Така, не рече да не кажуваме мислење, туку потенцираше дека си го трошиме времето пишувајќи тука, што е многу банално да се каже, бидејќи форумот за тоа служи. Кој го смета за губење на време, не треба ни да го користи. Нејсе, немам намера да се објаснувам. Поздрав.
Го стави акцентот на погрешно место. Еве и ќе ти образложам, чисто зашто си културна. Поентата беше дур овде се пишуваат миљон страници за колку е лошо тоа, некој ужива у истото и баш му е гајле. Значи, на вториот дел од муабетот е акцентот. Џабе се дискусиите, не дека се лоши.
Прво, те читаме тука сите ама не знам дали ти се читаш колку си контрадикторна првин со ова мислење (особено болдираните делови), а потоа и со сите останати. Значи, прво викаш дека мажот (кој е во брак и изневерува) е виновникот. Потоа кажуваш дека жена му знаела дека тој не ја сака уште од почеток и тогаш вината се префрла на неа. И последно него го опишуваш со „сиротиот“. Зошто сирот? Дали некој со сила го терал да влегува во брак со личност која не ја сака? Дали бременост автоматски значи дека треба да остане со неа, а да изневерува на страна? Нелогична си до немајкаде. Потоа, за болдираниве. Еве ти можеш од себе да почнеш помалку да обвинуваш други жени и истите да ги опишуваш како кукавици бидејќи верувале дека ќе имаат среќен брак затоа што некој решил да ги уверува во тоа. И повторно помалку контрадикторност во кажувањата. Не било неверство, било будење. Мхм, ок. И последно и не помалку важно, повеќе да кажуваш за како ти би постапила а помалку за како другите постапиле. Од секирации што ги имаш за комшијата, другарот, другарката, братучедот од 27мо колено, вујкото на брат од свекрвата на снаата од тетката, не стигна да кажеш ти што и како мислиш за себе и како би постапила во ваква ситуација за себе. Ама не, најбитно е да се каже дека швалерката не е крива.
Не ме сфати ,сакав да кажам ако по "природата" не сме моногами зошто тогаш да имаш секс без кондом со различни партнери кој имаат различни партнери исто така ,мислиш нема да фатиш ништо? Не зборувсм за заразени партнери. (Се надевам ме сфати што сакав да кажам)
Ја стварно не знам шо толку те дирнуе у душа @WildMk бракот ко институција па уште и да го реформираме. Не живееме у затуцано племе у Индија или Тунгузија, па ме шитнале моите на 9 години на старо аро, или па за мојот 6ти братучед, па да се бориш до толку. Мислам, океј јасно ми е дека се потресуваш оти се чуствуваш осудувана, али друга причина и не глеам да се буниш. Ти си праиш ќеиф на долната, муж ти те тапша по рамо, и се ти е наредено. Нит те заболе за жените, очигледно, оти се сексаш исклучиво со зафатени мужи, за да не те смараат потоа, а и еве да те послушаат мужите шо сакаат да шврљаат никад да се венчаат, со кого ти после тоа ќе имаш секс? Па уште и коа ќе почнеш да раскажуеш тужни причи демек сите бракови да биле отворени, оти сите сакале да вараат, ој куку нон. Ја не сакам да делам муж со друга, не сакам нит планирам да варам. Шо не значи дека не би изварала, али не знам. Ама и да изварам, не значи дека сакам муж ми да ме вара. Еве баш прашај ги тие твоите шо би напраиле ако дознаат дека жена им ги вара. Ај баш молим те. Оти сигурно такви интелектуалци немаат двојни аршини. Исто така моеш и да ги прашаш шо мислат за тебе. Ако имаат муда искрено да ти кажат. На крајот на краиштата, мене стварно не ми е гајле шо си праите со муж ти дома, оти барем сте искрени еден со друг и си имате ствар на договор. И да, има луѓе шо не вараат. Ако ти не можеш само со еден муж, океј. Ја можам. И нема да ти го перам мозокот и да ти кажуем дека тоа твоето не е брак оти со муж ти си раскажувате што сте ебеле предходната вечер, па и да се разведете оти брак со ебење со други не го бива. Чим функционирате, океј. Али коа ќе почнеш да продаваш муда за бубрези по темиве демек феминизам, еманципација, брак, загриженост, и делење совети на кутри жени, додека се ебеш со женети мужи, само за да заспиеш полесно навечер, не фала.
