Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Да беше врска од година дена, тогаш можеме да зборуваме за grooming и остало,меѓутоа ова е афера од 4 години и ти нас се обидуваш да ни кажеш дека тој четири години планирал да оди на одмор и да се смени и да ја шамара? Невозможно.

    Невозможно! Да чека четири години да ја шамара,него типот веќе не знае што сака и дека таа му се контра ја шамара.

    Но,тоа не го менува во никој случај фактот дека таа живеела во илузии и бајки и што многу се понижила сама себе,настрана насилството.

    Доби многубројни совети,ама сигурна сум дека ниту еден нема да послуша. Ќе прави како и одговара само да го врати покрај себе како порано.
     
    На cresa-jagoda, IRBBB, Гладиоли и 5 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Грумингот се случува на почеток, не е битно пред колку време било.
    Луѓе се во насилни врски и бракови со децении.
    А и тие биле грумувани
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Многу е важно времето Вајд. И не е груминг во прашање, во заблуда си.

    Станува збор за тоа дека тој веќе нема контрола врз неа, знае дека ќе излегува,ќе шета,ќе иде со друг. Ќе прави што сака,може и ќе раскаже дека имала дечко(женет) и оп жена му ќе дознае. Ем мал град,ем се се дознава.

    Важно е таа да оди да пријави, да се тргне од него. That’s all.
     
    На Роберт 7 и Гладиоли им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Оф мори мајко.
    На почетокот е груминг, а таа 'техника' се користи за да те фати во мрежа.
    Па после следат изолација и забрани.

    Во прашање е контрола, не љубов.
    Многумина не ги ни препознаваат знаците на грумингот, па мислат дека е љубов.
    Додека се свестат што им се случило, веќе се во мрежата на насилникот, изолирани, со ниска самодоверба и под целосна негова Контрола.

    Гледаш ли дека нема ни кому да се обрати за проблемот?
    Нејзините не знаат.

    Тоа што таа сака да биде 'како порано', доаѓа од психологијата на жртва.
    Сите кои биле и се во насилна врска тоа им се мотка низ глава...
    Надежта дека ќе се врати тоа 'порано'... не сфаќајќи дека и тоа било лага.
     
    На H.VAGA, Shia и Annath им се допаѓа ова.
  5. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Не. Совеста не би ми дозволила.
     
    На honey.11, Martka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Нема дебата со тебе, разбираш како ти одговара,читано ама недочитано.
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Првиот пост што и' го пишав беше да го пријави во полиција и да прекине секаков контакт.
    Не знам кој чита и недочитува.
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Истото го напишав и јас,уште во првиот пост ама ти го испреврте во твоја корист. Смири се, не си во право.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Да, истото го напиша, само што успеа да вметнеш: “Сама си крива“

    размисли тро
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.604
    Допаѓања:
    201.932
    Пол:
    Женски
    Џабе се објаснуваш. Сите го заборавија фактот дека кога почнала врската, таа била дете. Дете од 20 години, наивно и вљубено. Згрешила, точно, ама можела да се тргне да не била толку наивна и да не му дозволела да ја манипулира и да ја измоделира по своја желба.
    Настрана врската со оженетиот, овде насилството е страшно... Ама таа е спремна да му го прости тоа, доколку тој престане така да се однесува, за жал. Таа сака тој да престане да биде насилен и да престанат кавгите, а не сака да престане да се гледа со него. Реалност...
     
    На mira.mira, H.VAGA, jacqueline.s и 7 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    ... За толку многу жени во светот... :(
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.697
    Допаѓања:
    79.848
    Пол:
    Женски
    Што ви е? Дадовме совети и сега стрпете се таа да пише мислење, не да паметувате на нејзиниот проблем. Сакала да биде како на почетокот, а не да прекине скроз, даа. Кој сака да остане со некој ваков? Ова никој не го потврди за да го дискутирате, друго бараше членката.
     
    На Okle23 и WildMk им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.557
    Допаѓања:
    115.383
    Пол:
    Женски
    А па на таков му се стресоа гаќите дека жена му ќе дознае. Кој знае што ќотек јаде и жена му од него дома. Мислиш само она му била швалерка па фаталната го заслепила. Нека каже на родителите, ќе викаат ќе се лутат ќе помине. И после превземај работи. Со жена му не си фаќај работа. лекарско, адвокат и забрана за пристап. Толку.

    На тема victim grooming ова е класика од учебник за тоа. Ја запознава на некои 20 години нејзини, она пред тоа имала дечковци ама немала некој искусен. Овој искусен, знае што сака жена и го покажува господ во кревет. Ја опсипува со нежности ја прави да се чувтсвува најпосебна на свет. Тоа трае некои 6 месеци макс 1 година. После почнува полека теророт, бришење социјални мрежи, каде е , со кого е, и се тоа перење на мозок дека од него подобар не заслужува. Она заслепена од се, уште му верува, постар е , поискусен е, знае повеќе во право е, за мое добро е. Брише соц мрежи, почнува затварање во кафез. Прв шамар (не беше намерно извини), втор шамар ( ти ме испровоцира ), трета , четврт... И веќе жртвата е во замка.
    Девојче да си ми ќерка што според годините може и да си ми, би те однела прво на психолог, да ти ја исчистам главата од отровите. Да се осознаеш себе си. А до тогаш, најди некој другар, братучед ама да биде машко. И само со него да те гледа. Да не си сама.
     
