Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.786
    Допаѓања:
    169.673
    Пол:
    Женски
    Та е искрена со нејзиниот маж. Секој со своето искрен да е. Пак место на тие кои изневерват товарот, секогаш на швалерката. Тешко е поинаку да се размисли.
     
    На An-na, evangelina.ina, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    40.052
    Пол:
    Машки
    Товарот е на двајцата.
    А секој кој мисли дека швалерот/ката нема товар и не сноси одговорност утре ако му се деси истото, на кафенце нека си го/ја викне и нека му/и се заблагодари што се ебел/а со партнерот. ;)
     
    На cresa-jagoda, elenaxbbg, zuto и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    33.879
    Пол:
    Женски
    Зошто некоја би отишла кај изневерената страна кога нит ја знае нит ја познава и би и отварала очи? Тоа може да се очекува од некоја заљубена тинејџерка да го направи.
    Тек така се појавува на врата од нивниот дом и " Ете јас дојдов да се запознаеме, стави еден чај имам нешто многу битно да ти кажам за маж ти".
    Потполно непозната жена да се појави на прагот од нечиј дом тешко некој би примил и ислушал што има да каже. А и да дојде до главниот муабет тек така се верувало на секој нели?
     
    На Herrera, Rebecca_R, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.786
    Допаѓања:
    169.673
    Пол:
    Женски
    Не знам веќе дали не разбирате шо пишиме или неќите да разберите.
    Ај, 10ти, 11ти пат ова реактивирање ќе пишам - и швалерката е крива хореј, ама на темава толку се концентрирате на неа шо заборавате од кој иди изневерувањето. И пошто заборавате, има толку бракој каде изневерената жена ќе се олесни на швалерката и копиљо скапан ќе го прибери дома оти тој заведен бил од црната кучка.

    Са за швалерката.
    Оти неа да му е гајле? Дали е неморална, лоша, курва, кучка и сл е нерелевантнио оти не ми е ништо. И јас не му сум ништо. Маж ми му е за секс, мене не ме знај. Не можи да ме изневери некој кој не ме знај. Можи да ми изневери некој кој ме знај - маж ми.

    Не, ако сум изневерена нема да ја сакам личноста со која сум изневерена. Ама нема ни цела негативна енергија да ја насочам во неа. Зошто мојата доверба и љубов таа трета особа не ми ја изневерила. Партнерот ми ја изневерил.

    И сега се враќам на Вајлд и веќе криво ми е и јас да ја влечкам по мислења. Та е искрена со нејзиниот партнер и нејзиниот партнер е искрен со неа. Тука нема изневерување.
    Со некој кој оди за секс, оди за секс. Не можи помалку гајле да му е за нешто подлабоко оти не ја интересира подлабоко. Тие кои кријат и изневеруваат треба да се искрени со себе и со своите партнери. Оти тие изневеруваат, не швалерките.

    И јас пак ќе повторам, бар два пати на мислење оти се осеќам ко баш ова реченица да ја промаршвате - да, швалерките се криви, ама не се тие кои ве изневериле. Копиљо дома изневерил. Од таму, енергијата е насочена на грешно место.
     
    На candy.cane, Lolipop23, ilenaki и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    55.846
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали вака исто ќе велевте ако некогаш сте сведок како дечко си ја малтретира физички и психички девојката. Дали исто ќе речевте "Што ме засега мене тоа, меѓу нив си е. Ако дечко и ја тепа, моја работа ли е да ја одбранам? Што сакаат нека прават". Или општо ако сте сведок на било какво насилство. Со самото тоа што ќе одминете станувате индиректен соучесник.
    Неубаво е, нели?