До @bicycle : Швалерката е виновна само за тоа што дозволува да биде втора. Сите проблеми што ги имаат швалерките, ги имаат ради сами себе и својот избор да се сплеткаат со оженет маж. Не се криви затоа што некое семејство се растурило. До @тп18 : Алиса го окриви и мажот, ама потенцираше дека за тоа што сеуште и се случува, е сама крива. Не оправдувам што ја нарече ороспија или што и се сити на несреќата, ама во право е дека другарка и одлучила да биде марионетка во дадениот случај.
Убила ме романтика Ајде брзо група за поддршка да се направи за нив и сите ние заедно колективно да ги сожалиме
Зашто се водиме според разум, едукација и претпазливост, користиме бенефит на науката. Прашањето е пошто ти си спомнала претходно природа што ни наложува полигамија, а ниту заштитениот секс не е нешто природно ако гледаме така. (Не)природноста на појави кај човекот уште од древни времиња, не е некој јак фактор и аргумент за тоа дали нештото е или не е во ред. Објаснето е многу пати, ние сме развиени како рационални и емоционални суштества што се приврзуваат за партнерот, и не - многумина како што не сакаат да го делат партнерот, така и самите немаат потреба да изневеруваат. Има други штетни појави во традиционалниот брак за кои треба реформирање, но моногамијата и верноста не се меѓу нив.
Види девојче. Мојот став е јасно пишан во трет или четврти мој пост. Не можам јас да те натерам да прогледаш ако си слепа. Верувам дека сега со овој налет на арогнатност им ги исчисти душите на вујко од дедо ти на прв пратучет зет за комшиката чив син бил заедно во војска со него. Се прочита пред да пишеш? Така нешто безвезе звучиш. Нели нема смисла реченицата? Разбирам зошто некои жени се изневерени, разбирам и зошто некои жени изневеруваат. Моите блиски примери ги кажав за и некој друг да разбере, ама глув и слеп не може, па користи ароганција и злоба. Да има мажи а има и жени кои под притисок, од навика, од лажна заљубенот или од таков е редот, влегуваат во брак, во кој се разочаруваат и се тешат на страна. На пример твоите токсични ротидели може да ти го упропастат животот за два дена и да ти остават печат на црна овца. Не изневеруваат задоволните и интелигентните. Во моите постови зборувам за причините кои ги слушам зошто некој изневерува. Сироти се сите мажи кои биле фатени во стапица брак. Уште посироти се сите жени кои биле фатени во таа стапица. И ти си гледам студент, па да ти објаснам по пластично. Те школкуваат тато и мама. Те финансираат за да пиеш кафе со дечкото и да се облечеш. Ама твоите ( на пример) може кога еден ден останеш бремена од дечкото со кој си сега, да те натраат да се мажиш за него или ќе се откажат од тебе. Него неговите го уцениле или да се жени или нема ништо да добие (а знаеме кај нас колку брзо можеш се да створиш). Ете сте биле пијани, пукнал кондом, склоп на околност и оп бременост. верувате во убав брак, добро семејство, добри плати итн. По некоја година и двајцата сте сменети и незадоволни. Сфаќате дека се било илузија. Не ви се спие еден покрај друг, не комуницирате и едниот ( кукавицата) почнал да шврља на страна, наместо да бара решение. Другиот не може да се развде одма или во блиска иднина од причина што веќе постои заедничка инвестиција, кредит, дете или две, безпарица итн. И пред да речеш дека ова тебе не може да ти се случи ( бидејќи ќе работиш, ќе бидеш самостојна бла бла бла), верувај има многу на кои им се случило. Има жени што не можат да се разведат и трпат се, зошто немаат каде да се вратат. И нив би ги разбрала зошто изневеруваат. Пишав би ги РАЗБРАЛА. Само набројував причини зошто се случуваат неверства. Никаде ниеден прељубник не оправдав, ниту оние љубовниците од страна. Сега јасно ти е? За да не се отварат групи за поддршка, гледам дека погрешно си сфатила. Не им се обратив на швалерките/љубовниците. Туку кажав зошто тие се со години во такви триаголници и за нивната надеж дека еден ден ке бидат со тој што сега е во брак. Зборував за оние романтчните, не за спонзорушите. Јасно е пишано и тоа. Не плачи те молам, еве ти палома.
Дај палома жити се плачам од смеење Значи смешно е ова и патетично, романтични души биле и одма се е оправдано.
