Ubavo sto ne ozboruvate,inaku dvajcata sme pravnici da,I sto se bitni godinite koga stanuva zbor za ljubov,I nezz zosto mislite deka sum lazen profil,samo si imav maka I sakav da ja spodelam so vas,a ne da bidam predmet na podsmevka.
Галиба, ја ќе да сум левел 1000000000000 посесивен ја жена ја краљица да будем карактер, што не сфаќам како девојчињава се нафаќаат. Не би можела: 1) Замисли, кога е со тебе, ако му се јави жената или децата, те заќуткува, а кога е дома, пак те заќуткува, ти вика не пишуј сеа децата ми го чачкаат телефонот. Ја би умрела, како психолошко силување. 2) Родендени, празници се фемили тајм. Ти иако не вложуваш нешто многу помалку од жена му, си исклучена, си играме дечко и девојка, ама не сме, тоа е илузија. Господ да чува да се заљубам у таков, како другарка ми, на инфузија заврши од маки, ќе ми отидеше на раце, никогаш нема да ја заборавам таа глетка, усни модри модри, ѝ се јавува да ѝ каже господинот дека жена му е по трет пат трудна и таа недела нема да се видат. Девојчево, наивно, без ниедна таква грешка претходно, леле кога помодре, кога почна да се бори за воздух, со три деца немало шанси да се разведе. Па носи ја во болница, па инфузии, па плачки. Ја ја упознав со најфиното мое другарче колку да ја оттргнам од него, еве ја сега си има близначиња. Нормално ги осудувам ваквите, ама девојчево на мравка не газеше, ќе види просјак на улица или бездомник парталав, десет минути плаче. На кучиња храна оставаше, донираше за болни дечиња, кога бев во тешко ми позајми поголема сума без А да рече, она ем се понуди. Нормално ѝ ги вратив, иако тие услови уопште не сакаше ни да ги дискутира. Ете таков човек. Ако не си покварена некоја што си ја знае работата, уствари е многу болно искуство. А некад чоек не ни знае колку не е ербап додека не заглави. Господ да чува од таква љубов
Istata sum I jas ko drugarka ti,mnogu osetliva,zatoa sega I tolku patam I jas zavrsiv vo bolnica isto od nervozi...
Епа оти така си прајш? Батали. Шо ќе ти е некој лажго... Знајш дека и да биде со тебе, и да те ожени, утре, тебе истото ќе ти го прави. Не си го фрлај здравјето за нечии каприци. Оженетите мажи, во 90% од случаите, само секс ги интересира. Ако не сте спремни да одделите секс од емоции (барем до некаде), ич не се впуштајте во авантури со нив. На крај, само ќе бидете повредени. Докажано, милиони и милиони пати до сега.. И сите го знаете тоа.
Тоа не е љубов,тоа е само секс,без никакви емоции.А не ми е јасно,место да си игра со дечињата тој се фура со другата.Тоа не е асален маж
По мое мислење е дека да не се сплеткате со женет човек бидејќи сами си правите да ви биди тежок животот и покрај се и ќе изгубите време. Тоа не е врска тоа е само авантура се додека ве искористи. Имат милиони момци што се слободни и што не е женет човек и на крај најдовте со женет човек и што очекувате од него? Да се разведе и да дојди со вас па тоа не е лесно, тоа е комплицирано девојки. Жално но реално! Друго, ако тој е заљубен во вас тогаш ќе ја остави жена му макар и да има дете а тоа веднаш ама НЕ, не ја остави туку вас ве искористи и ви го мати умот. Знам дека ви е тешко али сами сте криви и двајцата а се надевам дека ќе ви биде се јасно.
Јас сум била со женет маж неколку недели, се беше супер, уште дента кога ми кажа дека е вљубен во мене ми кажа дека е женет и да не се разочарувам, а јас тоа го знаев уште пред тој да ми каже ама не бев сигурна, почнавме, се беше јако и убаво ама кога осетив дека почнувам да се привикнувам на него и дека почнувам многу да го сакам, го прекинав тоа пошто нејќев да се лажам себе си дека ќе биде нешто посериозно со нас, иако тој ми ветуваше се...сепак сега сме добри другари идеме на кафе, журки ова она..
За жал повекето луге без разлика дали се мажи или жени го користат тој издувен вентил да изневеруваат кога немаат друг избор
Најдов многу убаво странско клипче, за жал не е јавна објава и не можам да споделам. Компилација седум лаги на мажи коишто изневеруваат: 1. Што вели: Во фаза на развод сум срце, мислам дека ти го имам кажано ова. Малку избрзавме со свадба. Кога оди дома: Со букет цвеќе на жена му ѝ вика: Нека ни е среќна третата годишнина љубов моја. Жената изненадена од фактот што се сеќава. 2. Што вели: Ништо не остана меѓу нас. Во различни кревети сме, ако веруваш како брат и сестра сме. Наредното утро, дома: Со нежности ја буди жена му у очекување на утрински секс, оваа изненадена му објаснува колку е изморена. 3. Што вели: Ја зедов од сожалување. Додуша жената е многу добра, ама жал ми беше дека нешто ќе си направи ако ја напуштам. Вечерта дома: Брачна расправија жената му вели дека ѝ е доста од расправии и дека ако не им оди поарно да се разведат и нека се заврши. Мажот експлодира во стил, што велиш какво разведување, јас што би правел без тебе... 4. Што вели: Ја терам работава ради децава. Да не беа тие, една минута не седам таму. Вечерта дома: Жената му се жали на мажот како не седнала минута поради детето. Овој ѝ предлага да направат уште едно. Она му вика, ако сакаш напрај си сам, мене едново доста и фазла ми е дури. 5. Што вели: За ништо не се интересира. Кошулите дури сам си ги пеглам, со рака не пофаќа ништо. Вечерта дома: Мулево гледа серија на лаптоп, грицка нешто и се напраил лом од трошки додека жената усисува. Она му вели: „Ај што ништо не пофаќаш, барем не ми растурај дополнително.“ 6. Што вели: Од секоја ситница кавга прави, дома спокој не остана. Наредниот ден дома: Мажов постојано се жали, како бе еднаш не е полн фрижидерот, белата кошула зошто ми ја нема, на жена му ѝ вели „Ама ајде побрзај, што е ова влечење кога се подготвуваш, доцниме“. Женава се чуди, му вели: „Ама што ти е тебе, ко дете почна од се да се жалиш, ај јас како тебе да почнам?“ 7. Што вели: Камо да се запознавме пред да се оженам. Тука во овој стадиум е толку пијан што не е свесен дека барот се затвора и ова му го вика на шанкерот уствари. Дома жена му го дочекува будна и го праи лом, му вели следен пат избери бар кадешто нема да те сликаат нешто во тој стил, срам да ти е, толкаво магаре, со деца со све.
Може и девојката бара само авантура. Прикаските дека мажите секогаш бараат само секс а жените седат дома и плачат за длабока врска се за мали деца.
Ууууу сурово дури Јас стојам на ставот дека мажите што имаат 'швалерки' повеќе си ги тинтрат жените од проста причина мислат така нема да се приметни, а баш напротив, ако маш се врати од искачанка со другари "посебно рссположен" и почне да ти угодува а претходно бил теле ....јасно е колку е саат ај да си чистам ај