Да. Сите оние кои живеат цел живот во насилни бракови, 'нешто не е во ред со нив'. После чудете се оти онаа му го тргнала кубурот на полицаецот од Велес.
Во прашање е девојка која била жртва на манипулација и малтретирана. Сите знаеме каква грешка направила, не мора да ја плескаме по нос и енергијата треба да се насочи кон советување и помош. Ако тука наиде на осуди од жени, како да оди да пријави во полиција? Има и жени ловци на зафатени мажи како една активна членка во темава и е скроз различна приказна од оваа. Убаво ви рече @Annath никогаш да не осетите на ваша кожа или на близок што значи да ти се закачи човек со пореметување.
2021 година и уште истиве муабети како само женетиот е крив, а швалерката била изнамипулирана сиротка душичка која само барала малку љубов од човек која знаела дека е женет со деца. И зошто никој, освен @Snowflake97 не кажа ништо за случајот дека она е таа што почнала со физичко насилство, т.е го ошамарила прво, па после овој вратил и од тогаш почнало насилството?
Па не е во ред. Што ќутат? Како да им се помогне, ако никој не знае. Што јас конкретно да направам ако комшиката се смешка пред мене, а дома ја растура мажот од тепање и не знам. И не се чудам за полицаецот, арно му е.
Не поддржувам врска со “зафатена“ личност. Значи, личноста прво нека расчисти се што има со претходниот партнер. Да расчисте се, од формални работи, а најважно и неговата психичка состојба. Сметам дека многу е важно да се “исчисти“ од претходните случувања со бившиот партнер, потоа да си даде време за себе, конечно да одлучи што сака, а после тоа да ја дочека со радост новата личност, која што еден ден можеби и ќе му стане партнер за цел живот. Исто така, од друга страна пак, оваа новата личност треба да е свесна дека се впушта во ново нешто и дека не е исто да имаш нешто со зафатена личност или со слободна. Затоа, за сите да бидат мирни и среќни, најпрво нека расчистат со претходните случувања за да подоцна не ја валкаат иднината со валкани остатоци од минатото, нема потреба од тоа. Чиста сметка - долга љубов. Сметам дека така е најдобро. п.с. - Секако дека истото важи и за маж и за жена. Дури и немаше потреба да го потенцирам тоа, но ете нека стои тука. Нема дилеми.
Можам да разберам дека дотичната членка е узманипулирана, испран мозок и сл ама да ми извини очигледно и малку го имала, нападнете ме сега баш ме брига. Не го разбирам моментот каде она свесно излегува 4 години со женет човек, па уште овде кажува колку везата им цветала и убаво и било. И јас излегував еднаш со еден прекрасен маж, сексот врв, се супер. Кога после некој месец дознавам сосема случајно - ко на филм, типот женет, со деца 13 год и 9 год. И шо се дешава? Не, не летав уште со мозокот у облаци, оф лепотанот мене ме сака, тешко му е дома аха ја видов и жена му - лепотица жена. Немав срце да и кажам а верувам дека си знае сирота, маж и нигде не се брзаше кога бевме излезени. Одма ја прекинав врската и го сменив тел број за да не ме бара и мољака фраерот. Знаеше кај живеам, рече ќе дојде кај мене дома. Јас му реков ако дојде и јас после ќе дојдам кај него дома, ќафе да ми свари. Прекинавме, рече ок јави се кога ќе се омажиш да бидеме пата пата, реков ок.... Мажена сум сега, ама му се немам јавено уште.
Во свет на феминизам, поддршка од жена кон жена, борба за правата на жените, се гледа колку емпатија една жена има кон друга. Се додека изневерувачот има со кого да изневерува, ќе постои изневерувањето. Ако тој е социопат, манипулатор, не допридонесувај во неговата игра, ладнокрвно да повредува невини деца, жена.
Работава ако некад маж ми си фати швалерка, просто да посакам бар да е од овие финиве, осечајни швалерки со нејќат брак да расипат... боже свашта
Не, ако маживе фатат швалерка, жените нивни треба да ќутат. Па како да им прави проблеми у врска, дај молим те, им се ебело на луѓето.
Никој не ја правда девојката, ама вие ко да не сте имале 20 години, од бебиња сте зрели и одлучни и знаете што сакате и не сакате. Велите дека е виновна и го заслужила тоа што и се случува? Тепањето, насилството ги заслужила? Не сте ништо поарни од мнипулаторот.
На 20 години прво на ум ти паѓаа женети? Ми треба мочко со слатки зборови за да знам колку вредам? Да, некогаш и јас сум била на таа возраст, па сум знаела што сакам и што е соодветно за мене. И сум се водела со главата, а не со она меѓу нозе. И никој не го оправда насилството. Ама да ја жалам, нема. Си има мајка, татко, полиција, нека се обрати слободно. Туку целиот пост ми личи на тешка измишљотина, впрочем како и повеќето постови со вметнати премногу детали и печатни грешки.
