Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Па и јас истото го реков де: Да прави само она што таа сака.
    Не сфаќам која е разликата меѓу моето и твоето?

    А за преференции, сигурно не ти кажа мајка ти.
    Се палиш, на она што ти се палиш.
    Така?

    Па зборувам за секс, оти не изневерувам.
    Ако сакаш да ти одговорат тие што изневеруваат, прашај ги нив што би им рекле на децата нивни.

    Јас, ни сакам да изневерам, ни да ме изневерат.
    И го имам одговорено ова на форумов.. милион пати.

    Ама читате како што ќе ви стегни умот, не со разбирање, после прашања од стилот: Ами шо туку реплицираш на секое?
    Па повторувам исто па исто.

    Само во темава, сите мои ставови во врска со проблематикава, ги имам, најмалку по три -четири пати изнесено.
     
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Те прашаа што би ѝ рекла на ќерка ти ако дечкото/мажот утре ја изневери. Ама веќе знаеме. Ќе го правдаш зашто морал ради тоа што не е моногамен.
    Ех, сите околу тебе изневеруваат, ти очекуваш твојов верен да ти биде ќерко? Како не.
     
    На Purplelilac, cresa-jagoda, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Не изневеруваш ама си дел од тоа како да ти кажам многу е контрадикторно тоа што го зборуваш. Ти си соучесник во неверство затоа те молам не глуми лажен морал .
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, oblace1 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Пак да повторам:
    Не сакам да ме изневерат, ниту изневерувам.
    Не оправдувам изневерување.
    Зошто мислиш дека ќерка ми поинаку би ја советувала?
    Оти лажен морал?
    Јас имам одговорност кон мојот брак, не кон туѓите.
    Тој што си го изневерува партнерот, односно го лаже, во неговиот брак е проблемот... Не во мојот.
     
  5. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Разликата е огромна. Небо и земја. Читајќи те низ темиве немам намера да те чепкам во тоа што ти е најмило и да навлегувам во твоето воспитување и родителствување. Без разлика што еве ти упорно си го пикаш носот во начинот на родителствување на мајка ми и мојот интимен живот. Доволно прочитав. Ама жити се, заради младиве што читаат не шири вакви неморални размислувања и ставови. Не се врти се околу сексот. Има живот таму некаде, љубов, доверба, разбирање и почит. Бракот е институција која како таква треба да се почитува.
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, ocicka2014 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Точно е дека не се врти се' околу сексот.
    И јас тоа го зборувам, исто милион пати.

    И не го почнав јас муабетот со 'Родители и деца', вие го почнавте.
    Јас само реплицирам на вашите прашања.
     
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ако не оправдуваш, бегај од таквите. Уствари ќејфот ти го прават, океј.
    Па може ќе го разбереш дечко ѝ што ја изневерил зашто не е моногамен, морал и со друга.
    Или еднаш мора со една само, после може со 10 ако сака зашо не сме моногамни..како ќе ни текне нели.
    Одлучи се.
     
    На cresa-jagoda, Amellie13, Peperutce1115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Не, ти не даде одговор на прашањето. Упорно дриблаш за тоа колку е нормална полигамијата и колку истата е навлезена во природата на човекот. И упорно споделуваш примери од твојот приватен живот, што секако е твое право (тоа е разликата меѓу мене и тебе). И упорно бараш изговори и ги правдаш изневерувачите, а ги исмејуваш изневеруваните. Упс не, нас не исмејуваш. Епа ок и меѓу нас има изневерувани.
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, ocicka2014 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Јас немам проблем во тоа некој да не е моногамен, проблем е кога е во врска, а партнерот не знае за неговата полигамија.
    Ама пак ќе речам, тоа е проблем во нивниот однос, не во мојот.
    Не можам 'Да ги спасам', и да сакам.
    Веќе сум пишала на темава (и тоа милион пати), дека со сите со кои сум зборала на темава, а изневеруваат, на сите до еден им имам речено дека треба да се искрени со партнерите.. и сите, до еден ми рекоа дека тоа не е моја работа.
    Ох леле мори мајко..
    Не ги оправдувам изневерувачите, напротив..
    Еве и за тебе ќе повторам:
    Не можам 'Да ги спасам', и да сакам.
    Веќе сум пишала на темава (и тоа милион пати), дека со сите со кои сум зборала на темава, а изневеруваат, на сите до еден им имам речено дека треба да се искрени со партнерите.. и сите, до еден ми рекоа дека тоа не е моја работа.
     
