Не се однесуваше ова на тебе туку на машките кои изневеруваат односно како што ти објасни прават работи зад грб на партнерот. Твој живот. Имаш право да го живееш како сакаш. Не те осудив за ништо. Секој е одговорен за своите постапки.
Ако го сакаш мажот ти, онака како што никој друг човек не си го сакала, зошто имаш потреба да одиш со други мажи? Нели ти е доволна неговата љубов? Како легнуваш после до него, како го гушкаш? Како го гледаш тоа дете во очи после? Ок, може и мажот ти е таков сте се нашле, ама тешко на тоа дете...
Така просто. Ете, не размислувам ко тебе... Еве ти дозвола... И ти може да ме распнеш, пошто не се вклопувам во твоите 'животни стандарди'.
Па одговорив. Немам попластичен начин да ти го објаснам, тоа што веќе го објаснив. Ако можеш да сфатиш, арно... ако не, пак арно.
Ваљда има разлика од ,,швалерај " до ,,швалерај" .... првиот -ко си нон стоп у контакт со третта страна ,делиш се што се дешава у секодневие , оговараш бр.партнер/ка ,му уденуваш у уши се, буквално се ... и вториот-кога си само ради онаквото со таму некој/а ... Ова првото ММЕ е позаебано ,нзм зш... инаку второво ... чиста физика ...ваљда ..
Леле, животов, порно филм Животните избори на членката не се премет на дискусија. Штета колку убав пост ви напишав преѓе, ќе оди јабана ради оф топик дискусија. Нејзината порака е дека треба да бидете искрени со партнерот, и тој со вас. Вашата порака е дека не разбирате како може да егзистира секс без љубов. Ете постои, независно од вашето разбирање или неразбирање. Никој нема да си ги смени животните погледи, ако инсистирате на искреност наместо лажен/патријархален морал, ќе биде подобро за сите. И уште нешто: патријархалниот морал подразбира дека жената не треба да ужива во сексот. Во африка сеуште постои женско обрежување, за таа цел. Страшно и лошо. Дека може да се ужива во секс само кога има љубов е уште една варијанта. Ама реалноста е, дека и едниот и другиот пол, подеднакво може да уживаат во сексот, со или без љубов. Секој може да одбере и одлучи за себе, другите така како што им одговара. Физика или хемија @stetoskop
^ Па да де ....Физика е конкретна , опипљива , акција-реакција ... Хемија е позафркната -ниш конкретно, ....,а ќе те разнесе у делови ... Ваљда јасна сум ?? @Biljarkata
Во секоја тема @WildMk го инволвираш твојот "отворен "брак и твоите излети за кои сум сигурна дека веќе не постојат. Незнам кој е мотивот Потребно ти е потврда или внимание? Човекот е свесно и рационално суштество,така да одговорите дека те водат нагони не држат.
Јас сакам да дадам мислење и се надевам дека со моево мислење нема да навредам некој. Wild е во искрен брак, со отворени карти. Не го изневерува и не ја изневерува. За мене може неверство да е ако дечко ми почувствува нешто за друга, без да направи нешто со таа. За друг ова е глупо да се срамни со секс/бакнеж со друга личност. Неверството никогаш не е дефинирано за сите. Јас никогаш не би можела да бидам дел од ваква врска илк брак. Но постојат. Како што ја прифаќате хомосексуалноста, прифатете го и ова. Но, се согласувам дека е неморално да свесно имаш афера со оженет. Освен ако и тој не е во отворен брак. Т.е поконкретно, да бидеш дел од тоа изневерување. Не викам дека е крива третата страна што учествувала, имам кажано дека само тој што изневерува е крив. Ама кон себе... јас бев дел од неверство а не знаев. Кога дознав се чувствував грозно. Ама кога изневерената ме искуба, а потоа му се смири на дечкото, искрено ми дојде да ја плукнам. Мизерно да ти е крив секој освен виновникот. Така да, ја распнавте затоа што расипува бракови. Во право сте дека е неморално ова. Се согласувам крајно. Вајлд мора да си и сама свесна дека е така. Друго нешто што ми смета во објаснувањата твои е што упорно машките ги претставуваш како објекти. Вибратори. Немој. Како жена што упорно зборува за правата на жените, се имаш изјаснато дека жените не се објекти. Трето, не можеш да бараш бракот да се смени по дефиниција. Двајца се во брак. Ако сака некој да биде со повеќе, нека не се мажи/жени. Биди си во отворена врска ама не барај да се смени нешто, за твоето да е попризнаено.