    Последна измена: 28 септември 2021
    На Izaabella, mira.mira, Bezimenka90 и 23 други им се допаѓа ова.
  14. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    39.539
    Сама си крива значи преземи си одговорност за своите постапки. Своите. Не неговите.
    Мене 'сама си крива' не ми е својствено да го кажувам, потврда верзија е на " I told you so" , али ако мене ми речат сама си крива за нешто, јбг , ќе им речам гонете се у 3пм, ама ќе направам ревизија на своето однесување.
    И ако утврдам дека нешто згрешив, ќе пробам да исправам или да се извинам таму каде згрешив, а не да вриштам по тетки , стринки дека госпооо е крив за мојата судбина. Детево ( велам дете оти скоро мајка можам да и бидам) е наивно како повеќето деца , настрана grooming. Значи неа не и е гајле за фамилијата на тој, па зашто би ја мешала сега жена му како што ти предложи.
    На девојчето му треба помош, ама за да му помогнеш на некој треба прво да сака.
    А ти што ги силиш да одат по жени, родители, дома да не ја прибереш ако еве и нејзините се насилни?
     
    На Celltica, Bezimenka90, Роберт 7 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Сама е крива за други работи, не за насилството. Вметни си го тоа во главата,колку побрзо си ги признаеш и прифатиш сопствените грешки подобро за тебе.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    26.981
    Треба да го пријави и да не се надева толку многу на насилников.
    Не е во ред што ја тепа дефинитивно и треба да го пријави. Ама, кога некој женет клошар ми кажува мене што да правам и да не се дружам, е тука е крива жртвата што не реагирала.
    Од друга страна "што ќе кажат луѓето" фазата трае три дена буквално.
    Не можам да лажам, стварно имам измешани чувства за ситуацијава. Од една страна ме револтира мочково што се курчи, што сигурно на жена му не кажува а. Од друга страна, жртвата што упорно е ко заљубена тинејџерка.
     
    На Celltica, Bezimenka90, Martka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    60.804
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи Нена. Македонските мажиња се со две леви раце и научени дека тие дома имаат обврска да лежат, а жените да ја бркаат секоја работа низ дома. И те како се тригернуваат од можноста да останат сами да се грижат за прљавите гаќи, смак света е тоа. Особено па ако жената е со финансиска или стамбена добра ситуација, тогаш стануваат најголеми лигуши.

    Неа и е страв од жиг, што од нејзините, што од околината. Ама ако се постави дека и е гајле веќе за се и дека порадо ќе каже се па што сака нека биде отколку него да го трпи нема да му е сеедно.

    Слободно може да зборне со адвокат, нека го посети, нека му каже што се добива како казна за физичко малтретирање, нека му каже дека има поддршка од нејзините за да отидат сите да и кажат на сопругата да видиш како ќе си подвитка опаш.

    И секако блок од секаде и кажување збогум на сељакот.
     
    На Bezimenka90, Гладиоли, mode-kristina и 4 други им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.557
    Допаѓања:
    115.383
    Пол:
    Женски
    @KateKane не можеш да генерализираш. Може типов е насилник. Не знаеме ни дали само она му е швалерка.. Битно е она да излезе од таа насилна врска.
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Да, не е во ред што дозволила да дојде до овој степен.

    Но, не е важно кој е крив, веќе дошла до ситуација со испран мозок и загрозена безбедност.
    Психичкото и физичко насилство ја прави жртва.
    Зошто толку осуда?!
     
    Последна измена: 28 септември 2021
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Кој не згрешил до сега?
    Сите ние имаме минато па фала Богу и сегашност и иднина во коишто постапките и чекороте што ќе ги направиме можеби нема да бидат баш нај добри.
    Јас сум мажена и доколку утре се случи маж ми да ме извара сигурно нема да јадам гомна по девојката/жената. Зошто би? Он ми е должен , она не ми е должна ништо. Девојчево сигурно по тоа што што го прочитав знае дека тоа не и е исправрн чекор но веќе се счучило, назад нема, џабе ќе викаме сама си го бараше. Кој си го бара сам ќотекот, затворот и еден куп психички тортури?
    Ако неможеш да кажеш ништо убаво и корисно не фрлај камења.

    Девојче, бегај, што подалеку и што ппбрзо од таков. Со таков иднина нема, знам дека изгледа дека нема да најдеш подпбар ама не е така. Секое чудо за 3 дена не за џабе рекле... Блокирај го секаде и запрети му со полиција ако ти досадува од работа првите неколку дена не излегувај сама сигурно имаш некој колега,колешка што оде на истата станица со тебе. Дома ако ти дојде кажи му дека татко ти ќе го викнеш. Контакт никаков и ќе се откаже. Чиж 4 години не се развел иде по одмори со жена му, верувај нема во план ни да се разведе. Животот е краток драга, не вреди.
     
    На Bezimenka90, Okle23, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.