Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.809
    Пол:
    Женски
    Прво, многу голем број од членките тука кажаа дека најголемата вина ја наоѓаат кај мажот (во конкретниот случај), бидејќи него никој со сила не може да го натера да изневери, ако самиот тој не сака. Тоа мислење го делам и јас. Така да, не ми е јасно врз основа на што донесе заклучок дека некој него го брани.
    Второ, членката е таа која зборува за проблемот затоа и кон неа се насочени сите тие прашања.И да, и таа носи вина. Зошто? Бидејќи свесно влегува во врска со оженет маж. Жените кои се изневерени не го бираат тоа да бидат изневерени. Ама овие кои одат со оженети, сами бираат. Таа сама бира да биде втора, да биде повредена, да добива само мал дел од него, најчесто само за физичко задоволство и ништо друго. И после тешко му е. Па што очекуваше? Што очекуваш од маж кој веќе има жена? Што може тој да ти понуди освен неколку саати во кревет? И тоа е љубов!? Ајде ви се молам. Да се задоволам со трошки само затоа што наводно сите изневерувале и на жените во брак не им било подобро? Ама утеха. Као и онака ќе бидеш изневерувана ако си најдеш некој слободен, барем оди со оженет и овците на број. Толку нелогични оправдувања одамна не сум прочитала.
    Ако бракот не е како што треба и не сум среќна, секогаш можам да се разведам. Ама дефинитивно не би одела со некој кој веќе има жена, бидејќи така од старт се осудувам себеси да бидам несреќна. Не знам и не сакам ни да знам колку е тешко човекот што го сакаш, да знаеш дека на вечер спие во кревет со друга жена. Ама пак се враќаме на тоа, кој те натерал да го направиш тој избор?
    И не ми кажувајте љубовта била слепа. Кога знам дека некој е оженет, нема ни на крај памет да си дозволам да се зближам со него, а не да се заљубам. Како се заљубувате така случајно во погрешен човек не ми е јасно?
    И за крај, целта на сите овие коментари е некој да извлече поука, да сфати дека треба многу повеќе да се цени себеси, да не се задоволува со малку и со "љубов" од човек кој веќе има жена и секогаш има некаква причина зошто не може да ја остави. И да, звучи грубо, ама е реално. Така многу повеќе ќе му помогнеш некого, наместо да го тешиш дека треба да се задоволи со ништо, бидејќи и онака сите изневерувале.
     
    На flower30, nightingale, Purplelilac и 11 други им се допаѓа ова.
  2. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    1. Не е точно. И жени кријат ако се работи за блиска личност, и мажи издаваат ако имаат корист од тоа.
    2.Сфаќаш ли дека ако жената од првиот случај е мажена, таа станува жената од вториот? Грешиш ако мислиш дека жени изневеруваат само од чувства а машки од нагони.
     
    На Bratot, Роберт 7 и Alisa22 им се допаѓа ова.
  3. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.577
    Значи морав да ти реплицирам.
    1. И сама кажуваш дека ја тепал и не дозволувал да оди со други.
    - Како тој и пристапил на почеток? Зашто ти била другарка сигурно знаеш како дошло до врска.
    - Дали девојката сама сака, или воопшто нема подршка од никој за да се спаси од него?
    Ако има околу нејзе вакви другарки што ја нарекуваат ороспија, па и тешко нејзе.
    2. Од каде знаеш дека сите што пишале на оваа тема се ороспии.

    И последно што сакав да кажам е : Да имам другарка и најголема ороспија да биде, со колку сака мажи и да оди, секогаш ќе бидам на нејзина страна и никогаш нема да ја оставам во кал. Се додека мене не ме тера со сила нешто да правам, секогаш ќе сум со нејзе. И да биде на нешто присилена како твојата другарка погоре, сигурно ако не директна, ќе барав индиректна причина или што и да е само за да ја спасам.

    Зашто ние ја знаеме твојата верзија, ама не и од другарка ти, и од горе наведеново, можеби тој ја чува на сила, но ти како нејзина другарка само си и посочила дека треба да го остави (веројатно не можеш нешто да направиш од страв дека тој истиот Албанец и тебе може да ти ги окрши забите ако нешто сториш) , и како и секоја друга ете веќе не контактираш со нејзе и уште ја нарекуваш ороспија ( мене така ми доаѓа).

    Лошо е што таа женска што е под закани да нема Поддршка за да пријави. Тоа е најлошото. Така и мене ми се случуваше, и си мислев ако пријавам, нему ништо нема да му сторат, а мене, мене ќе ме распнат на крст прво од семејството па после другите. И така мораше да трпам се. Фала Богу јас ја имав таа можност да се спасам, некоја друга не.
    Затоа не коментирајте дека секоја не се почитува себеси. На некои им е фетиш, на некои закана, на некои грешка па ете само свесно си остануваат.
     