Не ми паѓаа женети. Ама лесно е да се изманипулира и излаже некој кој на пример дома бил строго држен и не смее да зуцне ништо. Ако ти си била паметна, не значи дека сите се, и сите размислуваат како тебе.
Жртвите на манипулатор, ја немаат љубов кон себе, зато и си "дозволуваат" такви работи. Девојка која е свесна на своите квалитети, има висока самодоверба, нема ни да се најде во ситуација да биди втора. Ништо не е црно или бело, најлесно е да се осуди.. Многу поголем проблем е ова отколку што мислите... Треба да се решава со психолог, многу долго...
Ќефот твој ти е битен да си направиш. А,чувствата на изневерената жена? Може тој те лаже дека е во отворен брак.Тој си шара,а жена му нема поим дека тој ја вара. Не можеш да знаеш дали бракот им е отворен без да го знаеш ставот на жената. Замисли таа еден ден дознава.Цел свет ѝ се руши. Почнува да се тресе,да се осеќа бедно и безвредно. Паѓа во депресија. А,имаат деца.Децата го замразуваат татко им. Среќа не се гради врз нечија несреќа. Како тогаш ќе се осеќаш? За ситуацијава..... Никој не заслужува да биде тепан.Дури ни човек кој го/ја изневерува партнерот/партнерката. Значи,никој. Ама,и неверството е погрешно.Бракот е склучен од двајца,не од повеќемина. Замисли,во иднина ќерка ти да е во брак.Да е изневерена жена. Еден ден дознава дека сопругот ја вара. И го доживува ова што го пишав погоре.Решава да побара утеха и поддршка кај тебе. Швалерката на маж ѝ знаела дека е оженет,ама само сопствениот ќеф ѝ е битен. Само нејзиниот сопруг ли ќе го кривиш? Нема ли да кажеш дека и швалерката има вина? Ќе ја оправдуваш ли швалерката дур ти се руши чедото пред очи од болка?
Еве јас и кажав веќе, генерација сме и јас имам 24 год, сум имала и 20 ама никогаш не ми паднало на памет да одам со женет маж, а сум можела. Не знам зошто толку наивно ги претставуваш 20 години, демек тогаш си уште дете и некој може со лижавче да те излаже и да те наведе на нешто, на 20 си веќе зрела личност и треба да знаеш за основни вредности.
Ама зборам дека не се сите исти, не се сите како тебе. Јас не знаев што сакам на 20 години, еве пример. Има девојки со многу ниска самодоверба, девојки кои биле строго држени дома, девојки кои не се сакаат себеси доволно. Генерално да, сите треба да се зрели и самостојни личности на 20 години, ама не се. Не им ја знаете приказната за да судите така.
Ахам, значи оние кои се строго држени по дома, имаат најголеми шанси да завршат како швалерки. На девојката и се ебело со женет маж, мислам дека нема потреба да шпекулираме за нејзината психологија и потекло. Тоа е најголемата вистина, а и пишува во нејзиниот пост.
Затоа во вакви ситуации треба разумот секогаш да го слушаш, а не срцето. Сум била и јас заљубена до уши (во женети не ама you get it), љубовта не можела да се оствари, сум плачела па ми помина. Еве жива сум. Има многу риби во морето, не е ни прв ни последен маж на светот. Не можи вечно да лажи дека не е женет, можи месец два па и три нека се. Ама зошто побогу да останиш со такво говедо кое си ја изневерува жената? Златни им се половите органи, па да замижиш на сѐ друго? Зошто да немаш нормална врска? Не можи феминисти да сме за швалерките само а не и за изневерените жени. Жена на жена е најголем непријател, бидејќи сексот со некое говедо машко го става над кутрата изневерена жена што е единствена жртва фактички. Точно дека никој не ги кради мажите, имаат доволно мозок сами да бараат други, ама до толку ли не се цениме себеси ние жените?
А може тој се затрескал? Зошто го осудуваш што изневерува? Како што викаш, срцето не прашува. За да не ме нападнете, не го оправдувам насилството, апсолутно треба да пријави и да се заштити од идиотот, ама дека е изманипулирана не е, не е дете, возрасна личност е, колку побрзо си ја признае сопствената грешка, толку ќе се заштити во иднина од повторување на истата. Believe it or not, жените имаат мозок и треба да го користат и исто како и возрасните мажи, одговараат за своите постапки. По твојата логика, женетиот кој изневерува може да се извади со “се затрескав, ме изманипулира со слатки зборови” исто како и швалерката во случајов.