1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.819
    ^Ако не е неверство, кажи му на сопругот. Што знаеш, може ќе им тргне муабетот.
    |(
     
    На simoncelicius и AIT им се допаѓа ова.
  2. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Од кога бакнување со ''пријател'' не е неверство?Типично изневерување,а сакаш да се оправдаш дека не е ништо тоа што го правиш.Па дури и велиш дека желба за нешто повеќе има и кај двајцата,и тоа не е неверство?!?
     
  3. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Сакав да пишам дали ќе се чувствуваш подобро откако на децата ќе им го урниш семејството, ама видов дека бил разведен, значи пред тоа тој сам си го рушил :fubar: :puke: :puke:

    За вакви личности мислам се најлошо, затоа што една таква "пријателка" го уништи бракот на моите, па уште и сакаше мајка да ни биде :puke:

    Зарем можиш да бидеш мирна кога знаеш дека неговите деца се желни за негово внимание и времето кој тој го поминува со тебе може да го потроши со своите за да почувствуваат и после разводот дека се сакани зашто децата најчесто мислат дека мама и тато се разведиле затоа што не ги сакале нив. Верувај ми најгадно чувство е тоа, имам осетено на моја кожа :!:

    И да ич не те оправдувам со тоа, си имаш семејство, две деца место да ги гледаш ти правиш глупости....

    Извини ама неможев а да не пишам :^)
     
  4. LoveWillFindAWay

    LoveWillFindAWay Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Zapri go toa sto go pravis, kolku pobrzo tolku podobro za tebe. Ti si imala moze prekrasni momenti so nego moze i on go cuvstvuval istoto za tebe no treba da znaes deka nema da ja ostavi zena mu i ne treba da se vrzuvas ili nadevas podobro e da prekinete.
     
  5. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Нема да одговорам директно на тие што си ги кажуваат тука проблемите од овој тип, туку сакам да го искажам моето мислење во врска со темава.
    Сите кои тврдат дека добиваат внимание, разбирање и им е поубаво пред се друго се егоцентрични суштества кои се ставаат самите себеси пред сите други луѓе во светот, без разлика колку тие им значат или со други зборови, тие си се сами себеси најважен човек во нивните животи.
    Можеби така е најдобро за да се избегне повредување и разочарување и да се опстане во овој свет, но не е најдобро од етичка и морална гледна точка.
    И немојте да ги убедувате другите дека не се компетентни да ве напаѓаат и осудуваат бидејќи самите никогаш не се нашле во таква ситуација, само тоа немојте.
    Така можете самите да се лажете, не луѓето кои ги ценат другите човечки суштества колку и себеси.
    Пред да измислувате патетични изговори за да ги оправдате вашите гнасни постапки, запрашајте се како сте се нашле во таква ситуација?!
    Сте запознале женет маж, сте знаеле дека има сопруга и/или семејство, ама на вас ви е прекрасно со него.
    Стоп, сечи!!!!
    Како ви станало прекрасно? Сте имале чувство по ракувањето со тој маж дека е нежен, мил, пријатен, добар во кревет и дека ќе има разбирање за сите ваши проблеми?!
    Токму така.
    Тука сте требале да ја прекинете таа врска и да се завртите на другата страна, да сфатите дека таа средба е само кратко спојување на два различни патишта и да си тргнете по својот.
    Ама, не.
    Вие и покрај фактот што вашето сегашно пријателство ќе осуди едно семејство на пропаст, сте одбрале да продолжите понатаму и да видите каде ќе ве однесе. Колку себично!
    Уништувате туѓи животи, на недолжни луѓе за да си го задоволите своите потреби.
    Епа ќе ве осудуваат тогаш. Бидејќи сте имале избор и сте го направиле погрешниот.
    Сега може да имате милион изговори, ама се уште го имате и погрешниот избор.
    И што е најтрагично, некои одат до крај. Не знаат за доста. Одат дури не се сопнат на урнатините од раздвоеното семејство.
    Тогаш ли си ја гледате вината?!
    А, за тие што паралелно уништуваат две семејства, немам зборови.
    Кога веќе сте се одлучиле на таков чекор, жртвувајте се себеси или расчистете како луѓе.
    Аферите се најгадно нешто што постои на светот. И нема оправдани причини.
    Точка.
     
