Ја користи. Ко демек таа не сака. И таа го користи за поразличен секс, или ете авантура. Јасно е дека двете страни се заради една иста работа "заедно". Е сега, друга е ситуацијата ако малата се затреска и очекува нешто сериозно од него. Малу морген.
Џабе, никој и ништо не може да го оправда ваквото однесување. А не ми е јасно за оние кои се со женет, како може тој вас да ве изневерува? Игзектикали
Сега дробев онаму во темата за дечко од друга религија сега ќе почнам и овде... И за ваква ситуација не се согласувам... Како мислите таква врска да опстои? Као демек тој ќе ја остави жената па и децата доколку ги има и ќе ве шетка вас? Ма дај, тој што сака да мрцне надвор од бракот го прави тоа од чиста забава... Сигурно нема да се разведе и вас да ве ожени... Ако и тоа се случи ајде да претпоставиме, кој ви гарантира дека нема да ви го направи и вам истото со некоја друга девојка?? Не е работата само го сакам, ме сака и нема врска што е женет, има деца, фамилија па ние се сакаме... Ја како да не!! Тргајте се навреме од такви луѓе, не оставајте некое дете да расте без татко... Вие ќе ја имате вината, ќе имате грижа на совеста цел живот...
гледам повекето напаѓате и судите...јас мислам дека девојките не се криви туку мажите,а и на крај љубовта не бира стар,млад,оженет,слободен,крив,прав.....никој не осудувам и ке ви кажам едно-никогаш не велете никогаш бидејки мози и вас истото да ви се случи,поздрав
Криви се и двајцата, а швалерките ќе видат што правеле кога ќе се омажат и кога ќе почувствуваат колку боли еден сомнеж, а не па нешто другo. Љубовта не бира, точно, ама ваквата љубов е незрела. Како можеш на човекот што го сакаш да му посакуваш да му се растури семејството поради тебе? Јас велам „никогаш“ и си стојам зад тоа и ќе стојам зад тоа и знам дека никогаш тоа нема да ми се случи. Како што знам дека никогаш нема да посегнам по цигара или по дрога. Одење со женет ми е нешто најниско и најгадно и сигурно не би направила нешто поради кое подоцна би се гадела од самата себе затоа што, еве си признавам, сум човек кој си се сака и има високо мислење за себеси и се трудам од петни жили тоа да остане така. А и сум човек кој секогаш сака да биде фер кон сите. Никој не рече дека е лесно да се одолее на искушението, но секој може да одолее доколку сака. И немојте само мажот да го кривите затоа што 90% од оние што “не знаеле дека е женет“ откога “дознаваат“ упорно му се пикаат на човекот и го тераат да каже на жена му и да се разведе од неа. Не велам дека и тој не е крив, ама и таквото ******* не е за тапшање по рамо. Ми се допаѓа тоа што во повеќето случаи, таквите добиваат “клоца“ и мажот си се враќа на семејството.
НИКОГАШ НЕМОЈ ДА СЕ ВПУШТАШ ВО НЕШТО ТАКВО ДА МУ БИДЕШ САМО КОЦКА ОД МОЗАИКОТ НИЕДЕН МАЖ НЕ ОСТАВИЛ ЖЕНА ЗА ДРУГА ВЕДНАШ ПРЕКИНУВАЈ
не ми е јасно како може една девојка/жена до толку да биде без достоинство и да не се цени себе си да му биде на некој си втора виолина-а се почесто има вакви случаеви и последен на светов да е , НИКОГАШ не би се плеткала со некој таков(па не пари, луксуз, светот на дланка да ми го подари) нема шанси
И јас мислам дека некои мажи заради инает на жената одат со други девојки,затоа што сега сватив колку е тешко жена да си од кога родив бебче.зошто жена и девојка не е исто,жената има илјаду работи на глава ,а девојката е слободна нема деца за гледање,ниту за перење,чистење и ред други работи,па мислам дека најчесто жените преокупирани од своите обврски не им обрнуваат внимание на своите мажи и така тие посегнуваат по нешто слободно што нема обврски што ќе му посвети внимание што веќе жената не може да му го посвети толку многу како што биле дечко и девојка,ама тоа не е оправдување за да се тера нешто настрана ,напротив секој треба да придонесува за фамилијата и да помага и така да си имаат слободна време за двајцата а не секогаш товарот да го носи жената ,и потоа мажите слободни немаат после работа што да прават и ајде по други жени демек нивните не ги бидува,а забраваат што се нивните жени прават за нив
Ќе се сложам со тебе дека љубовта не бира стар,млад,богат,сиромав ,НО за да се заљубиш треба да го запознаеш човекот !!! Во тоа запознавање многу девојки дознаваат дека дечкото/мажот е оженет или има девојка/свршеница и упорно го продолжуваат патот до заљубување. Е ова не е во ред !!! Јас ќе кажам дека мене нема да ми се случи затоа што јас нема да го дозволам тоа !!! Прво затоа што сум во брак и имам две дечиња и сопруг и заради љубовта кон нив не би си дозволила ваква работа и доколку некогаш ми се случи некој проблем во бракот од петни жили ќе се трудам да го решам само ради убавите моменти во минатото ,со надеж за исти такви и во иднина.Второ зошто би ставала грев на душа да уништам ,па макар и на ден два нечие семејство?Семејството и бракот се светост !!! Тврдам дека доколку нема лесни (да лесни и без мозок )девојки нема да има и растурени бракови,заради прељуби .
