секој втор е во ваква врска, јас не знам што се како од на марс паднати, и на никого не го боли дали ние го подржуваме ова или не едноставно си живеат како што сакаат
Повеќе би рекла дека се луѓе на кои им е страв да признаат какви се навистина... и пред себе и пред партнерите. На паровите им недостасува искреност. Ништо друго.
Како бе така? Зарем не ги прашавте луѓево дали смеете така да правите? Прво нив требало да ги прашате И јас не можам да ги сватам оние што се преценати и дека нивното мислење е исправно и се експерти за сФе А воопшто ниту се битни ниту нивното мислење е битно ниту некој ги прашува
Кај се наоѓаат женети и мажени? Пааа...веројатно на интернет, на работа, на конгрес, на лекар , на апликацијаи слично . Се уште нема сегрегација на женети и неженети дека нема да ги најдеш некаде. Чудно прашање . Или за себе бараш?
Врски со оженет леле бљак, мислам не знам како можат. Следна сцена ете ти ја истата оваа Цаци почиња да флерта со женет колега од работа. Дури и паѓаат неколку искачанки, на почетокот тим билдинзи, на крајот од вечерта - Хотел Лаки. Столе, колегава, не планира нормално да ја остави жена му и децата, дубоко е несреќен у таа заедница, не може да ја поднесе сопругата, крај е од многу одамна, али ги извршува сите обврски во домот. Недела е ден за фамилија и телефонот као да е изгасен. Време за пикник, ‘глумење’ среќно семејство заедно со заедничките пријатели. Контактот со Цаци се сведува по потреба, вниманието и ѕвездите ги снемува после недела ипол. Цаци се замислува на местото на жена му за време на годишниот одмор, фантазира за поише од два саати поминато време со Столе, испозатрескана као никад претходно, пишува на жена му од лажни профили демек да ги скара.. на крај Столе ја шамара со реалноста. А фемина е гласот на разумот, на куп морални жени што негуваат строго традиционални семејни вредности, пожртвувани сопруги со слаб вид за своите сопрузи, но остри критичари за сечии други. Жените од фемина не изневеруваат и воопшто не се ни свесни дека постои флерт на работно место. Оние кои се, строго го осудуваат! А мислев е многу полесно да се биде искрен кога постои никнејм..
Разбирам на некој да му е дојдено до добар секс и провод ама искрено не ми се јасни оние кои имаат длабоки очекувања од женетиот партнер. Имав колешка една, златни години уништи со оженет лик кој си ја зафркаваше по потреба. Ама типкава беше затрескана по него до максимум, гаеше фантазии дека ќе се разведе, дека ќе се земат и ќе си живеат хепи засекогаш. Колку само се лажеше, се растрои со психата од тага ради тоа што не успеа да го постигне тоа што го сака. Капак на се беше што жена му си чекала второ дете, оваа разбра кога се породи дури. Кои трескања и нервни сломови ги имаше, искрено за жалење. Да е лабава врска за забава ок, проблем е кога чувствата ќе им забегаат на некои.
Има и такви, ама не си сите нарциси и не можеш да ги дијагностицираш сите кои изневеруваат дека имаат ментална болест, и тоа базирано на само една информација. Уште помалку мојш да ги дијагностицираш, ако не си доктор.
Не сериозно ме интересира, еве првенствено ќе почнам од мене, ако сум во врска (па и во брак би бил дистанциран скроз), не гледам ниту една друга девојка, па камоли да правам поинтимен разговор. Се знае на дистанца како си шо прајш и тоа е.
Ok, не се сите верни или моногамни. Или пак сакаат флерт. Ти праша каде се сретнуваат, а не дали држат дистанца. Очигледно не.
Затоа треба да се комуницираат очекувањата. Маж со семејство ретко си го напушта гнездото кај што некој го пере, му прави јадење, децата му се тука. Он ако е толку заљубен, ќе се разведел и без таа да го моли за тоа. А има и друга зафрканција, таков човек што нема проблем да е со две истовремено, врло веома веројатно дека нема да има проблем и во иднина, па да не си најде и втора швалерка со која ќе ја изневерува првата.
Целосно се согласувам. Истата таа за која дискутирам погоре се ставаше во ситуација да прави испади заради трети женски, потенцијална опасност во даден момент. Веројатно и самата беше свесна дека лесно ќе биде заменета. Оти факт е дека типот беше тргнат у швалерај со која ќе му падне на пат.
Прочитав многу мислења и сакав да ви ги претставам работите од друг агол. Јас сум дете кое ја загуби својата мајка на четиригодишна возраст. Болката е само поголема секој ден, само научив да живеам со неа. После тоа, татко ми се ожени со друга жена и тоа беше многу нефункционален брак. Тие се разведоа по околу 20 години брак. Она е таа што изневери. Јас сум дете кое порасна без многу внимание, нежност, топлина, се она што мајката му дава на детето. Последица на сето тоа е ниска самодоверба, анксиозност. Едноставно не бев среќна. Имав една тинејџерска врска. Немав многу „среќа во љубовта“. Потоа запознав оженет човек, кој ми даде се што ми требаше во тој момент. Зошто баш тој од милион слободни? Во тој момемнт немаше слободни момци. Тој се најде тука. Сплет на околности. Судбина. Што и да е. Немав сила да го одбијам. Немав сила да го вклучам мозокот. Да, навистина имав грижа на совест, не беше нормално за мене, но додека бев со него бев среќна. Заврши, повторно болно за мене. Потоа отидов кај психолог да ги решам сите проблеми што ги имав со себе и во главата. Сфатив дека не ја бараме среќата во другите, туку во себе. Не го оправдувам и не го поддржувам неверството, верувам дека треба секој ден да се работи на врската, а не да се оди по линија на најмал отпор. Ова е само една страна од приказната, каде што можете да видите дека ништо не е црно или бело. Ние сме луѓе. Грешиме. Оној што е безгрешен нека биде првиот што ќе фрли камен. Важно е да се разбере дека секој понекогаш може да се распадне, да се сломи и да има момент на слабост. Поради сето ова, научив да не осудувам никого, дека секој има своја причина зошто прави нешто, свесно или несвесно, ама да е неверство или врска со женет, најчесто само последица, а да е среќен оној кој успева да ја пронајде причината, узрок за сето тоа.