Garantiram deka barem pola devojki ili zeni barem ednas pomislile na drug partner, od NIV polovina izneverile . No site svetici so oreoli. Moral ili nemoral e samo paravan na pravila koi se prekrshuvaat na sekoj chekor. Tie sto se pretstavuvaat za zrtvi ,izneverenite sigurno imale problem so partnerot koj se vlechel so meseci. Ne moze edna vrska koja funkcionira I nema kriza da zavrshi so neverstvo. Dvolichnosta I na mazi I na zeni , lazenjeto, dvojnite arshini vo nashiot mentalitet se prisutni. Mislite deka koga nekoj izneveruva mnogu mu e gajle dali e zenet ili mazena. Sekoj stremi da e sreken vo uslovi koga ne e sreken.
Врска со оженет човек... едноставно е Тој/Таа не е среќна во бракот и си бара нешто настрана. Швалерот/Швалерката ги интересира само секс или едноставно туѓото е послатко. Што се однесува до мене, тие што се во брак се најмногу криви, па потоа швалерките или швалерите. Ниту едните ниту другите не ги оправдувам, има исклучоци да, ама ретко и дискутабилно е.
Dobro bre,ti se citas pred da pises nekoja glupost? Da,svetici sme. Ima i takvi sto ne pomislile na drugi mazi vo brak, a ne,pak,da se dupat. Zamisli ej!A tie sto ti stavile like na postot Pa uste garantirala.
Како може да се има добро мислење за таква особа и кој би го оправдал тоа? Сите погрдни збориви за неа, би рекла неморалност и безобразност до крај! Ама дека е она крива нема шанса, јас би рекла во случајов на децата "твојот ценет и морален татко за да се е.е со некоја к.а одлучи да си го уништи бракот и само тој е виновен што нашето семејство се распадна, една к.а чим е поважна од семејството нека му е со среќа таков не ми треба". (Ова лично не би го рекла само така би го парафразирала ова твоето). И не те сваќам лично, почитувам друго мислење и кога не се согласувам и знам дека многу други членки очите би и ги ископале на таа некоја што јас не би, јас би му ги ископала очите само на него . Имаше еднаш на некој српски сајт нешто во смисла "таа го отела (превзела) а тој цело време викал напомош отмица (киднапирање)" и мене ми е жал за жени што веруваат дека конкретно баш таа швалерка е виновна, а јас па мислам ако не била она ќе била друга!
Се грозам од самата помисла. Не оправдувам, ниту неверство, ниту отворени врски/бракови. Забранетото овошје не ми е послатко, туку ме огорчува и ми прави да се чувствувам мизерно. Ако нешто ти недостига во врската/бракот, тогаш цивилизирано и нормално е да разговараш со цел да го решиш проблемот дури и по цена да ставиш крај, а не да изневеруваш. Виновни се и двајцата. Прво, најголем виновник е мажот кој си дозволил да ја прокоцка довербата на жена му и да си го растури семејството. За мене е слабак, човек без карактер и морал. Виновна е и швалерката. Ако знаела дека е женет и дека има деца, тоа е сосема доволна причина за да биде окарактеризирана како виновна и неморална.
Додека премногу го тупите , лугето си го проживеа животот(зад вашиот грб) Вие слободно продолжете си со кој е крив
Грешка си,швалерката не му ги откопчала панталоните на сила,за да биде неморална. Што бара тој да срка од друга чинија,кога има пред него своја. Но тоа е лаком газ трагедија. Е сега кој е виновен: Тој што срка или чинијата? Не бе чорбата е виновна неможел да и одолее,па го завела Може и лажицата му влегла со сила во уста
Со самото тоа што и двајцата свесно имале секс, двајцата придонесуваат за уништување на неговиот брак. Се замешала во приказната, дел е од неа.
Што си проживеаа? Бракот си го уништија, семејството си го растурија? Хм, вреди ли сето тоа за 20 минутно задоволство?
Многу извртувате. Жена што свесно се впушта во врска со зафатен маж нема совест и е неморална. Но не е виновна што некоја жена е изневерена. Освен ако двете жени се пријателки или сестри, затоа што тогаш се работи за изневерување и во пријателството и во бракот/врската.
