Неколку причини кои ми текнуваат зошто жена би влегла во врска со маж за кој знае дека е оженет: 1. Без обврски - не сите жени сакаат да се мажат и раѓаат 2. Сигурно задоволство - оженетиот маж е искусен и истрениран в кревет за разлика од врсници и слободни мажи кои немаат одмоси и кои не би ја задоволиле 3. Не е досаден - не ја повикува стално да се гледаат и излегуваат 4. Не ја суди - не му е битно нејзиното минато со кого била, со кого спиела и што правела 5. Материјален аспект - ако е некој богат и моќен може да и обезбеди работи и можности кои друг не може Така да, не оправдувам вакви врски, но знам дека луѓето свесно си навлегуваат во нив и го водат животот како сакаат.
Многу од ваквите врски се и од корист. Порано на едно место кај што работев, јавна тајна беше дека газдата кој беше оженет е во врска со секретарката. Таа пак, си задаваше право да им се занесува на сите, на некој начин ко заменски газда се поставуваше во фирмата. Не дека тој и имаше дадено такво прво туку едноставно беше свесна дека и да дојде до одреден проблем тој на нејзина страна ќе биде. Буквално мобингуваше луѓе околу неа, секој втор ден ги немаше со часови, си ја рашшетаваше а верувам и дека подобро ја плаќаше од останатите. А не дека беше незнам колку способна, образована или вредна. Едноставно си се наместила во таква положба ем да праи што сака ем никој ништо да не и може. Среќа мене не ме чепкаше, ма човек да не сум ако пред одење не плеснев се пред жена му, може ќе имаше сеир за гледање.
Мислам дека жената му на типот веројатно и знае, но се додека си ја има улогата на венчана сопруга и течат парите не и е грижа.
Можно е и тоа ама сепак мислам дека не знаеше оти типов се шеташе од 08 до 16 со оваа. После работа, за викенди, за празници си беше дома со семејството. А реално, во многу ситуации жената последна дознава. :/
Океј ко прво, сум ПРЕМНОГУ против вакви врски или било каков тип на врски што вклучуваат изневерување ама ова морам да го спомнам. Не знам зашто за искусен и "истрениран" маж во сексот се зема ко критериум тоа што е во брак. Да беа толку добри, сопругите немаа да имаат потреба од швалери, доста ќе им беше тоа дома .
Мене најјак од "аргументиве" ми беше ако е богат ќе и обезбеди работи и можности и уште не можам да ја пронајдам конекцијата меѓу аргументов и тоа што е женат
Се спремив да куцам за секоја точка детално ама ме здомрзе па ова го издвоив ко најглавно. СУпериорни се овие женетите мажи, кутри тие што се сингл, нит имаат пари нит ебат како шо треба а и досадни биле
Тука е дискусија околу женети мажи кои имаат швалерки настрана, не мажени жени со швалери. Кој како сака... за мажи скоро стално се бара да се вешти и искусни.
Секако дека женетиот ќе ги земе за жена. Нема грешка. Имам јас една во фамилија. Идеше со женет и на крај ја шутна како партал. А она се надеваше дека он ќе ја остави жена му. Не знам зошто не си бараат слободен дечко.