Не знам зошто толку сте ја нападнале @WildMk кога таа рече дека зборувала со тоа како таа се чувствува со нејзиниот сопруг и тој прифатил.Значи таа не изневерува.
Не изневерува ама е дел од неверство кога се е*е со женети мажи , нека не глуми лажен морал и да збори како е против неверство кога е дел од тоа. Исто ко јас да речам против труење животни сум а да фрлам отров. Многу е контрадикторно.
Е да, у право си. Не моеш на три венчани души истовремено швалерка да бидеш. Тоа другачие ќе да се вика. Ма да не е тоа темата на муабет. Муабетот е шо се исмејуваш со туѓата несреќа. И шо не одговори на ниедно прашање, али јбг. Измеѓу редови се јасно е. Се надевам еден ден ќе си ја најдеш среќата, али не на туѓ грб.
Да ви 'покажам' поинаква страна на животот, и да споделам искуства кои се невообичаени... Во надеж, дека ќе помогнам кон намалување на стигмата кон маргинализираните заедници, и различните стилови на живеење.
Бејб, не си во богата држава каде секој партнер си е држава сам за себе и да прават што сакаат и да се разведуваат ко што се разведуваат без око да им трепне, нема таков тажен ефект затоа што, прво, од старт се навикнати на независност и не се поврзуваат толку со партнерите. Второ, со пари на сметка транзитот од брачна двојка во сингл персона е многу поедноставен, башка држава имаш позади тебе што се грижи за тебе и твоето дете. Во Мк после развод имаш многу луѓе кои немаат каде да одат. Вложиле тоа ситно што го имале во домот и семејството и заради излети се принудени да трпат или да молат родителите или братот да им даде една соба и да издржуваат 2 деца со минимална плата и без алиментација. Оти ебачот е лабилна особа и се заљубил во првата што му кренала нозе после брак па од толку турски серии сега е спремен од корен животот да го промени за таа посебна вагина што ја нашол. Или пенис. Многу ги има такви. Вакви "егзотични" искуства и поинакви страни на животот, преповедај ги во поинакви времиња, ако дојдат.
Абе во право си... Ама не мом да се воздржам.. Ко ќе е за 'објаснување' и анализирање нешто, се отнувам и трујам, дури имам сила. Прашај ги домашниве,
Морам да ја одбранам @WildMk. Јас ја разбирам во каков брак е. И според мене нејзиниот е поздрав брак од многу други што ги познавам. А сега ќе ви кажам и зашто мислам: Во бракот влегла со отворени карти. Јас сум таква и таква, тие се моите ставови за секс и ако ти одговара биди со мене, ако не чао. За неа бракот не е само сексуална верност еден кон друг. За неа бракот е она што треба да биде. партнерство, заедница, соживот заедно, со отворени карти без проверување на мобилни, без проверување на краѓни од кошули за трага од кармин или туѓ парфем. Можете да ја осудувате колку сакате ама она си има најдобар брак без непотребни соменжи, без страв за она што би било утре. Она знае што да очекува од мажот и. Мажот и знае со кој е. Кај неа во телефон оној другиот не е напишан Фризерка Бубе или кај него таа другата Мајстор Коки. За неверство се поребни двајца. И не, не ја кривам неа ако оди со женет маж. Она си е чиста пред нејзиниот маж дома. А за жената на тој другиот, па нека си мисли тој пред да легне со друга.
Каква мода дојде со овие женетите мажи, не ми е јасно. Од кога почна овој инстаграмот побеснеа мислам сите секаде пишуваат се пуштаат и да можат се ќе смуваат без око да им трепне за дома. А и оние девојки слободни што муваат оженети, као у стил еднаш се живее гајле ми е. Тие мислам дека ништо и немаат преживеано па овој мажот со две три деца дома им е успех Од еднаш се живее, синдром си патиме.
Двете страни имаат поента. Идејата на бракот е да бидеш во бракот и во добро и во зло. Да бидеш и кога не е толку интересно. Не е лесно, да беше лесно, сите ќе беа во брак, затоа се прашува дали прифаќаш до смрт, и затоа се смета за една од поважните одлуки. Од друга страна зашто изневерување ако и двајцата партнери знаат и двајцата се согласиле и го прават тоа. Да, необично за повеќето, ама не може да го наречеме изневерување. А тоа дека она е крива што би се растурило некое семејство, тоа мало морген. Колку сака нека ме "заведува" некој ако јас не сакам да одам со друг, нема да му успее.