Значи Вие зафркавајтесе, ја Ви кажав дека на тој начин размислуваат мажите, па сега ако некој од тие женски му пружи прилика, мислите дека нема да ја искористи??? Се лажете, башка и жениве многу светици се прават, ама тоа е друга тема.
Шознам ние со дечко ми заедно женски гледаме. Ко ќе се веначме можда и заедно со истата женска ќе се изневеруваме. Којзнај.
Морав Ние релативно анонимни бевме, и во мк дури живеевме. Сега па, сигурно сме го обрале бостанот Во Скопје инаку, горе-долу пола милион луѓе живеат, далеку од тоа дека секој се знае со секого.
Точно е дека за мене си зборувам и за моето искуство што го имам од 12 години по судски ходници и над 200 разводи.
Ти ако си адвокат со тоа размислување дека порното се смета за неверство, тогаш тешко нас со такви адвокати како тебе.
Порно не е неверство ама се замислуваш со тој што го гледаш дека си таму. Тоа во мислите не е платонско неверство.
Секој има различно мислење и гледиште, така да не мора да ми реплицираш. Твоето искуство е поразлично тоа е тоа. Поздрав
Вистинa? Јaс пaк мислев декa кaј aдвoкaт oдaт зaдoвoлни брaчни пaртнери дa се пoфaлaт декa oк им oди.
Леле Диаманту значи вакви бисери одамна немам прочитано. Не само што си правник туку и психолог, бихејвиорален биолог и јасновидец. А жена ти/девојка ти што вели на овие факти? Бидејќи кај и да е, прашање на време и прилика е кога ќе ти се укаже прилика.
Јас па би ја частила швалерката пијачка ( па и више) ако му пружила некое феноменално сексуално искуство на муж ми кое ќе го памети цел живот..хепи мен, хепи уајф, хепи лајф...ма и хепи швалерка..
Во брак може да има многу причини за неверство. Мажот секогаш ќе рече дека жената е крива што ја изневерува, за жената ќе биде мажот крив и така... а вистината само Господ ја знае. Не оправдувам неверство и за мене секогаш ќе биде крив оној кој изневерува, но и швалер/ка или втора виолина или како сакате нарекувајте ги, имаат удел и вина во криминалот доколку свесно влегуваат во таква врска. За жал некогаш разводот не може да биде решение за несреќен брак. Сепак многу остануваат во брак со неверство поради други причини, а најголема улога имаат финансиите за жал. Затоа што знам случај каде што жената нема апсолутно никој од блиска фамилија, невработена, нема никакво наследство, две мали деца. Маж и (финансиски јак) ја малтретира психички, а сигурно и дигнал и рака на неа. Ја изневерува знае и самата, но ете нема на кого да се потпре. Да најде работа нема кој да и ги варди децата, маж и не и дозволува да ги носат во градинка (му одговара така) да седи дома затворена во 4 ѕида што се вели. Нема пријатели, нема никој... и ете мора да трпи. Жално е што ние луѓето гледаме само една страна и според тоа коментираме и донесуваме погрешни заклучоци, а понекогаш и навредуваме.