Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. Heart of Steel

    Heart of Steel Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Генерално, не го поддржувам неверството.

    Небитно дали станува збор за машко или женско неверство. Виновен е исклучиво оној кој е во брак!
    Утре, јас треба да го сакам и почитувам мојот сопруг и институцијата брак, а не некој маж од страна. Исто така, мојот сопруг треба да ме почитува и сака мене, а не некоја жена која воопшто и не ме познава. Доколку ме изневери, виновен е само тој и никој друг! - Жената со која ме изневерил воопшто не би била предмет на мој интерес.

    Жените кои се изневерени а ја сметаат за виновна другата жена наместо својот сопруг дефинитивно се во некаква психолошка криза и треба да подразмислат што ги наведува да мислат дека нивниот маж не треба да се грижи за нив ама некоја жена која и не ја познаваат треба.

    Од друга страна, воопшто не разбирам зошто некој би си го комплицирал животот влегувајќи во врска со личност која е во брак. Не затоа што треба да се грижат за бракот на партнерот/партнерката, туку што ќе им е некоја особа која не може да им обрне доволно време и внимание кога на планетава земја има доволно слободни и квалитетни личности?

    И размислете, ако некој ја изневерува особата со која створил/а смејство зошто утре и вас да не ве изневери.
     
    На DoubleK, Veta, tambelina и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Јас не осудувам, секој што вара знае зошто го прави тоа, си вара од сопствените бури, ама овие фарбањава па, пориви, па, нагони, па леле греота мажот па, нежно држ не дај :D:D:D е, тоа ме вади од такт. Кажи си поштено како што е, секое варање е затоа што или тој не знае што сака па, де да пробам и од тие колачи :D може подобро е :D после си вика, џабе сменив слаткарница, сите жени сакаат исто :hai: (во најголем дел зборувам ) па, врати си се кај таа дома, не си играј играчки и ко за беља таа може да дознае, врти врти се дознава. Е, тогаш настанува кушлуц. Па, овој е крив па, оној е крив, џабе кој е крив после се. Или оладиле едноставно, не е тоа тоа веќе во бракот па, чекај да задржам имотот и се што сум поделил со таа жена и добро и лошо, а ова швалерајов ќе помине и двајцата се прават на Тошо, ништо не знаат, у подрум беа, а третата страна таа си знае како и е. Мене така ми изгледаат овие односи, можеби грешам.
     
    На Heart of Steel и FVP им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Не е точно.
    Исто како што жените можат да го контролираат тој нагон, можат и мажите.
    Работата е што повеќе си дозволуваат да се препуштат на тој нагон, затоа што општествено е поприфатливо маж да е неверен, отколку жена.

    Таквото однесување се должи на општествени норми, не на природата на нештата.
     
    На LadyLollypop, tambelina, andrejko82 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Зошто би се налутила на некоја, која ми е никаков фактор во животот. Мојот револт би бил насочен према мажот. Со самата помисла да има задни намери со некоја друга, го условува бракот да биде мртов. Секако дека не би сакала да ја погледнам, ама мажот да ме сакал и почитувал првенствено, не би се осудил ни да помисли на друга.
    Што ги направивте жените, вештерки, чиниш магии прават да ти го земат мажот, бидејќи светот околу сопругата се врти. Не! Тој ќе биде засекогаш крив. И се клецало, му се клецало, тоа е реалноста.
     
    На LadyLollypop, melissa, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Како може жената да не е крива ако знае дека влегува во врска со оженет човек? Мажот е дно, тоа стои, ама и другата жена не е поарна според мене.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    А жена ако изневерува, швалерот крив е?
     
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.684
    Допаѓања:
    35.580
    Пол:
    Женски
    Неееее :o Боже сачувај, кај може мажот крив да биде :?: Па маж е |(
     
    На tinka-mace, S.W.A.G, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Често од жените што влегуваат во вакви врски , знаат дека мажот е само ради децата во брак , спие на каучот во дневна , не ја погледнува жена му бидејќи е вештерка и само што не полетала со метлата , не па секс да имаат пуу скраја да е .

