Ти рекле дека не е болест очигледно затоа што не го практикуваш често, како што самата пиша, па ете имаш и ти периоди на апстиненција. Тоа твоето одење со туѓи мажи е твој карактер и мајндсет. Во претходниот пост, реченицата што ја напишав, а ти ја цитира, се однесуваше на личности на кои изневерувањето им е ко добар ден, кои редовно се во манијачки и изневерувачки муд, не мислат со главата туку нагонот ги води. Човек без контрола не е нешто за пример.
Па да... мене на пример би ми го простил само женетиот човек Хаусер на пример, а инаку сме генерално против неверства и врски со женети/мажени.
Ама и јас сметам дека мешањето во туѓи врски е лошо. Ти кажувам, кога моја блиска личност вара или е некоја со којашто изневеруваат, се вмешувам и критикувам. Ама прашувам зошто би обвиниле некој кој не ви е ништо, кога единствениот кој ви наштетил е сопругот/дечкото. Еве јас, ако ме изневери мажот како би изреагирала во врска со другата жена: 1. Не ја познавам : никако. 2. Ја познавам, не сме блиски : кратам секаква комуникација. 3. Блиски сме : ја отерувам у три лепе ( како сопругот) и повеќе око не ми гледа.
Мислам дека кажав претходно и еве пак ќе кажам. Зошто? Затоа што, ако знаела дека е женет, е дел од растурањето на мојот брак и моето семејство со својот блуд и неморал. Затоа што тоа е доволна причина за да биде на списокот на луѓе кои ми го уништиле животот. Ете затоа. А како јас ќе изреагирам нема врска со тоа дали ја обвинувам или не. И бидејќи цело време верглав на последните страни дека одговороноста треба да ја сносат и двајцата, ако и само ако, швалерката знаела за бракот и децата, еве пак ќе го повторам истото, затоа што не сакам да бидам цитирана и обвинувана дека жената ја напаѓам затоа што е жена, а мажот го оправдувам затоа што е маж.
Сексот не е човеково право. Само тоа можам да кажам на темава. п.с. ова заради коментарите од тип: "која сум јас да му кажам да нема секс"
Таа реторика и силувачите ја користат за да оправдаат силување. И макроата ја користат за да оправдаат капитализација на проституцијата. И инцелите ја користат за да оправдаат омраза кон жените. Не сум имала секс со месеци. Не дека го немам нагонот, туку дека нема да дозволам сексот да ми е водич во животот. Нагоните се контролираат. Сексот не е човеково право, никој нема загарантирано право на секс. Натаму е како си сакаш.
Напамет не ми паѓа да оправдувам силување или трафикинг, не се дружам со макроа или силувачи и не ги знам нивните тактики на убедување или одбрана во суд. Стојам на тоа дека е базичен нагон кој може да се контролира или канализира; муабетот ми беше повеќе дека не е неважен дел од физиолошкото и психичко функционирање, а секако ниеден закон не гарантира право на секс, иако гарантира право на сексуална определеност во некои земји.
Многу погрешно е што на хетеросексуалниот полов однос гледаш како на чин во кој машкото и женското се еднакви. Не е така, никогаш не било, и никогаш нема да биде. Самото тоа што другата страна над себе ја има моќта да те пенетрира му дава сила да те стави во подредена позиција. Реториката на сексуалната либерација често се толку многу концентрира на промовирање на сексот како нешто што сите (и мажи и жени) го сакаат all the time, anytime, што апсолутно заборава на насилните осноси, на присилените односи, на односите во кои жената не го достигнува врвот, на односите на кои жената ја разубедиле, иако не сакала. Затоа што каков е тој човек што не дивее за секс?
Ок.. има поента... ама пак, не е паметно жена, кон секој сексуален чин да настапува со предетерминација, дека е доминирана со самата пенетрација. Така, секоја, секогаш би се чувствувала злоупотребено.
Каква глупост Пентрирањето нема врска можноста за силување туку поголемата физичка спремност кај мажите доведува до силувања т.е побројни се силувања на мажи врз жени отколку обратно. Замисли, ама постојат и мажи кои се силувани! Според твојава логика тие не можат да бидат силувани, оти нели жените не пенетрираат, така? Секој полов чин каде што нема согласност од двете страни е силување. Независно кој е вклучен во иститот или како се одвива...
мажите и онака се почесто од мажи пенетрирани отколку од жени. Полов однос без согласност на страна женско - машко е неверојатна реткост. И многу често, и во закони, силување се смета кај што имало пенетрација. Без пенетрација - нема силување. Десничарската реторика и апсолутното неразбирање на машко женските односи носи си ги у три лепе.
Апсолутно, не е паметно. ама затоа е побитно да ги научиме жените дека треба да стапат во односи кога сакаат, а не кога околината нивна сака.
Дечки темата е врска со оженети. Да или не. Од мое искуство, тие шо се прават најпоштени, највеќе изневериле.