Не. Не е исто. Убиството може да биде непланско и во афект ( стотинки се во прашање). За неверство треба подговотвка. Ниедна не му седнала на к.. на некој заспан со ерекција, па било несекајќи. Освен нели во брачниот кревет пред будење на мажот За неверство и афера добро се планира и добро треба да се потрудиш, прво за да стигнеш до таа цел, па после да прекриваш траги. Изневерувачите ова добро го знаат. Ако ништо повќе бар треба два-три реда муабет и договор. Дома ниедна швалерка не дошла, да силува нечив сопруг. Не е битно, ако таа никого не изневерува. Може тоа и е фетиш. Крив е изневерувачот. Жени сфатете дека колку и да напаѓате друга жена, криви се само тие што ве венчале. И предходно пишав, еве и да не се работи за афера која трае неколку месеци и да не постои ниедна љубовница на светов, мажот ако е неверен ќе оди со проститутка кај МТВ и за 300-500 ден ќе си оствари фантазија. Ефтино е. И тоа не еднаш, не два пати, туку може и сите тие проститутки да ги помине по неколку пати. Таа да не го навела тебе да те вара ( хипотетички прашувам)? Не. Секако дека не. Тој сака, тој отишол, тој платил, тој плеснал и тој дома можеби со болест се вратил. Многу студенти и средношколци ја изгубиле невиниста со тие позади МТВ. Пред некое време читав на кајгана дека си има редовни членови што после работа си навраќаат тамо. Не биле тие способни да одржуваат парелална врска и да се кријат. Ова било најлесно. А во брак се. Читнете ќе видите. До мажите е. Чабе овде жениве се препукуваат, да докажат нешто што на мажите баш им е гајле. Ама најсериозни. Швалерките не се за жалење ако си уживаат. Зошто да ги жалам? Не изгледат пониско од жена која трпи неверство. Демек помалку вредни се како личности, од изневерувачот, изневерената или помалку вредат од политичар или лопов или било кој градоначалник? Нивни живот, нивно тело, со кого сака со него ќе биде. Така да дали некоја била швалерка или жена што трпи 8 год неверство, мене ми е сеедно. Ни една осудувам, ни друга. Секој си знае за себе што е најдобро. Не ми се одвратни швалерките, туку изневерувачите. Се почесто гледам случаи каде аферата трае со месеци па и години и на крај таа која трпела неверство е оставена, а тој се венчал со љубовницата. Не се тешете дека се враќаат кај жените. Остануваат во брак, само тие финансиски нестабилните и со заеднички имот кои се заглавени до гуша. Не дека си ги сакаат жените. Моралот е друга приказна и на секоја точка од зејава е различен. Е сега не знам која погоре имаше пишано дека требало да им биде жал за жените дома и требало да се каже. Не. Не треба. Прво затоа што секогаш тој што кажува е крив и омразен. Второ затоа што жената потсвесно знае кога е изневерена, ама свесно одбива дека е вистина. Трето не треба ниедна жена да се жали, како што не треба ниедна швалерка да се жали. И двете патат за еден недозреан и кукавица. За жалење се жени кои изгубиле дете, а не маж- манипулатор. И уште ова не ви го разбирам. Како тоа на љубовницата да и биде жал за жената? Па зар кога барате работно место, гледате прво за вас или ја жалите некоја која е во полоша финансиска состојба. Ако конкурирате две-ти за едно работно место, секако секоја се бори да го добие, па макар тоа место веќе било зафатено. Дали кога купувате леб, го бирате подобриот? Зошто подобриот леб не го оставите на муштеријата после вас? Дали сакате вашето дете да добие стипендија? Зошто не ја отстапите