Да не сум сватена погрешно ама морам уште нешто да кажам...Пред да ги осудувате "лесните девојки" осудете ги жените на таквите мажи кои можеби не ги исполнуваат стандардите за нивните мажи,па сигурно нешто ке ми фали ако мажми отиде со една па со друга или се заљуби во некоја и е во врска повеке време со неа?????
Молам? Ама, не...озбилно...уште ли има луѓе кои веруваат на онаа изјава „Имаме проблеми со жена ми“ или „Не ми дава“ ... Едит Работава http://www.youtube.com/watch?v=1bG-eseMwZI Кои стандарди? Секс? Зарем навистина мислите дека тие не се интимни и со своите жени? А ако таа не ги исполнува а швалерката ги исполнува стандардите, зарем нема да ја остави жена му заради швалерката... И да имаат проблеми, ниту црквата ниту матичното не ја обврзува швалерката да им ги решава. Бракот е помеѓу двајца...не тројца, не петмина, не сто, не двајца плус некоја добродушна што е тука да помогне кога ќе загусти. Проблемите се решаваат во самиот брак а не надвор од него. Се` останато е неморално и погрешно. И да ќе заборавев Прво и прво, ако се швалерисуваат со некоја друга, не значи дека се заљубени во неа...на зборот ќе веруваме? Второ и второ, доколку мажот изневерува, нему нешто му фали, не на жената.
Тие лесни девојки бараат само некој да ги спонзорира.Ако и фали нешто на жената тој ќе побара развод а не како некој дебил да брка лесни девојки.И двајцата се криви,мажот е кукавица а тие ''лесни девојки'' кои им се наоѓаат на ваквите мажи се растурикуќнички.
Неможам да се сложам со повеќето мислења дадени на темава. НЕМА ДА ЗБОРУВАМ ЗА МАЖИ КОИ СЕ КЛАСИЧНИ МАШКИ КУРВИ(проштевајте на изразот) ТУКУ ЗА МАЖИ КОИ ЕДНОСТАВНО НЕ СЕ СРЕЌНИ ВО БРАКОТ, А НАШЛЕ ЖЕНА СО КОЈА СМЕТААТ ДЕКА БИ ИМАЛЕ ПОДОБАР БРАЧЕН , ЗАЕДНИЧКИ ЖИВОТ. Прво се изначитав мислења “тие лесни девојки си бараат спонзори“. Аха, а што ако некоја девојка е со некој оженет кој не е богат, не и купува ништо, а двајцата се заедно од што се сакаат? Второ “на жените не им фалело ништо му фалело на мажот кој одел со други жени“, хммм навистина??? Ако ништо не и фали на жената, мажот добива се од неа , зарем ќе оди со друга???? Трето, најлесно е да се критикува гледајќи од страна, немојте толку да се вознемирувате и палите за дискусија во темава, туку гледајте да извлечете поука и да го поправите вашиот семеен, брачен живот(нормално доколку има проблеми, а доколку сметате дека нема внимавајте зошто вие никогаш нема реално да ги видите работите , погледнете подлабоко и уверете се дека сте во право). Само да кажам дека сум сведок баш на ваков пример, оженет маж, не богат, едноставно не е задоволен од својот брачен живот, смета дека многу работи не треба да се така како што се, и покрај големиот број обиди да ја промени ситуацијата, да создаде хармонија, сфаќа на крај дека сам не се може ништо, како за врска,така и за брак , се потребни двајца. Запознава девојка , а по 3месеца се разведува. Сега е среќен , исполнет и конечно го живее животот со полн здив, правејќи планови за поубава и посветла и среќна иднина со девојка му. И што сега она е лесна, трча по парите???Кои пари, кога нема пари. Или е ороспија што се пика по туѓи кревети??? Кои кревети кога таму муабет не постоел , а не пак за кревет да се зборува..... Луѓе има приказни и приказни во животот, внимавајте, пазете го, чувајте го, негувајте го она што е ваше, зошто секогаш постои шанска работите многу лесно да излезат од контрола. Бидете среќни и задоволни со тоа што го имате, не го понижувајте, не го потценувајте....
