1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Немојте да ме сфатите погрешно (или недај Боже да ме нападнете), ама не се виновни само девојките во ваков случај. Најчесто мажите кои бркаат нешто на страна секогаш наоѓаат некои млади, неискусни и наивни девојки. Сеа не дека се тие жртвите, ама сакам да ви кажам дека и неискуството и годините си го прават своето. Мене најискрено ми е жал за таквите девојки кои ке влезат во таков круг, најчесто тие се тие кои се изиграни, искористени како играчка и фрлени кога ке му помине меракот на т.н.МАЖ. Девојките си го кркаат подебелиот крај, најчесто мажите им се жалат како жената не ги задоволува, нема време за нив, не изгледа вака или онака, им ветуваат кули и градови, демек ке се разведат од жената во секој момемнт, ама нема смисла да страдаат децата...И девојката кога ке се сврти назад и поминале малдоста, годините за забавување со свои врсници, репутацијата итн.
    Секоја жена најдобро си го познава својот сопруг, потсвесно секоја од нас знае дали тој би не изиграл на таков начин или не. Секоја жена треба да го знае начинот на функционирање на својот маж и да разговара ако тоа не е својсвено за него, можеби само е некоја негова луда мисла во очај, но ако си е таков уште кога сте го запознале, ако се буљи без осет по секоја во кратка сукња, тој маж никогаш не ве сакал само вас, и нема ич око да му трепне, ако му излезе прилика со некоја друга, па макар и без едно око да е.
    Навистина ги жалам таквите девојки, најчесто тие се очајни, немаат искрен совет од никого, сите им се потсмеваат и ги покажуваат со прст. Затоа ние сме ЖЕНСКИ форум, да ги гледаме работите од ЖЕНСКА перспектива и ве молам да не си копаме очи една на друга заради некојси недоквакан т.н.МАЖ.
     
    На srcekrsacka и danichap им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.218
    Допаѓања:
    283.858
    Прочитав голем дел од коментарите.

    Впечатокот дека на оваа проблематика се гледа од две различни перспективи е неминовен.
    Девојките кои се помлади, во врска....т.с НЕ СЕ ВО БРАК некако по либерте се преставуваат.
    Имаат разбирање за целата ситуација, или пак се во потрага по истото.

    Оти нели, типот е несреќен, живее во нефункционален брак, а е во цутот на младоста и ја гледа нејзе со неговите продорни очи и секој негов потег пука од харизма :^) :puke:
    Единствено што пука тука за мене се тинејџерски хормони на девојка која не го добила посакуваното внимание па во недостиг на љубов, пажња, и слатки машки допири од свој врсник свесно или несвесно влегла во нешто за кое нема блага веза.
    Оти нема блага веза?
    Оти не знае колку години исполнети со љубов, среќа но и со трпение, нервози а и некоја солза поминала таа негова сопруга најпрво како негова девојка а после како жена.
    Оти не знае за секоја нејзина жртва него или на децата ништо да не им фали.
    Оти не знае е како е да станеш да се спремаш за на работа, да спремаш деца за на школо, па после 8 часовно работно време да засукаш ракави да направиш нешто за јадење и да пишуваш домашно со децата.....ај да не редам до даље ;)
    Оти на девојкиве нели друг им пегла, им готви, им дава џепарлак, чисти низ куќа.....и љубовта кон него е нивната најголема преукупација а средбите со него најголемо случување, па навечер пукаат од енергија за ноќни активности.
    Туку јас не би ја обвинила девојката, длабока наивност е во прашање(најчесто).....
    Тој е оној кој е директно одговорен пред својата сопруга и својата фамилија, оној кој ја заборавил вредноста на жената која ја има во својата куќа.
    Они сиротите најчесто се запоставени.
    Оти нели една перфектна сопруга треба да си користи најдобри козметички препарати за да остане вечно млада, :!: ама да не троши многу пари.
    Треба да оди да работи и да носи плата, :!: ама секогаш дома се да биде цакум пакум.
    Да роди 1, 2 дечиња ама секогаш спремна за секс. Што е тоа крварење, дете плаче или температура...
    Да знае секогаш да го изнанади со ручеџе, благце со најмал можен буџет, ама и со парите кои никогаш не остануваат за нејзе да си купи секси долен веш.
    И да не заборавиме за викенд после чистење, перење, пеглање....да му пружи еден стриптиз.
    ОД време на време масажа на стапала ти нели он од акање по улиците низ град ќе се умори.
    МАсажа на глава у случај малата да не ја пуштат од дома у град, па он да се изнервира.