стипендијата на друго дете, од жал? Зошто да жалам жена која мажот не ја почитува, па макар била и моја сестра? Не е за жалење, таа го избрала, таа може да го отфрли. Не. Секој прво си гледа за себе. Посебно заљубените. Уште еднаш ќе кажам иако ги напаѓате љубовниците, само си ја празните душата и се обидувате да си ја намалите болката и стравот од тоа да не ве снајде исто. И најдобриот маж да го земете, не ви е гаранција дека нема да ве изневери и никој друг нема да биде крив освен самиот тој. Колку и да сте гласни против швалерките, изневерувањето од мажот може да се случи, па макар и со проститутка. Ова што ептен ги напаѓате љубовниците е потсвесно страв за вашата иднина. Скоро и да нема млада жена, посебно кога слуша за вакви теми, која не се запрашала како ќе изгледа на 40, 50 год и дали ќе биде привлечна за мажот и започнува да ги “ мрзи“ помладите и поубавите, па колку и да се убедувате дека не е така. Тоа е реалноста. Ќе остареме, ќе овенеме и ниедна помлада нема да ни е виновна за тоа. Скоро и да нема маж кој би простил неверство, а многу жени го простуваат. Се изначитав примери на форумов, а се изнагледав и во реалноста. Жени. Балканки. Потчинети. Научени друг да е виновен, а тие вечни жртви. На жената крива и е љубовницата што го завела мажот, а на љубовницата и е крива вештерката дома што го држи поради децата. Пејко нека рока на две- три страни. До менталитетот е, не е до моралот кој упорно се споменува.
Потполно се согласувам со тебе за овој пост . Само ќе додадам : Доколку жената го изневери мажот , таа е виновна . НЕ оној со кој изневерува . Појдете од себе си . Ако јас не сакам да изневерувам , и Вилијам Леви да ми се пушта , нема да ме натера да изневерам . Така е и со мажите . Ако ТОЈ НЕ САКА , ни Меган Фокс нема да го натера на неверство .
Абе ако тој што ви е маж не сака да ве изневери тогаш нема да го направи тоа.Кој и да го заведувал ма што и да биде пак нема да го направи.И таа швалерка која не ве ни знае на која не и сте ич битни не е крива што немате верен маж.Да можеби не е убаво да се мешаш таму каде што не ти е местото.Еве лично за мене ќе кажам никогаш не би го направила тоа.Ми пишуваа многу мажи и гледам слика со жена или девојка и право од магаре понадолу го правам.Ама сепак не ги осудувам тие што би ја избрале таа авантура.Единствениот виновник е човекот кој требал да ве сака но очигледно не ве сакал.А не некоја која не ве знае.И не знам зошто ова вие толку чудно кога ние луѓето сме лоши.Значи на нас не ни е гајле за чувствата на другите.Ние убиваме,силуваме,се уништуваме а ова?Ова не е ништо во споредба со злобата на луѓето.Не сакам да кажам во смисла дека тие швалери/ки се многу лоши туку дела кај многу од нас нема чувство за другите луѓе.За тоа дали некој ќе биде повреден.
Е па ај тогаш ние слободните, да се помириме дека нема да имаме никој во животот зашто тој што ќе ни фти око е можеби женет. Господе боже. Ова е она кога многу жени после влегување во сериозна врска или брак се плашат од своите сингл пријателки и ги одбегнуваат да им идат дома. зашто не дај боже да не го маѓепсаат мажот им. Чувајте си ги мажињата колку сакате во стаклен балон. Ако решил да ве вара ќе ве вара.
Тоа е тоа што е поената на се. Ако е ,,таков,, и принцеза да си, пак ќе те вара и тоа можеби со некоја која не ти е ни ди колена. Некои мажи едноставно со такви излети си го хранат егото, дека ете, уште вредат и се шармантни.
