1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. sadbaby

    sadbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    12
    го окривувам и јас за се што направил се му имам во лице плеснато. на 25 и пол години се оженил сега има 29 и веќе позрело размислува. не е зависен од родителите, напротив сам си брка работа си ваѓа пари, независен е. јас донекаде сум крива, ама ми е жал и за жена му при маж , маж нема видено му викам и него греота е и таа барем оставија нека си го бара патот и таа, не знам зошто го трпи уште а свесна е дека има друга, еднаш ми се јави не знам како , одма тој ја смири ситуацијата, се плаши да не му се урне ,,името,, него и на неговите родители со етикетата разведен. Глупости 21 век сме. јас испаднав поголем маж од него и кажав и на мајками и на сите без ни малку срам. Сакам да го оставам, да му раскинам бидејќи во 4 години можеше да се остави не знам што уште чека. дури до сиазепам стасав едно време
    неможам без него, а ни со него
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^
    Секој може без секого.
    А ова знаеш до кога ќе трае? - Дури не се решиш да ја прекиниш целава работа. Е до тогаш.

    И ова не важи само за тебе, туку за сите девојки кои се плеткаат со женети мажи: како можете да верувате на добропознатата и веќе излитена фраза Почекај уште малце.? Како?
     
    На Annath и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Јас само уште ова ќе ти го кажам. Си почнала и со диазепами...Ти ќе си го уништиш здравјето вака ако продолжиш, и извини ама јас мислам дека овој и двете ве мафта, ако не постои настрана и некоја трета или четврта. Велиш дека нема добар однос со жена му, како си толку сигурна во тоа? Па јас мислам дека ниту една жена не би толерирала да биде со години под ист покрив со човек кој има друга само заради детето што го имаат. Од каде знаеш што тој и зборува на жена му? Освен тоа тој не бил дете кое мора да зависи од родителите кога се оженил, имал 25 години, тоа е добро-оформен и маж, не многу поразличен од сега кога има 29, и според мене пак размислува незрело кога велиш дека се плашел да се разведе само за да не ги изнервира родителите. Ти зборувал дека не може да се разведе заради репутацијата? Па не е тој принцот Вилијам богати за репутација да чува, а разводи има дури и таму, во кралските семејства. Rазводот не е ништо срамно така што тоа не му држи баш. Прво мислев дека се работи за некое дете, кое забременило девојка на 18-19 години, па го натерале сосила да се жени, но 29 годишен? Мислам дека овој и не е баш искрен. Тргни се од него дури е време. Пред да те упропасти и тебе како што ја упропастил и жена му, си направила грешка кога си се сплеткала со него, уште поголема што си останала со него а гледаш тој дека не се разведува. Вака излегува дека ти си пооштетена и од жена му, а и уште пооштетена и ќе бидеш ако се продолжи ова..
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    sadbaby разбирам дека го сакаш, дека и ти било тешко без него ама размисли убаво! Дали вреди тој за да си ги уништиш младоста и животот? Добро знаеш дека вашата врска тешко би била прифатена, ќе бидеш осудувана. Зарем го сакаш тоа наместо да си уживаш во најубавите години?
    Тој не е искрен со тебе, да те сакал до толку до сега ќе ја оставел жена му, а не ти да го чекаш. Биди разумна и прекини со него додека е време, и сама ќе сфатиш дека тоа ти е најдоброто решение. Си мислиш дека неможеш без него, ама без секого се може... Не е единствен.
     
    На sadbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sadbaby

    sadbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    12
    пробав, раскинавме 2 , 3 дена не се слушавме и не оди. ке поминуваше намерно пред домот за да ме види дали сум дома, шо правам и пак ке се чуевме или видевме. не знам зошто мислам дека не можи да се стави крај, или можеби не сум доволно силна. Слаба сум пред него
     
  6. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Си се сплеткала со женет маж,со дете,што е неморално неморално е,свесна си за тоа океј.Од друга страна што е со твојата личност?Зарем типот не ги премина сите твој граници со тоа што те остави да чекаш 4 години?Зарем не ти ја погази тотално гордоста?Ќе чекаш уште како некоја будаличка за забава а тој ќе работи за друга и за детето?Воздрасна си,силна,независна жена мислам дека е време да направиш некој чекор по овие години,го сакаш,неможиш без него епа тогаш борисе.Соочисе со сите и застани цврсто пред вистината колку и да е сурово и тешко ке се исплати понатаму повеќе одколку уште толку да чекаш.Ова ти го зборам лично за тебе и за твое добро не земајќи ја во предвид болката на другите.Па на него ќе биди која да ја одбери и што да одлучи.Зарем нема да го направиш ова крајно време е навистина.
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sadbaby

    sadbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    12
    го правам веке неколку месеци уназад, му реков бирај, ќе се оставаш или не, јас веќе немам време за чекање имам 23 сакам стабилна врска да имам. тој вика чекај, не е лесно да се разведам, ми треба време???? кое време бре еј, 4 год. го чекам, што се немам претрпено заради него и он уште и време ми бара!!! самата на себе си се лутам. Уште еднаш фино лепо ќе го прашам ако добиам ист одговор ,,чекај,, само ќе си заминам и крај, макар ако треба и да цркнаммммм
     
