Погрешна љубов верувам дека повеќето имале . Ама овде се работи за оженет ,она сама свесно си влегла во тоа сега нека си сноси последиците.
И шо ако е оженет? Постои? Жив е? Личност е со карактеристики кои и на друга освен на жена му би и' биле привлечни? Не е квантна физика ебаго.. Иначе, баш фино си постапило девојчето.. Се повлекло...
Секој си е крив за својте постапки. Као она не знаела дека е оженет или љубов на прв поглед било. Не туку му се ебело на страна на него и си нашла некоја наивна да ја искористува и секако тие муабети како жена му не е добра заедно се ради детето и такви ствари. Како викаат додека има овци за стрижење ќе ги стрижат така и оваа. Што очекувала како да напредува таа афера? Во што? Кога не знае да мисли малку и е.
Би требало да се повлечи. Не заради него, туку заради себе. Ако има доволно самопочит и ако доволно се цени никогаш нема да дозволи да му биди втора на некое маже што му е досадно со жена му и не можи да си го додржи в гаќи. Плус, ако жена му ја изневерува, и неа би ја изневерувал. Скоро сите сме имале „забранета љубов“, кога сме се заљубиле во некој што не треба. Но и на тоа треба да остани. Поминува се'. Патем, јас кога би дознала дека типот во кој сум се заљубила ме лажи дека не е женет, инстантно ќе ми се изгубат чувствата за таков неверен.
Има.. јас се самооправдувам себе си. Оправдувањето ми е: Сакам да го е*ам. Ако тој не сака, може да одбие
Еве една подолга љубовна приказна. Само што излегов од првата врска, и после 5-6 месеци си влегов во нова, леле тој душичка и во 4 сабајле ме будеше да се гледаме на камера. И се беше супер, и после неколку месеци камерата престана (фала богу), потоа и повиците се заретчија, ама мене не ми беше гајле. Битно си имав дечко, си го засакував и се така нај нај, секое слободно време до мене беше нацртан, и нормално нема да сумјам. Ама еден ден излегуваме на кафе и после кафе, ми се јавува другар и ми вика што бараш ти да седиш со женети мажи, и јас ко јас му се јавувам на љубимчето и го прашав. Кога почна да се дере на телефон кој ти рече, кој се меша каде што не му е работа, и викам си или не си? Не сум, бев, сега сум разведен, само што моите сакаат да се смирам со нејзе, и му викам ок ти верувам. И чекам две три недели и му се јавувам во време кога знам дека е дома, и нормално не ми крена. После кога се видовме му кажав дека ќе си го користам додека не најдам нов и дека ќе си го шутнам. Е тука настана проблем, почна да ми се заканува како сум негова и дека тоа така ќе остане или ќе ме убие. И траеше тоа уште неколку месеци, потоа ми дојде понудата за надвор и така се ослободив од него. И не, за мене не беше болно да го оставам, само што бев цело време под закани и цело време ме чекаше пред училиште и ме надгледуваше и дома. Е сега е веќе друга прича, заврши слабата јас. Сега и јас знам да се заканувам не само тој, ама од кога дојдов мк после долго време само еднаш се видовме, ме застана, му покажав заби и толку беше. А тоа што не посумјав на почеток беше тоа што жена му била надвор од мк. Му се погодило времето бе.
Јас ги читав сите мислења и до некаде беше интересно. Вчера ја исмевавте, не мора и денес и цел живот.