Не е ни твоја работа да го задоволиш. Мислам ако ти е одбивно тоа што го прави, нема ни минута да си со него. Или мажите ти се само објекти?
Уживаа... не се пожалија. Ако не ужива некој, нема поќе да сака да има секс со тебе. Просто е... ко грав
Кога сме кај искреноста ќе кажам дека постои еден вид на соучесништво во кој би била во прашалници што да направам. Хипотетичка ситуација. Не сум личноста која изневерува, не сум ниту третата личност т.е. личноста со која се изневерува. Туку да речеме сум особа која дознава дека сопруг од некоја моја познаничка ја изневерува. Соучесник сум ако молчам, нели? Индиректен соучесник. Ќе бидам искрена дека само и единсвено во ваква ситуација би размислила што да направам. Зошто? Затоа што ниту една девојка не би ми верувала ако ѝ појдам на врата да ѝ кажам дека сопругот ја изневерува. Повеќе би помислила дека сакам да им расипам врска/брак отколку дека имам искрени пријателски намери да ја предупредам. Токму затоа мислам дека најверојатно би се обидела преку друга личност да ѝ ја пренесам информацијата, преку личност што може да допре до неа и на која ѝ верува. Ако тоа е неуспешно или пак ако нема таква личност, тогаш овој тип на вина и соучесништво е единствениот со кој можам да се носам. Нема да ми биде сеедно, но би можела да ја прифатам ваквата вина. Секако ова не се однесува за личности кои ми се блиски, бидејќи со нив без размислување зборувам. Дури и по цена да бидам погрешно сфатена или осудена. Се согласувам дека има ситуации во кои немате премногу избор што да направите, но директното учество во изневерување не е една од нив. *Се извинувам што мислењево е малку офтопик од темава. П.С. Мислам дека токму поради причина што може да дознаам вакви ствари, не се интересирам нешто посебно за туѓите животи. Може па луѓе мислат и дека сум незаинтересирана, ама па боље неоптеретена совест отколку сочен трач кој ќе ми создава главоболки во животецов.
Швалерката увек е дроља клета која се пика у туѓи кревети а мажите фатени на препад немаат поим како тоа имале секс со друга. Ај што им се дигнал, ама тоа панталоните сами да паѓале. Уште малку и ке поверувам дека кондомите сами се местат у вакви случаи. Или швалерката мести кондом и со тоа мажот нема вина? Ме занима зошто постојано се провлекува насилство низ темава? Секс е чин каде двете страни се задоволни и уживаат. Кога збориме за насилство, насилникот (веројатно) ужива а другата страна трпи болка и е жртва.
Јасно ни е дека во секс и двете страни уживаат (иако не треба да е така секогаш), Ние збориме за неверството дека има жртва. А насилство се вметна поради тоа што неверство се оправдува а насилство не и никој не кажа зошто. А патем ни швалерката не е на сила натерана.
ама двете женски страни увек ке го влечат дебелиот крај.Едната ке биде курва,ороспија,му се пикнала го завела.На онаа дома ке и се набие уште и вина дека не се посветила доволно,не се сексала може доволно добро,не била забавна.Него да го ‘ожали’ човек.МаШ му го свртеле паметот шта чеш...
Бар у денешно време ова е лесно. Правиш фејк акаунт на социјални мрежи и и праќаш на жена му/маж и докази дека ја/го изневерува, ако имаш слики, уште и подобро, и ете ти, свршен чин, она понатаму ќе си реши, а тебе чиста совест. Ама швалер/ка ова никад нема да го направи, а нема да го направи поради тоа што она свесно влегува во неверство и не сака да остане без к*р/п*чка, а неретко и е затрескан/а во таа личност и жена му/маж и ги гледа со омраза и бара начини да и/ја земе личноста од кај неа, а не да и отвора очи. Ете, затоа се дно и сносат одговорност, не иста како шлајмот што изневерува, ама ни не се нешто подобри.
Баш така.. Ќе си ги ископаат очите овие две, која била 'поарна' и 'која ја сакал повеќе', а тој ќе си го прчи Стојко.
Епа нека не се затрескуваат. Затоа и сакам оженети, оти ако е слободен, можи и филм ќе си напрај дека 'љубов водиме', а не дека се плескаме ко магариња
Не знам колку е паметно со фејк акаунт од причина што поинаку е кога кажуваш во лице (да кажам поискрено и нелицемерно), а поинаку се доживува болката кога некој ќе ти испрати фотографии на нет. Не сум се нашла досега во ваква ситуација (за познаничка) па поради тоа и не можам да кажам точно што ќе направам, а и се надевам дека нема да се најдам.
Болдираниот дел не ми е јасен или имаш грешка при пишување. Швалерката не потпишала у матично со неа. Насилство и неверство немаат допирна точка. Во друга тема може да збориме за тоа. Како и да завртиш, мажот испаѓа наивно суштество кое има секс а не е свесно за тоа јер е заведен од вештата швалерка, и притоа, жена му е фригидна, па затоа.
Не ми е грешка, убаво си е напишано, ама немам намера да објаснувам зошто. Добро, нека биде жртва швалерката, со сила ја натерал, немала избор
Не мислев на силување во никој случај. Мислев во поглед на машкото уживање не треба да го има. Ама не зборам повеќе, да не бидам нападната.
Зошто? Пиши ми ЛП ако сакаш ме интересира. Ете не ти враќам, нема зошто да се осетиш нападнато. Само лајк ќе ти вратам да знајш дека сум примила пораката.
Каква точно одговорност? Еве сеуште не можам да сфатам каква одговорност би имала некоја таму која нит ја знам нит ја познавам кон мене и мојот брак. Ако мојот брак се распадне како резултат на неверство, маж ми е крив и одговорен, не таа некоја таму што нема ама баш никаква обврска кон мене. Јас сепак мислам дека дел од одговорноста се префрла на љубовницата само и само на мажето да му се намали вината. Тешко е да се признае и прифати дека имаш говедо до себе полесно е кога мислиш дека некој друг таму е одговорен и крив Запалете ја расипикуќата!!!