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Го поставив прашањето за да се погледне и од друг агол. Дека кога ќе се работи за некој што тебе те значи, тогаш ќе те заболи што му направиле така, а вака не ни било гајле за туѓи бракови/врски, нивен проблем.
    Па тогаш и за швалерката богами ќе се изнакаже се и свашта.
    Никој не е толку либерален ко шо се праи на интернет, да беше така сосем друга ќе беше реалноста. Па и Македонија и Балкан сме, да не се лажеме знаеме како стојат тука работите.
    Како и да е, џабе се приклучувам на темава, реков веќе нема да ја отварам, толку нелогични работи немам никаде прочитано.
     
    На cresa-jagoda, ocicka2014, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Либерална сум, кога нешто се прави во согласност на двајцата партнери, а не зад грб.
    Либералност, не значи неодговорност и алиби да повредуваш некого што го сакаш.
    Затоа и сум во отворен брак, баш поради тоа лажење и изневерување.
    Тоа што сум сигурна дека можам да го исполнам, го ветив на патнерот, тоа што не сум, не му го ветив, и му кажав дека има периоди, кога сакам да имам секс и со други.

    Проблемот е, кога еден куп истово го мислат, ама одлучуваат да не пристапат отворено со тој што се во врска/брак, ами да си тераат паралелен живот.

    И колку за инфо.. во 19 години со маж ми, дали 20тина пати сум имала секс надвор од бракот.
    Немам јас многу јако либидо... Ретко имам потреба од секс.
     
    На Цвет88 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  12. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Аха,интересно. Епа зошто тогаш си дел од неверство ?
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    За ова бар те поштувам, што си искрена. Иако немам исти ставови со тебе и не се согласувам за многу работи, сепак ми се допаѓа што си искрена и сепак успеваш смирено да дискутираш. :)
    Само што ако не поддржуваш изневерување едноставно не би требала да бидеш ни дел од тоа. Има многу слободни мажи, мора баш со женети? Ама знам и за тоа те имам читано, дека си сакала женети за да немате повеќе контакт после... Сепак се е прашано, џабе ќе се прашуваме и до утре ќе одговараме, кога пак од утре сите истиот живот ќе го тераме, не дека нешто ќе смениме ако во темава пишуваме вака, така, онака...
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Јас колку и да не сакам да бидам директна и да чепкам таму кај што не треба, очигледно не ме разбираш. Сама го инволвираш семејството. Сама зборуваш колку си искрена и заљубена во маж ти.

    Ти си либерална, све е тоа океј, ама ти си мајка бре жено божја?
    Свесна ли си ти каков пример даваш на ќерка ти?
     
    На cresa-jagoda, Alisa22 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    :)
    И ова го имам одговорено...

    Затоа што преферирам постари од мене (јас имам 41) и искусни.
    Женетите, по дифолт се тоа.
    Со сингл, не сакам од принцип, оти има шанси да се заљубат.
    А мене не ми е тоа филмот.
    Сакам само секс.
    Каков пример и' давам на ќерка ми?
    Кој родител зборува за својот сексуален живот со децата?
    Никој нормален.
     
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Па еве многу родители ги учат децата да готват а нели секс беше исто како и јадење?:?:
     
  17. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Дали некогаш имаш грижа на совест што си била дел од такво нешто и што си ставила глупа потреба на повисоко од моралот?
     
    На cresa-jagoda, Disconnected_, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    А шo прoблем е aкo се зaљубaт? Ти сaкaш сaмo секс и гo дoбивaш, се зaљубил некoј или не, не е твoј прoблем. А и пoстaр и женет мoже дa се зaљуби, тoa не мoжеш дa знaеш. Кoјa лoгикa е вo селекцијaвa? Дa речеш -сaкaм сaмo пoстaри, рaзбирaм, вaкa -не бaш.
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, jasbi и 7 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Исто е.. кога си доволно возрасен да го практицираш.
    А и тогаш, не им кажуваш на другите што да јадат, туку само разговарате за вкусови.

    Да, еднаш.
    Тој со кој имавме тројка, сакаше да не запознае со сопругата.
    Да сме се дружеле 'фамилијарно'.
    Не можев да го направам тоа...
     
    Последна измена: 1 декември 2019
  20. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Искрено се надевам дека тролаш цело време на форумот и дека не си реална. Секој нормален кога би дознал нешто вакво за своите родители би се згрозил.
     
    На cresa-jagoda, Emy867, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.