Ако имаш 13 години, можеби. Не е вистина. Има луѓе со капацитет за љубов. Можеш да сакаш и повеќе од една личност, истовремено. Вистински (што и да значи тоа вистински).
[ Настрана причините за изневерување, сме ги збореле и до сега. А како "треба" да биде,како да се смени концептот ? Да биде полигамијата пред бракот и моногамијата?! Што е нејзината смисла?! Бракот е прекрасна институција доколку си во истиот со погоден партнер.
Нормално дека можиш да сакаш повеќе личности: семејство, пријатели, деца, миленици, партнер. Тоа се различни видови љубов. Но на романтичен начин можиш само една личност во едно време.
Ако е така по "природата" зошто тогаш користиш кондоми со партнерите? Ако требало да е така по природата зошто тогаш се плашиш од спб?
Луѓе ... Ако некој не се пронаоѓа во моногамна врска - океј е. Проблемот настанува кога тој човек не е искрен и изневерува. Ако партнерите си се искрени меѓусебе и си имаат и други лица во животот за кои се известуваат - океј е дур нема лажење. Не секој е ист. И то е океј. Битно е да нема качење на ножеви во грб, лажење, продавање лажен морал и набивање вина... Нели.
Многу точно. Ама тоа го кажуваш ти, како зрела, умна жена. Не за секого е така. На форумов научив дека за повеќето не е. Каква финта таа да направи за тој да ја земе. Па таа темата за љубовна магија. Се тоа овде прочитав, немав поим дека можело и така. Страшно е и лошо е, ама гледам девојки што бегаат од лоши семејни услови во избрзани бракови како егзит опција. Или останала трудна. Или земи ме дома да не седам мома. Многу или... Вредности од времето на моите баби, помешани со призвук на модерност, заради фејсбукот. Нема ова многу врска со темата, ама се надоврзувам на муабетот. Или можеби има. За полигамија или моногамија, не знам што да кажам. Ако некој не е сам со себе на чисто, со повеќе луѓе е само поголема збрка. А ако е на чисто, тогаш бира искреност.
Јас едно не сфаќам, зашто влагаат луѓево во моногамни врски (и брак меѓу другото) ако не се способни или не сакаат моногамна врска? Стварно не ми е јасно. Јас не сум имала врска досега во која не сум била само со еден партнер. Да имам таква потреба, нема ни да да сум во таква врска, која е поентата? И многу наивни муабети прочитав, жена му е ужасна вештерка, ради децата не се разведувал Оу бој, да мислел на децата и добросостојбата на семејството, немало ни да постои швалерка. Fast forward некоја година, ако по некоја случајност заврши со тебе, ти ќе си таа ужасната вештерка што ќе ја раскажува на некоја друга. Ама ок, некои луѓе не можат да се соочат со вистината, па релативизираат до бескрај.
Отвори на темава од досада, читаш -не ми е јасно зошто се женеле ако не планирале верни да бидат Рили? И тоа као поента битна на темава. Пошто знаел секој кога, како и зошто ќе изневери ама за секој случај да си се омажи/ожени. И вие и вашите партнери на 20 години знаете дека нема никогаш да изневерите и затоа стапувате во брак. Стварно, немам слушнато за примери кога се земале од љубов и со намера да не изневеруваат ама после години изневериле. Немогуче.
Мене ми се интересни овие младиве девојки а се гледа дека некои од нив се и средношколки или пак сега излезени од клупа. Сеуште заљубени ( не зборувам за љубов) во дечковците или пак во потрага по таков “идеален“ за заљубување. Скоро ниедна од членките од група 40 и околу 40, не коментира тука, затоа што нив им е повеќе од јасно дека не е црно-бело и дека разводот не е лесен и магичен во решавањето на проблемите. Не разбирате девојки млади дека бракот не е врска и дека можеш од него да си заминеш кога и да посакаш. Тоа се големи калкулации и последици. Девојката ја нарече ороспија сопствената другарка. Не го накриви него. А и најчесто се обвинува “третата“ страна. Многу лесно на тастатура човек се разведува и многу лесно на тастатура започнува нов живот и многу лесно на тастатура го решава проблемот со децата. Да да. На тастатура. А ако не спие со жена му? Има бракови кои функционирааат поради кредити, заеднички имот, деца, притисок од фамилиите итн. Не е баш лесно со се да излезеш на крај. Швалерката не е виновна исто како што не е виновна ни проститутката кај МТВ која за 500 ден ќе ти го задоволи мажот. Тој те изневерува, не таа. Кажи ми како овие се винивни? Мажот е крив и крај. Во моето детство и тинејџерски години во мојот град имаше многу кафани/мотели со проститутки од Бугарија, Украина, Русија итн. Еден куп ситуирани и на добро име мажи одеа со тие исти жени кои беа и под присила тука. Тие да не се виновни за неверството на мажот? Или да не требало да се самоубијат за да маживе бидат верни? Пак ќе се навратам на некој предходен пост каде кажав зошто многу жени во брак се изневерени, а зошто се повеќе мажи ( бар тие кои можат) ги оставаат