Ако еден брак не функционира па секој си ја бара среќата на страна,ја наоѓа,се разведува од првиот брак и започнува нов живот е сосема во ред.И јас знам примери каде мажот си најде друга,се разведе од жената и се ожени со дотогаш швалерката.И жената од бракот си најде нов партнер и е посреќна од кога и да е,среќата на мажот не траеше долго,карма ис а бич,но тоа нема врска. Но исто така знам и ситуација каде една бедна швалерка го демне оженетиот,тој сам по себе е морон,ама таа е мала душа која не знае за самопочит.Прашањето е зошто не сум јас на нејзино место,зошто не е некоја друга,туку баш таа?-Затоа што оженети мажи не палат кај секого-само кај лесни девојки. Ако отворите малку поназад во темава ќе видите исповеди на кутри девојки чии дечковци,читај оженети мажи не сакаат да се разведат од жената,затоа што ''моментално имаат проблеми'',па ''детето им е болно'',па ''моментално не е поволен период''...Мислам,така се тешат сите швалерки,само затоа што несакаат да ја видат ситуацијата таква каква што е
поарно да се стават работите на маса и да се расчистуваат иде неиде нема што деца се имало заради нив во брак,и нема потреба од швалерки и швалери зошто секакви случаеви постојат
Прво треба да се види си можеш не си можеш заедно-па брак. Некои веднаш знааат дека се создадени еден за друг а некои за жал поминуваат трнлив пат за да го дознаат тоа. Можеби некое време се ќе е нај, а друг момент секој си го покажува своето вистинско лице. Бајки и мижи асан да ти баам дури да се ујдиса народски кажано работата, а после бојно поле. Секој треба да вложува во бракот, и да не трча по други прибежишни ресурси во кризни мигови, дека на крај краева утрото е поумно од ноќта. И треба бе да си бидиме реални. Не може се ако сија дома дотичниот да изневерува и обратно. Ќе речат некои жената е крива не знае како да си го задржи - некогаѓ да или мноооооооогу добра и наивна што добротата и граничи со глупост или е некоја аждаја трето нема. И обратно-или тој е некое муле или е пропали случај без свое јас. Се се решава со разговор, само секој треба да е доволно отворен да си ги признае проблемите и сопствените грешки па да се оди понатаму. И има случаеви кога и да ја сака и се ок да му е дома, да оди и да изневерува оти у врие и таква му е крвта. Бог да ве чува од такви. А сите понежни половини кои свесно се впуштиле во таква врска, не знам каде им бил мозокот. А за оние несвено, па нема несвесно.
лесно е секој да каже и да осуди, но оној кој го има тоа на своја кожа--верувајте не му е лесно. да не бидам сфатена погрешно сакам да ја раскажам мојата сторија, и ќе ве замолам да судите веднаш јас не сум во врска со оженет човек. како секоја девојка од крф и месо и јас сум таква. со моите 19 години верувале или не јас буквално го губам подот под нозете кога ќе го здогледам. тој има 32 години и е оженет со две дечина и брак кој буквално не функционира. Не функционира велам зошто тоа го знам од проста причина што тој е најдобар другар на братми, можам да кажам и на таткоми. Мнг добро ја знам неговата ситуација, скоро секој ден се среќавам со него дома. тој еден маж кој цвета во неговите години. сега да го испофалам висок, харизматичен, згоден и што не. не сум вљубена во него да не се сфатиме како што не треба. во ситуација сум знаете каква?? во жар, чинам ќе рипне врз мене. цело време ми испраќа некои погледи и тоа време што ке се сретнам со него, ме хипнотизира. далекуу подалеку од тоа дека некогаш би се осмелила на нешто само ве молам за совет како да излезам од овај оган. не ме осудувајте само тој страшно ме привлекува. благодарна сум на сите однапред