Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Откако во 2018 Февруари ми заврши врската која очекував да помине во брак поради неверство од негова страна, скроз ми се поремети паметот и сега гајле немам на таа тема со дечко ми од форумов.

    Кешки да ме изневерува само . Слободно нека пие кафе со швалерката, па и јас ќе го донесам швалерот , па ќе се собереме на неделен ручек да си поседиме во друштво :beer: живели

    Во моментот кога ќе крене рака на мене - тогаш ставам КРАЈ на се. Никако НАСИЛСТВО :x
     
    На Роберт 7, WildMk, Nigredo Odor и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Што сакаш да кажеш, дека вие ќе остарите на поинаков начин?
    Имате некоја формула да си го направите животот розов, да го најдете евнухот кој само ќе гледа во вас и во ниедна друга?
    Едно нешто суммприметил...не знам дали е тоа Марфи или што е... ама најчесто на тие најсамоуверените им се случува тоамшто викаат дека никогаш нема да им се случи.
    Никој не те тера да го прифатиш неверството како нормална работа... само треба да си свесна дека е толку многу распространето
     
    На Harper, Emy867, Yowannty и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    39.510
    Се сложувам скоро потполно. Освен со делот со емоциите. Се сложувам дека фали нешто, само не се секогаш емоциите кои фалат. То ест, со сексање настрана не се надополнуваат . Зборувам за компулзивни изневерувачи, сериски ги викам јас, ко шопингохоличари се :уште ,уште, не е битно дали ти треба, и утре пак и пак. А еднаш во цел брак од 40 и поврќе години некој да скршнал, е ај да го запалиме / ја запалиме на клада..
    Правилата мои знам дека не важат за други ама за мене се модус операнди. Затоа не брзам со "разведи се....не се разведувај."
     
    На WildMk, ninja35 и Doozy им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.518
    Допаѓања:
    251.495
    Се мислев што да ти реплицирам или само да те скролам, затоа што и ти самата не знаеш што напиша.
    Не златна моја, ти поима немаш колку животот може да биде суров, па едно неверство ќе ти биде мајчина кашлица. Во целиот тој хаос ќе си велиш, барем само неверството да ми беше проблем.
    И што има врска муабетот со тепање на деца?
    Станување конзерва и bigot не секогаш е избор, некој замисли животот ги направил такви.
    Држи се ти до ставовите твои, остави ги другите да си тешат со семе синопово, па фино така еден ден ќе те тресне животот, тогаш тие од конзерва ќе треба исто ко тебе, да ти се исмеваат и лепаат етикети.
     
    Последна измена: 12 септември 2019
    На Emy867, Yowannty, M&M и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А јас нигде не реков дека ќе се отепам ако ме изневери, дека ќе правам не знам какви драми.
    Ама дека треба да се правдаш со туѓи постапки е апсолутно баш незрело и ниско. Кажав погоре дека бев токсинот во токсична врска и дали таквото требаше да го оправдам - абе колку дечковци си ги малтретираат девојките, па моево е океј...?

    Башка од една страна се осудува гушење во врска, проверување телефони, забрани за излегувње со другар(к)и, а од друга оти веруваме и ни веруваат. Е ај како треба да биде? Да не ни влегуваме у врска крај крајова. Како да правиме ај? Да веруваме или не? Може и да ме силува, да ме претепа, па да не останувам сама со него. На крај ќе се сведе дека сите луѓе се исти оти не знаеме што не' чека.
    Ете, дали би се качила во кола кај непознат човек или кај дечко ти што го знаеш 5 години пример, ако треба да бираш. Можда глупо прашање, ама е во склоп на она дека не знаеме што нe' чека.

    Сум имала и ја тешки проблеми, затоа нон стоп тупам низ некои теми за токсично родителство.

    Тоа што гледам така на сексот е поради тоа што мислам дека е искористување, дури и кога е обострано задоволство. Оти грдо и одвратно ми е на машко да му биде убаво на к*рот од мене, без разлика што јас сум добила, знаејќи на што се' e способен со него. Не е исто да пружам и да добивам. За повеќе нема да зборам.
     
    На Glossy-girl, zuto и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Навистина такво мислење имаш за машките и за сексот?
     
    На happygirl, Billy Idol, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.059
    Допаѓања:
    118.954
    Пол:
    Женски
    @ninja35 и @JuLleE :bow: :bow:
    Колку полоши работи сум видела, ехеее. Ќешки да е само изневерувањето.:x
    Ќе се дебатира до утре сабајле, ама нема да најдете заеднички компромис.
    Прифаќајте ги само туѓите мислења, не ударајте со глава во ѕид, оти ништо не знаете, ама баш ништо, што ви носи животот.
    Ниту цитирав, ниту сакам да ме цитира некој. Зборев општо за сите.
     
    На M&M, Love 83, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Навистина...па нели не знаеме никогаш што не' чека? Секогаш има шанса да се случи нештото нели?
     
  9. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    не сакам да звучам цинично ... само верувам дека со причина имаш такво мислење... дали нешто ти се случило или што, не знам... ама штом вака размислуваш, нешто не е во ред...
     
    На happygirl, Feminka22, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Само ради тоа што тој има к*р а ти п*чка автоматски значи он тебе те искористува!? Па дури и тебе коа ти е убаво!?
    Каде сте пошле со тој памет!?
    Прејди у целибат и решен проблем.
    Јер сите машки сакаат да те искористат.
    Сексот за тоа служи.
     