Ама сето тоа стои и е во ред. Секако дека одговорноста во бракот е најголема кај брачните другари. Во случајот ако мажот изневерил, тој е најмногу виновен за распаѓањето на неговиот брак. Но, ако љубовницата ЗНАЕЛА дека мажот е во брак и свесно се залетала во таа љубовна игра и самата таа треба да сноси одговорност. Каква одговорност? Прво пред самата себе, зошто прифатила, зошто е толку површна, нечовечна и неемпатична. А тоа дали жената ќе ја обвинува и напаѓа љубовницата е само нејзина работа. Не може да знаеш дали и како ќе изреагира некоја личност во даден момент и дадена ситуација. Всушност мислам дека цело време погрешно се разбираме. Целата фама не настана заради тоа кој е виновен, туку заради тоа што некои поединци, го прикажуваат изневерувањето како нешто што е многу нормално. Наметнуваат свои мислења и ставови, откриваат детаљи од својот жовот, зборуваат за себе и свои искуства и очекуваат дека некој ќе ги тапша по рамо и ќе му вика браво.
И најубава биди, џабе е. Знам примери каде што жените се поубави, и обратно каде што швалерките се поубави. Правила нема. Тој што решил да вара, ќе вара. Кои сме ние да осудуваме? Кога читам некои мислење, како да се читам себе пред неколку години. Ме мрзи да барам стари мислења, да видете како животот знае да ве промени. Се доаѓа во животот, треба да знаете да се носите со се. И тоа се учи. И најбитно е да си гледаш само за себе и сопственото дете. Оти друга нема да ви мисли.
Отворете една тема -Знаци дека ве изневерува. Искуства од изневерени, како приметиле, како дознале, однесување на партнерот пред и после, ако веќе има толку што изневеруваат а ние на форумот сите со перфектни бракови, може треба да ни се отворат очи малку
@WildMk затоа што ужива на сексот треба да и дадеме право ? нека ни ги земе мажите на сите ? Нека си напрае чејф ?? Аман бе има и други не женети за секс па нека ужива а не да земе туѓа среќа ?
Ама кој ти го земал мажот ? Малоумен е тој па да го зема и враќа некоја ? Зошто волкава инфериорност ! Ако ти мажот швалерски тип, секогаш ќе се наоѓа некоја жена, неможеш ти против светот да се свртиш.
Извини ама вие што негирате сумљиви ми сте па негирате Мажите не ни ги зема никој со сила ама машко ко машко ги знаеме сите барем колку се слаби на тоа затоа , нека не го мрдат опашчеетоо
Ако некогаш бидам изневерена не би ја обвинила швалерката. Мажот ќе е крив потполно. А со женет или човек во врска не би одела бидејќи се познавам себеси и знам дека нема мирно да спијам. Свесно не би навлегла во таква ,,врска", кога знам дека сум дел од нешто кое ќе предизвика болка кај друга жена/деца итн.
Која си ти (или јас, еве да се земам во примеров, за да не се навредиш), да диктира нечиј начин на живот ? Треба да давам на некоја изневерна жена извештај дали да мрдам или не со опашот? (значи НЕ одобрувам врски со оженети, сосема друга ми е поенатата на цел муабет)
Јас не би одела свесно со женет маж зашто сум пресебична за да делам некој свесно со друга. Ама па не можам да ги осудувам тие што одат со женети мажи, затоа што за танго се потребни двајца. А тоа машко ко машко не може да одбие ти е многу примитивно размислување. Исто ко да оправдаш некој дека силувал девојка зашто имала подлабоко деколте и сама си го барала.
Значи има правила, а таму каде што има правила има и нивно прекршување. Што значи има простор за неверство. Ако нашите мажи не лажат дека немале секс со друга жена, оние што се со договор „само секс со други за задоволување на нагон" може да лажат дека не им е некоја друга со која имаат секс позначајна од сопругата. И дека не е само сексуалниот нагон задоволен. Или ќе ја почитува твојата одлука дека баш со таа жена нема да има секс оти ти не дозволуваш. Упм, а баш си помислив дека имаш идеален концепт за скоро совршен однос помеѓу партнерите, без простор за негативни изненадувања и разочарувања.
@melissa што направи? Машко ко машко??? Епа ние жени ко жени , па им 'дозволуваме' да ни мрдаат Абре само врзување со ортома му е спасот