради изневерување. Остава долги трауми. А раскинување пошо не ни иде секој раскинува за тоа.