    На Alisa22, JenniferLove, AIT и 6 други им се допаѓа ова.
  6. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.411
    Допаѓања:
    171.732
    Луѓе,ова човек со две раце да се крсти додека чита :o :o
    Никогаш не би го изневерила???Машала,одамна си го изневерила сестро слатка,прво себе,а потоа сопругот и децата.
    И од кога „стискањето“ не е неверство-пардон „бакнување“(поемотивно звучи)....
    Е земјо ,што се не трпиш.....
     
  7. ljubovljubov

    ljubovljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    незнам зошто се правите сите,, светици,,не е се во бакнувањето или сексот.Повторно ке кажам јас мојот сопруг го сакам а вие може да критикувате и осудувате колку сакате ,само немој толку наивни и чесни да се правите.....не додавам ништо само ке кажам дека потполно ги свакам оние кои бараат помош или совет кои се во слична ситуација како мојата ...добро намерен ВИ е секој совет но вие доволно сте големи и паметни за да знаете што понатаму..никој не знае точно дали сте вие срекни од целиот тој исход и дали ве исполнува таа личност ...може само повеке да се збуните и да се почуствувате глупаво од советите односно критиките на,, домакинките ,,на форумот кои не оправдуваат такви постапки ,тие не виделе и не посакале друга личност освен нивниот маж,значи верни се и поштени до максимум(ви пружам рака најискрено)
     
  8. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.411
    Допаѓања:
    171.732
    Абе љубовче,јаден тој твој маж дома и децата ти твои.
    Господ нека е со нив.
     
  9. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Секоја одлука што ја носиме е по една цигла, со која животов ни гради или ѕидови, или мостови. Што ќе се изгради, т.е дали ќе чекориме преку мост до нови победи, или ќе си ја удираме главата од ѕид зависи само од нас. Јас искрено од многу бројни примери знам дека неверство не носи воопшто добро и секогаш некој плаќа скапо, а најчесто е некој невин а не оној кој немал во глава доволно да мисли што правел.
    И немојте ви се молам со приказни како премногу ги сакате децата, па сопругот, колку мислите на нив ајде мафнете сопругот туку децата. Се гледа колку мислите и колку мнооогу им сте посветени.
    Само едно, дали вашата посветеност и љубов и постојано мислење оди што и постојано мислите додека се заблажувате со туѓи овошки? Не залажувајте се воопшто. Лесно е да се биде мал и нечовек, себичњак и да се откажете од бракот и љубовта, ама треба да си голема персона да се бориш и да успееш наспроти проблемите.Дека никој нож не ви ставил да се земате. А, ако не оди, подобро е да нормално да ви се разидат патиштата отколку да си мачкате очи.
     
    На Inhume, babymama, anabel-a и 7 други им се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336

    :handshake:
     
    На JenniferLove, eli25, honorthyself и 3 други им се допаѓа ова.
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.991
    Пол:
    Женски
    Ова е дефинитивно најинтересниот случај што го прочитав овде. И најглупиот!
    Еве даме и господо, што се случува кога прерано стапувате во брак, па после кога веќе ќе формирате дом и семејство, ве трефнува дека сте ја изгубиле младоста, па не бирате како ќе надокнадите.
    Мене ова не ми личи на ништо друго, освен на неизживеаност.
    Ај ќе сфатам под 20, зелени, со несериозни врски и на кои им лета паметот, да се задоволуваат со трошка внимание од страна и размена на неколку плунки, ама жена која е 10 години во брак, со оформени дом и семејство? Не. Сепак доказ дека годините не се мерило за зрелост.
    И кажи ни ти, ако не чувствуваш грижа на совест, од каде потребата да се искажеш на форум?
    Како тоа имаш динамичен живот, немаш време за сопругот, а имаш за овој?
    Немало секс и не е неверство? Не си разграничила ти дека емоционалното е она што боли, без разлика дали се работи за секс или само лигавење. Предавство е. Не само кон сопругот, кон заветите што сте си ги дале, туку и кон домот и децата. Си размислила каков пример ќе им бидеш?
    Банални и бесмислени ти се оправдувањава.
     
