A, e ова е најглупото нешто закоравено на Балканот, ма општо на светов. Маж е, му се сакало, ајде нема врска, ќе му простиме, а жената да изневери, курва одма сите ќе ја викаат... А мажот фраериште, што да прави кутриот, потреба било. Абе ајдееееее. Ако некој нејќе да изневери, нема да изневери, така да ова е најбедното оправдување што жените си го измислиле зошто мажите ги изневериле. Да веруваш у ова е исто ко да го видиш мажот со друга у хотелска соба и да ти рече “ќе ти објаснам, не е така ко што изгледа“. Е, што не е така, гинеколошки преглед да не и правеше у хотелот. Не се правете будали при памет и слепи при очи. Ни маж, ни жена ако нејќат да изневерат, нема да изневерат. И тоа е факт.
И само зошто мажите се слаби идиоти, без грам морал и почит кон својот партнер кој тврдат дека го сакаат, а успат испаѓаат и лажговци пошто ја изневеруваат љубовта која велат дека ја имаат, треба да им простиме и да ја обвиниме швалерката? Дај ти се молам.
Ме нервира темава, не можам да читам вакви невистини. А и барем од темава може да видиме дека ние младите не веруваме веќе дека жените им мрдаат со опавчињата и кутрите дечковци/мажи ни криви ни должни ни ги земаат. Бар позитивно е што има прогресија во нашиов менталитет и за некоја година надежно дека ниедна жена нема да си го брани мажот и да трпи неверство, зошто гледам "постариве" генерации уште се водат по филозофијата машко е, ништо страшно.
Ushte eden dokaz kolku mladite clenovi se degradirani poradi vozrasta. Milo mi e sho najgolemiot del od mladite ne trpat neverstva I slicni gluposti, do koi postarite generacii seushte se drzat za zal. Pred temata ne pishi slogan "zabraneto za mladi, nevencani" nz sho. Sekoj ima pravo da se izjasni pa kolku saka neka e. Bog da cuva.
Алоуууу мислата ми беше дека не треба ни еден ни друг да изневерувааа не дека оправдувам еден или друг уопште нетреба тоа незнам како сфативте а ја пишав за она што прашала мелиса ли се викаше греота е да расипеш нечиј брак , не знам доволно македонски па да пишам дупло мислење за подобро да ме сфатите
А поентата на нашите мислења, барем моето во најмала рака, е дека мажите не се малоумни. Пошто само тие, заедно со својот партнер, можат да направат или да расипат брак. Никој од надвор. Ако некој „мрдни со опашот“, мажот не е мачка да се втрча да поигра. Ете и ти грешно да не ме разбериш, ова е од ретките работи каде стојам скроз на то дека неверството е лошо, и да швалерката не е невина, ама тој кој го растура бракот е партнерот кој изневерува и апсолутно никој друг.
Фала богу немам смотан маж тоа што давам пример не значи дека маж ми е смотан до сега не ми се десело такво нешто
Блазе си му на маж ти со тебе, кога ќе си најде швалерка гледај речи му која ти е таа ороспијата што те завела, ти си толку невин и добар и сакаш да им угодиш на сите
Гледано од аспект на маж, сопруг и татко сметам дека неможеш да ја обиниш третата личност во случајов швалерка или каков и да има друг термин. Никогаш таа нема да ја знае вистината зошто Тој влегува во врска со неа. Можеби не ни знае дека е во брак, можеби добива информација дека бракот му се распаѓа, можебии стварно добила љубов ии внимание како што претходно не добила внимание од друг маж. Пак ќе речам таа никогаш нема да ја дознае вистината, а веројатно и сопругата нема да ја дознае вистината зошто и како се дошло до таква ситуација. Треба да се разграничат многу работи, не е се црно и бело па да се избере страна. Можеби брачните другари имаат отворен брак, можеби љубовта им останала некаде во минатото па бракот им е чисто од финансиски аспект или од заедничка љубов кон децата. Јас растев во средина во која мајка ми е дипломиран правник татко ми средно уметничко. Никогаш во мојот живот не видов љубов помеѓу нив двајца, никогаш не видов бакнеж или барем гушка некоја. И денес на стари години така си живеат, секој во својата соба заедно се само во терпезарија за ручек. но секогаш ја гледав почитта еден кон друг што ја имаат и никогаш не дознав за неверство од било чија страна. Чудни луѓе
Косми, пак зборуваме дека жена што има морал, емпатија и совест ретко ќе дозволи да се сплетка со зафатен маж. Не само маж во брак, туку и во врска. И кон таквите немам некоја симпатија. Ама се е тоа одговорност кон сама себе. Единствено што може да и се случи "лошо" на швалерка после една ваква авантура е да биде истепана или убиена што е најниско нешто што жена може да го направи, така? Освен ако не е мажена, па мажот да ја остави кога ќе дознае. Но одговорноста што ќе ја сноси мажот што изневерува не е ништо во однос на таа што ќе биде вмешана во неверството. @ocicka2014 кажа ќе ја покажувале со прст. Знаеме сите дека и да се фати некоја со маж од друга вера ќе ја покажуваат со прст. Па дури и да биде швалерка без да знае дека мажот е во брак, пак ќе биде покажувана и оговарана. Тоа што сите го барате од швалерките е невозможно. Да дојде швалерка да каже извини на изневерената нема да има никакво значење, а маж да и се извини тоа извини до некаде може да биде и искрено.
Како баба ми да пишувала на форумот преку твоето мислење. Со прст ќе ја покажувале , бла бла Кажи ми во арапските фамилии каде мажот има 4 жени, која од тие 4 жени ја покажуваат со прст и која е уствари швалерка ? Прашувам за другарка Оти нели така сте учени дека за еден маж му следува една жена и ќе се сакаат до крајот на животот и сите тие лаги. Секој втор што го познавам си има швалер / швалерка и така си тераат во животот, почнувајќи од најблиската фамилија Затоа сум јас со став за отворен брак, знам дека е друга тема, но тие вашите приказни за среќен брак само со 1 маж кажувајте ги во 16 век. И доста се правете светици , бидете искрени барем еднаш во животот. Ама не ,,, бракот ви цвета, аууу пеперутки Не ве можам , жими мене , како така си живеете во лаги цел живот , јас не би можела така, играм искрено , со отворени карти па другата страна сам да одлучи дали ќе ме прифати таква или не.