таквите жени и се женат со љубовниците. Затоа што многу девојки ќе сторат се за да станат нечиви жени. Како што кажа една членка погоре : трикови за бременст, одење по магионичари и црни магии, глумење нешто што не се, упикување и умилкување во негова фамилија и глумење добрата вила- за после свекрвата да им биде злобната вештерка. Не го гледаат профилот на мажот и најчесто се мажат од погрешни причини. По некоја година мажот се чувствува празно и неисполнето, па си бара дополнително на страна. Па и жената си го покажува лицето, кое нималку не е ангелско и си работи зад грб и на крај кажува дека третата личност е ороспија. Не душо, не ти е никој крив, сама си го бараше. Има и други случаи, исто како што кажа членката погоре, дека и во брак може само еден да се смени, а може и двајцата и ете простор за надополнување од страна. И никој не е крив. Разводот е секогаш најдобро решение, ама не е секогаш опција. За жал. Млади сте, ќе ве научи животот. Уживајте додека сте ЗАЉУБЕНИ во вашите партнери и нервирајте се само за тоа зошто отишол на фудбал со другарите. Паметно и исправно. И искреноста која фали најчесто е поради осуда и притисок. Еве конкретно во овој случај на неверство во кој и јас имам учевство. Жално. Да се дополнам за крај за оние кои се нечиви љубовници, знајте дека надежта последна умира и дека се и со години во такви врски надевајќи се на подобро утре. Има многу од нив кои се непоправливо романтични и кои на поинаков начин гледаат на работите. Оние кои се порационални даваат две опции и тоа е тоа. Оние кои се спонзоруши, баш им е гајле дали некој од страна пати, што реално и не е нивни проблем итн. Најжално ми е за овие млади и романтични.
Тие ги сакаат традиционалните врски, сакаат да имаат семејство, но не се морални за целосно да го испочитуваат. И јаре и паре.
Не ми е другарка јас со такви личности не сакам ни здраво да си кажам. Како не го накривив и двајцата се виновни. Он е секако повеќе виновен но и таа што учествува во тоа значи она е дел од тоа и она е виновна. Да и било убаво немаше да плаче и да пати. Ама ако не сакам да звучам злобно ама душава ми се исполнува кога ќе видам колку е несреќна и пати и се уште пати ,значи човек како сам може да си го уништи животот ни најголемиот не пријател не може.
Зошто толку ја мрзиш девојката? Да не дечкоти ја погледнал под око, па ти е крива за се? Не знам што да кажам по болдот. Нема поента да ти се објаснува. Психологијата вика дека кога некого не го поднесуваш, не го поднесуваш тој дел кај себе. Многу судиш. Да се надеваме дека тебе и на твоите деца животот ќе ви биде послан со рози. Многу гнев има во тебе кој сигурно го пренесуваш на дечкото. Поработи малку на тоа. Толку од мене овде.
Абе види, и за ова има решение. Одиш кај јасновидец, или правиш натална карта и ти кажува нешо пари, пат, неверна особа. Јасно ти е дека во поблиска или подалечна иднина мајчиниот ќе те превари и ич не се мажиш. Фајронт.
Ја мразам поради тоа што се обиде да го стави и мојот живот во опасност. Поради тоа што кога жената на тој трчаше низ улиците со патика во рака мене она ми се јави и ме молеше да одам кај нејзе само ми кажа дека таа ја натепала и си отишла а следниот ден ми вика дека и рекла дека трчала по пиштол. Секако таа не се врати но сепак да се вратеше што ќе беше ќе настрадав јас ни крива ни должна . Ја мразам затоа што свесно го стави мојот живот во опасност се надевам разбра сега зошто ја мразам поздрав.
Да биди концепиран во корелација со конкретните размислувања и желби на одреден пар.. или тројка, или не знам што... Какво прашање е ова? Зошто користев кондом до маж ми и на почетокот на бракот? Зошто еден куп жени цел живот исклучиво со кондом имаат секс во бракот?
Небитно Лили, форум е секој има право на свое мислење. Патем кои се тие попаметни ствари? Баш ова е една од посериозните теми на која вреди да се посвети внимание. Те цитирав бидејќи според мене многу безвеза е да кажеш дека некој се замара и троши време пишувајќи мислење, а баш за тоа служи форумот, за разменување искуства, мислења, дебатирање. Секако, очекував како аргумент да се повикаш на младост, незрелост, деца, не знаат што е љубов, не знаат што е брак, иако за никој ништо всушност не знаеш. Патем никој не кажа дека е лесно. Сум била сведок на развод кај блиски личности и знам низ што се поминаа, но исто така знам дека тоа беше најдобрата одлука што можеа да ја донесат. Секој заслужува да биде среќен. Во брак во кој те изневеруваат не можеш да бидеш среќен. Затоа секогаш велам дека ние жените треба да се бориме пред се за себе, да сме самостојни и независни, да не се доведеме во ситуација утре да не можеме да се разведеме бидејќи нема кој да не издржува. Тоа е веќе друга тема. Како и да е, стојам на своето мислење.