И децата се среќни, зошто кавги меѓу тато и мама нема. Напнатост нема. Неа не ја интересира каде и со кого бил тој, исто и него многу не го интересира. Празници, летовање, зимовање и се си е ок. Зошто само таа да биде несреќна, да грицка нокти и да им се дере на децата по вина на мажот? Не. До кога може вака, нека се тера. Исто ко на форумов. Се се криви жените односно швалерките. Ретко да прочитам некој мажот да го обвини. Другиот одма би ја зел, тоа го знам со 100% сигурност. Но и доколку тоа не би се случило, бар таа ќе може да почне нов живот, со нова врска, без да зависи финсниски од некој што со години ја изневерува.
За мене пишав. Жена ако излегува со другарки си нашла швалер. Во вакви случаи најмногу страдаат децата.
Според мене двата се виновни, и швалерката и мажот. Мажот дури повеќе е виновен бидејќи тој дозволил трета личност да влезе во бракот (ова со претпоставка ако тој изневерува)
Еве јас како дете (30+) кое потекнува од такво семејсво ќе ви кажам дека децата страдаат во случај кога бракот се тера со сила. Дете е целосно задоволно и радосно кога и двајцата родители се среќни и исполнети иако во други врски и бракови. Вие не знаете колку е супер да одиш по два пати на одмор, од четворица да добиваш внимание ( втора мама и втор тато ) а на родителски, родендени, матурски, дипломски, свадби и се останато, да се сите заедно т.е тато, мама и нивните партнери, а замислете, тато и мама ниту еднаш да не се скараат откако ќе се разведат. Како што реков, парите се битни овде.
А што ако тој не сака да ја земе швалерката? И прави дете и и вика - Не го сакам детето. Тоа е твое. Е како така само нејзино? Од небо и падна детето??? Битно он да си го истера ќејфот.
Да се дополнам. Скоро се бавев со некои анкети, па истражувавме и за други земји, каде статистиките се одприлика вака: Во Норвешка скоро секој втор брак е разведен, а некои се и во 5- 6 брак, а сепак децата се среќни, односно едни од најсреќните во светот. Холандија приближно тука беше со статистика. Франција беше малку подоле за среќа на децата, но кај нив е проблем голем мешовитоста итн итн. Авганистан, Ирак, Иран, Саудиска Арабија има најмал процент на разводи, а најнесреќни деца. Кина со највисок степен на самоубиства на деца и со најнесреќни деца и најмалку разводи.
За тоа постои нешто што се вика алиментација ( што кај нас одлично се избегнува), а и ако не ја сака швалерот, ќе најде друг кој ќе ја сака. Прашањето е зошто да седи со маж кој не ја сака? И ако за тоа време додека е швалерка и е убаво, зошто да не биде со него? А колку жени се оставени така преку ноќ? Ако му е жена не значи дека ја сака? Од другар слушам како вика дека подобро му е да го др.а одколку да легне со жена му. Гадна му бика. Не се средувала, качила +30 кг, не се дотерува бла бла бла, бара оправдание затоа што ја утепал психички, до степен да нема време и желба таа за себе. Е такви мажи доминантни финансиски и имотно.
Тој што изневерува е секако виновен повеќе но како викаат за танго се потребни двајца. Никоја девојка која се цени и сака себе си не би си дозволила да биде до оженет. Таа афера во што ќе премине? Во брак ? Хахаха . Не сфаќам зошто ја оправдуваш ,штом оди до женети се знае каква е . Знам многу примери такви ама штом одлучиле да си го уништат животот нека. Покрај толку слободни мажи одбираат да бидат до некој што доаѓа само да си ги испразни јајцата и најинтересниот дел е што секогаш они се повредени се им е тешко пошто женет па мора да се кријат затоа што тоа е афера со не врска. Ne gradi se sreća na tuđoj nesreći.
