Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.785
    Допаѓања:
    169.654
    Пол:
    Женски
    Јас не сфаќам веќе шо се коментира. О.о

    Неверство = лошо
    Партнер кој изневерва = лошо
    Швалер/ка = лошо

    Не сме на иста страна сите?
     
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    39.510
    Девојка не сум и сори ако ти го активирав нагонот за лошење. И ако те навредив лично. А дека некој со здрав нагон ќе се сложи на таков брак мало сутра. Доста со лични напади.
     
    Последна измена: 12 септември 2019
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Абе од секогаш се изневерувало, и секогаш ќе се изневерува.
    Не го измисли некој пред 5 минути тоа.
    Причини има милијарда различни... последиците можат да бидат многу лоши... ама тоа нема да го смени фактот дека и понатаму ќе се случува тоа што се случува.

    Пишав пред неколку страни, ама не ми го исфермавте баш толку тој пост:

    Луѓето си поставуваат високи критериуми за однесување, себе си, и на другите.
    Па после, кога ќе сфатат дека не секогаш можат да ги исполнат тие критериуми, почнува фаза на лажење, изневерување, разни форми на зависност и триста други глупости... кои го повредуваат и 'паднатиот' и тие околу него.

    Не да бидеш ко куче од синџир пуштено, ама да имаш во предвид дека си човек.
    Човековата природа е комплексна, и не не' красат само прекрасни карактеристики, туку и одвратни, гадни...
    Не се 'лоши' во еден кош, а 'добри' во друг... Се' е едно големо сивило.

    Сега... разбирам дека е полесно да се покаже со прст кон некој, и да се окарактеризира само поради еден негов недостаток, отколку да се впери прстот кон себе и да си помисли секој, дека е човек.. и се' е можно.. и секој од нас може да направи незамисливи исчекори надвор од воспоставениот општествено-морален кодекс...

    И да се прифати така како што е.. и да одлучиш да веруваш.. и да се носиш со се' што може да те задеси..
    Да се надеваш на најдобро, ама да бидеш спремен и за најлошо.

    Генерално, неверството го сметам за навреда и повреда кон оној кој ти верува (без разлика дали е физичко или емотивно).
    Ама воедно имам и желби и потреби кои не се вообичаени.
    И сите имаат.. желби.. кои сами на себе им е страв да си ги признаат, не па на некој друг.

    Малку поопуштено.
     
    На НаталиЛили, Lolipop23, Roksifoksi и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А зошто тебе или на било кого, би го загрижувало дали тој што се согласил на таков брак бил со здрав нагон или не? Се согласил битно. Во моментот сметал дека е најдобро за него тоа. Луѓе се каат и премислуваат за милион работи. Тоа не значи дека треба да изневериш.
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.518
    Допаѓања:
    251.498
    Не се опаднати стандардите туку сега веќе е послободно време каде што многу работи не се веќе табу, има социјални мрежи, работите побрзо се шират во јавност и сл.
    Јас кога зборувам дека неверството стана сосема нормална работа и дека се швалерисува на големо, мајка ми вели дека отсекогаш е така, само што тогаш помалку се зборувало.

    Ти може никогаш нема да си дозволиш, но што ако икс ситуации те направат таква, како што велиш конзерва? Да не наведувам се какви работи можат комплетно да те променат како личност.

    На крај, јас не ти велам изневерувај, прифати дека ќе те изневерат и слично, јас зборувам да не се осудува, дека секому може да му се случи.
    Дека боли, боли. Ете јас сум била изневерена, една од причините зошто бракот ми се распаднал. Велам една, која најлесно ја надминавме.
    Онаа другата верувај е полоша, помачна. За тоа не би зборувала затоа што сепак се работи за состојба која не може и не треба да биде предмет на дискусија.

    Многу од нас напишаа, и пак ќе се повторам дека неверството боли, те руши, ама не е најлошата работа. Станува секојдневие, за жал. И е сосотојба која се надминува и преболува. Оди алкохолизам надмини, коцкање, болест и сл.
    Е тогаш ќе сфатеш зошто ете ние "искусните" вака зборуваме.
     
    На НаталиЛили, Yowannty, referentka и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски

    Не го поддржувам делот за изневерување али те сфаќам кога викаш дека многу лесно покажуваме со прст кон други, а кон себе малку потешко...за жал сите правиме грешки разно разни, ни фали малку емпатија, тоа е факт и се слагам со тебе за тоа.
     
    На M&M, WildMk и ninja35 им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Како успеавте да изрелативизирате неверство со насилство, секоја чест :^)
    Се додека викате "Подобро да те изневери отколку да те тепа", има и друга жена таму некаде која слуша " Добро кога те тепа, бар не иде по жени и не се коцка".

    Ја забегавте на големо.
     
    На Ivan4e04, Glossy-girl, Lianna Anna и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    55.844
    Пол:
    Женски
    Има нешто што се вика емпатија. И тоа не е селективно, или ја имаш или ја немаш. :) Демек изневерената другарка повеќе ќе ја боли од непознатата жена? Побитна е нејзината болка? Од општ аспект, не е тука битно колку нас ни значи или не личноста. И потоа некои ќе кажат дека како жени треба да се поддржуваме, а нормално било да не ни е битно да сме дел од причината поради која ќе страда некоја жена. :)

    Изневерувачот, без разлика дали е маж или жена, носи најголема вина, прави најголема грешка. Швалерот/ката, иако далеку помала, пак прави грешка. Помало зло е, но сепак е зло. Изневерувањето секогаш ќе биде грешно и лошо без разлика за од чиј аспект правиме муабет.

