1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Ќерка му е многу мала за да знае низ што поминува, а на крај краишта ако поминувала низ нешто тоа било кога се разделиле и од кога почнала да не го гледа секој ден. Период кога уште ништо не разбирала, а како расте така го прифаќа како нормално фактот што тато го гледа повремено. Значи не е ова шок за ќерка му, оти она нема 10-15години, па да разбира се.
    Второ мислам дека треба да му кажеш оти си млада и дека заслужуваш да имаш живот како и твоите врсници, ако те сака да знаеш дека ќе прифати и ќе сфати. Ако не, типот е себичен, дефинитивно. Објасни му и дека не сакаш брак сеуште, дека има време за тоа(евентуално ако му е страв па со тоа што не го официјализира разводот само се штити).
    Во секој случај нормален човек, кој те сака, почитува и цени, со задоволство ќе има нормална врска со тебе.
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Се обидов да бидам со шо помалку осудувачки тон, како што си замоли девојчето, ама стварно не знам што друго да пишам. А за приказните што и` ги кажувал, не еднаш-туку илјада и еднаш ги имам слушано, мислам причиве стварно добија статус на клише. Нему толку да му било лошо, досега одамна ќе бил разведен...штом досега тој не е разведен, браков и те како му одговара од некои свои причини...тој може татко на детето да биде и после развод ако веќе толку не му одговара жената.

    Лично познавам девојче на разведени родители. Таткото решил веќе да не се жени официјално, но си има пријателка со која се гледаат подолго време. Не живеат заедно со неа, буквално како дечко и девојка. Но и тој и мајката на девојчево со сите сили се трудат околу него и буквално (мајката ми кажуваше) за се`, било и` треба прибор за школо, нешто за облекување, или пари само прашува „дали треба нешто“. Избегнуваат средби мајката и таткото лично, но тој си се сретнува редовно со девојчето и се труди со сите сили што помалку да го почувствува неговото отсуство.

    ee мила, karma is a bitch, така викаат, па твое е да не ја предизвикуваш.
     
  3. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Мене искрено ми е малку чудно тоа, која е причината што не се разведуваат? Неможе да е ќерката затоа што баш на неа тој лист хартија не и значи ништо, тие како и да е живеат одделно ( ако тоа е вистина ) така да што има тоа врска со детето.
    Е сега, вака нас од страна ни е лесно да збориме, меѓутоа јас сепак мислам дека ти треба да направиш еден искрен разговор со него, па ти си ги губиш најубавите години. Кога треба да бидеш најсреќна, во нормална врска, со некој кој ќе биде само за тебе па за неколку години и ти да си створиш семејство а не вака да незнаеш на што си. Ова ми се типични изговори на оженет човек кој е во врска со помала девојка - ќе ја оставам, тебе те сакам верувај, се е само за детето ние не се гледаме итн. - абе ајде? Ги научивме веќе тие, барем нешто друго нека измислат. Крајно време е да си го заземеш твојот став и да кажеш дека ова вака не оди. Ако тие веќе живеат поделено нема што да биде жал за детенцето од твоја страна, ти секако не си виновна, но немој да дозволиш некој да си игра со тебе како сака. Прво нека си расчисти со жената па потоа се друго. Затоа што да, сакала ти или не таа уште му е жена, а ти си таа што се уништува себеси во најубавите години од животот.
     
  4. An.N

    An.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    14
    Врска со оженет човек - никогаш. Зар нема слободни момчиња? Каква иднина имаш со оженет човек? Се мешаш во неговото семејство, доколку се растури ти ќе бидеш онаа ороспијата не тој. И секако како и обично човекот си останува со жена му и дечињата ,а ти ќе бидеш онаа која оди со женети мажи. Доволно е само еднаш! (како што кажа некоја девојка во погорните постови) ;)
     
  5. Angel-Heart

    Angel-Heart Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    9
    Мене лично ми се случило да се смувам со женет човек.. ама само толку! Нажалост грешката беше што неможев да му оддолеам!! :@

    Но мој совет ти е да ја запреш аферата.. знам дека е тешко .. но стисни заби и направиго правилното!!
     
  6. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    не ти треба таков што изневерува штом жена му ја изневерува ако продолжиш со него може и тебе да те изневерува,еве стави се на местото на жена му,ти би сакала твојот маж да оде со други. немој да го правиш тоа што не би сакала тебе да ти го направат.
     
    На An.N му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DivineGoddess

    DivineGoddess Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    16
    Како срце јуначко да не пукне читајќи за ваков хиперсензибилен маж!? Ем, ги жали сопругата и сопствените деца ем, вас ем, родителите ем, сватовите....