    Е тоа ти е луѓе перфектна сопруга, да нема после чудење оти мажите се пуштале у авантури.
    Аздисани, себични и длабоко користољубиви личности.
    Тоа не е ниту маж, ниту сопруг, ниту татко....егоист
     
    На calliope, Skromna, srcekrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Не е работата нашиот изглед по пораѓајот, туку до моралот на самите личности. Не е нешто преку кое се поминува толку лесно. Туку поврзани се емоции, вложување, потомство. Кога влегуваш во вакво нешто треба да подразмислиш дали некого повредуваш. Не може задоволството на нечија вагина да биде поважна на нешто што е свето брак. И доколку треба да се случи растурање на тој брак, многу е полесно кога не би била личност причината. Во случајов девојка која се вреѓа на она лесна, и не те разбирам кое разбирање го бараш. Ќе бидеш осудувана тоа е факт. Јас сериозно не ги сфаќам девојките што се палат на женети мажи. Што е тоа фетиш? Од толку слободни курци, на оној ко је зафатен, па и тој да посегне во потрага ако тој нема совест имај ти.. сите сме изложени на исти ризици и предизвици, само не секој им потпаѓа.
     
    На srcekrsacka, OGNOMET, stetoskop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    172.922
    Мм масажа на стопала ќе добие секогаш ,кога прво он на мене ќе ми ги измасира моите стопала .
    Работното место си го чувам како очи во глава-тоа ми е сигурност да не морам да трпам утре и да чекам од него леб и млеко за децата-не се знае што носи животот.
    Стриптиз ,да,кога ќе намести шипка во спална соба,па прво он на мене да ми покаже како тоа да „лизгам “по шипката,без да ме чујат татко му и мајка му во другата соба.
    Море,ние самите си ги направивме мажите такви-какви што се.
    Баба ми на дедоми секој втор вечер стриптиз на шипка му играла нели,па ,50 години во брак беа,без трунка срам на истиот.
    Модерни времиња,финансиски проблеми за едните,а моќ за другите и тоа е неминовно.
     
    На srcekrsacka и OGNOMET им се допаѓа ова.
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    172.922
    Па да ,сите ние што се вклучивме во оваа дискусија ова утро,работите ги гледаме од женска перспектива-од наша ,како мајки и сопруги.

    Тие девојки,велиш наивни ,неискусни......да,ама веднаш легнуваат со женетиот „незнаејќи“ дека е женет или пак поминуваат еден период дружејќи го и слушајќи го додека тој се жали од жена му? :?:

    Како и да е ,еднаш напишав на форумов ќе напишам повторно:

    „Ниту едно куче нема да тргне по кучката ,се додека таа не ја дигне опашката и не почне да мафта со неа.“
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    :D Одлична поента мила. На незрел и неодговорен човек секад нешто ќе му фали. А за тие што одат со нив, за наивни, па може и се малку наивни, особено оние кои планираат да се омажат подоцна за нив. Добро бе, не ли им е страв да се омажат за таков човек што се развел на таков начин? Не ли се плашат дека со тоа може да станат друга смотана која им седи и им чува деца (го реков иронично, да не се навреди никој и јас сум мажена жена :lol: ) а нејзиното сегашно место да го заземе некоја помлада. Затоа и повеќето мажи ги откачуваат ваквите девојки на крај и се враќаат на нивните жени. Едноставно не сакаат проблеми и продолжуваат понатаму (се разбира доколку жената се`уште сака), а таквите девојки, особено во нашава средина си заработуваат уште една црна дамка.
     
    На srcekrsacka и stetoskop им се допаѓа ова.
  7. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Јас имав еден пример, сеа не ми беше сопруг (пу,пу) туку дечко, и ме изневери со една комшика :@ . Толку бев бесна и појдов на врата, лом ја направив и и ја откорнав косата. Ок. После некое време дознав за уште една , па за уште една една...И што трбаше да направам, да го убијам пола женски род од градов или да го убијам него? Значи тој е таков, безкрупулозен и без осет, тој беше патолошки лажго, тој беше тој кој им кажувал секакви приказни на тие "кучки". Тие го кренале опашот, зашто добро изгледаше, беше ситуиран итн, а пошто живеевме заедно, јас бев зафатена низ дома, башка и студирав, немав време да спијам ко човек...Е сеа точно е дека има такви девојки кои креваат опаш на све живо, ама јас никогаш повеќе нема да обвинам друга жена затоа што маж ми ме иневерил. Така мислам и така ке мислам засекогаш. Сега ги отворив очите не 2 не 4 туку 16 со сегашниов дечко.
     
    На srcekrsacka и Irida им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.218
    Допаѓања:
    283.858
    Ако кучето ни е склоно кон лаење, што треба да се молиме дека никоја нема да му заигра со опашка или да прифатиме дека КУЧЕ си имаме у куќа?

