Нема оправдување за неверство. Женското знае да биде наивно и слепо кога ќе се вљуби при што често го оправдува неверниот маж. Во тој случај не можеш да бараш кој повеќе е виновен, кој е помалку. Мажот има вина затоа што покрај жена и деца кои сигурно ќе страдаат еден ден се одлучува за тој чекор, швалерката затоа што покрај многу слободни мажи скока во постела со женет човек кој на крајот од денот ќе се врати кај својата жена. Без разлика дали жена му е никаква, сепак НЕ Е ОПРАВДУВАЊЕ за тоа. Тука нема љубов, ниту кон швалерката ниту кон својата сопруга. Многу се чудам зошто швалерките секогаш мислат дека ќе ги остават сопругите? Шансите за тоа де минимални, скоро па никакви, ама пуста надеж. Тој го прави ќефот, таа си троши време залудно.
Не е само кај женските. И кај нас машките е исто. Јас па имам еден другар, сите женски ги сака. Само да е женско. На сите се пушта. И женети и мажени и разведени и синглци. Му викам, абе брат вака не можеш до 50 години да тераш. Мора сериозно малку да поработиш. Он вика, ај бе ќе се фати некоја на јадицата. Ама секојдневно е ваков.
И јас сумњам во тоа. Ама ќе го препорачам да пише овде ако има проблем, па да му помогнеме како што и помогнавме на Мелиса.
Кажи и на другарка ти да мрдне два три пати со газето пред некој женет и нека му ќимне два пати, останатото е негово.
Па може да покаже и гола нога, тазе депилирана минич до пич и длабоко деколте, мене мотивација ми даде @melissa па планирам вечер да ја пробам.
не дека ја оправдувам, ама верувајте дека женетите не кажуваат или не им пишува на чело дека се женети. Буквално може да се заљубиш во некого за кого мислиш дека е слободен, и на крај да испадне дека е женет. И после што? Чувства се развиле, си му дала дел од себе. Не е така лесно. Најлесно е криви ја другата жена. А мажот?? Цвеќе за мирисање е?