Одговорив по ова прашање во темата „прашања за форумот?“ Накратко - не сум, ниту сум била, ниту ќе бидам. А за темата, не оправдувам врски со оженети, но, треба да се има во предвид дека е тоа повеќе до жената која обично свесно влегува во таква врска, машки што се машки посекако ќе си бараат каде стигнат.
Ако некогаш маж ти/дечко ти те изневери, само потапшај го на рамо, дај му почест за големото сторено дело. Може па ќе го маѓепса швалерката, што е тој крив кутриот. Сигурно нема да сака, ама што да прави, кога нема избор. Жал да ти биде. И какви се тие машки што се машки?
Жена која што ќе растури брак никогаш не може да биде среќна у животот. Има куп слободни, разведени, што ќе ви е женет уште со деца на пример? И уште ќе си речете па жената не е крива и да крива е затоа што она се согласила да биде нечиј втор избор. И обратно секако.
Е па, според денешниве стандарди на овие подрачја, ако мажот покрај жената има и швалерка тоа значи дека е способен и пожелен јак маж... никоја не сака неискусен. Обично мажени жени не им е грижа дали мажот им швалерисува, туку дали ќе им се загрози општествената положба на мажена жена и сите бенефиции со тоа. Машки што се машки се оние кои имаат нагон кон жени... а машкиот нагон кон жени знае да е скоро ненаситен... скоро бидејќи освен една за брак речиси никој нема шанси да има некоја плус...
Нема ништо лошо во врска со оженет човек, ако он е во отворен брак со жена му и таа знае и е запознаена со ситуацијата. А ако она не знае, он да поминува време со тебе наместо со жена му и децата не е убаво..
Само во одреден случај кога и јас имам друг, а бракот ни опстојува поради заедничка корист пример фирма на име на едниот основана од двајцата, стан за кој сме земале кредит и заедно го отплаќаме, кола која сме ја земале па плаќаме кредит иначе не.
Какви размислувања и тоа од жена. Потчинувај се ти ако не ти е проблем тоа, задржи си ја фамозната општествена положба и сите бенефиции ама тука не проповедај нешто што не држи вода и што е чиста генерализација. Што не ќе прочиташ. Жално што сè сте спремни да трпите, кој ли вака ви го испрал мозокот..
Стандарди секогаш треба да трпат подобрување. Треба да се шири добрина меѓу луѓето... само со добри мисли и со добри дела ќе се успее кон подобро општество за сите. Моите размислувања се за моменталните ситуации и општествени токови... не значи дека ги промовирам ниту значи дека ги одобрувам. Само ги забележувам, не судам. Работите се онакви какви што се. Треба подобрувања, секако да.
Моите размислувања се за моменталните ситуации и општествени токови... не значи дека ги промовирам ниту значи дека ги одобрувам. Само ги забележувам, не судам. Работите се онакви какви што се. Треба подобрувања, секако да. Само со просветлување ќе се оди кон подобро општество и добрина меѓу луѓето.
Мислам дека не се разбирате со членката. Она вели како генерално се размислувањата тука, а не дека тоа е нешто за оправдување. Јас се сложувам со нејзе, на многу на прво место им е бракот од причина што имаат корист, а неверството можеби станува помалку битно со цел да се остане во таа комфорна зона.Баш пред некое време бев сведок на ваков случај, а сигурно не е единствен. Чисто онака како согледување на работите, не дали е исправно или не. А плус со тек на годините претпоставувам се менуваат размислувањата, приоритетите, итн...
Мене насловот некако не ми е сфатлив. Не ми е јасно како при здрав разум, ако можи да се кажи така, одат со мажи кои веќе се во брак или пак во врска. Толку да не се цениш себе си првин, да му бидиш на некој втора да му растураш смејство, врска слично. Мене ова ни ми е, ни некогаш ќе ми биди сфатливо и никогаш за оправдување.
Затоа што најверојатно и одговара да живее од туѓи пари и можеби да ужива во таа "оштествена положба" која ја има, безразлика што е дел од веќе нефункционален брак. Полесно е изгледа друг да ти го средува животот и да не се мислиш за финансии и сл. Друга причина искрено не гледам.
Во контекст на насловот а и моите искажани размислувања, мислам дека повеќето или скоро сите жени во врска со оженет маж сакаат да се во таква положба и не им смета воопшто. Самите си одбрале таква ситуациона поставеност. Јас не би.
Какво е тоа ширење добрина со изневерување и повредување на некој што ти верувал? Не можам да сфатам стварно, во денешно време сѐ повеќе како да се промовира ова како нормално. Не се мажите животни само со инстинкти за парење па да не можат да се воздржат кога ќе видат друга жена. Ептен прости ги направи. Секако дека е крив и тој што изневерува и швалерот/ката. За танго се потребни двајца.
Ширењето добрина може да се толкува на различни начини... и со простување на грешникот и со делувања за да не ни дојде до изневерување. Мажите имаат нагони, нормална работа, но прашање е дали ќе делуваат по нив, дали ќе дојде до изневерување...? Обично истражувањата покажуваат дека возрасните изневеруваат заради емотивна неисполнетост, од барање разбирање и топлина од партнерот/партнерката и од недобивање на истото... а во било каква врска, пријателска, партнерска или брачна со саркастични изјави и однесување како најголема кучка ништо нема да се постигне туку напротив ќе се подстрекне изневерување... Баш затоа со ширење добрина и добро расположение и однесување ќе се постигне да нема изневерувања, да има позитивна енергија која се шири наоколу и да се направи подобро општество за сите...
Ова вака многу просветлувачки текст, вала да он толче, она вика фала срце и така , инаку ќе ја вара, како а ? Бог напомош чедо божјо.