Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Кои вредности се тоа изместени?
    Оние "архаичните" во времето кога жената немаше право на избор?

    Спомнувањето на 21-ви век како референца за модерност и прогресивност никогаш не е паметна идеја затоа што нашите општества од бронзено, па се до ренесансо, буржуаско доба историски гледано, никогаш не бележеле такво нешто како 'вистински' или 'идеални' вредности.

    Човекот сам, по пат на биолошки - репродукциско набљудување одлучил дека партнерите треба себично да се чуваат, а романтичните врски бидат ограничени на само еден партнер. Стигмите се дадени, но имате еден живот. Преку рационализација да кршите правила кои не чинат и не ни служат.
     
    На Herrera, Angie1432, Dentina и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.288
    Пол:
    Женски
    Кај нас на работа има неколку такви.. Никогаш нема да ми биде јасно како успеваат во таа работа, дали ги гризе совеста навечер кога ќе легнат да спијат. Има 3 деца, греота е тие да испаштаат.. "Маж ми не ме задоволува затоа сум со овој"... Он знае на работа е 2 смена тие на Водно си прават задоволства.. Ем ја има фатено мажот ем пак трча...
     
    На cresa-jagoda, Роберт 7 и Ostaveniot им се допаѓа ова.
  3. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Само едно нешто ќе ве прашам.

    Ако ја обвинувате 3тата личност, што добивате со тоа? Ако дознаете дека маж ви ве вара и еве одлуката ви е развод. Со жената што планирате? Да трошите време и да ја оцрните? Да ја истепате?
    Која е поентата на обвинување ако само си се тешите со тоа?

    Јас сум скроз против неверство. Другарки кога направиле такво нешто не сум ги поддржувала. Јас не сум изневерила никогаш. Изневериле со мене, јас не знаев дека е зафатен. Прекинав одма кога дознав. А сепак, сметам дека е без врска да обвинуваш некој што е избор на твојот партнер.
     
    На Justicija, PaLaVa, RosettaStone и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    @JuLleE сум била изневерена. Точно, ме променило.

    Но не во тој правец во кој ти кажуваш, дека ќе ја минимизирам болката која ми ја нанесол само затоа што постојат и полоши нешта од изневерување.

    Ме променило во насока да не се залетувам толку многу уште на почеток, да не верувам во потполност на никој, да бидам доволно решителна да ставам крај кога гледам дека не оди а другата страна е премногу кукавична да го стори тоа и најважно од сѐ, да не се обвинувам себеси како причина за туѓата нелојалност и неможност да се посвети на една личност.

    Знам и дека неверство во врска и неверство во брак и со деца не е исто. Второво има уште поголема тежина.

    Сум имала близок другар чие семејство се растури на ваков начин и го гледав со свои очи како детето се распаѓаше поради тоа што некој себичњакович решил да стане родител и да оформи семејство за после со „свои раце“ да го разурне истото. Само што од тие рушевини највеќе страдаше тој. Тој што немаше никаква вина. Тој кој беше една од најпозитивните личности кои сум ги запознала. Тој кој имаше соништа за иднината пред некој да му ги уништи.

    Тоа што некој не можел да си ги исконтролира сексуалните нагони го доведе него до личност која остана само со еден родител (оној кој изневеруваше), со живот променет од корен во најтурбулентен период (тинејџерство), со рани од домашните препирки и расправии и со згазена верба засекогаш дека можеби некогаш и тој би можел да има семејство кое всушност ќе се грижи и за неговите емоции.

    Така што верувала или не и јас знам по нешто за изневерувањето иако сум незрела, недорасната, неискусна.

    Зарем до тука стигнавме? Зарем да ставаме на вага кој повеќе болка искусил, повеќе знае за што е тоа болка? Зарем мислите дека сите ние ставаме сѐ тука на тацна на форумов за да нѐ разберат сите со што сѐ сме се/се справувале/ме во животот?

    Само ќе кажам, да не сте им во кожа на некои „незрели деца“ од тука. Да не им ја почувствувате болката од сите проголтани солзи. Секојдневни домашни драми, расправии, болести, загуби, посегнување по сопствениот живот.

    Со кнедла во грло ќе го завршам постов и само ќе речам Ви благодарам уште еднаш што не гледате подалеку од носот и ме освестувате каква личност НЕ САКАМ да станам во иднина.

    Ќе ве молам ако немате што друго да ми кажете, освен дека сум меѓу незрелите секако, не ме цитирајте.

    Ако пак научите да дискутирате без притоа да ја вмешувате вашата „зрелост“, тогаш со задоволство ќе ви одговорам.
     
