Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Морам да пристапам во одбрана на Вајлд тука.

    Секогаш вината е на изневерувачот. Тој е оној што го растура семејството. Во моментот кога тој помислил на неверство семејството е растурено, а тоа е уште пред да биде одбрана швалерката и уште пред да се случи чинот.

    Единствената вина кај Вајлд би била иста како и вината на секоја друга личност што знае дека едниот брачен партнер е гомно од човек а си молчи. Јас би чувствувала морална должност да и' кажам на жената во тој случај. Истото би го очекувала и од други ако јас сум изневерената. Тоа е и единствениот начин да се прекинат изневерувањата. Кога ти се пушта женет маж, немаш улога во расипувањето на семејството. Тоа семејство е веќе расипано. Сè што можеш да направиш е да помогнеш жртвата да излезе од таа токсична средина со тоа што ќе и' кажеш.

    Сосем трета работа е како Вајлд има желба за секс со кукавични балкански чичиња што решиле да се женат и покрај тоа што се комплетно неспособни да си го држат в гаќи. И јас тоа не го разбирам, и никогаш нема да го разберам, ама вкус нели. :D

    Она што приметувам дека таа го кажува (веќе по сто триести пат), а што се толкува ко наметнување животен стил од другите, е дека моногамноста не е толку честа појава како што мислиме, дека главно е човечка творевина од среден век, и дека тоа е сосема океј. Тоа не значи дека неверство е океј. Ама ако живеевме во средина каде моногамноста не е апсолутен must, ако браковите ко тој на Вајлд не беа толку табу и толку негативно пречекувани, ќе имаше повеќе отвореност меѓу партнерите, повеќе знаење-на-што-сме, повеќе отворени карти, а со тоа и помалку разочарувања, повредувања и изневерувања.
     
    На crimson, НаталиЛили, Stressed Out и 10 други им се допаѓа ова.
  2. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.527
    Допаѓања:
    41.989
    Пол:
    Женски
    Верувај дека на крај ти ќе го извлечеш подебелиот крај ако кажеш на некоја дека маж и ти се пуштал. Па и другарка да ти е. Него ќе си го одбрани а тебе ќе те избрише од живите, за жал.
     
    На Nate- princeza, Purplelilac, НаталиЛили и 8 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.150
    Пол:
    Женски
    [QUOTE="Mantub, post: 4702795, member] Од друга страна зошто да очекуваш од некоја која не те познава да се грижи за твоите чувства кога маж ти не се грижи. Не знам што да кажам[/QUOTE]
    И со оваа реченица се објасни се. Не очекувајте женска солидарност. Мажот е оној кој ви се заколнал на љубов, вернпат итн. Секако тука не спаѓа доколку ја знаете таа другата од претходно ( другарка, сестра, братучетка..). Ама што има да ве жали вас и вашите деца некоја која не ве ни познава!! Дали е морално? Не. Дали е реално. Да!
     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.853
    Во љубовни врски, каде срцето игра, нема жал за никого, нема морал.
    Како се оженил , така и ќе се разведе:(, многу пати чуена реченица.
    Да не вадам примери кои секојдневно ги гледам, само можам да кажам-нико није сигуран:D
     
    На Nate- princeza, Milobebence, Stressed Out и 5 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Пак да повторам на темава (секој ден, по пет пати).
    Никогаш не велам сите, не е ни можно сите да сакаат ваков брачен однос.
    Ама :!: Се обидувам да им укажам, на оние кои изневеруваат, дека ако веќе не се способни да бидат моногамни, нека бидат искрени со своите партнери, дека се такви какви што се.. и да им дадат шанса, на нивните партнери, свесно и информирано, да одлучат дали сакаат да бидат во таков брак, или не.


    Ропство на нагоните би било, доколку постојано имаш потреба од секс (било каков.. и вагинален нека е).. тоа се вика нимфоманија и е патологија.
    Не можеш да речеш дека сите кои имаат секс надвор од бракот, се зависни од секс, па затоа изневеруваат.
    Посебно не, за мене. Пошто толку е ретко што сум сигурна дека ти далеку посилни симптоми на нимфоманија покажуваш, отколку јас.
    Ама нема да те анализирам, пошто, твоја работа си е.

    За тоа, зошто стапив во брак, одговорив пред неколку страници, и никој не ми го исферма постот, ама специјално за тебе, ќе ти го повторам уште еднаш:

    Зошто да не стапам во брак?
    Го сакам мажот ми.
    Онака, како што никој друг човек не сум го сакала.
    Ни партнер, ни мајка, ни татко, ни пријател/ка, ни роднина..
    Ме знае како дишам, пред него можам да бидам она што сум, и имам негова безрезеврна поддршка.
    Сакам да го поминам животот со него.
    Единствено со него посакав да имам дете, пошто сакав да имаме нешто 'заедничко'... дел од мене и од него, кое е 'цело'... пошто сме ние две половини од 'целото'.

    Да се откажам од тоа, само поради тоа што тебе мојот стил на живот не ти се допаѓа?
    Или било кому друг???
    Нели е себично од твоја страна?
     
