1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.350
    Допаѓања:
    200.685
    Пол:
    Женски
    Mnogu mi se dopaga, no ozenet e......

    Ако навистина сакаш, ти можеш да прекинеш со тоа. Можеш да му кажеш јасно и гласно дека сакаш односите да ви се чисто професионални, без посебни дружења и лигавења. Не велам дека колегите не треба да се дружат, ама кога постои опасност да се случи нешто повеќе меѓу вас, тогаш убаво е да се биде на дистанца. Никој не може со сила да те натера да направиш нешто, така ни тој. Мислам дека ти не сакаш да бидеш на дистанца со него, дека всушност ти годи неговото внимание и закачки. Кај него, ако е женет, не знам која е причината што го прави тоа, можеби навистина, како што вели Славица, има мала криза во бракот, па затоа флертува со тебе.
    Во повеќето фирми врските меѓу колегите се забранети. Има логика во тоа, па сега ти размисли зошто и како - не знам каква ти е работата, дали ја сакаш, дали планираш подолг период да останеш во таа фирма - треба убаво да размислиш што добиваш, а што губиш со тоа што нема да се дистанцираш од него, но и кои се последиците од тоа, не само во фирмата, туку и во приватниот живот.
     
    На slavica999 и Mrs.Bass им се допаѓа ова.
  2. LakeGirl

    LakeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    44
    Колегата твој бара такви како тебе за да си го ЗАДРЖИ бракот, а не да го напушти. Очигледно е дека нешто не му штима во бракот, и според неговата математика, ако најде љубовница, тој мисли дека полесно ќе ги надминува кризите во бракот, односно бракот ќе му стане полесно поднослив. Не за џабе нашиот народ кажал - Добрата швалерка, го чува бракот. :D

    Притоа, последно нешто за што тој размислува е напуштање на сопругата - односно, абер нема за такво нешто.

    Е сега, на тебе останува што ќе одлучиш. Ако се нафатиш на афера на работно место, да знаеш дека таквите афери се најтешки за прекинување, па макар и двајцата да сакаат да стават крај на аферата. Луѓе заглавуваат во такви афери и по 20 години. И Гугл ќе ти го каже истото...

    Со среќа!
     
    На Angel.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Мој совет, како сакаш сфати ме: Немој ни случајно да си бараш проблеми додека се` уште ги немаш. Тешко е да се заборави, да, особено затоа што сте на исто работно место. Одбегнувај го на секој можен начин, а тој доколку толку не ти дозволува да го одбегнуваш, ако треба биди и дрска. Едноставно речи му дека погрешно мислење имал за тебе дека си некоја шо кокетира со женети и дека не си знаела и речи му дека на погрешно место се обраќа за таа работа. Ќе видиме после дали нема да ти дозволи да го одбегнуваш. Речи му го тоа, ако треба после цел ден исплачи се дома. Ќе ти биде тешко месец, два, ама ќе сфатиш еден ден дека тоа ти е најпаметниот избор кој си можела да го направиш.
    Среќно! :)
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Се согласувам со Теси! АКо дојде до некоја џиш ситуација, речи му: извини ако ти оставив таков впечаток, мислам дека најдобро ќе биде да се држиме секој на својата страна!
    Не комплицирај си го животот!....
     
  5. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Пред да направиш нешто размисли три пати,па направи го тоа. Типов само си бара некоја авантура која што ќе му помогне да се издува,ќе те легни два три пати и ќе ти кажи чао, извини имам жена и деца дома,ти знаеше за тоа,дури и крива ќе те најди на крајот. Е, па за да не биди така ти отвори ги картите пред негои кажи му а ти женет си а? Како се вика жена ти? Е, па тогаш ќе игра топката. Ќе видиш дали пак ќе се однесува исто или ќе олади. А за твоите чувства нон него? Ти се допаѓа,привлечен е,со ''добри'' манири кои што верувај дека се само маска и адут за да те придобие. Не мисли на него,туку на тоа како би се чувствувала ти кога твојот сопруг има индикации да те изневери со друга жена, значи стави се малце на нејзино место,па ќе видиш како ќе исчезнат тие чувства. Излези,забавувај се, ќе видиш само колку има single момчиња кои што заслужуваат твое внимание,а не тој човек.
     