    На Inhume, nightingale, blond и 2 други им се допаѓа ова.
  12. ljubovljubov

    ljubovljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    како за информација воопшто немав намера да барам помош од вас овде на форумов ,ниту пак потреба да се искажам тука ,значи како и сите вас сакав да го кажам мојот став околу ова и да се изјаснам дека ги разбирм оние кој се во слична ситуација како и мојата (да има дадам совет да не се притресуват толку кога ги врегате и омаловажувате ,да не обрнат многу внимание на вашите совети ,бидејки сум сигурна дека да имате прилика први би направиле бетер -светици немало и ке нема)туку самите да седант и размислат дали вреди сето тоа што го прават ,дали се сигурни во себе и се спремни да го прифатат секој пораз кој е можен од целата таа ситуација.
     
  13. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Ниедна "врска" со оженет човек не завршила славно..

    Врска со оженет човек-две опции:

    1.Ќе биде со вас додека дома го чека жена му,а на крај од денот пак ќе легне во својата спална соба покрај венчаната сопруга(притоа ќе ве лаже дека ќе се разведе ама.................секогаш ќе има илјада АМА)

    2.Многу ретко,но се случува-ќе се разведе,ќе биде со вас се до еден убав ден додека не налета на нова(ваш калибар) девојка и го доживеете истото сценарио,само овој пат во улога на негова жена.
     
    На Alisa22 и zarah123 им се допаѓа ова.
  14. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.411
    Допаѓања:
    171.732
    Како прво ,тебе ти нема помош-длабоко си загазила во г.мна,толку што го вовлекуваш и целото семејство овде по форуми.
    Како второ-многу јаки совети даваш-се надевам дека истите совети нема да и ги дадеш на ќерка ти или на снаа од син.
    Како трето,тоа што ние што сме во брак ,а не помислуваме на неверство-ти тоа неможеш да го сфатиш.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Ќе се чувствуваш подобро ако ги обвиниш сите жени на светот дека се како тебе?!
    Епа не се и не би постапувале како тебе.
    Има прекрасни сопруги и прекрасни семејства на овој свет.
    Ако твојот свет се руши и не е тоа што си го замислувала, никој не ти е крив.
    И како што беше спомнато погоре, емоционалното неверство е најлошо.
    Со помалку гадење ќе гледам на жена која си ги задоволила физичките потреби без емоции отколку онаа која емоционално го изневерува својот маж.
    Ама и двете се предавства, забивање нож во грб.
    Не мислиш дека е време да престанеш да се убедуваш себеси дека не правиш ништо лошо со патетични изговори и да ги прифатиш последиците од твоите грешки?!
     
  16. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.411
    Допаѓања:
    171.732
    Не бе,не е грев тоа што таа го прави :puke: Во предходни постови имаше напишано дека не било се во бакнувањето и сексот.Они за раче се држат и зборуваат само за нејзиниот маж,бидејќи „дечкото“ бил разведен.
    Не вреди веќе да се дискутира за оваа „љубов“.
     