    Последна измена: 13 септември 2019
    На Ivan4e04, JollyGirl, flower30 и 23 други им се допаѓа ова.
  5. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски

    Не викам дека е само таа крива.Спомнав дека двајцата се виновни,не е нејзината вина многу помала,бидејќи читам многу мислења каде што се спомнува дека таа воопшто не била виновна.По твое,не е ?
    И тоа ако свесно се впушта во тоа.Нормално дека тој што изневерил е повеќе крив,ама ни таа не е чиста ...
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Ајде и јас со „незреливе“ да си кажам мислење.
    Никој не ја окривува само третата страна, само не можеме да се согласиме дека таа нема ни најмала вина. Особено ако знае за брачната состојбата на партнерот и свесно влегува во таа ситуација. Секако дека главната улога на виновник ја игра изневерувачот, ама и плеткачот во туѓа манџа е виновен. Настрана дали е нормално, секојдневно, или не знам како. Тоа само е доказ колку многу луѓе знаат да бидат расипани.

    Споредбта со тешки и потешки животни ситуации ама ич не е убедлива за мене. Не се сметам себе си за некој на кој животот му бил баш со најубави животни приказни. Баш напротив, имам многу пати пишувано тука за дел од горчливите искуства, а дел си ги имам задржано за себе. Ама ако нешто потешко од неверство ми се случило, не значи дека истово станува позитивен чин. Настрана што секој може лично да го градира според своите животни ситуации, едноставно изневерувањето е негативно и некого повредува.

    Неверство лично немам нешто поголемо доживеано, еднаш само во врска која секако беше на раб на пукање, па тоа само помогна за да се реши и онака лошата комуникација, па не го ни сметам за нешто сериозно или болно. Во „класичен“ брак не сум само заради лошо искуство од разводи (туѓи) и вакви животни зафрканции. Значи не е дека не сум спремна на сѐ или многу розово гледам на животот, едноставно искуството ме натерало да внимавам на себе и на своите деца и колку можам повеќе да ја намалам можноста од ваков тип страдања.

    Иако не гледам нешто особено на формалната институција „брак“, за мене семејството е свето и ми има посебно значење. Никогаш не ни сум помислила на друг, а камо ли да изневерам. Сметајте ме за незрела, наивна, светица...ама ние во семејството имаме потполна доверба која засега не е разнишана. Не знам понатаму како ќе биде, но дека јас нема да изневерам, тоа сигурно. Не сум изневерувала ни во врска, нема ни во „брак“. Не сакам нерасчистени сметки никаде, најмалку во семејна заедница и од овој тип.
     
    На Harper, sierra, Ivan4e04 и 25 други им се допаѓа ова.
  7. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Никогаш не сум имала флерт со дечко од другарка, ниту сум помислила на такво нешто, ниту пак сум се вмешала во туѓа врска. Ако тоа ме прави незрела или светица или ненормална, ок таа сум и за да биде полоша работата дури и задоволна сум со тоа.

    Вие сега девојки во сосем друг правец ја терате дискусијата. Тргнете ја вината на страна еве, тоа што се обивувам да кажам е дека изневерувањето и плеткањето во туѓи бракови се лоши работи и не те прават добар човек, барем не во моите очи. За мене добар човек не е некој што се сити и гради среќа на туѓата несреќа. И никој тука не спомна за правата на жената, баш напротив реков дека не сакам да правам полова разлика. Така што стварно немам намера да се цитирам до изнемоглости, кога гледам дека некој ми ги извртува зборовите.
     
    Последна измена: 13 септември 2019
    На Glossy-girl, Independent Girl, elenaxbbg и 9 други им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.519
    Допаѓања:
    251.508
    @Purplelilac не ја минизирам болката, тежината на неверството, затоа што јас пројдов се, а со мене и моето дете.
    Знам се, ама за и да детето да заздрави, морав јас прво. Морав да ги прифаќам работите, да правам компромиси и остапки, морав да простам. Зошто поинаку целата моја болка, фрустрација, тежина ја чуствуваше он и му беше се полошо.
    Затоа денес сум ваква, затоа некои работи ги прифатив како нормални, дека може да се случат и мора ние како родители да се носеме со нив.
    Децата се наше огледало, учат од нас, затоа што ние ќе им сервираме тоа го зимаат.
    Знаеш колку деца поради однесувањето на еден од родителите страдаат?
    Колку родители се одмаздуваат преку децата?
     
    На mira.mira, SexiLy, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.089
    Допаѓања:
    134.987
    Screenshot_20190913-090751_Twitter.jpg

    И така
     
    На SexiLy, jasbi, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Многу зрели на темава. Леле, леле. Те изневерил ќерко, чудо големо. Има насилници што тепаат, ти за едно неверство ми се жалиш.