  6. nicenicegirl

    nicenicegirl Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    BASH ME INTERESIRA SHTO NAPRAVI SADGIRL SO ZENETIOT SO DETE STO ODEA 4 GODINI, DALI SEUSTE MU E IGRACKA ?
     
  7. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Сите што се залетани по оженети мажи нека ја слушнат песнава и спотот нека го гледаат. Многу е поучен. Му посакувам се најубаво советувам што побрзо да ги тргнат мислите и да си потиснат чувствата што ги имаат. Поздрав.

    http://www.youtube.com/watch?v=5VP3MFQi5LA
     
    На vw-girl, GordanaL, nicenicegirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Епа вака... како и сите други машки свињи ке напнуе со тоа дека ќе се разведе и сл.. ако сакаш да бидеш секогаш на 2 место тогаш ОК.Жена му тебе ќе те колне,сепак расипуваш семејство,а тоа e карактеристично за ороспија .. :)
     
  9. LadyyGaga

    LadyyGaga Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Ако бил тој маж нормален немало да ја изневерува сопругата!!! Значи ако не била една, друга, трета ке се јави пета како што спомнавте погоре ороспија!!! некој ке рече ако не му пружала жената доволно на мажот тогаш нормално дека ќе гледа по други! Па има бре луѓе примери каде најнормално функционира еден брак па мажот пак има швалерки на страна. И обратно исто е за жените, ке најдат некој маж мирен ко бубачка, све ќе им угодува и на крај пак ке легнат со некој друг!!!! Значи све зависи до карактерот на човек!!! Ако некој изневерува ке изневерува и да има и да нема проблеми со бракот, и ако не сум јас или ти ке биде некоја сосема трета!!! Затоа добро размислете пред да направите нешто, бидејќи да не се лажеме, маж е маж, ке има една друга пета и пак ке си остане со жената, а ако еднаш ти стават печат дека си девојка која одела со женет маж, отиде возот!!!
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    јас би сакла да ги прашам девојките што имаат врска со женет маж. Каква иднина ке имате со него?
    Јас лично никогаш ама никогаш не би можела да бидам со женет маж, да излегувам со него да имам односи и да знам дека ке одите дома ке си легне во кревет со женаму... бљакк..
     
    На Adelcheto му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zaljubenaa23

    zaljubenaa23 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Вака пред се сакам да не ме осудувате бидејќи премногу ме јаде совеста зошто сето ова ми се случува, и зошто се најдов токму баш јас во ваква ситуација а некој да ми беше кажал пред 3 год дека може ова да ми се случи би се слатко изнасмеала.
    Да почнам од почеток јас имам 23 год, а тој 32 год во врска сме ... ако може така да се каже веќе 2 ипол години. Го запознав на 21 год на моето прво работно место, тој многу ми помогна да се вклопам во работата и ми помагаше да се снајдам, бидејќи работевме по 12 саата заедно дневни па ноќни смени се зближивме. На почетокот бевме само другари заедно работевме заедно јадевме кафе пиевме се ама буквално се правевме заедно јас не знаев за неговата ситуација и поцнавме и после работно време да се видуваме, јас се повеќе и повеќе се зближував со него.
    Една вечер се шетавме така ама уште немавме ништо заедно и тој ми кажа дека сака да е искрен со мене дека бил оженет но дека се разделиле не живееле заедно но сешак уште не се разведени. Е тоа беше гром од ведро небо за мене, као не му е добра ситуацијата дома и дека има ќеркичка од 5 год.
    Се шокирав не знаев што да му кажам некое време се одалечивме после ова и незнам ама стварно незнам зошто на работа пак почнавме да се дружиме, јас цело време го гледав и се повеќе се заљубував во него. И така почна мојата мака. Тој навистина беше разделен со женаму не живееја заедно првата година ми беше прекрасна со него воопшто не ни размислував на тоа дека уште не е разведен 24 саата бевме заедно пред работа после работа и на работа.
    Се заљубив знам дека е моја грешка што прифатив таква врска но го сакам тој е се за мене мојата идеална половина или барем така мислам сега. И тој се уште ми вели дека ме сака дека неможе без мене не живеат заедно но се уште не се разведува. Имаме зборувано за тоа милион пати и ми вели дека сака дека сака со мене да си е, ми вели дека јас не сум крива што нивниот брак не успеал бидејќи тие биле разделени и пред јас да се појавам во неговиот живот, но јас чувствувам грижа на совест најмногу за неговата ќеркичка и се прашувам дали сум јас крива, можеби да сум се тргнала на страна уште на почетокот можеби тој ќе се смирел со жена му.
    Незнам веќе што да мислам а најголем проблем ми е што уште не се разведува не живеат заедно и пред јас да се појавам во неговиот живот 1 год а заедно сме 2 ипол год и тој уште не е разведен на документи , тој вели дека му е тешко због ќерка му и вели ти не ме разбираш, знам дека сум мала и да не разбирам како е тоа ама незнам што да правам ми вели дека ќе бидеме заедно да се стрпам уште малку време, а јас се плашам што ако се разведе, и што ако моите дома не ми дозволат да бидам во врска со разведен човек, што ако нашето не успее што ако и мене ме изневерува зар за ништо тоа дете да остане без татко.
    Го сакам знам дека го сакам не се двоумам во тоа ама многу сум збунета ме јаде совеста од друга страна секоја вечер се измачувам зошто ми се случи ова помогнете ми посоветувајте ме дали да продолжам, го чекам 2 години да се разведе уште колку да чекам. ;(
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Не знам што да ти кажам. Лесно е од страна да се делат совети да се кажува мислење ама да си на тоа место не е едноставно. Или да се тргнеш од него или пак да се бориш, нема врска што не е уште официјално разведен. Нивниот брак секако е пропаднат. И да се смират тоа ќе биде само поради ќеркичката. Ама тоа не е решение. И колку и да му зборуваш и да очекуваш да ја реши ситуацијата, тој не верувам тоа да го направи во блиска иднина. Ти останува да седнеш и сама да решиш, или да се дистанцираш, да се тргнеш од врската која ја имате и од него па дали тој тогаш ќе превземе нешто ... или да продолжиш така ... Сепак на крај колку и да те советуваме ти сама ќе одлучиш. И веројатно времето.
     