    На кој не му се издржува со еден партнер има one night stands и friends with benefits. Никогаш нема да почитувам такви кои влегуваат во сериозни врски, па и во брак еве а свесни се дека не ги задоволува еден партнер и дека ќе ја повредат другата личност. Такви не ни сакам во моја близина.

    Никогаш не би била дел од неверство, ниту би изневерила. Зошто да бидам дел од причината поради која некоја ќе страда? Никој нема да повредам намерно, без разлика дали ја познавам личноста или не. Како прво, никогаш не ни би била со некое говедо што не може да си го додржи во гаќи и изневерува наоколу. Имам достоинство и нема на некој да му сум втора опција.
    Ако ова ме прави незрела, проста, наивна, некоја што продава морал, нека бидам таква.

    И за крај она што најмногу сакав да го кажам и што треба да се урами:
    Престанете да го нормализирате неверството. Ако е често не значи дека е нормално. :)
    Толку.
     
    На ElenaOfRivendell, Glossy-girl, Annora и 11 други им се допаѓа ова.
  9. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Најдобро би било да нема ништо од тие работи, нели... ама реалноста е нешто друго.
     
    На Alishan30, LejlaD, LiliBoz и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Сите лоши работи ги имало отсекогаш.
    Насилство, сексуална злоупотреба, психичко малтретирање...зошто овие не се така оправдани?
    Ене ми се пуштија погоре оти кажав дека секој маж може да биде потенцијален силувач и искористувач, демек не е. Нели, како што е и потенцијален варач.
    Зошто едното е океј другото не?
     
    На Glossy-girl и zuto им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    А што е 'нормално'?
    Која е дефиницијата за 'нормално'?
    И како на еден куп теми, еден куп луѓе, имаат различни ставови, па секогаш едни со други се нарекуваат 'ненормални'.

    Стварно.. што значи 'нормално' и кој ги поставува параметрите?

    Не е во ред ништо што повредува.
    Не реков дека е.
    Колку пати повторив дека неверство не поддржувам.
    Јас не би сакала да бидам изневерена, ниту би го изневерила оној кој ми значи.
     
    Последна измена од модератор: 12 септември 2019
    На Tajnaotrovna, ninja35 и Herrera им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ама не верувам дека ќе пишеше - се силувало отсекогаш и ќе се силува, најразлични може да се причините...така?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    55.844
    Пол:
    Женски
    Нема посебна дефиниција за нормално, да.
    Но во овој случај, нормално е да не сакаш свесно да повредиш некој. А изневерувањето е токму тоа. Исто и силувањето, психичкото и физичко малтретирање, убиството итн.
    И никогаш не треба да биде норма да се повредуваме едни со други!
     
    На Glossy-girl, zuto, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Како не би сакала да бидеш изневерена а велиш дека бракот ти е од отворен тип?! Не разбирам, извини. Колку што сфатив и ти и маж ти сте „либерте“ кога станува збор за бракот. Или јас погрешно нешто сум сфатил?
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Шо не ти е јасно?
    Не се изневеруваме. Си кажуваме и уживаме во туѓото уживање.
     
    На Feminka22, theowndemon, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    39.510
    Е па се премислил дека не треба да изневери кога видел како му изгледа животот. А дека ме загрижува, не баш, најсериозно. :hug:
     
    Последна измена: 12 септември 2019
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Аха, значи само кога нема да ти каже дека оди со друга тогаш ти тоа го сметаш за неверство. А ако ти каже нема да ти пречи. Во ред, благодарам за твоето мислење.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ако ми каже, и ако се согласам.
    И обратно.
    Да му кажам, и да е ок со мојата одлука.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    60.610
    Пол:
    Женски
    Сосема е погрешна поделбата на "зрели" и "незрели". Има луѓе кои не стапиле во брак а размислуваат многу потрезвено од луѓе кои се во брак а се однесуваат како да не се. Исто сосема е погрешно дека ние што не сме не можеме да замислиме како ви е вас во брак што сте. Јас лично, конкретно за мене зборам имам восхит за секој кој направил доволно за да овозможи убав живот на дете. Па и на тие што се отселиле исто, знам колку е тешко да почнеш од 0 во земја во која си тотален странец.

    @JuLleE мислам дека погрешно не сфати нас што коментираме компарација на "зли" нешта. Никој не вели дека во брак не може да ти се случат тешки и мачни работи, баш напротив од мене имаш браво за тоа како го живееш животот и колку гинеш за своето. Али мораш да сфатиш дека ако ти си поминала "полесно" за неверство, има жени кои не можат. Неверството е легитимна, доволна и мачна причина да пукне врска или брак, ако некој сака да прекине ради тоа, од мене може само поддршка да добие.

    Не знам зошто мислите дека ако не сме во брак дека не не клоца и нас животот и дека не сме исплакале по некоја крвава солза? Слушнете и прочитајте што има соговорникот да ви каже, отворете малку хоризонт дека некој во своите чевли искинал трнлив пат.

    Крај краева секоја врска/брак си е специфична и индивидуална. Она што мене ми е нормално, на некои е табу и слично. Како треба да се биде партнер/сопружник некому апсолутно не мислам да кажувам.

    Ако на некому неверстовто е на скалило некаде In between, на друг ми е кон крајот на гадење скалата. Тоа е лично и индивидуално и ако некој се гади од истото и тврди дека не би направил такво нешто, мислам оти џабе го убедувате дека има нешто поподмукло од тоа. Секој со своите ставови и размислувања.
     
    На Glossy-girl, Annora, zuto и 7 други им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.518
    Допаѓања:
    251.498
    @KateKane уште еднаш боли и тешко се преболува, ама на крај така ќе те ојачи што мака немаш.
    Да не се повторувам, мислам дека кажав што сакав.
     
    На buba4e89, Bozica1980, Tajnaotrovna и 3 други им се допаѓа ова.