    Не е нешто многу поразлично и неверството. Зошто да сум дел од причината (иако помал од оној кој изневерува) некоја девојка да биде со скршено срце и можеби да престане да верува во љубовта?
    Ама емпатија е потребно за тоа, не себичност.
    Како беше она, секој може да го прави она со кое е среќен се додека не повредува некој друг? :)
     
    На Annora, cresa-jagoda, elenaxbbg и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    40.052
    Пол:
    Машки
    Не гледам никој овдека да не го обвини оној кој изневерува, сите се сложивме за тоа. Напротив, многу ја релативизираат и оправдуваат третата страна и лишат од одговорност, а истата е исто така крива и треба да сноси одговорност. Продавање лажен морал и искреност не смее да се подржи, како и е*ење со зафатена личност. Дно од луѓе се и изневерувач и таа со кој изневерува (ако она знае), и изневерувачката и таа со кој изневерува (ако он знае).
     
    На cresa-jagoda, elenaxbbg, sweet-cherry и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    88.500
    Пол:
    Женски
    Луѓе кои влегуваат во врски со оженети/омажени како трета страна секогаш имаат дел од одговорност колку и да сака некој да ја испере од себе .
    а посебно оној момент кога ке дознаат дека она што го матат со оженет човек веке не е игра и дека некои деца ке добијат викенд татко.
    Секако некој ке рече или ке мантраме, еј што имам јас да мислам на негови деца ,кога тој не мисли но немој ѓубрето да го правиме чоколадо,зошто не е.
    Ако има лош брак нека се разведе и нека биде викенд татко поради тоа.
    Заборавил тој,а ти?Или годи на егото?
    Што шепка совеста?
    Или треба да ја сметаме третата страна за малоумна гуска која не знае во што се впуштила?
     
    На cresa-jagoda, elenaxbbg, oblace1 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.786
    Допаѓања:
    169.673
    Пол:
    Женски
    @Amellie13 познавам некој од парот, или не? Ако не - не можам тука ништо, жалам. Ауч. Воглавно оти не можам да знам како им е, ако не ги познавам. Она на кое се темели цела ова тема.
    Ако да - ќе зборам со тој партнер со кој сум поблиска, зошто сме пријатели и се познаваме и то менва многу. И ако насилникот е тој кој го знам - ќе зборам со него и зошто то шо го прај е грешно. Ако жртвата е таа која ја знам - ќе зборам со неа шо можи да напрај, да знај дека можи да дојди кај мене во лоша ситуација, соодветна терапија и сл.
    Е сега, дали ова можам со некој кој не го познавам? Не. Двата ќе ми речат да си гледам моја работа, и со право. Многу покомплицирани се жртви во насилство од тоа да прифатат помош straight away.

    @Billy Idol КАМО да е вака како шо пишиш. Реалноста е дека цела негативнист ќе се фрли на швалерката, а ќе се задржи партнерот. Ова од примери од околината, а богами и од форумов. Во мои очи, пишав, ќе ја неќам швалерката ама факт е дека неа кур не ја боли за мене и сфаќам. Значи, да парафразирам, не велам дека ја оправдувам ама сфаќам "од кај иди".
    Мене ме изневери партнерот. За мене тој е главен виновник, швалерката викај ја провокација, викај ја соучесник, како сакаш. И никогаш, никогаш не би простила неверство. Во глобала не сакам неверства, за многу причини, а зошто висам на темава е зошто упорно и упорно не се гледа целосно виновникот. Џабе се согласуваме сите дека партнер кој вара е главно зло ако упорно збораме за швалерката и ако реалноста е таква кај шо се олеснуваме на трета личност, а изневерителот, кој ја донел таа трета личност, пак и пак и пак го прибираме дома.
     
    На WildMk, Purplelilac, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Јас не знам зошто уште се обидувате да ни наметните дека ние ја обвинуваме само швалерката а мажот цвеќе за мирисање.
    Всушност ние сакаме да кажеме дека и двајцата се криви. Ако швалерката знае дека е женет и има деца, соучесник е и треба да сноси дел од одговорноста.
    Ако не знае, тогаш веќе можам да кажам дека и таа е жртва на некој начин на анималното однесување на мажот.
     