    На kikin, WarriorMind, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Он уште на почетокот на неа и кажал дека има жена и деца. Но сепак она си продолжила да си се гледа со него ,секако криеше од мене ,но кога дознав ја прашав зошто го прави тоа пробав да разговарам со неа но залудно она му кажа на него се што сум и зборувала а тој рекол кажи и на другарка ти да си гледа своја работа. Значи јас како пријателка и давам совети а она нa него му кажува . Ми призна дека криела од мене затоа што се плашела да ми признае дека е женет и има деца.Но секако не остана на тоа се случија многу повеќе проблеми и драми. Она беше многу љубоморна и го запомни бројот на жена му и и пиша се на Вибер и така почнаа да ја прават голема работата имам пишувано за ова поназад во темава. Откако дозна жена му прво тој и жена му физички се пресметале потоа жена му дојде и ја истепа неа да не речам ја претепа насекаде беше со исеченици и модрици се случи голема драма сите дознаа за тоа.Он ја истепа и неа затоа што и кажала на жена му а притоа го снимал тоа за да докаже на жена му дека "не се веќе заедно" . Јас и реков повторно зошто после се пак продолжуваш и она ми рече епа сега сите знаат веќе не се ни кријам освен од мајка ми. Значи од ништо си направи многу големи проблеми . Тој и се заканувал дека не смее да го остави но најтрагично е што она не ни сакаше да го остави покрај сиот ќотек и сите други работи што се исподесија. Од мене не дека немаше поддршка јас пробав како другарка да и помогнам да се отргне но сепак она одбра тоа што го одбра и ги сносува последиците за тоа а јас сум сигурна дека допрва ќе ги сносува .
    Не ми беше вистинска другарка за толку да се трудам да и помогнам па дури и јас да се ставам во опасност поради неа. Јас имам само една вистинска другарка и верувај за неа би направила се би го ризикувала животот ако треба за неа ,но јас знам дека она ми е вистинска другарка ,што не беше случај со другава ,ако сакаш ќе ти објаснам се во ЛП да не одам надвор од темава.
     
    На buba4e89, Bratot, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски

    Мене ми се лоши кога ќе прочитам дека швалерката не е виновна.
    За танго се потребни двајца, за неверство исто така. Таа од старт знаела дека тој е во брак, со дете, и продолжила и сега ја лупа главата од зид.
    Паднала на неговите зборови дека неговата сопруга била никаква, па затоа си шарал и барал на страна а она пуста заљубена девојка слепо му верува.
    Ако била никаква ја знаел и каква била пред брак, ако била никаква постои опција развод и после нека крши глава.
    Сум забележала дека многу така се оправдуваат кога ќе решат да изневерат : Абе онаа мојана дома е никаква, сакам да ја оставам, и барам боље на страна да си го смирам к*рот со извинение.
    Многу страдат со неверството, не само сопругата и детето, туку и родителите додека тие прават што сакаат.
    Јас да бидам во врска со женет човек, мене совеста ќе ме јаде, нема да спијам, нема да јадам, нема да пијам.
    Стави се за момент на местото на сопругата и на место на швалерката.

    - Како ќе се чувствуваш ти, да знаеш дека си изневерувана, па плус со дете?
    Мажот утре може да најде друга, детето останува кај мајката, а денес ретко се наоѓа маж кој ќе ја прифати изневерената жена со дете. За жал имаме таков глуп менталитет.

    Да бидам втора виолина и швалерка, не фала. Имам достоинство, имам гордост, се ценам сама себе за да не дојдам до таа ситуација.

    Секогаш, ама баш секогаш постои решение за лош брак, а тоа е развод.
    Мажот никој не го натерал да изневерува, го прави тоа затоа што му се присакало, швалерката никој не ја терал туку СВЕСНО, започнала врска од која нема иднина.
    Попрво ќе изберам да бидам сама цел живот отколку да градам врска со женет човек од кој утре можам да забременам и да не го прифати детето.
    Ако по некое чудо се случи да гради иднина и брак со швалерката, ќе и го прави истото и нејзе, со некоја која ќе знае дека има фамилија и ќе продолжи со него јер пуста љубов затоа не го прави она што не сакаш да ти го прават тебе.

    Не можам да ја оправдувам швалерката, и двајцата имаат вина, и не и не и не, и да ми биде најдобра другарка ќе и дадам совет или да не го уништува дома што го има ако е поради ќеиф или пак да се разведе доколку не е убаво.

    Мене ќе ми биде гад, да бидам со некој кој претходната вечер имал секс со својата сопруга, па ќе бара утеха и кај мене, да го брца кога сака.
    Ако немате достоинство, ондак повелете, варајте, правете што сакате, утре немојте да кукате.
     
