Не. Туку поради тоа што е насилник 'швалеров' и што и' ја има урнато самодовербата. Исто како што е насилник спрема сопругата. Оти и тоа што нејзе и' го прави е форма на насилство.
Ахам да, сигурно ќе му дозволи да ја тепа оти се осеќала поубава и попосакувана од жена му... најчесто подоцна од што треба дознаваат дека е женет, а дотогаш веќе се изманипулирани. Не мислам дека има жена што и годи и сака да биде втора виолина, оти без оглед на тоа какви лаги кажува изневерувачот, секоја жена сака да биде единствената. Манипулација и лаги се во прашање. Не дај Боже да осетите на своја кожа како е да се биде изманипулиран. Далеку од тоа дека ја оправдувам во тоа што го направила, ама не е време да се обвинува девојчето, свесна е дека згрешила. Насилството не е никако во ред.
А како ни малце не е виновна швалерката што свесно знае дека мажов има жена и деца? Ај да немаше појма да, само мажот е крив ама вака и те како и она е виновна.
Исто како што вие сте се затрескале во некој, така и овие се затрескале. Е некој ќе го погодиш асолен, ама некој ќе биде манипулативна стока. Тоа што жените меѓу себе се колат заради изневерувач, мажите го користат во целост! Не им давајте алиби за непочитот и нелојалонста. Не заслужуваат, воопшто! Како што врви времето, се повеќе сум убедена дека одлуката на Фросе да го објави јавно мајмунот, е апсолутно исправна!
Абе сеа дека е исто, не е. Од сите слободни мажи не ги сфаќам жениве што трчаат по зафатените. И да не знаеле на почетокот, понатака сигурно се дознавало. И свесно остануваат во врската, токсична или не. Е тоа свесното останување те праи виновен. И нигде не реков жените дека треба да се колат за маж, секако дека тој е крив најмногу, АМА и швалерката е крива ако знае дека е женет.
Исто е скроз! Запознаваш некој, ти се допаѓа, најдубаво ти е на светот! 3 месеци се доволни да ти ја полни глата со приказни колку те сака, колку е несреќен во бракот, за да ти го сврти умот, ако е некој кој те привлекува. Срцето не прашува! Тоа што изневерувачот ја изневерува довербата на сите околу и сите околу ги лажи е проблем. Огромен. Нема полошо за било каква врска (и физичка, и платноска, и роднинска, и пријателска) од лажење. Нема!
Ама еден е тој што лажи! Еден е социопатот. Еден е манипулаторот. Ги лажи сите околу себе. Сите што го знаат, оние кои го сакаат ... и к*р не го боли. Антисоцијално однесување е изневерувањето.
Абе ако срцето не прашува барем мозокот работи. За мене нормален човек не влегува свесно во врска со човек кој е во брак (без разлика маж/жена). Колку и да си изманипулиран на почетокот (пример не се знаело за бракот) зашто и откако се дознава остануваат? Им одговара така, не е до манипулацијата.
Лудничаво е да одбереш да започнеш врска со социопат, манипулатор. Не сме деца побогу, свесна одлука е тоа.
Само ќе ви посакам никогаш да си немате работа со вакви манипулатори, дали вие лично, дали некој ваш близок, или дете. Само тоа.
Оооох да беше така лесно. Знајш до кој степен може да ти е 'испран мозкот' Пред мене и' се удвараше на друга, а јас го чекав... Дечко ми беше. Не беше женет. Неверојатна моќ имаат манипулаторите. Се' можам да разберам, се' што сум правела, ама не можам да се разберам во тој период. Ко да не бев јас. Ама не знаеш од почеток. Никој не знае од почеток што го чека.
Не го обвинувам девојчето. Не да ја тепа туку тие чувства се појавуваат кај швалерките поради кои влегуваат во такви врски свесно. Заради многу моќно чувство на победа(над законската сопруга) Поради тоа остануваат во такви врски и долго се втора виолина но тие се убедени дека се прва и најважна.(се лажат сами себе со години) Тоа што типов е манипулатор ,а пред се насилник е сосема друго,треба да се пријави ,но нема да го пријави бидејќи врската била “забранета”.
Ама не можеш да ги избегнеш. Луѓе живеат со сериски убијци и појма немаат. Не дај Боже да ти се намерачи некој таков. Ќе заборајш која си! Нема да пријави оти знае дека ќе ја чека осуда.
Нема да пријави зошто ќе му го растури “совршениот”живот на дотичниот. Па може да ја најде и да ја убие. Бев на работилница за препознавање жртви на насилство. Имаше идентичен случај. Швалерка во долгогодишна врска,ја тепал ,жената побегнала во некое охридско село,ја нашаол и пробал да ја убие,за да ќути.
И тоа е можно и уште полошо! И што ти кажува тоа за жртвите на насилство? Дека имаат контрола врз нешто?
Off i bas ti najde da se gadis od takvi situacii a samata participiras so zeneti da imas sex kako be vaka hipokrizija bez usul.
Да. Ги ебам, ако ми се еба. Тешки сите така да ги третираа, а не да живеат со нив и да им раѓаат деца.
Нигде не спомнав дека и е карма тоа што ја тепа, многу сакате да ги извртувате зборовите од контекст. Ете поназад @buba4e89 има објаснето и сфатено што сум кажала. И не значи дека сега поедини тука ја тапшате по рамо, и ја жалите леле сирота она, жртва е, дека треба сите да ја жалат, или еве и јас да ја тапшам по рамо, побогу форум е, и секој има право на свое мислење. А додека се еб*ше со туѓ маж тогаш добро беше, уживаше дури ја гледал како капка роса, а жена му дома со децата по цел ден си ебела мајката. Тогаш била горда на себе дека е побитна од жена му, го освоила светот зошто победила некоја друга жена. И нигде не го оправдав него што он не знае да си го прибере во гаќи, и што сака да го вади кај стаса, ама исто и она не е за правдање ниту за сожалување. Фала ти бескрајно, многу ми значи твоето мислење.
Чекај малце. Дознавам дека е женет, колку време ти треба да се затрескаш во некој. Ако збориме за детска љубов, можеби и 2 секунди. Збориме за две возрасни индивидуи. Барем јас додека не дознаам се што ме интересира во еден партнер, не се ни опуштам. Ваљда имам достоинство некакво. И не можеш четири години да не знаеш дека нешто не е во ред, тогаш сериозно нешто не е во ред со себе. Како градите врски, се гледате еднаш неделно или поретко, на социјални мрежи не сакате да се сликате заедно, не сакате секој викенд да му ја дувнете некаде. Жртва е на насилство девојката, ама никаква друга. А и жена му, четири години да не дознае, ај важи. Иницијално била вината на мажот, понатака е веќе прифаќање и стапување во добро и лошо. Ќе жалам што била швалерка и оваа што била варана. Барем во денешно време имаш избор и за прекинување на врска и за развод. А и не верувам дека се уште се склопуваат договорени бракови. Ваљда знаеш дека говедо имаш покрај себе и дали од финансиски причини, страв од самотија, срам, решаваш да ќутиш. Епа што понатака. Се мажот крив, океј крив е, и што седат упорно со него. Не може некој толку добро да ме манипулира, колку што јас имам љубов према себе си.