    Ја разбирам јас вљубеноста, страста, слабоста, стравот, очајот, но не го разбирам свесното губење скапоцено време толку долго, од чудесниот, еднократен живот! Што правите вие сиве овие 2,5 години!? Чекате повик. :^)

    Седни го, разговарајте, кажи му конечно да одлучи – или вие или таа! (Си му дала и премногу од твојот живот.) Без разлика кого, колку ќе боли. Зашто секако, тоа ќе биде помала бројка на несреќни, кои еден ден и ќе се утешат, а вака, агонијата за сите, продолжува до недоглед.
     
  8. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Абе нема проблем дури сексот ви е одличен. Тоа е најважно. Која жена, кои деца, кои трауми. Чим вас ви е убаво ништо не е важно. |( |( |( Епик феил.

    Ај да се дечишта до 20 години па да се лажат, ама над 20 години кога ќе ги видиш се акаат со главата в ѕид, грев да ти падни. :puke:
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Во ниеден случај неможам да го разберам ова, врска со некој кој е во брак....Како можете да бидете со некој за кој знаете дека има друга, дека се дели со неа....Уште да се крие, или па тоа ќе се разведел....Се додека има жена, не би можела да сум со него...нема да можам да живеам така, јас сакам да е само мој.
    За детето е подобро да живее со разведени родители, отколку со родители со лош брак.
    Ако е завршена постапката развод е сосем друго...
     
  10. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    Тебе почнал да те изневерува? |(

    Господе златен :x[/quote]

    хахааа.........ова е само доказ на типично македонско размислување.....само едно ќе кажам
    ,,,,во љубовта и војната нема правила и закони,,,
    јас само мсилев дека ќе завшиме заедно....
    .....а кој вистински не сакал не знае ништо,,,,,,
     
  11. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    [А не ми е јасно за оние кои се со женет, како може тој вас да ве изневерува?
    Тебе почнал да те изневерува? |
    Игзектикали

    ..........XAXAXA.....мажот жената што ја сака ја изневерува со жената со која живее......а за моја среќа мојот беше женкар,изневеруваше со 4-5 плус......јас само си кажувам тука мое,а никој нема право да суди и да ме сака или гади од мене.....поздравче јас сепак ве сакам сите.... :$
     
  12. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    врска со женет маж?!?! навистина неможам да се изначудам на девојчињава, како да завршија слободните млади мажи, страшно. Факт е дека секој 3 маж си има швалерка, и ја изневерува жена му, претежно тоа се луѓе што во раните дваесети години стапуваат во бракови од интерес, или од морање ( пр. бременост), младоста на тие луѓе и годините кои ги живеат на повеќето не им дозволуваат да бидат верни, но што се случува понатаму, кога ке почне да се дознава, па караници па разводи, деца со лоши спомени од детството, губење на самодоверба и ред друго психички и физички нарушувања од нечие не промислено и неморално однесување.
    Вие што сте мажени, како би реагирале кога би дознале дека вашиот сопруг има друга паралелна врска?? На друга троши од вашите пари, на друга и посветува внимание, ја бакнува прегрнува, сексот ич да не го споменуваме, и се тоа додека вие дома му ги перите гаќите и чорапите, му готвите на +40 степени за само да биде задоволен??? Ова се големи фрустрации за една жена, и ако е малку по бунтовна може да има фатален крај.
    Јас сега го напишав мислењето малку од другата гледна точка, на жената не на швалерката, се со цел и тие што се нечија љубовница надвор од домот да се стават на местото на жена му, и да видат какво е чуството.
    Да дознаам дека маж ми има друга жена, лелелеее незнам што се ке се деси, битно нема да биде убаво и за фалење. Така да млади момички не си имајте работа со женетите, може да нагазите на мина некоја будала како мене, па цел живот сакати да одите. :hai:
     
    На Malecka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Чист пример од мој секојдневен живот - Имам комшика,згодна,прекрасна што може да си најде нормален маж.Се впушти во врска со женет маж,одеше,прекрасно и беше и симнуваше ѕвезди.Дозна дека е женет и продолжи со него затоа што тој и кажа дека ќе се разведел од жената,дека не му идело.Таа глупава мислеше навистина ќе биде така и ОП остана бремена! :o Кога се дозна тоа,типот знаете што и кажа?!? ДА ГО АБОРТИРА ТОА - КОПИЛЕ - и после толку мислење,таа отиде во странство го роди и требаше да го даде во дом затоа што (муслимани се) дома татко и не сакаше да ја прими и му се гадеше од неа..Со тешки маки го донесоа детето и да чукнам во дрво денес е здраво,живо,весело - срценце а дедо му (таткото на комшиката) би го дал и животот за тоа дете..Еееее дотичниот оженет тип после 3 години доаѓа и сега го бара детето т.е. бара да го гледа и демек многу го сака |(,секогаш оди по нив и таа е во пријателски односи со него заради детето,и на ќеркичката има објансето кој и е татко а таа вика ТАТО Е ГАДЕН. :lol: - И пак поентата ми беше,што е финтата да одиш со таков маж кога сигурно нема да биде со тебе на крајот? Да те сакал немало да биде оженет со друга жена т.е. ќе се развел за тебе.А сега комшиката јадна нити може да си најде нормален маж,нит ништо затоа што има дете.
     
