Како ќе му растуриш семејство ако мажот е одговорен сопруг, одговорен родител, одговорен татко? Прекинете веќе цела вина на жените, мажите кутри појма нема што се дешава околу нив. Мажот ако ја сака сопругата, децата и ако нејќе да да си го растури семејството, никоја швалерка на светов не може да го натера на тоа. Швалерката не растура ништо. Мажот е тој што си го растура семејството. Доста ги оправдувате мажите само затоа што биле мажи
Маж кој оди наоколу со други жени не е воопшто одговорен сопруг. Прво никој не ги оправда мажите. Според насловот на темата си го кажав моето мислење. Ни едните ни другите не ги оправдувам, секој свесно влегува во нештото, ни пак ценам такви луѓе, толку.
Поентата на насловот нема врска со ова јас што го зборам. Тој што е одговорен сопруг никоја жена не може да го натера на ништо Така да, одговорноста не е на швалерката за таа да му го растури семејството туку 100 проценти е на мажот Вака звучи ко таа да се вмеша, тој кутриот неможеше ништо да направи
А жените немаат нагони? И зошто сè се префрла на нагоните, нели се под наша контрола? И жената е крива, ама одговорноста ја има тој кон семејството. Тој си го изневерил, не таа.
Мажот ако сака, во секунда може да прекине со швалерката, и швалерката да нема никаква моќ над ситуацијата. Ако немаш никаква моќ над нешто, немаш никаква одговорност над нештото. Ја знаеш изреката Со голема моќ доаѓа голема одговорност? Со нула моќ доаѓа нула одговорност. Мажот ако не сака да го растури семејството, нема да го растури и сите жени на светов да му се понудат. Ама ние сме така одраснати и воспитани во македонија Машко дете удрило девојче, што да му правиш машки деца бесни Мажот ја изневерил жената - на таа кучката и мрдал опашот Таа го завела Тој нагони има Маж е ќе си проба
Такви ускривоколчувања и несолени оправдувања се изначитав до гадење. Мажот има нагон,а жената нема, па со која жена би варал тогаш ? А со која се оженил? Мажот има потреби , грешник, со него нежно, а оваа светица без нагони и потреби и толерантна треба да биде до ниво на мајка према маж и. Мажот јаден жртва, де грешник не разбран де, заведен де, како год да ја вртиш ова маживе нели се посилниот пол? Или тоа у земји снова само, зш вака поставено ниту е посилен, ниту е родител, туку дете за кое постојано се бараат оправдувања. Е, со таа глава на таквата сорта, бог напомош само, зш светици нема на земјава.
Замисли да се осудуваа мажите помалку пошто живееме во машки свет. Али не. До то е дека на жените полесно му е. Лмао.
Факт е дека повеќе мажи се водени од нагон кога станува збор за сексуален однос, во споредба со жени. Исто како што секој сноси одговорност за своите постапки. Мажот изневерува институција, а девојка наоѓа нешто што во еден момент и одговара поради х причини. Обратна ситуација, мажот и жената си ги менуваат позициите. (Не)Одговорноста е иста. Ако двајцата се во брак и имаат партнери на страна без никаков договор меѓу себе, зошто уште се во брак е прашањето. Развод е логичен чекор понатаму.
Обично за пари, купување работи.... мене не ми се јасни тие што имаат по 20години и одат со 40годишни што се во брак...
Бог да те чува и да те брани од " способен , јак и пожелен маШ " . Мојот став на темава веќе го имам искажано неколку пати , и ќе го кажам пак . Ако еден маж " шврља " , швалерката не е виновна . Ако не е таа , друга ќе биде , трета итн . Крив е само мажот , што нема м**а да се разведе прво , па да брка женски . Жените што трпат вакви мажи , пак , воопшто не ги разбирам . Ако се од корист со нив , тогаш можеби ќе разберам , ама ако тој дома се расправа цело време со жената , ако лошо се однесува со децата или со жената пред нив , тогаш не знам што бараат со вакви мажи . Колку и да имаш корист од ваков маж , не вреди да те третира како искористена крпа за углед и општествена слика .
Се согласувам, но најинтересно ми е што швалерките обично мислат дека тој спие во дневна, нема секс со жена му, заедно се ради децата, таа го уценува и сл., а уствари дома се мачиња што не смеат да писнат, им купуваат сешто на жените, шетаат заедно, за празници и родендени се заедно, децата ги носат на школо и други активности... Има и исклучоци, но сите случаи што биле во моја околина се вакви. И на крај, ја откачува швалерката кога ќе почне да бара нешто, жените ретко дознаваат, па говедото останува во 'среќен брак'. Затоа пред да бидете нечија втора опција размислете добро и зачувајте си го достоинството.
А што и е толку интересно на швалерката да биде со зафатен? Наместо да си бара некој на нејзино ниво. Или мисли дека тој ќе ја откачи жена му?
Е тоа ќе остане мистерија Не знам стварно, може е предизвик, може бара стабилност (во смисла дом, стабилна работа), може е во лош период од животот и овој и симнал ѕвезди... Којзнае.
Зависи ...овие што имаат шугар деди лапнаа скапи одмори ,коли ,алишта ова она А овие што се помлади после некое време ги фрлаат како искористен к**тон Никој не би оставил жена и деца за некоја што нема достоинство