  17. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    Значи типов полека но, сигурно си ја плете мрежата околу тебе...освести се додека е време,не оди подлабоко освен ако не сакаш да си го растуриш бракот и да ја загубиш почитта од сопругот,децата и останатите и не сум баш сигурна дека ќе останете само на бакнежи...па не сте деца некои работи да ти се нејасни...мангуп од старата школа ќе да е...абе џентламен во наводници...низ мала врата сака да се протне малиов ..види го ти него ]:) Знае која ти е слабата точка и тука удира...
    ако ти треба нежност и внимание тука ти е сопругот,освежи си го бракот,направете нешто заедно...зошто кога и да е овие работи ќе излезат на површина и тогаш не ќе е на арно...и не се залажувај себеси дека не го изневеруваш сопругот,се уште не е доцна да ставиш крај,избриши секаков контакт со него,тоа што ти се прави пријател не е со добри намери ..верувај,,
     
  18. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    ljubovljubov и ти самата не знаеш шо точно да мислиш,само мениш мислење. Шо очекуваш од другите,да те разберат,да не те осудуваат или критикуваат? Да ти кажат оди слободно со еден со друг маж место да си седеш мирно на газот и да гледаш да работиш на подобрување на врската со мажот шо веќе ти е дома? Да гледаш да си ги воспиташ децата и да им обрнеш внимание на нив место да ти шета умот и како некоја тинејџерка да очекуваш повик и по некој бакнеш од тој другиот. Колку сакаш правди се,колку сакаш збори-твоите дела кажуваат многу повеќе од твоите зборови. Тие оправдувања да си ги чуваш за пред мажот и за децата,они нека пресудат дали сепак се им било пружено од твоја страна,дали си била добра мајка и домакинка,дали само сето тоа со другиот маж се биле банкежи и топла прегратка или пак нешто друго. Ти си направила шо си направила,ајде терај со тоа чим не ти треба совет од нечесните тука на форумот,се надевам ќе стигнеш далеку и се надевам ќе се сетиш на зборовите на некои од форумот после некое време.
     
  19. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    ljubov-ljubov Не ми е целта да те осудувам или пак напаѓам поради твоите постапки,но никако не те оправдувам.Како што опиша и самата имаш сопруг и две деца ,не им го одземаш вниманието,но сепак излегуваш со друг маж. |( Никој брак нее идеален,сите имаме проблеми,но ајде сите место да се обидуваме да го решиме тоа со нашите сопрузи да трчаме по други мажи и во нив да бараме утеха.Јас сеуште не сум во брак,имам момче кое е во друг град,но никогаш не сум ни помислила да го изневерам,а камоли да го направам тоа,а сигурна сум во себе дека тоа нема да го направам и откако ќе стапиме во брак.Те сослушува,ти дава поддршка,па зошто тоа не го побараш од својот сопруг? Бакнувањето не е изневерување??? А,што е ако можиш да ми кажиш и објасниш дека мене не ми е јасно баш нај нај?Ти го изневеруваш својот сопруг секој пат кога ќе помислиш на тој другиот,а камоли да го бакниш. Па ајде молим те доволно си возрасна за да ги разграничуваш нештата,а ти се правдаш со некои банални работи дека бил внимателен кон тебе и те почитувал.Ако ние не помислуваме да го изневериме тој со кој што сме и го сакаме не значи дека сме нечесни.Те замолувам преиспитај ги своите постапки и види колку си ти чесна прво спрема тебе,па кон својот сопруг и децата.Зарем мислиш дека нема да се дознае тоа?Не, ништо не може да се скрие,кога тогаш се ќе излези на виделина,а најпрво ќе страдаат твоите деца.Тоа го сакаш за нив,во иднина да имаат лоши сеќавања и трауми на расправиите на нивните родители и разводот?Бидејќи ако продолжат така да се одвиваат нештата верувај дека со развод ќе заврши работата.Ти знаеш дека семејства се распаѓаат и деца страдаат поради такви кои девојки,жени кои што имаат врска со оженет маж?И сакаш ние да ги потапкаме по рамо и да им кажиме само напред,поради тоа сме нечесни,што се обидуваме да не дојде на распаѓање на еден брак,семејство,дом.Жал ми е што не го разбираш тоа и што сосема грешно ги разбираш нештата.Се надевам дека наскоро ќе се свестиш дека тоа што го правиш е погрешно и дека ќе бараш љубов,поддршка и внимание само од својот сопруг,а не од некој друг.
     
  20. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Да бил искрен, веднаш ќе ти кажел. Тргај се додека е време.