    Мажот не е дно , го пробил дното . Жените што знаат дека е женет , дека има секс и се со жена му , ама ете му се шврља по младо пиле , се дно .

    А тие што мислат дека тој спие на каучот , се наивни според мене . Веруваат дека тој ќе се разведе штом пркнат децата , а до тоа нема да дојде сигурно .
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    И во сите три случаи, сопругата е онаа која го крка дебелиот крај, и најчесто, и да дознаат, сепак остануваат со 'господинот'.

    Што кажува тоа за таквите сопруги?

    п.с. може и обратна да е ситуацијата, кога сопругата е онаа која изневерува, а сопругот е оној кој останува и го крка дебелиот крај
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Крив е. Не знам што дигате паника, се надоврзав на муабетите погоре дека не е само мажот крив. И жената ако изневерува двајцата се криви ама тоа не е темата сеа :).
     
    На Ambrosia, theowndemon и Tan4ence им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    За што е крив швалерот?
    Нема врска тој со бракот на љубовницата.
    Таа одлучила да го прекрши ветениот збор кој го дала пред партнерот и светот.
     
    На melissa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Океј, пак едното исто ќе го пишувам, а знам дека нема да се сфатиме. Јас стојам и ќе стојам зад тоа дека во неверство, двајцата се криви. Крив е тој што изневерува, најмногу е крив, ама ако другата страна знае дека се меша во БРАК, е исто така крива. Зашто е така? Зашто јас не можам да се замислам да уништам нешто што не е мое, си имам принципи и ставови преку кои не би поминала апсолутно никогаш, а еден од тие е токму врска со зафатен маж. Ама пак ќе кажам, тоа сум јас. Вас ако не ви е гајле за другата жена колку да си истерате мерак, нека. Ама тогаш немојте во ниеден случај да имате емпатии према жените кои имаат и други проблеми во бракот.
     
    На LadyLollypop, Veta, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Ве разбирам што зборувате, ама изгледа како оние на Џери Спрингер што се тепаат за изневерувач.

    Никогаш нема тоа да го разберам.

    И да сум нечија швалерка, и маж ми да има швалерка, нема шанси да се тепам со сопругата во првиот случај, ниту швалерката во вториот.

    Оној кај кого ќе барам одговори е тој што застанал меѓу нас и двете не мота.

    Тоа во случај да се заљубам во швалерот...
     
  14. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Тепање, не. Што ќе постигнам?
    Останување во брак со тој човек исто не.
    Ама дека и двајцата се криви, да.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Замени тепање со гнев и лутина.
    Тепањето и Џери Спрингер, ги зедов како екстремни примери во проблематикава.
    Заради илустрација...

    Нема да сум гневна и лута на сопругата/швалерката.
    На мајмунот што не лажел ќе бидам гневна и лута.
     
    На melissa, tina2018 и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Дека немаат самопочит и достоинство .. :?: можеби ?

    Во секој случај , оној што изневерил е виновен , никој друг .
     
    На melissa, Annora и WildMk им се допаѓа ова.
  17. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Дека велиш во секој случај..што ако сопругот изневери со блиска пријателка на сопругата? Еве и нека не е најблиската, ама некоја пријателка која дефинитивно знае дека мажов е зафатен. Пак само он е крив?
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Во тој случај и 'пријателката' е крива, бидејќи и таа ја изневерила сопругата... го изневерила нивното пријателство, а пријателство претставува доверба.

    Односно... ја изневерила довербата на сопругата.
     
    На candy.cane, tambelina, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Да . Он решил да изневери , не го фатила таа со нож под грло .
     
    На melissa и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Значи тоа е друго, во тој случај швалерката ти е другарка и го изневерила другарството.
    Ако не ти е другарка, не ти е ништо, нема никаква должност кон тебе и не е таа крива туку само маж ти.
    Аман.
    Таа само себе си си греши што оди со човек без принципи, па ако таа посака да има длабока врска со него, од старт ја заоснова таа врска на недоверба.
    А тебе ништо не ти греши.
    Ти глеј мажот да не посака да изневери.
    Остај ги швалерките
     
    На candy.cane, tambelina, melissa и 3 други им се допаѓа ова.