Кој е тој нормален човек што си го спасил бракот со неверство? Нормалните луѓе си го спасуваат бракот со разговор, компромис, евентуално разидување ако не најдат решение, а не со неверство. Немојте ве молам со вакви цитирања. Убаво се изнасмеав, да си жива и здрава .
ауу оти па мене не ми текнало... Можит поубо ќе ни беше во бракот да си фатев швалер па уште и финансиски да го цедев... Ауу маж ми може многу благодарен ќе ми беше
Сакаш пример? Маж кој не си ја напушти жената болна од Мултиплекс склероза во сериозна форма. Неподвижна . Мило ми е што се изнасмеа. Фала на убавите желби
Мажот не си ја напуштил жената, ама ја изневерил. Примерот ти е одвратен. Поарно да ја оставел. Сирота жена.
Океј. Ке им пратам меморандум од тебе. А што е одвратен пример а што живот вистински, ти не си репер. Ме праша ти одговорив.
Почитувана девојко, кога веќе си толку дрска и безобразна, се дрзнувам да ти одговорам барем приближно исто на начинот на кој што ти мене ми одговараш. Живот вистински... Жена со Мултипла Склероза, болест на демиелинизација на миелинските обвивки на аксоните од невронот. Попросто да ти кажам, невродегенеративна болест на ЦНС. Покрај симптомите што ти ги спомна, морам да нагласам дека луѓето кои боледуваат од МС, се соочуваат и со емоционални нарушувања. И сега почитувана, ти мене сакаш да ми кажеш дека неверството во случајот со, пак ќе кажам, твојот одвратен пример, позитивно влијаело на нивниот брак? Твојот пример е репер за отсуство на емпатија и човечност. Поздрав.
Значи јас ова го разбрав. Жената е неподвижна и не може да имаат односи и мажот бил у малце тешка ситуација и и рекол на жена му - не можам со тебе ама за да не се разведеме, ќе одам ќе клецнам друго нешто оти пајажини ќе ми фати другарот. А инаку тебе те сакам, ама друга ќе е*ам. Така нешо ќе му дојде? Реков бе јас колку сексот ги контролира некои луѓе.
Двојни аршини. Затоа никој не одговори на ова. Се додека ним им е убаво не им е гајле дека се дел од нечија голема грешка и дека се индиректни виновници за страдање на некоја личност. Крајна себичност. Или она, наместо како жени да не се напаѓаме, на крај излезе за швалерката да било тоа. А таа изневерената кој ја мати, таа не е битна жена. Уште што не се рече сама си го барала да ја изневерат. Ама што разбираме ние што се бориме во името на вистинската љубов, кога се изневерувало на мртво. Наивни, ќе видиме како ќе ни биде ко ќе не' изневери партнерот.
Наречете ме и мене, незрела, дете, наивна, уште го гледа светот со розеви наочари, но овојпат нема да се сложам со “повозрасните“. Осетив на своја кожа што значи неверство и колку е болно. Добро, не беше долга врска, не беше брак, но сепак беше нешто во кое вложив емоции, време, труд. Наместо да почнам и јас да изневерувам, да одам со кој стигнам, си дадов период на пауза и време за да се соземам и да го преболам тоа. Во истиот тој период го запознав и сегашниот дечко кој баш со иста ситуација и се соочуваше, последната врска му завршила така што бившата го изневерувала, па и он решил да си даде пауза од дејтање и врски, да не се форсира моментално да е со некого за да му помине болката. Баш поради тоа што знам колку е болно, никогаш нема да изневерам некого. Никогаш нема да сакам да сум причина за солзите на некоја девојка, да бидам соучесник во грозно дело како неверството и да бидам дел од тоа што некој сељак наместо како човек да си ја седне девојката и да и раскине или да се потрудат да го надоместат тоа што му недостига, тој ќе си потполнува време и ќе тепа монотонија со мене, а после ќе си се врати на девојката. Изневерувачите не ги оставаат партнерите, напротив, личноста со која изневеруваат само втора виолина може да им биде и наместо да е повредена само личноста што ја изневеруваат, може да е повредена и личноста со која изневеруваат, луѓе сме, не сме роботи, шансите да се јават емоции се огромни. Плус не сакам површни работи и врски за една ноќ, така што целосно сум аут од нешто вакво. Еве и моите се во веќе петта деценија од животот, да речеме прошле голем дел од животот, нели зрели и искусни, па ниту еднаш не ми рекле ќерко, неверството е во ред, какви работи има, ако те изневерува прости му слободно, остани си со него. И ние слушаме за доста познаници наоколу дека поради неверства се испоразведоа, па сега треба и они да си речат, секој трет на наши години се разведе, па ај нормално е значи, дај и ние да се изневериме и да се разведеме после толку години брак или ќе ги учиме децата дека е нормално денеска да се изневерувани, нека изневеруваат и они, ее, па што све нема на светот... За мене таму каде што некој ќе дозволи трета личност да се вмеша во наша врска/брак е знак дека повеќе за мене не би имало место таму. И да вината според мене би била 80% на него, но 20% и на другата личност, зошто јас за себеси никогаш не би дозволила изговор од тип “ако не со мене, со друга ќе варал“ да ми е оправдување да си дозволам такво нешто. Епа нека е друга, битно јас нема да сум причина за распад на врска или семејство, никогаш, барем толку се ценам и имам емпатија кон други луѓе за да не дозволам да сум дел од такво грозно нешто. Нека сум светица, Дева Марија, неискусна и незрела. И последен маж да е на светот, па со зафатен не сакам да си имам работа.