Зошто секогаш е мажот тој што искористува? Тој да не ја силува, па само се празни? А нејзе не и е убаво? Што знам, јас мислам дека е повеќе обратно. Ниедна не би била ничива швалерка ако не е задоволна и крената на пиедестал, па макар било тоа и три пати неделно по два часа. А ако зборуваме за проститутки, на кои тоа им е заработка, тогаш веќе може да кажеме дека тој само си ги испразнил јајцата. И така со празни јајца оди дома кај жена му и нема што да празни на неа, на истата која веќе е преморена од домашните обврски. Ебати бракот. И на овие што се во врска со слободен, имаат ли гаранција дека се единствени? И дали се секогаш среќни? Тркни до теми од типот: ме изневери и ќе ти стане јасно колку време биле и тие нечива замена и колкави рогови носеле. Мислам дека тоа повеќе уништува и изгледа ко поголема будала. Да има и такви афери што преминале во брак и баш им е супер. Мислам дека на времето од нашите баби било вака, дека дедо ако изневери со селската радодајка, пак се враќа кај баба. Реалноста денес е друго, а ова е само утеха дека се враќаат кај жените, се враќаат можеби некои, но не од почит и љубов, туку од споменатите причини погоре. Од друга страна, подобро да бидеш нечива швалерка, одколку сечива. Уствари ништо од тоа не е добро, ама кога веќе се оди кон тој поглед на морал..... Жени сфатете дека не се криви другите жени, туку мажите и толку. Не знаете тој за каква вештерка вас ве кажува. А можеби и навистина така ве доживува. Да се разбереме, не оправдувам неверство во ниеден случај и секогаш сакам да е се со отворени карти и јасен избор, затоа и не можам да се тешам, односно залажувам, односно обвинувам некој трет, ако мојот брак не функционира. Никогаш!
Во реалноста е сосема друго .Имав другарка која одеше до оженет албанец кој има деца. Може ако те интересира да читаш повеќе имам пишано на темава. Знам дека и беше многу тешко така да не би рекла дека швалерките уживаат . Јас со неа прекинав да разговарам ама еве гледам дека уште е со него веќе 6 години. Најубавите години место да ужива она каде ќотек од оженет албанец. Ама ако и е нека пати ,секој си е одговорен за својте постапки.
А жена му дома е среќна и не е тепана. Тој што една удрил, ќе удри и друга. Прашањето е зошто тој 6 години ја изневерува жената? Тој ја изневерува, а не швалерката. Се гледа дека си млада, по заклучоците што ги носиш и осудите што ги пишуваш. Слушај што постарите ќе ти кажат на оваа тема и тие што ептен блиско го гледаат ова. Животот не е црно-бело, а исто и бракот. Можеби и ти си изневерена иако си во долга и среќна врска. Можеби и тебе во брак ќе те изневери, а можеби и ти ќе изневериш. Само немој да се правдаш ни себе ни него.
Албанецот ја тепаше и не и дозволуваше до никој друг освен со него да е. Како и да е без разлика каков брак и да има зошто би се плеткала со оженет? Зарем нема доволно слободно мажи на планетава? Па од сите мажи оженет ќе најде ,љубов на прв поглед. Прочитај темава поназад оди темава е полна со прости жени да не речам ороспии кои патат зошто се заљубиле од авантура но мото преминало во љубов а он сака да си еве па до добива и бесплатна проституткс која му исполнува желби и дома куќна помошничка која го пере и му чисти.