    На cresa-jagoda, elenaxbbg, oblace1 и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    88.500
    Пол:
    Женски
    Кога возиш автомобил застануваш или ги газиш другите луѓе?
    Јас застанувам,имам одговорност спрема нивните животи.
    Швалерите и швалерките си прават илузии-не ги интересирале и не била нивна обврска туѓи партнери,семејства ,животи.
    Оној момент кога ке се фатиш со (не) слободен човек итекако те засегаат.
    Постапките на други не ги аменстираат нашите постапки.
     
    Последна измена: 13 септември 2019
    На cresa-jagoda, sweet-cherry, oblace1 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    55.846
    Пол:
    Женски
    И да не ги познавам нема да ми е сеедно. Емпатија имам за сите, за некои повеќе за некои помалку. Таква сум ете, не можам да гледам неправди, страдања, а сум можела да направам нешто. Не можам да ја сфатам селективната емпатија. Ако ме прави тоа наивна нека ме прави, ама знам дека ме прави и човек.
     
    На cresa-jagoda, zuto, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.786
    Допаѓања:
    169.673
    Пол:
    Женски
    Така де, нема да ти е сеедно ама нема да можиш да напрајш ништо. Према твое претходно мислење, то те прај соучесник? Неубо, знам.
     
    На dayla, WildMk и Purplelilac им се допаѓа ова.
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    39.510
    Јас од прочитаното досега да сумирам:
    - сексуален однос со некој друг е главен растурач на фамилии според некои форумџики ( како па да не, пример : сите оние кои не се развеле ради имот деца комшии инает љубов)
    - швалерката/швалерот е стално крив а мажот е некој заблудан кој не може да не падне на таков валкан трик и откако ке падне, не тој туку третиот треба да му ги отвори очите на изневерениот
    - сексот е ем неважен за добар живот, ем главна грешка ако го имаш со друг. Плус секој мора да знае да живер без секс оти е ситница ама ако го има со друг не е веќе ситница, и нека цркне сам и сиромав.
    - изневерувањето е причина за развод, не лошиот или просечен брак претходно( како па да не, може повод да е и последица на нешто ама причина, тешко.)
    - главно е да се мажиш, а дали го познаваш партнерот мање битно и затоа има изнрнаџени и увреџени.
    И главно- воопшто не сте парламентарни, со ситни боцкања полни за тие што се отворија овде.
    Част изузетцима, вчера убав бантер пред да не избришат. Ама просто на човек да му се смачи од тврдоглавост непоткрепена со нешто суштинско. Не се сите лоши што изневериле, не се сите добри што не изневериле. Не сум за повредување, сум за адаптирање на ситуацијата. Глава низ зид , боли.
     
    На Herrera, mira.mira, An-na и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Може една мала компарација?
    Чисто ме интересира мислење само.Не ги бранам швалерките како и да е, ама не би им стаила ни нож под грло.
    Се случува убиство пред вас, другар/ка ВАША убива човек, не го знаете вие.
    Се случува судење каде најверојатно ќе бидете казнети бидејќи ќе ви стават етикета очевидец и соучесник.
    Добро, да.
    Е да ве прашам сега кој е ВИСТИНСКИОТ виновник, во очите на правдата и во очите на блиските на убиениот?
    Тој кој што пукал или тој што седел до него?Тој што пукал така?Тој одземал нечиј живот не вие, иако сте прогласени за соучесник.
    Затоа до утре можете да плукате по швалерките како се курви, без осет, растурачи на бракови и тако даље.Ама ниедна жена не може да го натера мажот да направи нешто што не сака. а и обратно.
    Иначе едно мое тврдење само: Оној кој бил вистински заљубен и бил сигурен и задоволен од првото, нема воопшто да размислува за второ.И најискрено, ич не им се замарајте на швалерките.Јас си имам некоја теорија увртено во главата и звучи вака: ако ја варал нејзе со мене, и мене може да ме вара со некоја друга.Оној кој еднаш ќе изневери, ќе изневери и пак и пак и пак, јер човечкото око е алчно и ненаситно.Така да, и да си ја ,,фатат" швалерката верујте ми дека еден ден и нејзе ќе ја вараат бидејќи
    ќе им здосади.
    conclusion- тој што вара е ГОВЕДО, третава особа е теле.