    На happygirl, Feminka22, PinkGirl* и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    88.478
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со вас "позрелите"на темава.
    Изневерувањето е да страшна работа,бедна и ниска,неспоредлива со другите работи со кои споредувате.
    Повредување на душата и срцето на човек што ве сака не е ништо?!

    Секој човек има право да биде сакан и почитуван,доколку е изневерен значи едно, дека не го почитуваш!
    Не е денес нормално да изневеруваш,тоа го прават само слабаци од луѓе.

    Немањето самопочитување, самодоверба,нарцизам и потреба за самопотврдување водат во излети и забрането овошје т.е барање на предизвици кои сакаш да ги освоиш.
     
    На Gosh, Ivan4e04, happygirl и 14 други им се допаѓа ова.
  12. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Аха, да... сигурно е така...Не си видела како изгледа жена "обработена" од маж алкохоличар... а јас сум видел многу, на работа...
    затоа ќе те молам, не ми кажувај што е пострашно
     
    На LejlaD, Tajnaotrovna, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Објаснив јас убаво што има врска и што е нзс тука. Опаднатите стандарди за сешто во животот кои со истиве фрази ги претставувате како „зрелост“ вие постарите на форумот и општо во околината.
    За вторава реченица не ми се ни коментира, али што знам, тешете си се така. Јас нема да си дозволам никогаш „животот да ме направи“ личност надвор од некои принципи и ставови, а тука спаѓа и изневерување/врска со зафатени. Зборам исклучиво за активно од моја страна, оти очигледно не разбравте дека никој не рече оти гарантира за друг дека нема да нè изневери.
     
    На Glossy-girl, Lianna Anna, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А бе душички вие што си го оправдувате тоа што си одите со женет муж да ве питам едно питање. Баш ме занима дали ако ве изневери дечкото ( а ако останете со него богами големи се шансите ) дали тогаш ќе си мислите за швалерката дека не е крива она. Никој не рече дека сте исто криви колку мажот. Али не се мешајте онаму кај што не ви е местото. Да ве питам замислете си хипотетичка ситуација дали ако татко ви ја изневерил мама дали ќе ја гледате швалерката како некој кој нема ич вина. Не си го оправдувајте само за вас да ви е полесно на душичката.
     
    На Glossy-girl, Annora, elenaxbbg и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    39.510
    А асексуални жени познавам кои очекуваат мажот да не ги вара. Значи познавам, не зборувам за некого од погоре дека се спомна асексуалност. Сестро сори, па и тој е човек. Значи мастурбирање цел живот не е фантазија за секого. Тика би рекла исто и асексуален или импотентен маж( таму има помош у облику вијагре ако сака) . Зошто жената 40 50 години да мастурбира? Можда имаат деца и кредит. Чаре? Секој да си ја нареди како што му чини.
    Јас не споредувам со коцка ичи алкохол, ќе споредам со тешка болест- рак , леукемија, душевна болесѕ. Значи безброј работи има погадни од секс со друга. Сексот е уживање, а не предавство. Бар така би требало да бидр, што знам.
     
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Не барам оправдувања. Кажувам како размислувам. Не моеш тоа да го сфатиш, секако.
     
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    88.478
    Пол:
    Женски
    Ке ставиме на вага порок со изневерување на партнерот и љубов ?!
    Зошто?
    За да оправдаме беден начин на кој скришно се однесуваме кон партнерот.
    А позадината не и ниту вљубеност туку комплекси.
    Беден начин.
     
    На Gosh, Glossy-girl, Lianna Anna и 7 други им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.325
    Има се и сешто. Секој за себе одредува што е најлошо, најболно, најстрашно...
    И да, некој, на жалост, видел и искусил повеќе од другиот па неверството може стварно не му е најстрашно.
    Но не бидејќи е истото убаво, не бидејќи не боли...туку дека веќе му се срушил или срушувал светот од друг вид на болка па полесно ќе си ги собере парчињата од искршеното срце, скршените соништа и урнатата доверба од неверството.
    Тренинг му дал животот, неубав. Па полесно ќе собере делчињата и ќе стане пак на нозе.

    А неверството сеуште е неубаво.
     
    На Harper, mal.ecka, Gosh и 21 други им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Може ќе ми го избришат коментаров али се надевам пред тоа да го сторат ќе го прочиташ.
    Ти девојко тресиш толку големи глупости, едноставно ми се згади
    Прво, овде збориме за оженет маж
    Во превод, некој што прифатил да биде во брак со таква жена.
    Второ, ако се премислиш и сакаш да имаш секс, ондак разведи се, имај малце почит кон сопругата и прво разведи се после спиј со други
    И трето, темава уопште не е за тоа дека постоеле такви жени, ок постојат, али тоа се многу малку во споредба со другите и овде збориме за другите
     
    На Glossy-girl, Annora, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    39.510
    Еве татко ми ја има изневерено мајка ми. Другата жена ниту ја знаев, ниту ми беше гајле за неа. Како дете најтешко ми беше за болката на мајка ми, и лута страшно на татко ми. Како возрасен знам дека се имало многу многу слоеви за кои не сум била свесна. Никого не оправдувам. Не е мое тоа. Партнерите си знаат. А ако не си знаат тие, кои сме па ние да знаеме.
    Правите трагедии каде што нема. Драма можда има ама трагедија во чинови не баш.
     
    На Feminka22, Alishan30, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.