Те молам прочитај внимателно. За почеток морам да ти нагласам дека речников со кој се изразуваш, не е поразличен од проститутската професија ( во наводници). Како жена, ни под разно не смееш на тој начин за се изјасниш за друга жена. Понатака, да ти нагласам дека не тепа само Албанецот, туку тепа и Македонецот, Американецот, Французинот, Ирачанецот... А за другарка ти. Сигурно тој не почнал од прв ден да ја тепа. Зошто е таа со него и дали го сака е само нејзин проблем и сигурна сум дека кога и таа би била на форумов, ќе ни ја разкаже романтичната страна. Како убаво започнала нивната врска и како дошло до пекол и зошто сеуште е со него. Можеби се плаши од него, можеби е под закани, можеби се плаши да остане сама, можеби се плаши од нов почеток, како што и многу жени се плашат во брак. Трето би сакала да се изјаснат машките членови на форумов, ама онака најискрено, дали доколку би им било дозволено, би сакале да имаат две , три па и четири жени? Верувај голем и тоа многу голем процент на мажи изневеруваат или бар еднаш изневериле, ама добро кријат, а уште поголем процент би имале швалерки доколку би имале дозвола од сопругите. Верувај дека е така. Мажите најчесто ги води нагонот-страста, жените почесто разумот. Кој го кажал тоа? Тоа се цели студии. Тоа се психолози и психотерапевти. Одсекогаш теретот за семејството паѓа на грбот на жената. Тоа го кажува науката, природата, религијата (било која), за мажите е најчесто простено. И така се додека жените не се освестат, а ќе се освестат кога ќе престанат да се обвинуваат меѓу себе, да се самоуништуваат и да се осудуваат. Накратко: Доколку мажот и рече на жената дека преспал кај пријател, таа ќе праша 10 пријатели негови, од кои 8 ќе речат дека тоа е точно, а 2ца ќе речат дека сеуште спие. Доколу жена рече дека преспала кај пријателка, 8 од нив ќе речат дека лаже, а 2 ќе кажат дека не ја виделе со месеци. Кој разбра- разбра
Да ви кажам што е неверство. Неверство е кога твоите ќе те остават на пола пат, без да им е грижа за тебе. Неверство е кога сестра ти ќе ја предаде твојата тајна. Неверство е кога забораваш на своето дете, со телефонот во рака. Неверство е кога другарка ти ќе заборави на тебе кога е среќна. Неверство е кога мажот што вчера ти направи вечера, ти кажување колку те сака и водеше љубов со тебе, денес е со друга. Не е неверство кога некој со кого не си спиела 3 години има швалерка. Не е неверство некој што те понижува, малтретира и искористува, има шварерка. Не е неверство ако легне 1 месечно со тебе, колку да му помине редот. Не е неверство ако ти каже дека си глупа и дека не си му привлечна и дека мама му е побитна и дека другарите го чекаат и дека не го слушнал телефонот. Тоа е БУДЕЊЕ, ама ретко кој го разбира. А таквите се кукавици, од оние што и кога кукаат ти предизвикуваат тешка фонија. Уф одбивно.
Кој луд би сакал да има две, три па и четири жени... Со една не се излегува на крај, не па уште неколку... И тоа математиката, дека голем дел од мажите изневериле... само да прашам, СО КОГО го направиле тоа? Со друго машко? Наоѓаат исклучиво девојчиња или немажени или вдовици? НЕ.. тоа го прават со мажени жени... и тоа најголемиот процент. Причините што тоа се случува и кај мажите и кај жените? Неважно е... дали е тоа потреба за секс, докажување дали е запоставеност, дали е неиживеаност, дали е недостаток на внимание, љубов или слично, тоа е неважно...важно се случува. И дајте со тој збор, швалерка...швалер... мислам, нема посрање збор...
Не го измиислив јас тој збор швалер/ка ама во право си, многу е одбивен. По форумов и се гледа дека најчесто изневеруваат со млади и слободни, а другите (мажени, вдовици итн) се само опција. Значи дојдовме до тоа дека изневеруваат. Никаде не ги напаѓам мажите, ниту ги бранам жените, само ја објаснувам природата. Точно е и дека маж ќе скрие маж кој изневерил, додека кај жените е обратно- самоуништување кое сакав да и го објаснам на девојчето. А најбитното кое сакав да и го објаснам е дека ако мажот изневерува- мажот е крив, ако жената изневерув- жената е крива, а не се криви швалерите/ките. И јасно е дека кога би можел мажот да има поеќе жени со драго срце би ги имал. Има и жени кои би сакале повеќе мажи, но сепак мислам дека мажите се тие. Бдв 5 мажи може да изневеруваат со една иста жена. Една иста жена не може да изневери со 5 мажи. Жените ги водат емоции, ретко секс нагони. Жени изневерува не затоа што и се може или само да си докаже на себе дека е уште посакувана, туку доколку и фалат сегменти и моменти во бракот. Маж и покрај добриот брак, може да изневери само затоа што му се може и за самодокажување. Работам со 62 мажи. Најмладиот има 22, најстариот пред пензија. Знам што зборуваат, знам што прават, барем во овие 12 год колку што сум со нив. Сеуште немам слушнато жена да изневери само затоа што и се може или само да види до каде е на пазарот. Секогаш прва причина е ; не добивам доволно или воопшто во бракот.