  14. Caitlin

    Caitlin Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    26
    Врска со оженет човек.....Има оправдување ако немаш поим дека е женет а ако знаеш и продолжиш да имаш сериозен контакт со него.....Јур лајф ис а бич :yawn:
     
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.992
    Пол:
    Женски
    Напатена раја.
    Низ цела тема се изначитав клише изговори „Не знаев дека е женет“ и она „Ама вика дека бракот му е пред распад/распаднат, само уште не се официјално разведени.“
    Епа што се бре сестро? Брат и сестра? На крај се враќа ли кај неа? Тоа ли место го вика дом? Таму ли му се алиштата? Детето? Да? Епа, што сакаш?
    Не :!: тие се сакаат и тој ќе биде со неа. Крај на приказната.

    Ама најјако ми е она дека се ставаат во утешна улога на ангели-чувари или спасителки, као демек да не беше таа, кутриов ќе запаѓал сам во депресии и ќе го мавале трауми. Таа само помогнала полесно да мине, па не се после тие криви што се засакале. :wasntme:
    И така баце си го лади, дадичка си лета без мозок. Селска идила.
    А, не гледаат од другата страна дека ако не биле тие, може овие ќе си ја сределе кризата.

    Неврмајнд.
    Една мала, вистинита приказна за лепојкиве-спасителки на сироти мажиња во криза.
    Тип, 34 годишен, добро ситуиран, со прилично длабок џеб, солиден физикус, жена му не беше лоша, но не беше нешто најубава, ама беше предобра, вредна, образована и успешна.
    Е, сега, го мавна братов криза премлад се оженил, и ни мање, ни више, при прва пружена прилика, се закачи со една незрела, 12 години помлада радодајка што за еден кармин газот би си го дала, и лепотицава, нормално, почна да го молзи на велико, ама нели, од љубов, нормално.
    И следи летање со пилешкиот мозок дека тој ќе остави жена интелектуалка со која формирал претпријатие, дом и семејство, и ќе се посвети на нејзините потреби за брендиран луксуз.
    Типов на бизнис патувања демек, ово, оно, носеше од Египет преубави работи наводно за жена на некој пријател. Ама сопругава не пие нафта. Дека со подлабок џеб, си дозволила да изнајми детектив, доказите на маса и си рекла кога веќе дошло до тоа, молчи и трпи дури да се соберат што повеќе.
    Кога веќе и’ пукнало, му трупнала сѐ на маса + барање за развод со поделба на имот, од која поделба типов би останал со патлачето во рака. Женава, ем со репутација, ем со правдата на нејзина страна, го остави братов етикетиран и без работа, го омаловажи подолу од лајно, а ни типката не помина поарно т.е. не можам да се одлучам кој мина полошо. :D
    И сега? Нема ни брак, ни швалерка, ни пак швалерката може маж да си најде. :rofl:
    Пред 2-3 години беше таа драма, а дури и денеска, братот уште се моли и ја преколнува да му се врати, оти нели, сфатил дека без неа не можел да живее. Пропалица.
    Гоу ахед цурици, само вие тапшајте се дека така иде тоа. Ама кога ќе налетате на некоја ваква мајчина што мамичето ќе ви го расплаче, има да дувате и на сингл мажи со симпатии.
     