    На Цвет88, VDT2906, elenaxbbg и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.545
    Допаѓања:
    9.278
    Никогаш не можеш пред време да знаеш дали нешто ќе трае засекогаш. Луѓето се менуваат со текот на годините, едната страна може да е незаинтересирана и да нема ништо направено со години, а другата страна сака нешто ново, интересно и е досадно во бракот. Пробува со друга личност, интересно и е, сака ново искуство.
    Има и мажи кои да речеме после 10-15 години брак веќе не ги задоволуваат жените, едвај 3-4 пати годишно, ги понижуваат, малтретираат и нормално ќе си бара и друг.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Па ако видиш дека веќе не иде, раскини/ разведи се и прави што сакаш аман.
     
    Последна измена: 29 ноември 2019
    На Цвет88, elenaxbbg, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.102
    А може јас како мажена, да бидам во врска со оженет:?:

    Хуморот настрана, многу се комплексни меѓучовечките односи. Веројатно има и такви како што ги наведувате, со празнење, втори виолини и трети виолончела. Јас знам и некои поинакви приказни. И во двете приказни оженет маж. Живее двоен живот. Еден со жената, која нема намера да ја остави, и тоа не заради перењето гаќи, туку заради покомплексни работи. Некогаш заради љубов, некогаш заради чувство на должност. Втората жена е страст, поинаква љубов, поинаква енергија. Не е дури ни заради адреналин, туку заради нешто поинакво кое дома му недостасува.
    Дали би била втората? Во тие конкретни случаи, не. Во некој друг случај- којзнае. Љубов не прашува за возраст, вера, нација, брачен статус...
    А што се однесува до оние од приказните погоре, ако тие си се договориле, првиот со првата и со втората и со сам себе, ич не е мое да им судам. Ниту да сожалувам, ниту да обвинувам. Нивни живот- нивни правила на игра.
     
    На kikin, TeonaZ, VIKOJNA и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.057
    Допаѓања:
    225.441
    Пол:
    Женски
    Дур вие овде си го трошите времето и животот зборејќи за други, тие истите уживаат и баш им е гајле шо ќе речете. :)
     
    На naturally, SexiLy, Love 83 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Сѐ додека тие истите немаат подвоени вредности од типот - излегувам со Петко а во брак сум со Марко, и Марко нема поим дека имам паралелна врска е во ред.

    Сите оние кои шират лицемерен морал за како треба да се стапи во брак и да се има деца, а изневеруваат, првенствено нека ги испитаат сопствените постапки кои во најмала рака се злобни. Поздрав.
     
    На Just.do.it, candy.cane, honey.11 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Преценета е моногамијата!
     
    На тп18, melissa и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Скроз.
     
    На DAngel и WildMk им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.156
    Допаѓања:
    88.530
    Пол:
    Женски
    Зошто е преценета и од кого?!
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Оти повеќето по природа не се моногамни.
    Време е да се смени концептот на општествено уредување и бракот како 'клетка' на општеството.
     
    На тп18 и melissa им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.156
    Допаѓања:
    88.530
    Пол:
    Женски
    Зошто?
    За да бидеме робови на нагоните?
    Така ќе е подобро?
     
    На Mishela, Lianna Anna, elenaxbbg и 8 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не се изневерува ради нагони само.
    А и читај ги поназад постовите, или присети се на 'приказни' кои ги знаеш од РЛ...
    Јас барем знам еден куп.
    Лага е моменталната состојба 'брак'... за повеќето.
     
    На тп18, Nigredo Odor и melissa им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.057
    Допаѓања:
    225.441
    Пол:
    Женски
    Сериозно мислите дека на некој му е гајле дали вие мислите дека е злобно лицемерно и судите ко да имате право на тоа!? :)
    Гроу ап а литл. Би вајзер. Никому не му е гајле што ќе речете.
     
    На JuLleE и WildMk им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не дека му е гајле на некој, само си дебатираме..
    Дека форум ... :lol:
     
    На nightingale, Annora, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.095
    Допаѓања:
    55.856
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот во моногамијата, туку во тие што знаат дека не ги задоволува една личност и свесно се впуштаат во брак со неа за подоцна да ја изневерат и повредат. :)
    Можат да си бидат слободни и да се задоволуваат со колку сакаат, I couldn't care less. Исто има луѓе во отворени врски што така функционираат (иако тоа за мене е незамисливо).

    Ама не можите да кажите дека љубовта не е моногамна. Можиш вистински да сакаш само една личност (не цел живот една, да не се сфатиме погрешно). Затоа ми е незамисливо и неприфатливо брак со повеќе од една личност.
     
    На Miss666, Peperutce1115, SexiLy и 9 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Затоа цело време трубам дека им фали искреност на луѓето.
    Да повторам по милионити пат: Уште кога се запознавме на маж ми му кажав како стојат работите, и кои се моите размислувања.
    Да има можност да одбери, доброволно и свесно, дали сака таков однос или не.

    Многу се жртвува искреноста... премногу...
     
    На Nigredo Odor, Biljarkata и piksooki им се допаѓа ова.