    И после неверството било нормално, станувало секојдневие. Па нормално дека е така, од вас зрелите со вакви изјави. Утре и убиства да ескалираат, вака ли ќе правдате?

    Годините не се мерило за зрелост. Животните ситуации што некој ги поминал, го направиле зрел уште можеби на 16, додека вие тука, во брак, со семејство, деца, на 30+ сте еклатантен пример на незрелост. Онаа карактеристика која радо им ја препишувате на младите тука, оти оцениле и процениле што во животот сакаат.

    Слободно воспитувајте ги децата дека од лошо има полошо. Па ако ги плесне некој, тешете ги дека е се во ред, оти можело и полошо да биде, да ги убијат на пример. Сменете си ја премисата. Од доброто секогаш има подобро.

    Да ми се случи неверство, ќе се разведам без око да ми трепне. Доволно се познавам себе, за да знам дека никогаш нема да дозволам да останам во таков брак, со човек кој не знаел да ме цени и почитува доволно, некој кој немал доблест да каже каде не штима и зошто. Некој кој бил кукавица и не можел да расчисти со мене, пред да го извади од пантолни.

    Ако нему не му било гајле дали ваквиот чин ќе го растури бракот и истиот го става на коцка, мене нема да ми биде па ич. Ако му се е*е на страна, мене па ми се је*е за него.

    На децата нема да им бидам лош пример во животот. Нема да ги учам да преминуваат преку бедни и ниски удари. И тоа само затоа што имало полоши работи. Каква зрелост е*ате. Да ви позавиди човек.
     
    Последна измена: 13 септември 2019
    На Herrera, Lella, DAngel и 40 други им се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.087
    Допаѓања:
    77.119
    Пол:
    Женски
    Секоја чест за напишаново :bow:
    А би ги спомнала и @KateKane @lovestoneddd и @Purplelilac Светов би бил многу поубаво место за живеење кога би имало повеќе луѓе како вас :l:

    Оваа тема е една од повеќето каде може многу да се научи од младите. И дека годините не се мерило за зрелост ;)
     
    На Lella, Ivan4e04, JollyGirl и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Неверство во рани 20ти и доцни 30ти години најчесто не се доживува со ист интензитет.

    Релативизирање не е проблем, туку начинот на кој се доживува емоцијата. Во рани 20ти кога прв пат се вљубуваме, секоја ново настаната емоција поврзана со неверство и предавство се доживува со полн негативен спектар. Тогаш се разнишани неколку есенцијални столбови - егото, довербата и достоинството. Како минува времето, оваа серија изневерувања се повторува најмалку уште три пати со различни партнери, и тоа е стадиумот во кој младиот човек ја учи лекцијата на емотивно ,,созревање".

    Секако, човекот не созрева во правец неверството повеќе да не му претставува проблем, туку сето тоа го гледа како очекувана последица и нешто што неминовно ќе се случи. Истовремено, се контролира себе сѝ, гледа да не вложи премногу емоции како што правел во претходните врски, и почнува потсвесно да гради една емотивна блокада која овозможува со чувствата да се носи на многу по мирен и ,,прифатлив" начин доколку дојде до повторен емотивен крах. Тоа е точно периодот кој го опишав во првата реченица од постот, кога интензитетот на доживување на нешто искусено ,,отапува" или со други зборови ,,се намалува".

    Сите ќе искусиме неверство во животот за жал, или барем повеќето од нас. Да не ве разочарувам, но екстремно ретки се паровите со функционални и среќни врски. Не е тоа воопшто за пофалба, ниту треба да е некому прифатливо, но истовремено треба да биде показател дека можеби влегуваме во ера кога отворено ќе се зборува дека моногамните врски сѐ помалку се потребни во општествата, сѐ помалку служат на вредностите кои ги знаеме, и можеби (само можеби), за генерациите после нас ќе биде сосем нормално да имаат по неколку романтични партнери и за тоа отворено сите да знаат - пријатели, семејство, другари. Колку повеќе се чуваат во тајност ваквите активности, толку повеќе доаѓаме до сознание дека човекот низ етапите на развој иако е биолошко, не е и моногамно суштество.
     
    Последна измена: 13 септември 2019
    На Herrera, Angie1432, mira.mira и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Џули, а дали некој од тука некогаш рече дека не треба да ја прифатиш реалноста дека си изневерена?

    Не. Сите се согласуваме за тоа дека треба да се прифати дека се случило тоа, да заздрави првин родителот за детето да не ги почувствува во голем степен последиците.
    За тоа дали треба или не треба да се прости чинот, е индивидуално за секоја врска т.е. за секоја личност која била изневерена. Некој едноставно не може да премине преку тоа под ниеден услов. И ако се размисли во ваков случај е подобро да заврши бракот отколку да се украсува надворешно а внатре да се распаѓа па уште и пред детски очи.