    На Dr.Zzz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Ама не стварно чекај па ти не си играчка бе жено 4 години да си игра со тебе,да те користи,а ти да си чекаш само и на крајот да си заминиш и толку,а тие години,изгубеното време тебе кој ќе ти ги врати?греота жената,греота детето,а ти ако уништувај се.Не ми беше мене советот да го оставиш ако не сака да се разведе или ако несака да бира,приморај го на тоа(ако ме сваќаш што сакам да ти кажам).На типот му треба една добра лекција,во случајот сте сите жртви на една манипулативна лага.Ќе те замени,ќе си најде нова со која ќе го поминува времето,а ти ќе патиш.Тоа го сакаш?
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sadbaby

    sadbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    12
    ќе го приморам да бира, последен пат го барам тоа од него. тие 4 години мои најубави што му ги подарив него, и што ,,бев,, со него, еден ден ќе ги плачам. ќе ги барам, и сите тие приилики што сум ги испуштила, знам , осеќам дека нема да добијам одговор каков што сакам, нема да остани со мене, бидејќи жена му само молчи, тој дома не се прибира она молчи а да би бил со мене знае дека нема лабаво, нема да биде така. можеби и од тоа се плаши , ама за тоа воопшто не ми е грижа сега мислам само на себе, и како да се извлечам од оваа каша, и да се реши работава еднаш за секогаш
     
  10. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    извини sadbaby ама јас ужасно ги мразам жените како тебе , не те познавам- знам , може и си добра личност , но искрено не сакам ни да знам, знам само дека човек што е способен на едно невино дете да му ги одземе родителите покрај кои треба да расте -не е човек.
    мој совет ти е овој...човекот кој при дете свесно вара и при тоа сака да се разведе од женаму , 100% ке се разведе и од тебе ,.. тој не е лудо зајубен во тебе , тој е зајубен во помислата да има две жени покрај себе...кога ке биде само со тебе после првата година ке му здосадиш и ке си најде друга иста како тебе а ти ке бидеш на иста позиција како сегашната жена
    криво дрво не се прави
     
    На Temperance, Dagi, slim и 2 други им се допаѓа ова.
  11. sadbaby

    sadbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    12
    kolovoz како започнав со него, да ти раскажам нема да имаш такво лошо мислење за мене, ама мн е долга приказната, бидејќи сум добра личност, и + од тоа што го засакав многу сум останала со него со една ситна надеж на заеднички живот заедно со тој што го сакам.
    Против детето немам ништо лошо, напротив деца сакам, се што е негово го сакам, така да и детето, макар што се си има свои граници, детето си има своја мајка, јас можам мајка само на моето дете да му бидам, многу нормално.
    ,,....кога ке биде само со тебе после првата година ке му здосадиш и ке си најде друга иста како тебе а ти ке бидеш на иста позиција како сегашната жена
    криво дрво не се прави...,,
    свесна сум и за ова, затоа сум решена конечно се да расчистиме, доколку не се разведи, да се тргнам од него, најмогу поради ова што го кажа.
    поздрав....
     
  12. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Неможам да замислам тебе колку тие тешко и криво.Ама и детето не е добро да расте покрај таков човек.Колоз кој родители му ги одзема садбејби?Тој не наликува воопшто на родител кажа дека дома не е прибран,така му одмогнува на детето.Размислувај со ладна глава,соочисе,напрај да плати за се што ти направи не само да си замини и да најди друга замена за тебе.
     
    На tessie и Kristinna92 им се допаѓа ова.
  13. sadbaby

    sadbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    12
    како да направам да ми плати? и јас сакам тој да направам да пати ама како кога не ми дава душава. ??? јас не му го одземам како родител тој сам е доволно свесен, јас дури и го имам терано да врви повеќе време со детето бидејќи и по 2 дена некогаш не го гледал
     
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ај да се убацам во муабетов.

    Било што било, му дадов- ми даде, му земав -ми зема...доста со тоа.
    Девојче имаш 23 год. што се рачунаш демек престарена си, па веќе нема да го чекаш.

    Самата си свесна дека ако те сакал уште одамна ќе се развел од жена му...те мотка како сака 4 год. и ти уште чекаш. И немој многу да си умислуваш дека со тебе нема да било лабаво....не летај многу и не се преценувај, затоа што ако сакал да биде со тебе одамна ќе бил.