Луѓе... За почеток на една врска се потребни двајца.Тие се засакуваат.Се пронаоѓаат себе си еден покрај друг.Решаваат да стапат во брак и секој ден да го поминуваат заедно.Решаваат да оформат свое семејство во кое ќе ја вложат сета љубов. Еден ден тој маж приметува нешто убаво во друга жена.Можеби е нејзиното тело.Можеби е начинот на кој зборува.Започнува комуникација со истата таа девојка.И таа е заинтересирана.Си вели интересен човек.Интересно би било да излезам со него на една вечер. Доаѓа до изневерување и сега вие проценете кој е виновникот. 1.Жената која е изневерана? Не знаела како да си го задржи мажот? Требала ако не да му угодува за се?Да се погази за него? 2.Швалерката која првпат дознава за тој човек?Можеби знае дека е женет може да не знае.Таа не е вклучена во тие двајца кои го оформуваат семејството.Зошто да чувствув вина за нешто што не го сака?Зошто мора сите да ве сожалуваат? 3.Или пак мажот кој и покрај тоа што ветил дека нема да изневерува сепак подлегнал на тоа?Неможел тој да одолее,тој не се замара за семејството. Тогаш зошто некој друг да се замара. Знам што сакате да кажете дека таа треба да има вредност може да оди со некој слободен.Но тоа не е така.Влијаат повеќе фактори и дури и да ги земете сите во предвит.Ако размислите барем еднаш без да сожалувате се околу вас ќе сватите дека реалноста е дека само мажот е виновен.
Одлична психоанализа ... Некои очигледно ја напагаат женската страна бидејки со тоа да влеат страв кај други жени,со цел да не им се пуштаат на нивните мажи и онака не можат да го контролираат и да ги одбиваат "понудените дејтови од нивните мажи, а и да се разведат не би нашле бољи од него, затоа е ова фрлање камења кон жената
Баш помислив на тоа дека жени секогаш повеќе напаѓаат жени, за мажите некако се наоѓа изговор. Кога би била темата "врска со мажена жена" (само немојте да отварате нова тема плс), кој ќе биде најголемиот виновник Во обратна ситуација речиси сум сигурна дека третата страна "швалерот" најмалку ќе го обвинуваат токму тие што ја обвинуваат швалерката во оваа ситуација.
А да ве прашам ако жената го вара мажот, кој е крив? Третиот маж што се убацил у бракот, сопругот што ,,не ја ебел” жената доволно или таа која што вара? Сфаќам дека е полесно секогаш другиот да се окриви нели. Ви кажуваат другарките дека муж ви ве вара и вие што ќе им кажете?Абе сигурно она му седнала у скут, сигурно она му го ставила он не сакал се опирал?? Не.Тој што вара вара со умисла. Еве личен пример МОЈ.До утре можете да ме плукате. Се запознав со еден што беше (уште е) во врска со едно девојче.Она го сака он нејзе не.Прв ми пиша прв ми рече да искочиме, од предтоа знаев дека има женска и не очекував дека ќе сака да прави со мене нешто.Оп бидна што бидна, почнавме почесто да се гледаме и го ЗАСАКАВ многу.Ама многу.Цело време се опирав да му ѕвонам да му пишувам да го барам бидејќи знаев дека ќе е со нејзе.И луѓе не знаете колку ми беше тешко.Тивко сум плачела и сум ја мавала главата од ѕид што сум засакала некој што нема да биде мој.И ќе прекинев да се гледам со него да не го засакав, ама ко личност јас кога ќе засакам некој ништо живо не гледам пред мене и се борам за него. Сме разговарале отворено милијарда пати и сум му рекла ,,а зашо не и раскинеш ако не ја сакаш, зашто да ја вараш тогаш”? Знаете шо беше одговорот?-Не ја сакам, не сум имал никад чувства за нејзе ама многу ми има помогнато во минатото и ми значи. Добро, се помирив со фактот дека нема да ѝ раскине ама не можев да се помирам со фактот дека сакам некој премногу а не можам да го имам. Се до моментот кога ми стана сеедно и кога ги видов заедно пред мене.Не знаете како се чувствував, не како гомно, не како курва не како некоја што е соучесник во варањето туку се чувстував ПОВРЕДЕНО.Душата ме болеше, требаше со саати да седам со нив и да ги гледам како се гушкаат како глумат среќен пар и така натаму.Се осеќав како да ми ја дерат кожата на живо.Си ги собрав работите и од тој ден ставив крај.Ми пукна филмот. Еве ви вистинска приказна од ,,соучесник” во варањето. И мене ми почна се од заебанција за време тепање и тако даље.Додуша не ни очекував дека уопште би сакал нешто со мене ама ете, никад не знаете што ви носи животот. И да и јас сум крива за тоа ама и он.