    На zaljubenaa23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Причината за тоа што не се развел на документ милион посто не е неговата ќерка, зошто да беше така тој немаше да живее одвоено од нив.
    А дали е така како што кажува, дали стварно живее сам??? Си била кај него дома???
    Можам само да кажам дека нешто многу гадно те вртка човекот, значи со глава гарантирам дека не ти ја кажува реалната причина. Што ако останеш бремена??? И тогаш ќе му биде жал за ќерка му?? А за тоа што ќе расте во тебе???
    Еден спогодбен развод(по претпоставка, зошто ете нели не живеат заедно) е 1200ден, значи финансии не е можно да се во прашање. Ќерка му секоја година расте, ќе почне свој живот, ќе се омажи, тој и така не е секој ден со неа, па што е проблемот што му е жал???? ПРиказни за мали деца, само незнам зошто му дозволуваш да ти ги раскажува и прикажува :^)
    Ако те сака и ако сака да е со тебе, нема да му биде ни малку проблем да појде и да однесе документи во суд. Толку, а ти ако си паметна почни да ги гледаш работите пореално . Поздрав и се надевам дека добро ќе испадне.

    п.с. нема зошто да се чувствуваш виновна што си почнала со него, ако тој веќе не живеел со жена му. Да си била со него, а да имале идеален брак тоа е друго, но вака.... нема причина, зошто и оние на кои не им успеал првиот брак заслужуваат да бидат среќни. Само некако ми мириса на друго работава кај типот.
     
    На thelittle17, fallenangel, sweet25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Браво лејди гага за мислењево :clap: ,да бидам искрена мое мислење ваквите мажи и жени што одат на страна со кој ќе стигнат не заслужуваат да имаат ниту љубов ниту семејство ,утре децата ќе пораснат ќе разберат што прават нивните родители и ќе ја изгубат сета почит што ја имаат кон нив и ќе се срамат од нив.
     
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    zaljubenaa23

    Да не повторувам што те советувале другите ќе бидам краток.

    Две години во врска некого да го „мрзи“ да поднесе документи за развод е чудно.

    Тебе изговори не те интересираат се живее од дела а не од ветувања и зборови.

    Што било било речи му да ти каже конкретен разумен рок во кој ќе се разведе (еден, два, три месеци) и ако го прекрши ќе знаеш кој треба да ти е следниот чекор.
     