    Намерно ти кажувам за да се свестиш и да си најдеш некој дечко....значи дечко, а не нечиј татко и сопруг.
    Жал ми ако те навредив, ама девојко само играчка си му, не е озбилен и нема никогаш да биде.
    И да се ожени со тебе, тој што си е швалериште пак ќе се биде...само сега ти ќе бидеш првата, а не втората.

    Бај д веј...што да пати бре...што летате со паметот...нашол играчки и си игра, кој ти е крив...самата си најмногу крива.
     
    На srcekrsacka, amberr и Annath им се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    88.071
    Пол:
    Женски
    Девојки женет! Самиот збор значи дека припаѓа на друга, друга со него поминува празници, друга со него оди на одмор, друга е ПРВА. Друго е да е во фаза на разведување па ај сте почнале врска, знаете дека ќе се разведе, па има шанси за вас. А не да ве мотаат 2,3,4 години дека не можат да се разведат, па сега не е вистинското време. Плус девојкава погоре на 19 години почнала со женет, ја мајката јас на 19 гледав да се забавувам,а не некој да чекам да се скрие од жената и да дојде да ме погали, помази, а пред тоа се љубел со неа. И тоа знаеш дека доаѓа од кај неа, па колку тој сакал нека збори дека не ја сака, не спие со неа итн.
    Имаш 23 години тргни се од него, размислувај за некој друг и за иднина со некој друг. Велиш имам 23 не можам да го чекам. Епа ако не ти е времето за чекање најди асален дечко и мисли за понатаму. А женетиот врати го кај што припаѓа- кај жена му.
     
    На tessie, H.VAGA, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Па тебе ти е многу полесно во целава ситуација и да кажеш и да направиш што сакаш,а тој има и жена и дете.Значи воопшто не си ти поголем маж!!!И не туку се глупирај со дијазепами ,јас не ни разбирам зошто ги пиеш ЗАТОА ШТО ТЕ ВАРА МАЖОТ ?
     
  17. sadbaby

    sadbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    12
    едно време го осќав како да треба само мој да е ме нервираше помислата дека си оди дома му, а дома му го чека жена, така да морав 2 пати да се напијам за да заспијам, иако ќе разговаравме на тел и откако ќе си одеше дома ,
     
  18. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    да ви цитирам нешто од девојчево
    -во таква ситуација сум што морам ако сакам да го задржам бебево, без да абортирам, морам да останам со друг (не со вистинскиот татко на детево бидејќи нема никогаш да го прифатат од многу причини ) , а со другиов можам да останам. Што мислите дали е возможно сево ова?
    ве молам за совет, се плашам да абортирам, спас ми е само тоа да го гледам детево со друг татко, не со вистинскиот знам дека звучи како шпанска серија, ама тоа е мојата приказна. Поздрав до сите!!!sadbaby
    напишано во темата дали да го родам и гледам со друг маж
    она е способна на се ...мрш на вакви жени...да да ги судам ... не дај боже да му се закачи некоа ваква на мојот иден маж...ке речам он е крив а она???
    Ова е за во темата што не прават добрите девојки
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    SADBABY значи самата си контрадикторна на себе. Ти ја жалиш жена му? Како бре девојче со тоа што се е*еш со маж и? Значи свесно си влегла во ситуација уште на самиот почеток, и те како си за осудување. И сега продаваш пиперки дека ти е жал за нејзе? Како ти е жал? Ти него на еден начин го присилуваш да бира. Ти или детето и жена му. Тој ако е самостоен, ќе се тргнел многу одамна зошто би го сакал тоа.
    Тоа што си го имала си го имала и ќе гледаш на убаво нешто, но дефинитвно треба да се тргнеш од него. Ако до толку му значиш тој ќе направи чекор. Уцената и принудата не е решение. Сепак разумот, не знам.. имам осетено на моја кожа додека се уште сум била со него не официјално разделена бил со други, и чуството е бедно, тој е повеќе беден отколку јас... ама очајно е ова ти што го правиш 4 години. Извини најмногу што мразам да сожалувам, ама јас тебе те сожалувам.. Оди искачај барај мажи кај што треба, не по туѓи кревети..
     
  20. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    да но да потсетам дека ова е нејзина верзија каква е вистината???...


    а и фала на расказот sadbaby тоа кажувај го на твоите родители...не мене ...таму можеш да се правдаш...мене отчет не ми треба ....а ако сакаш да те сватам или оправдам верувај ни за 1 000 000 години тоа нема да се случи ...таков е мојот став за овие работи
    не прави нешто некому што не сакаш да ти го прават
     
    На slim му/ѝ се допаѓа ова.