Еве ти еден личен пример : поштена сум ( зависи што ти подразбираш под тоа ; за мене е - носење пристојна облека , пристојно однесување , не лажам , не крадам , не сум манипулатор , не изневерувам ) . Во моиве 23 години , сум имала 4 или 5 врски , од кои 2 кои траеле по една година . Ниту еднаш не сум изневерила . Дури ни кога сум била со некој само за повремено гледање - мување што би се рекло . Не знам од каде ти имаш сознание дека тие што се правеле поштени највеќе изневерувале , ама јас сум пример дека може , но не мора да значи . Се зависи од карактерот на една индивидуа .
Ноу. Какви сакаат нека бидат околностите. Изневерувањето е личен избор. Ако ти одличиш да не го изневериш некој, НЕМА да го изневериш без разлика на околностите.
Се обидувам да ги разберам сите. Изневерување е најбаналното (условно речено) човечко однесување... Разбирам и постраотни... Не па ова.
Абе омажена или не омажена каков си таков си.Не значи дела ако се омажи дека карактерот веднаш ќе и се смени.
Аха, сега уште мажот не и здосадил, божем ти знаеш како им е. Немојте со генерализации ве молам. Се зависи од карактерот на личноста. Дали била мажена, во врска, со деца, без деца, не менува. Ако сака секако ќе изневери, без разлика на околности. Не знам зошто тешко ви е да верувате дека сеуште има поштени луѓе кои си го почитуваат семејството и сопругот/сопругата и не изневеруваат.
Зошто би се омажила за некој кој би и здосадил?А и така да е по некое време кај некои не значи дека кај сите ќе биде.
Многу ми се забавни овие на кои им досадуваат животните партнери после некое време. Зошто побогу тогаш симнување ѕвезди, ветување верност, влегување во брак? Зошто деца, дом, семејство кога знаеш дека за брзо се ќе ти досади и ќе почнеш да шврљаш на страна со преголеми шанси за караници, развод и слични срања?! Не ги разбирам и никогаш нема да ги разберам. Тоа е варање со умисла. Ќе бидам верен додека не ми досади сексот и после шо го вртам партнерот или партнерката, ќе си терам кеиф со други. Барем бидете фер и кажете го ова уште пред да стапите во брак, да знае другата страна што ја чека и дали ќе се сложи на таков живот.
Прво , ако така лесно ми здосадуваа мажите , немаше да се омажам . Второ , мажот не е играчка за дете , па кога ќе ти здосади - фрли го , кој го шмиргла . Едноставно е , ако ти здосади нешто со разговор можеш да направиш да ти биде интересно . Предложи нови места за секс , излези од комфор-зоната . На пример , еднаш кога ми стана монотоно , му предложив на маж ми секс во тројка . Друг пат - секс на јавно место , каде имаше и други парови , итн . Не е решение ако ти здосади , да изневеруваш .
Не е , тоа е ствар на договор . Ако и двајцата партнери се согласат не е неверство , бидејќи брачниот другар знае за третото лице - односно , и сам е дел од " играта " . Неверство е кога бракот ти е во тројка , ама твојот брачен партнер не знае за третото лице .
Не ти се обраќам тебе, него да се надоврзам. Ама ќе кажам за врска. Вистина е дека некогаш станува монотоно и досадно. Истите места, истите разговори, истите нешта ги правиш со него/неа и почнуваш да се осеќаш изморено и дека ти е здосадено. Сум се осеќала вака. Ама во тие моменти последно нешто на памет ми било чек да пробам со друг, не ми ни било де, туку да му кажам и да смениме нешто. Никогаш ни не би размислувала Ае ќе идам со овој година- две, после ќе го изварам хехе. И стварно е лицемерие да мисли некој така. Почнуваш врска/брак, ако иде, тераш, ако не иде, прекинуваш, ако сакаш да смениш нешто, кажуваш. А не уште од старт на врската тебе да ти е планиран датумот на кој ќе отидеш со друг/а
Мајке ми досадни сте веќе на темава, 100 и кусур страни за едно те исто... Ко прво никогаш не може 100% да бидеш сигурен дека нема да изневериш, дур фактички не дојдеш во таква ситуација, за другата страна добро ако си сигурен барем 50% Второ дали било со оженет дали со зафатен дали со слободен, бељата е веќе направена. Трето скоро сите знаат кога партнерот им има афера, чим они си се помирени со тоа, што има да му ја мисли швалерката/швалерот. Само тажно е што децата највеќе патат во вакви случаи...