Не ми се верува дека пак ја зачитав темава. Никако не можам да разберам како некој може да поднесе да биде нечија втора виолина и да бара оправдувања и разни изговори за тоа што го правел. Почитувани девојки/жени, не негувајте лажна надеж дека женет маж некогаш ќе го напушти своето семејство и немојте да мислите дека нешто што ќе прочитате во темава од одредени поединци е оправдание за тоа што сте го направиле. Премногу примитивци со примитивни размислувања и ставови. Здрав и разумен маж, кој не е задоволен од бракот и не ја сака жена му, никогаш нема да ја разбие брачната монотонија со првата што ќе му се најде на патот и никогаш нема да ја изневери жена му. Наместо тоа ќе проба да најде заеднички јазик, ќе проба да најде решение за проблемот па макар и отворено и директно во лице да и каже на жена му како стојат работите и да побара развод. После тоа, ако нешто сака и планира со друга жена има целосно право на тоа. Ако си разумен човек кој има почит и трошка совест никогаш нема да бараш утеха во некој трет. Поентата на овој пост не е да исправам криви дрини, туку да пробам да допрам до некоја девојка или жена, да пробам да ја подигнам совеста и ако ништо друго од целиот пост да сфатат дека за некој да ги цени и почитува прво и најважно е сами себе да се почитуваат и ценат. Сакајте се себе.
Типично понашање од швалерка... Да се подсмева со жените на кои им го заебала животот. Него, на колку години го запозна маж ти и колку години сте разлика, ако не е тајна? Прашувам за да видам како тоа таа среќа, од сите жени шо не сакаат мужот да ги вара, баш он совршената ја нашол, да смее да ја вара, па и уште поинтересно, и она него да го вара шо се вика, без да си зуцне? Или само ја издресирал така...
A мене па и не ми е баш реално дека некој ќе знае дека мажот/жената му иде со други и мирно ќе си спие по дома. Али ај, секакви не има на светов, можно е. Евентуално да е некој на јака позиција, па ради парите го трпи жена му или маж и, па само на папир си живеат заедно и пред јавност. Али тоа не е љубов, вие тука тврдите, ем си ги сакате партнерите, ем со други сте си оделе. Како квантна физика за мене ова е несфатливо. Само шо, да го изневери некој детето и да го видите дома расплакано ради некој/а, вие изневерувачите ќе му речете во ред е, шо плачеш, никој не е моногамен? Или уште од мало го учите така, дека нема љубов, све е секс и да ги користи мажите/жените и да не биде само со еден? Пошо нели честа појава било изневерувањето, преценета била моногамијата. Чисто онака го имам размислувано ова појше пати ама еве кога ја отворив темава, реков ќе го пишам овојпат.
Истово ова и јас го размислував. Најтрагично е што овие што проповедаат вакви неморални работи се мајки и тоа на женски деца. Јас колку и да сакам да се правам дека не сум прочитала нешто вакво, не можам. Гадно ми е .
Не ме припотресуваат толку зошто искрено се надевам дека им е досадно у животот и немаат попаметна работа, па дремат дома и тука смислуваат приказни. У живо досега немам упознаено човек што брани вакви појави, па уште и швалерката нормална била, мажот му било досадно, жените биле криви што не му праеле да му е интересно. Боже сачувај, може и не треба толку внимание да им придаваме едноставно, don't feed the trolls.
Внимание сами си придаваат нели гледаш? Колку и да ги игнорираш, упорни се во бранењето на своите ставови без разлика колку и да се погрешни. Жал ми е само за младите што имаат прилика да ја читаат темата и читаат вакви размислувања од мајки, па после ќе се прашуваме зошто младината ни забегува.
Значи сами не се сигурни дали нивното е во ред, ама зашто сите изневеруваат, тогаш е во ред. Своите постапки ги оправдуваат врз основа на туѓите.
Со вас се потсмевам, не со изневерените. Иначе, не сум швалерка (цуци-муци-буци), ебач сум Ако не си моногамен, не значи дека не знаеш да сакаш.
Никако. Сама себеси најмногу си се потсмеваш и се исмејуваш, верувај. Како убаво си го прескокна прашањето. Немаш одговор, нели?
Што би и' рекла на ќерка ми? Да не прави она што не сака. И да користи кондом. Што можам друго да и' кажам? Нејзините сексуални преференции, сама ќе си ги открие, нема јас да и' ги наметнувам. Тебе мајка ти те учеше како да се ебаш?
Мојот сексуален живот не е тема на муабет, не на форумов. Не сум јас толку модерна како тебе. Мајка ми успеа да ме научи на најважната лекција во животот. Како да се сакам, почитувам и да покажам челичен став кога станува збор за мене и за моите желби и потреби. Да не дозволам да бидам нечиј предмет и играчка за задоволство. А што јас би и рекла на ќерка ти? Ништо, само знам што се не би и кажала на ќерка ми, ако еден ден ја имам.
Боже, како успеваш да извртиш на секс буквално се, не беше прашањето како ќе ја учиш ќерка ти како секс да има Сакаме дискусија нормална по темите нели, еве убаво баш прашувам, пошо често одговараш во темава, да видиме мислења и од двете страни, изневерени и тие со кои изневеруваат. Темава нели е за тоа. Сосем друго беше прашањето, ќерка ти е среќна, во врска, заљубена и не го изневерува партнерот и од него го очекува истото. Дознава дека дечко и ја изневерил и е скршена од болка, лута е и на него и на таа што се вмешала во нивната врска, нормално не е само он крив, не е ни само швалерката крива, иста вина имаат и во афект ќе пцуе дома по двајцата. Ти, како личност која некогаш си била на страната од таа што е швалерка, како ќе ја советуваш? Дека швалерката е супер личност, нема право неа да и е лута, ако не со неа, со друга ќе бил, многу очекувала од дечко и, да не ја преценува моногамијата, само сакал да си разбие монотонија у сексуалниот живот? Или и она да иде со други, око да не и трепнува, да си го глеа само своето задоволство? Или еве некад на форумов те чита и дознае се за тоа шо си го пишувала тука? Пошо мене ме учеле дека доколку се случи ситуација да бидам изневерена, дека тоа не е љубов, колку и да ми е тешко со таков човек се да прекинам. Заслужувам некој што ќе ме почитува и сака и целосно ќе е посветен на мене. А, сум им поверувала дека навистина е така, така што сум ја чувствувала и нивната љубов дур сум растела и сум гледала колку навистина има љубов помеѓу нив и почит и дека се верни еден на друг. Децата што растат во средини во кои нивните имаат и други личности на страна, мислиш не знаат за тоа? Верувај се приметуваат многу работи иако некогаш мислиме дека децата ништо не разбираат.