    На De-lovely, zhirafa, NoellePage и 11 други им се допаѓа ова.
  16. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    ВРСКА СО ЖЕНЕТ ЧОВЕК?АСОЛУТНО НЕПРИФАТЛИВО ПА И ДА Е ПОСЛЕДЕН МАЖ НА СВЕТОТ
     
  17. ljubovljubov

    ljubovljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    значи стварно не можам да ве сватам,можам само да разберам дека овде на форумот сте собрани типично жени само да осудувате наместо да се најдете во ситуација на оној на кој стварно му е потребана помош...не велем дека треба да ја оправдате сечија постапка но дајте малку со поблаги совети ,мислења ставете се на местото што ако на самите нас ни се случи нешто такво слично,зошто верувајте дека познавам многу жени кои биле толку убедливи дека они нема да направат нешто слично во животот нивни ,па дошло време кога баш тоа што не го сакале и биле против тоа ,од оправдани причини го направиле токму тоа....љубовта е понекогаш толку слепа ,има моменти кои еднаш се случуваат во животот а се толку различни од нашето секојдневие ,се случуваат со човек кој навистина ве почитува ,ви обрнува внимание....не дека сопругот дома не го сакате,далеку од тоа ,но динамичниот живот ,многуте секојдневни обврски немањето време за двајцата дома е причина да на некој му дозволите да влезе првично како пријател во вашиот живот а понатаму сето тоа да се развива и да дојде ненамерно до некоја друга фаза.јас мојот сопруг го сакам почитувам ,секаде во секој брак има расправии и караници (лаже некој ако каже дека дома се му е розово )меѓутоа ,тоа што мене ми се случува последниот период со друг човек ,за тоа нема никогаш да се каам.Не зборам за секс ,зборам за внимание ,разбирање ,давање совет и сл.Јас сум мажена ,во брак сум 10 години ,со 2 деца ,он е разведен исто со 2 деца ,мегу нас постои и голема разлика во годините (14години),но тоа не е пресудно воопшто.Секогаш е тука кога ми е тешко ,за совет мислење едноставно кажано и во добри и во лоши мигови.Можеби е чудно ако кажам дека не сме имале ништо освен бакнежи ,топла прегратка и мегусебни разговори,не дека желба има и кај двајцата ,,да ,,за нешто повеќе но и двајцата знаеме дека тоа нема да влијае на тоа што би било после тој чин и слично......Можам уште многу да пишувам на оваа теме но мислам дека е доволно во кратки црти да ме разберете што дакам да кажам со сето ова.....
     
    На 2806986 и Malecka19 им се допаѓа ова.
  18. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    ljubovljubov тоа што сакаш да си најдеш оправдување за тоа што го изневеруваш сопругот и си ги понижуваш децата е едно, ама да не убедуваш дека ете во животот се случуваат секакви работи е матење празна слама. Едно е кога бракот не оди и лугето човечки си се разделуваат, а друго е кога некој за свое сопствено задоволство прави друг магаре. И јас сум во брак и никогаш, читај НИКОГАШ не би го изневерила мажот ми. Како може некој незабележано да ти влезе во животот, абре ајде, па дури и ненамерно да се развива целата врска во некоја друга насока? Можеби може да се случи кога си 15-17 или пак 20 и уште мозокот ти лета со пилињата, ама кога си во брак со две деца позади себе, незнам колку се случуваат вакви работи, особено НЕНАМЕРНО. Ама секој со својата совест, некој може да живее со неа, некој не. :hai:
     
    На simoncelicius, babymama, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Malecka19

    Malecka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Полека бе луѓе...Ако девојчето било за на психијатар таму ќе побарало помош немало овде на форумов.Таа ако не прочитавте убаво свесна е за својата постапка и грешка.Убаво рекле,не си доживеал такво нешто-не можеш да сфатиш.Не дека ја оправдувам оваа ситуација,само сакам да кажам дека таа доволно се има измачувано самата со себе,доволно знае дека греши,доведена е во крајна ситуација каде што уште и останува да си се олесни на форумов и да читни некои совети кои неа многу би и значеле.Не е во ред никого да осудуваме,има кој да суди,таа само се заљубила.А кога љубиш половина си и наивен и глуп.Колку што вината е нејзина толку е и негова.Викате те мафта,те лаже 4 години,не биди будала,да,се сложувам и јас со вас,сепак ставате се на нејзино место кога само еден негов збор е доволен,за таа да ги заборави овие наши совети и да си ја одолвлекува ситуацијата со него.Тешка и чуствителна е оваа тема,можат да ја разберат и вистински да помогнат само оние кои имаат доживеано исто или слично на ова.Другите можат само да осудуваат!
     
  20. ljubovljubov

    ljubovljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    во ниту еден случај не барам оправдување ,далеку од тоа ,бидејки и не се чуствувам виновна за ништо,ниту мојот маж ниту децата се запоставени од ниедна гледна точка.....НИКОГАШ нема да разбереш за што точно пишувам се додека не се најдеш во слична ситуација,не зборам за да најдеш некој за секс и рекреација туку да имаш некој поблизок од спротивниот пол кој ке е тука за тебе кога ти е тешко да те разбере ,и да ти даде пријателки совет....А ТОА НЕ Е НЕВЕРСТВО......