Има смисла во поентата која сакав да ти ја доловам, а тоа е дека многу се замараш да раскажуваш на форуми туѓи животи. Од 5 поста, тебе 3 ти се описи за животите на Митра, Трајко и Трпана. Ти и твојата ситуација кај сте во приказнава? Македонски менталитет in a nutshell. Само човек кој нема свое јас може да биде „фатен“ во стапица брак. Ако може да одлучува да изневерува кога е во брак, можел и да одлучи да не стапи во брак. As simple as that. Причини за да се избегне донесување на зрела одлука како развод секогаш ќе се најдат милион и една од слабите карактери. Ако се цениш себеси, ставаш крај на тој брак наместо да удираш фасади на среќно семејство. Наместо да копаш за мене, види позанимавај се со себе. Додека студент ти е поим за слепост и глувост, верувај не си поим за зрелост. Се надевам јасна сум.
Девојче не само што не си јасна и арогантна, туку си и параноична. За мене ќе зборувам ако сакам и ако има што да кажам во врска со темата, ако не, немој да се мачиш по втор пат за истото. Јасно пишав погоре ( да ти потцртам) Не изневерува задоволен и интелигентен. Како студент на медицина треба ова да го разбереш. Многу си напната, а уште не е ни колоквиумска ни испитна. Пробај со јога. Да те прашам, дали она твоето изразување за слаб карактер мислиш дека се поклопува со моето изразување за кукавичлок? Или да ти потцртам? Животите на Митко, Трајко и Трпана, се животи во кои и јас сум дел и кои ми се секојдневие, исто како што тебе ти е секојдневие колешката која ја куцаш за присутност и колешката со која пиеш 5то кафе додека учиш од скрипта. И така ќе дојдеш и ќе раскажеш за нив во одредена тема, зошто тоа го знаеш нели? И зошто тебе ти е битно зошто јас се замарам на форум да објаснам нешто? Зошто ти објаснуваш? Зошто сакаш мене да ми објасниш? Нели слобода на говор? Нели демократија? Нели форум е ова? Што толку па тебе те провоцираат моите мислења? Да не е случајно дека не се поклопуваат со твоите, да не е во прашање доминантност, па како наводно треба да изиграваш шериф и да кажуваш кој што да пишува, пошто си подого на форумов од мене? Македонски менталитет in a nutshell. Бдв еве ти нешто за мене. На боловање сум, не смеам многу да се движам, па си куцкам по разни форуми. Дипломирав одамна, магистрирав одамна и тоа на факултет кој е еден од најтешките, а не е медицина. Докторат ќе имам за најмогу две год. Семејството ми е супер. Детето среќно и задоволено и така. Во недела сум на повојница. Едната рака во гипс. Со онаа Трпана зборнав на Вајбер, па договоривме утриско кафе со децата. Утре ќе ти набројам уште една причина зошто Трпана изневерува. Пред малку читав на кајгана мажи што изневеруваат и нивните оправданија. Сепак кажуваат дека не била крива швалерката. Ама тоа е повеќе машки форум. Еден пишал дека грав не се јадело секој ден. Жената била грав. Швалерката била грашок, а девојката боранија. Барал и четврта помлада да му биде марула. Овие три верувам се во договор за да го уништат гравот, дека многу гасови стварал. Мора тие да се криви за уништувањето на гравот. А не е крив тој што не го сее и што не го конзумира. Тој е помалку крив. Или најмалку. Или средно крив. Зависи кој колку е исфрустриран.
Тоа ти е заклучокот? Гаранција нема. Ама ти гарантирам дека ако не се врати кај мене, нема друга,трета или петта да обвинам. Прво него, па себе. Толку!
Барем да ме цитираше, наместо вака да одговараш. Продолжи со овие описи, па може и ќе се докажеш дека си личност која знае да дискутира со некакво ниво на култура. Не сум студент на медицина, ама се гледа дека и во таа тема си ме изманијачила. Моите испити и колоквиуми не се предмет на дискусија во темава, па можеш да не се напнуваш за истите. За останатиов дел од постов само ќе кажам дека си одличен пример дека образованието нема врска со културата, исто како што годините немаат врска со зрелост на индивидуата. А секако кога се нема друг аргумент во дискусија, се користи „ќе видите кога ќе пораснете“. Всушност вие со ваков став сте светлосни години далеку од растење, почнувајќи од интелектуално ниво па се до емоционално ниво. Понатака немам потреба да го коментирам ова што си го пишала, затоа што како што кажав и претходно нелогична си до немајкаде. Поздрав и уживај во цитирањето до бескрај, затоа што знам дека ќе го сториш тоа. Сепак истото не ја поништува реалната слика дека не се читаш што пишуваш.
Зошто сум била наивна и во илузија да не приметам дека и покрај 3 во 1, живеам со слабак, кукавица или како год.