    На тп18 и doubleg им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.552
    Допаѓања:
    251.789
    @WildMk не секој може да се носи со неверство. Не секој може да поднесе партнерот да му биде неверен.
    На некои подобро им е да се лажат и така функционираат.
     
    На тп18, jasbi и LiliBoz им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    А уште подобро е, да се разведат... ако некој се чувствува повреден.
    Ако им е сеедно, тогаш, Амин.. нивна работа.
     
    На jasbi и melissa им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.157
    Допаѓања:
    88.546
    Пол:
    Женски
    Добро @WildMk повторно драма и објаснување за твојот брак.
    Доколку не веруваш во моногамност ни брак како институција и сметаш дека не треба да постои , лицемерие е да влезеш во таков брак,колку и да го сакаш маж ти.
    Или имаш принципи или немаш.
    Важно држиш филозофии за бракот.

    Второ,Ти сама објасни дека одиш со други мажи и сте во отворен брак поради нагоните.
    Ти си роб на твоите нагони, еднаш или сто пати,сеедно.
    Тие те контролираат тебе.
    Толку.
    Бидете здрави и живи така до 101 ама тоа е така.
    Овде не е тема отворен брак,
    туку е тема одење со оженети мажи.
     
    На cresa-jagoda, Lianna Anna, jasbi и 10 други им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.150
    Пол:
    Женски
    @Cosmi еве хипотетичка ситуација. Јас сум слободна. Не сум мажена. Во кафана забележувам згоден маж, ми фаќа око, му приоѓам. Ни тргнува муабетот, се гледаме после тоа неколку пати, завршуваме во кревет.. он нема бурма. Одеднаш после 10 тиот дejт и 5 тиот секс ми признава дека е женет. Кој е тука крив? Јас, што сум немала појма дека е женет, или он кој знаел дека дома има жена ама сепак го прифатил моето додворување, и сме завршиле и во кревет. И јас сега нит ја знам нит ја познавам жена му. А замисли да сум таква што нема да ми е гајле дали сум втора.. кој е крив овде? Јас или тој?
     
    Последна измена: 2 декември 2019
    На Nate- princeza, ane.bella, Stressed Out и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.124
    Како тоа 5 пати секс со човек од кој немаш извод од матична книга?:o Во извод фино пишува, женет, ваков, таков... Не постар од 6 месеци:!:
    :tmi:
    #сарказам
    Ти има поента муабетот.
     
    Последна измена: 2 декември 2019
    На Herrera, m.i.g, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.150
    Пол:
    Женски
    Е ете верувам на збор дека не е женет.
     
    На тп18 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Всушност прашањето е - Дали ако одма ти кажел дека е женет би се повлекла или ќе продолжиш само зашто типот е убав и веројатно добар во кревет?
    Оти овде збориме за тие што знаат ама ич не ги боли.
     
    На Purplelilac, cresa-jagoda, wendy2 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.150
    Пол:
    Женски
    Јас лично ако ме прашуваш никогаш не би била свесно со женет. Зашто јас сум таква. Ама има и такви што не им е гајле. Си фураат напред. Ама пак.. мажот е тој што треба да рече, извини женет сум, не ме занимаш. И зашто упорно очекувате друга жена која нит ве знае нит ве познава, да ве жали и почитува, а сопствениот маж не ве цени и оди со друга жена. Затоа велам. Не се криви другите жени, мажите се криви за неверство кон законската жена и/или мајката на неговите деца.
     
    Последна измена: 2 декември 2019
    На Abeja, Stressed Out, wendy2 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Па тоа е веќе нејзин проблем, а не мој. Јас ќе си ја извршам моралната одговорност, а нејзино е како ќе одлучи да постапи.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.157
    Допаѓања:
    88.546
    Пол:
    Женски
    Нормално дека е тој виновен.
    Тој е секогаш виновен,но доколку девојката знае дека е оженет и оди со него,тогаш секако има одговорност, ништо не ја амнестира,и таа е морална 0 исто како и тој.

    Има одговорност затоа што нејзиното свесно и намерно дружење со зафатен маж може да доведе до последици,неговите деца да добијат викенд татко.
    Ако не знае ,нема.
     
    Последна измена: 2 декември 2019
    На Nate- princeza, Purplelilac, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Не објаснувам за мојот брак, туку за оние во кои има изневерување.
    Јас не знам како може до толку да не разбереш што пишувам..
    Сто пати објаснав.

    Чудна ми си... :?:
     
  17. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.841
    Допаѓања:
    81.073
    Тоа не е нејзино ГАЈЛЕ
     
    На Stressed Out, nena2010, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.073
    Допаѓања:
    225.484
    Пол:
    Женски
    Најчесто не е...
    Ама реално, лошо звучи нели?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.841
    Допаѓања:
    81.073
    Апсолутно
    Не има секакви,факт кој треба да го прифатиме
     
    На JuLleE, WildMk и LiliBoz им се допаѓа ова.
  20. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Прашав нешто ама добив одговор во лп ... се извинувам што влетав и ви благодарам....:hai:
     
    На LiliBoz, WildMk и Ordinary им се допаѓа ова.