Прва работа бидејќи не сум го присилила на ништо и ниеднаш не сум му ѕвонела.Многу етички се понашав и имав осет и почит према девојчето.Не зборев наоколу дека ја вара за да и набивам рогови, он чекав да ми ѕвони за да не им сметам, он кога можеше се гледавме.Јас голтав голтав голтав само бидејќи го сакав.Егото и гордоста ги спружив подоле од черга. На крај кога ми пукна филмот и реков дека ќе и кажам почнав да добивам закани по живот и секојдневни ненормални повици. И знаете од се ова што заклучив?Дека никогаш веќе нема да сум втора опција некому.Варале со мене и сум варала 1000 пати.Не ми е гајле за женската им или за дечко ми еве најискрено ви кажувам и око не ми трепнувало.Ама никогаш веќе нема да сум втор избор поради СЕБЕ.Поради моето его и мојата гордост.Не сакам да сум втора опција некому кога женските ќе им се зафатени, кога ќе имаат добиено или кога едноставно ќе им се ебе/искача со некоја друга. А и да знаете, оној кој изневерил еднаш-ќе изневери пак.И тие што веќе решиле да вараат не им е битно со кого. Мене сам ми рече он, ако не ми искочеше ти во животот ќе ја варав со друга, сум ја варал и претходно. До нивниот психопатски мозок е.Не ја користат главата на раменици што ја имаат, само таа доле со извињење. И да ви кажам уште нешто, не плукајте по жените со кои варал мажот.Не се они ни криви ни ороспии ни курви.Мажот ви е курва бидејќи не знае да си го држи пријателот закопчан.И не знаете кога може да бидете и вие изварани или да потклекнете и да вараат со вас. Ај поздрав и не судете многу. А до тебе @WildMk огромен поздрав и почит бидејќи имаш муда да живееш како сакаш во ова усрано општество, што си реална и што јавно кажуваш како е и што е, а не се криеш како пола од форумов или од нашава ,,света” земја. Ич да не те боли и не се исповедај овде и не се објаснувај бидејќи или нема да те сфатат, или ќе ти се изнајадат гомна поради нивните закрцани мислења за отворен брак, или бидејќи се ,,со крстот на чело” или бидејќи сакаат да бидат. Не вреди веруј ми
Мене од такви жени што свесно одат со женети мажи ми се гади. И од такви мажи што свесно одат со мажени жени ми се гади. Толку е едноставно, ниту правам полова разлика ниту ништо. Не е тоа љубов и сакање, дваесет минутно задоволство, да правиш будала од партнерот и цело семејство. Тоа не е нормално. Знам дека моралните вредности во 21ви век ни се изместени, ама немојте ве молам за нешто што е лошо, да го прикажувате како добро. Каков пример на младите му давате? За*би таква љубов, ако едниот дома плаче, а другиот си тера задоволства.
Е се како не се тие треба да земат сатар и да им го скинат за да не продолжи и со некоја друга. Тие треба да му го скратат Стојко,тие треба да им го чуваат мажот како некој див пес за парење Затоа што Стојко не мисли на жена и на деца,туку мисли да се спика во некоја дупка Жално е за таквите деца што Стојко не мисли на нив. И после швалерката била курва ваква таква. На мене ми е гајле за некоја што сака да шврља за нејзиниот брак,кога сама не си го чува. Јас будала машка курванечесен ниеден
И од жени што одат со зафатени машки во врска, и од машки што одат со зафатени женски во врска. Ако сакате да сте со други, раскинете, па раскинете се од е*ење со кој ќе стигнете! А вие ако толку сакате да сте со некого/ја, не се нафаќајте да бидете втора опција, па и само за секс, имајте бар малку дигнитет.
Работава ќе испадне како комшивкава моја што трачари кој кого го вара а вели ако тоа неа и се случело ке ги убиела двајцата , а маж и се шваљерисува на големо т.е не знае кај му е брачниот кревет На никој не ви ги знам минатото , но не верувам дека сте сите светици . Зарем не сте имале флерт со дечко од другарка? Зарем никогаш не сте се вмешале во туѓа врска? Во ова време како што гледам секпј со секого се вара , а овде што читам како дневник од калуѓерка од Рајчица сте Ако дознам дека дечко ми ме варал искрено не би трошела време во колнење и во тие глупости ако растириш брак исто ко црква да си растурила(простотилак невиден ) или би му опростила или ладнокрвно би заминала засекогаш ...не би трошела време ни да дознаам која е третата личност , бидејки немам ништо со неа