    Токму тоа го кажувам цело време, дека изневерувачот првин треба да помисли на децата и нивното страдање кога ќе дознаат. Исто и другиот родител кога ќе дознае за ситуацијата во прв план треба да има свест да се соземе пред тоа да има негативни последици врз децата.

    Жал ми е за тоа што си го минала, но нема да се согласам дека мора да останеш во бракот ако тоа премногу те повредува (ако добро те разбрав дека си сè уште со таа личност). Но сепак твое си е. Верувам дека знаеш најдобро за себе.

    Крајно ќе кажам само дека Лиана го има доловено моето мислење од збор до збор. Сè она што сакав да го кажам е сумирано во нејзиниот пост.
     
    На Glossy-girl, Herrera, PaLaVa и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    13.502
    Vaka za Lila ne zboruvase.
     
    На mkdvesna, PaLaVa, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Звучите ко Не им судете на пијани возачи оти утре може и вие ќе седнете пијани во кола или ќе настрадате од пијандура зад волан.
    Уел, баш затоа и судиме.
     
    На Glossy-girl, PaLaVa, zuto и 10 други им се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Ме претекнале погоре.
    Во МЈФ главна и одговорна си за плукање на Лила, која нон стоп ја претствуваш како промискуетна жена баш заради нејзините наводни афери со оженети типци, или бар ние така сме разбрале, а сега испаѓа ти да си била една либерална, 'земи се што ти пружа животот ' особа.
    :D
     
    На Harper, candy.cane, Ivan4e04 и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    ^Eпа дечки Лила има колку, 50 години, зрела е. Нормално дека за човек на нејзина и наша возраст (ние незрелите нели) различни аргументи ќе се користат од страна на созреаниве.:).
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.519
    Допаѓања:
    251.508
    Мешате веќе теми, поими, споредувате работи и слично.
    Никој ама баш никој не го оправдува неверството.
    Читате ама не дочитувате.
    Ја обвинувате третата страна која има најмала вина, а и зошто би имала.
    Виновен е оној кој решил да изневерува и дали е навистина е виновен.
    Односите во бракот се помеѓу двајцата партнери и никогаш не знаете која е правата вистина, па оттаму не ни можеме да судиме и тераме правда, да ги обвинуваме швалерките.

    Јас како сум ја менаџирала мојата ситуација зависи од мојот однос и моите односно нашите услови во нашата ситуација.
    Колку и зошто сум простила е индивидуално. Зошто јас сум изневерила на пример е исто.
    Јас моето дете нема да го растам да го мрази и осудува родителот, да ги осудува луѓето заради нивниот интимен живот и партнер. Нека расте и нека знае дека во животот се доаѓа, дека може да биде и изневерен, дека треба да ги решава проблемите, а не да бега од нив и дека покрај традиционалното семејство има и друг вид на семејства.
    Впрочем зошто да се правдам како јас го воспитувам своето дете?

    Зрелоста и искуството доаѓаат после неколку ситуации во животот. Никогаш теорија и пракса не се исти. Сега сте со ставот, после неколку години може икс ситуации да ве натерат да го промените.
    Многу е побитно една личност да е среќна, ако не е, џабе верност, џабе се.
    Да кажам по стоти пат не оправдувам неверство и не би живеала во полигамија и отворен брак. Но, откако надминав некои работи сфатив дека ако за нешто постои решение треба да му се даде шанса. Затоа и оттаму, неверството боли ама се надминува, пороци и болести не. Семејно насилство уште помалку. Епа не се стават на кантар и не тежат исто.
    Некогаш мора да се бира, колку и завучи клише.
     
    На m.i.g, Bozica1980, eli25 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А јас прашав неколку пати - никој не ми одговори.
    Ако за неверството треба да имаме став од типот - сите изневеруваат и дека треба да очекуваме и ние да бидеме изневерени зашто нема асална врска денес, дали истото треба да го имаме за насилството и силување во врска/брак? Дека ако се случат и вториве треба исто така да тупиме дека треба зрело да ги пребродиме или пак да очекуваме дека ќе ни се случат во секој момент?
    Мислам по логика ако секој е варач тогаш секој е и насилник.
     
    Последна измена: 13 септември 2019
    На Glossy-girl, Amellie13, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    39.510
    Можда некои баш бракот си го спасиле со тие 20 минутни задоволства.
    Некој некогаш рекол- in some cases ( со акцент на тоа "во некои околности") do what you have to do to stay SANE and MARRIED.
     
    На mira.mira, Tajnaotrovna и WildMk им се допаѓа ова.