    И јас сум венчана, и у никој случај не поддржувам ваков вид на врска, но сепак стојам на ставот дека ТОЈ е оној кој е кривецот пред се, а не девојката.
    И секој евентуален проблем е помеѓу него и мене, а ако он решил и толку му сече ако не била една ќе била друга трета....
     
    На srcekrsacka и Irida им се допаѓа ова.
  9. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    ^ Па се разбира дека девојките се виновни :fubar: . Па ако се тие поприбрани и не им биде предизвик да заведат некој женет сигурно дека до многу изневерувања не би дошло...
    Еве ти пример
    Кога се породив со првото дете набргу потоа отидовме на гости кај другар на бившиот сега, таму се разминавме со негова другарка на другарот( типката ме изгушка , ми честиташе ќерка итн.) а после некој ден додека си седевме со мм му се јави другарот..се јавив јас, и тој го побара, и мм се изненади кога типот му рече дека не го бара он , туку таа, моб му беше наместен на посилно и ми се доближи бидејки примети дека ме заинтересира, и ја слушав типката како му се набацува да излезе он, ( вечер беше) да го види, сакала нешто да му каже, он и вика зашто ,што, си имам жена, оваа -ако, те молам ,мн сакам да те видам, :devil: Леле луѓе колку сум збеснала, да бев смирена ќе оставев он да реши, но збеснав , му го земав телефонот од рака и лом ја направив! Кучката ми честиташе за бебе, а тука мислеше дур сум со малото да ми се вмеша у брак!
    И ?? Да имам разбирање за ваквите?/
    Или за тие што лажат, не сум среќен, ќе ја оставам , па ако веќе и кажал дека е женет, што не се тргне од него, па да види дали е или не е среќен...
    Па пред да се разведам типката што се гледаше со мм , а ние бевме веќе пола год разделени , излегувавме заедно само со децата, и сеа замисли каква глумица му пишува порака ( те молам пробај да ти биде убаво со жена ти) изгледа не знаеше таа дека јас барам развод, ама му праќаше пораки божем добрата она, да пробал да се смириме, она мислела добро, да се смирел со мене и божем ќе се тргне она ]:) , и цел ден, овој немаше мир од мобилниот зашто наивната од што посакуваше ние да се смириме 100 пораки му прати, за да мисли на неа цело време....
     
    На srcekrsacka, nena2010 и stetoskop им се допаѓа ова.
  10. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Ne se site devojki tinijdzeri ili pa neiskusni i nezreli sto se baftaat so ozeneti,iskreno ne znam sto ocekuvaat vo takve vrska deka ke dobijat,kakvi im se razmisluvanjata okolu toa stvarno ne mi e jasno,moja pretpostavka e deka si mislat dovolno se jaki da go razvedat...ili moze gresam,iskreno zal mi e za takvite devojki koi sto vleguvaat vo takvi vrski,no i mazite koi se pretstavuvaat kako nesrekjno ozeneti bla bla samo poradi decata sum vo vrska ili ne znam sto i kao sega sum epten zaljuben vo tebe ...jaoooo nebulozi....devojki ne s eponizuvajte i ne dozvoluvajte da bidete 2 violina na nikoj :emo:
     
  11. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    172.922
    Постојат бракови,постојат и разводи.
    Ако кучето многууу лае,на некоја која ви влегува во куќа (со дигната опашка),се знае или кучето надвор или гостинката нема да влегува во куќата.Многу просто.
     
    На srcekrsacka, blond и sweet25 им се допаѓа ова.
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Џабе коментираме кој кого треба да „одбива“ за да нема прељуби.
    Не е ова модерна болест, па ај криви сме ние како генерација, младите девојки кои не сфаќаат што значи брак и семејство или мажите егоисти (супер ги опиша danichap). Криви сме што сме луѓе, што си се носиме секој со своите маани како знаеме и умееме и што понекогаш „паѓаме“ на искушенијата, толку.

    Сакам да кажам - зошто е напаѓањево, кога САМИ си ги правиме изборите во животот? Си го запознав мажот ми пред да се омажам, и знам за што е способен. Ако сметав дека има и најмала шанса да си го бара ќеифот кај други жени кога ќе бидам трудна и блесава од хормони - НЕМАШЕ БРЕ ДА ГО ЗЕМАМ ЗА МАЖ и готово.

    Само свесно можам да си ги елиминирам проблемите во животот, а не со „отстранување“ на искушенијата од пред носот на мажот ми. Затоа, не ми држи вода тоа - ако жените не им даваа, мажите немаше да изневеруваат. Да, добро.
     