  16. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Еве ја вака прво ке ти кажам тоа што ми текна доколку брачните другари фактички неживеат заедно една година брачната заедница престанува по сила на закон ,само треба да се донесе судска одлука .овоа не знам оти ти го кажав друг ми беше зборот . :$
    После две години ти се сети дека тој сеуште не е разведен ???мој совет тие провери си дечково да не те лаже ,повеќето женети тие лаги ги кажуваат,не се добри односите ,а остануваат со својата жена можно е да си продолжи да се гледа со тебе ,а да си има и семејство .Разбирам дека му е жал за керкичката ама треба навреме да си мисли на семејството па дури требало и да мисли и на тебе дека накрај ќе бидеш и ти повредена од целава приказна затоа што поминува време со тебе ,ти се заљубуваш во него и на крај може да те остави и да си остане со семејството ,ако дознаат твоите родители за оваа врска претпоставка нема да ја одобрат и ке си имаш проблем .Мој совет тие разговарај со него и кажи му дека доволно си чекала две години да се разведе,кажи му дека е време и неможеш повеќе да чекаш и да не знаеш на што си .Од неговиот одговор одлучи си дали ќе продолжиш со него ,мое мислење одговорот што ќе го добиеш нема да ти се допадне ,многу девојки кои се нашле во ваква врска настрадале ама настрадале и жени и деца на вакви мажи.
     
  17. zaljubenaa23

    zaljubenaa23 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Сигурна сум дека не живеаат заедно затоа што имам слобода да отидам кај него кога сакам и имам преспивано таму тоа знам дека не ме лаже само незнам зошто уште не ги поднесува документите за развод , а имам зборено за тоа и му имам кажано дека мора да се одлучи бидејќи вака се криеме малку луѓе што ни се блиски од моја и негова страна знаат дека сме заедно а пр други глумиме и мене ми е преку глава од тоа сакам нормална врска. Ме мачи тоа што и тој вели дека сака да е со мене сака сите да знаат дека сме заедно а неможе уште да го заврши тоа што го почнал.
    И јас мислам дека не е само за ќерка му, нормално ја сака и не сака таа да поминува низ тоа но како што кажа meU и сега ќерка му не е до него незнам до што е....
     
  18. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    172.925
    Се се тоа приказни за мали деца-не живееле заедно,му било жал за ќерката ,а ти младо и наивно си ги губиш најубавите години со лузер како него.
    Се запраша ли со што се занимава неговата сопруга?Знаеш ли колку жени има кои одат на привремена работа во странство?Еве ти причина за да ти каже дека не живеат заедно и да не ја сретнуваш кога одиш кај него дома(ако воопшто те носел во неговиот дом,а не во некој изнајмен стан кој го има за такви цели).
    Жал му е за ќерката,секако,негова крв и месо,додека е жив ќе му е жал за девојчето и нема тука ништо чудно и неочекувано.
    Не се разведувал -нема ниту да се разведе.Ниту еден маж не се разведува заради девојка која се впушта во врска со оженет човек.Дури,ама дури и ако се разведе од сопругата,секогаш ќе ти удира во нос(доколку те ожени)дека си се впуштала во врски со оженети и ќе мисли дека си спремна истото пак да го направиш со некој друг.
    Мој совет,откачи го,не си ја ставај својата иднина на коцка.Пушти го нека оди,ако е судено да бидете заедно,самиот ќе се разведе и повторно ќе те побара.Вака,не личи на ништо.Си прави бајрам на мозокот,интересно му е ,а ти......каде си ти во сето тоа?
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Штом сакаш нормална врска, што си се залетала да растураш едно семејство? Од тоа нормална врска никогаш нема да имаш. А од кај си сигурна дека тоа не му е само стан за прибирање на швалерки далеку од очите на жена му? Ај дете, не си веќе ни дете вакви глупости да правиш, бери памет, човекот има семејство, тргни се на страна, да не останеш повредена на крајот, пошо очигледно не ти е гајле дали некој друг ќе повредиш со ова шо го правиш. Е од такви мажи како “дечко ти“ ми доаѓа да предложам казна кастрирање на плоштад пред очи на сите. :@
     
    На Ella.313, thelittle17 и stetoskop им се допаѓа ова.
  20. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    172.925
    Теси ,се сеќаваш на она изрека од баба ми за која се крена толку врева од некои форумџики,она за кучето и опашката?На такво ми мириса и овде,си дозволуваат самите ,па после олеле,не ја остава жена му.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.