    Еве јас сум и говедо и теле, па пак сите што ме знаат ме сакаат бидејќи не ги интересира што и како правам во мојата приватност, а нејзе ја држам строго во тајност.
     
    На mira.mira, Роберт 7 и Dentina им се допаѓа ова.
  15. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Нееее џабе брбљаме дека и швалерката и мажот се виновни во случајот, пак они дека само швалерката сме ја обвинувале. Читајте бре луѓе :D.
    Многу швалерки има изгледа на форумот штом вака погрешно се разбираме.
    Ако другарка ми убие човек пред мои очи, а јас знам и кријам од законот секако дека сум соучесник во убиството.
     
    На Harper, cresa-jagoda, elenaxbbg и 12 други им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.809
    Допаѓања:
    325.407
    Пол:
    Женски
    За танго се потребни двајца,за секс исто ,за неверство такоџе.Не ставајте на кантар чија вина е потешка,кога и двајцата свесно влегуваат во ова.
     
    На Harper, cresa-jagoda, elenaxbbg и 21 други им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    На темава сум пола -остајте ги луѓето нека живеат како сакаат, возрасни се, пола -ебате луѓето без достоинство, роспии и напалени сељаци заради кои деца страдаат. Зависи од расположеЊе.
     
    На candy.cane, Annora, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  18. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Кој што сака нека прави во животот - тоа си е негов живот. Ма да би му бил благодарен на тој кој ќе фрли нуклеарка врз државава, ако има некој таков - ти благодарам однапред.

    Но сепак, немам право да се мешам во ниту еден живот и не ни сакам и пред сè, не ме ни интересира. Мојот живот си има приоритет. Но, доколку јас би се нашол во таква ситуација, да бидам изневерен од брачната партнерка на пример, јас би ја барал во неа вината, зошто таа се предала на искушението на кое воопшто не ни требала да се предаде од самиот почеток. А ако соучесникот на пример не знаел за ова нема зошто да го обвинувам него зошто едноставно бил човекот манипулиран како мене на пример. Да знаел и свесно да го направил тоа - во ред, тоа е друго.

    Ма да искрено ова мене пак не ми игра толку улога зошто кај мене секогаш одат работите во пакет и нема селекција. Јас сум таков карактер и би отишле во пакет и мојата брачна партнерка и тој кој ја „онадел“.
    Зошто сепак, пак не би поверувал во тоа дека тој не знаел и дека бил манипулиран, едноставно немам толку доверба така да, sorry. :devil:
     
    Последна измена: 13 септември 2019
    На eliesaab, PaLaVa, RosettaStone и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ако веќе правиме споредби - Па еве му доаѓа како некој да ве замоли да му помогнете да скрие траги од убиство. Без вас или не, делото е сторено, жртвата е убиена. Вие одлучувате дали ќе му помогнете, дали ќе го одбиете или ќе пријавите евентуално. Исто како што третата личност има избор, значи има, да прифати или одбие. Не ја правете жртва како да морала. Мислам самиот факт што прифатила да му биде играчка за еден саат е доволен, оти ако навистина таа била против тоа, немало воопшто ни во очи да сака да го гледа.
    Или еве како што кажа @Amellie13 зашто немате ист став кон насилство? Што ви е гајле што некој ја тепа девојката. Решил да ја тепа тој, не вие. Или и за ова реагирате само и само ако жртвата ви е другарка?
    Мислам може да се вмешате некогаш и во некој валкан бизнис знаејќи за што се работи али не, крив е организаторот само.
     
    На cresa-jagoda, Amellie13 и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Од шо мака јас да им кажам?
    Што не им каже маж им.

    Не е моја работа нивниот брак.

    Оти да не зборувам за подобар живот?
    Нели пропагирам искреност меѓу партнерите.. кој дел од тоа не ти се бендисва?
    Или единствено те мачи што не одам јас да исправам криви Дрини, кај секој посебно?
     
    На Dentina, Rebecca_R, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.