    На srcekrsacka, An-na, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Јас со тебе потполно се осгласувам дека и мажите се виновни оти таквио им е како радар на секоја дупка.. ама некој може да го избегне радарот ако сака и само сака и ако размислува. Знам многу такви а знам и моми кои се свесни дека се женети и знаат да провоцираат. Има многу страни ситуацијава, и рeално не се за оправудвање ни мажите кои се спремни навков чекор додека се во брак. Не ги сфаќам зошто се женеле тогаш ако таа не ги задоволува неговите критериуми, енка биде вечен ерген без да повредува наоколу, исто и со жените, работава е vice versa..
     
    На srcekrsacka и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.218
    Допаѓања:
    283.858

    Мислам дека во повеќето од случаевите не станува збор за девојка која во куќа ни влегува, дека е најчесто познанство т.с афера со девојка која нема личен контакт со сопругата.
    Еве и да дошла у куќа, со тоа што ќе ја избркаме не мислам дека проблемот би бил решен бидејќи таа и нејзиниот морал воопшто не биле нашиот проблем. туку тој кој има склоност да ''лае по кучки''.

    Очигледно имаме ист став во врска со ова прашање, големо НЕ.
    Само малку околу виновникот делиме различно размислување, што е сепак нормално а и добредојдено за една конструктивна дискусија .
     
    На BeLLaDona23 и stetoskop им се допаѓа ова.
  15. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе виновникот колку што е девојката толку е и мажот, зашто факт е дека колку и некоја да го провоцира ако мажот си има карактер и став и почит кон сопругата и семејството нема да подлегне на тие провокации ...

    Значи до некаде вината повеќе би да ја нафрлам кон мажот... Ако он не сакал немало ништо да бидне, па таа може колку сака да го провцира и гола да му шета пред очи.
     
    На srcekrsacka, MacenceEna, ljubam и 2 други им се допаѓа ова.
  16. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Се согласувам со тебе, освен со делот во кој се двоумиш зашто се женеле ако жена им не им исполнувала некои критериуми...Да бидеме малце пореални, има многу мажи на кои жените не им ги исполнуваат критериумите , а тие пак си се верни, како што има мажи кои не се верни ,и тие мислам дека воопшто не размислуваат за некакви критериуми, и каква и да е жена им , кога некоја ќе им се понуди, ако имаат прилика ретки се и алал даим е на исклучоците :bow: кои нема таа прилика да ја искористат....
     
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    172.922
    Ова е долга и неисцрпна тема-врска со оженет-значи девојки со женети мажи,а ние сопругите од страна .
    Значи не го бараме виновникот-дали е мажот или девојката ,туку како заглавуваат девојките со женетите и како сопругите гледаат на сето тоа.
    Е сега ,поаѓа девојка со женетиот(неговиот морал да го тргнеме на страна сега),знае дека е женет,му прави проблеми во бракот и очекува да ја земе неа за сопруга.Овој ,ја лаже,маже ,и сопругата и девојката.Сопругата знае за врската ,ама знае и дека тоа е бајрам на таквото доле и порано или подоцна ќе заврши.
    Девојката „сече“вени за него,не ја венчал-не се развел итн.„Не знаела“ дека е во брак дотичниот ,дека дома има жена,деца,сметки,хипотека итн:Не знаела во што се впушта?
    Знае,ама сепак да се обиде она,што знаеш,можеби среќата ќе и се насмевне.Ако ништо друго ,забава ,адреналин до коска.
    И кога мажот ќе се врати дома кај сопругата ,ете ти ја девојката „ислажана,искористена итн“
    Па ,знаат во што се впуштаат кога одат со женет.
     
    На imelda и danichap им се допаѓа ова.
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Слатка 25, јасни ми се многу работи, имам веќе еден брак зад себе, знам што може да биде причина и повод за неуспех на еден брак.. овде конкретно збориме за врска со оженет чеовек, и се сложувам дека и женските и машките индивидуи се потенцијален виновник за неверство и се. Но сепак не би можела да ги оправдам девојките кои свесно се впуштаат во вакви ситуации. А се сложувам го искористив малку неумешно она критериуми, замени го со потреби и задоволства и разбирање..
     
  19. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Хехех се сетив на една интересна ситуација. Мојот откачен бивши кога го оставив, додека се обидуваше да се смириме, сеуште ја носеше бурмата ( јас од бес ја имав веќе извадено)и знаете што ми рече еднаш додека си пиевме кафе ( какви орос.....а имало) колку се палеле и колку повеќе му се пуштале кога ќе го виделе дека е со бурма :x
     
  20. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе тоа ни е у крв нам жените да за тоа шо го сакаме да се бориме до крај и да не гледаме други во случајов МНОГУ ПОВАЖНИ препреки ...

    Исто ко шо кажа за девојките знаат во шо се впуштаат, ама такви сме сакаме да идеме до крај и да го добиеме тоа шо го сакаме ... За жал ке речам ги има и таквите кои незнаат за граници па идат до тој сам крај да уништат едно семејство ... А воедно и самите себеси ...
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.