Сега ќе оправдуваме неверство и поради тоа што партнерот е болен. Или замислете трудна жена или тазе породена не може да има односи и тука мажов оди да клецне нешто друго. Сепак на некои навистина сексот им е како кислород. Значи недајбоже еден вирус да те фати па да легнеш дехидриран(а) и во болки и го одбиеш мУжот или жената. Готово, одма ќе им фати мувла таму доле.
Znaci ja sum budala sto sum odbila zeneti mazi koi sakale seks a pritoa mi se svigjale fizicki i da ne bea zeneti kje prifatev. Ali ja za eden seks da rasipam neciji zivot?! Za mene toa e krajno nemoralno, ja taka razmisluvam i custvuvam ako najde druga neka najde ama toa nema da bidam jas koja indirektno pa moze da se kaze i direktno rasturila brak ili semejstvo.
Јас кажав примери од свој личен живот и ти не си таа која ќе каже што е подобро за болен од мс од него самиот. Тој маж ја негува и ќе ја негува до крај на нејзиниот тежок живот оти нема да дојдеш ти да ја искапиш ( се кладам гуглаше за да најдеш некоја поента). Lets agree ti disagree.
Аргументи против неоправдувачи на неверство на темава - незрели сте, ќе видите и вие ќе изневерите, ќе видите дека дечкото еден ден ќе ве остави за друга, глупи сте...
и јас се изнасмеав. Врска нема. Еве да се вратам наназад мада не е исто во брак и во врска. 4 годишна врска ни беше во фаза на распаѓање. Почнав да се гледам со друг се почна со разговори душата си ја олеснував со него. Потоа се зближивме. Да било тоа така по неверството (зашто сепак уште не бевме официјално Раскинати) ќе се вратев кај дечкото а немаше да продолжам со тој кој во моментот ми беше "швалер" ја официјализира ме врската па потоа и стапивме во брак. Е сега се чудам зошто после неверството не си ја подобрив врската со тогашниот туку напротив. да си жива ме изнасмеа ама во право си
А оти мислите дека е хумано, да нема секс едениот партнер, затоа што другиот не може или не сака? Мислам.. еве се ставам во ситуација (не дај Боже), да не можам да имам секс. Нема шанси да му го ускратам тоа на партнерот, оти јас не можам. Вашите размислувања ја сведуваат љубовта на сексуалниот чин. Не е љубовта исто со секс. Сексот е зачин во љубовта, а животот е она што ја прави 'цела'. Навистина сте 'мали' за некои работи да ги сфатите. Од искуство ви кажувам.
Јас ќе ви пишам од аспект на дете пораснато во брак каде имаше неверство. Прво да тргнам од тоа дека идеалите што ги имав за родителот ми се уништија во истиот момент кога дознав. Второ не разбирам зошто одредена особа има потреба да се меша во туѓ брак и деца и како може да не размислува за последиците кои ги има со впуштање во нешто со венчан маж. Што е тоа морал? Демек љубов е? Како може некој да живее со себеси и да знае како свесно повредува некој друг? А да не зборувам за последиците што ги остави врз мене како дете. Проблемите со доверба во машки кои ги имам сега ради случајот дома. Чувството дека бев оставена од страна на родителот ради таа некоја си дотична особа. Чувството што цел живот ќе ме следи, и што вербата во љубов ми ја уништи. Е тоа прави врска со венчани луѓе. И двете страни се криви, ама дури и повеќе ја окривувам третата личност кога знае какви се околностите и повторно свесно се впушта во тоа. Едит: и само да додадам воопшто не ми е гајле која е причината за неверството. Ништо не ми го оправдува. Не си среќен во бракот? Си се заљубил? Разведи се па прави што сакаш. Се друго е погрешно за мене.
Јас мислам дека е обратно. Вашите размислувања ја сведуваат љубовта на сексуалниот чин и задоволства кои му се ускратуваат на партнерот ако ти не сакаш или не можеш да имаш секс. Љубовта е многу повеќе од сексот. Мали сме, незрели, погрешно размислуваме. А вие поголемите сте доволно созреани и давате одличен пример за идните генерации.
На темава каде што постојано се прави поделба на ''големи'' и ''мали'' според сфаќањето и дали одобруваш или не неверство едно имам да пишам само: размислувањата кои го оправдуваат неверството ја сведуваат љубовта на анимално ниво( само конзумација на секс). Длабоките чувства на љубов и почит се тие кои пречат( и во случај на неможност на еден од партнерите да има секс) другиот да не потрча одма во туѓа постела. Има и опција за друг начин на регулирање и задоволување на сексуален нагон освен оној одма потрчај по друг или друга.Значи не оправдувам неверство и кога друг или друга го врши. И во случај на неверство на маж или жена и двете страни се подеднакво виновни и мажот со швалерката или жената со швалерот.