Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.418
    Допаѓања:
    126.676
    Пол:
    Женски
    И?
    Не сите вакви девојки изневеруваат.
     
    На deskarada, elimkd, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Манипулирани се и самостојни, финансиски независни жени.

    Не е тоа љубов, затоа го нареков затрескување

    Во насилни врски нема разум.
    Кога веќе ќе дојде до насилство, за повеќето е касно.... за жал
     
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Врската немала насилство од секогаш. Значи по таа логика, девојката имала разум. Или па никогаш го немала?!
     
    На Snowflake97, nextredstyle и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  4. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Само жени можат да бидат манипулирани? Зошто? Мажите се попаметни? Доста феминистички. (y)
     
    На elimkd, Bitter-Sweet и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Под претпоставка дека не е измислено, ваков комплициран проблем да ставиш на форум каде повеќе од "што мислеше кога се е....ше со женет" тешко дека ќе добиеш пошто не е битен твојот проблем туку вечната дилема кој е крив, изневерувачот или швалерката...џабе изгубено време.
     
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.830
    Допаѓања:
    39.547
    Ама не дај боже совет да дадеш да оди на психолог. Боље звучи: оди кај жена му, кај мајка му, кај татко му..мене да дојде некој/некоја да ми дрдори за ќерка ми, во фаца ќе и се изнасмеам. Полнолетни не решаваат така проблеми. Барем не би требало. Ама еве,мора да се мешаат тетки , стринки, деца. Ако тој не си ги пази децаата, по чему па таа треба. Жена му ако ништо не приметува тогаш или е презафатена или и таа е замаена како девојчево. Типот седи можеби уште на некоја столица. Од каде знаеме ние...невини нема. Сите се невини и никој не е . Овде демек советот на мудреци се собра, па ќе делиме правда. Хајт таму. Уклучи го мозокот, и прави што ти вели тој. Доста со лигавења : амаааа го сакаааамммм. Ти го сакаш, ама тој тебе не. As simple as that. Да имаше брат, ќе ја посоветував друго. Вака: мајка, татко( нејзини, не негови) полиција, шеф, психолог, групи за помош на жртви за насилство. И отворање очи за следниот. Мож пак ќе се погоди сексот.
     
    На butterfly6223, buba4e89, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    21 век, интернет и социјални мрежи, информации за секој човек буквално на тацна. Ако сакам за 5 минути информации ќе најдам за личност во New York, а камо ли за Македонија со нецели 2м жители.

    Дајте ве молам, ресурсите ви се секиј ден во раце, се можеш да дознаеш за кого сакаш и кога сакаш. Плус повеќето девојки кога некој им се допаѓа споделуваат со другарките, па започнуваат пребарувањата и копањето на информации.

    Јас сум страмежлива, ретко кога споделувам нешто интимно со некого па макар и да ми се свиѓа некој. Ама научив од искуство на блиска дека секакви идиоти има, па споделувам со најблиските. Еден лош збор да кажат се пропаѓа во вода, па ако сака и на трепки да застане.

    Ова сериозно? Покрај срце имаме и мозок, кој треба да го употребиме.

    Како прво за 3 месеци не постојат реално шанси да се заљубам, а камо ли да му верувам. Може да биде допаѓање, привлечност, ама љубов тешко (зборувам за мене лично, а верувам и за повеќето).
    Како второ, за 3 месеци можаме да дознаеме инфо до 9то колено.

    Ќе напоменам повторно може на трепки да застане, да ветува брда и долини, но да не му верувам. Затоа "служи" тој период на запознавање, подобро да се запознаете и да стекнете добра основа за доверба која понатаму ќе се зголемува.

    Реално, изневерувачот, т.е. мажот во овој случај е најголемиот виновник, и од вакви женети што се пуштаат по се што оди на 2 нозе ми се гади. Не можам да поднесам вакви, а камо ли да ме допрат.

    Во однос на измамената страна, не е виновна бидејќи не знаела. Но, откако дознала би требало сама да го избрише од животот, а не да продолжува врска. Кој знае уште колку девојки мафта и лаже.

    Има манипулатори и луѓе со ниска самодоверба кои потпаѓаат.

    Јас лично мислам дека самодовербата ми е на нула. Работам да ја имам, не дека не. Ама колку и да немам самодоверба не би дозволила ваков створ да ми се доближи а камо ли да ме допре.

    И за крај, девојко пријави го ама најсериозно. Кога ќе го побараат од МВР ќе си ја свитка опашката и ќе си замине дома. Верувам и твоите би те поддржале 100%, колку и да се строги, а за оние останатите што ќе кажат, ич да не ти чуе. Секое чудо за 3 дена. Ќе заборават, а ти ќе си продолжеш со животот и овој пат со памет во глава.
     
    На Oneo, azelea, neno0o и 13 други им се допаѓа ова.
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.447
    Допаѓања:
    60.823
    Пол:
    Женски
    Мене од се највише за жена му дома ми е жал. Веројатно не знае што легнува до неа секоја вечер, не знае дека има говедо кое е насилник и курвиче кое шврља со други жени.

    Замислете еден ден ова да ескалира, да се дознае, пошо еднаш ќе се лизнат и толку треба. Уништен животот на жената, уништен на децата кои никако не се криви, а придобивка 0.
     
    На azelea, MeowMeow, Waverly Raven и 14 други им се допаѓа ова.
  9. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    1.994
    Pametno kazano
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.593
    Допаѓања:
    115.570
    Пол:
    Женски
    @KateKane тоа е. Кој знае и она што трпи.
    @Kanya бракот треба да си го цени тој што е во него. Нема што некој/а 10 ти да му се грижи за тоа. Ако некој/а сака да си иде со оженет/омажена а е слободен/на нема што да се секира за брачниот партнер на другата страна. Разберете швалерките/швалерите не ви се криви за вонбрачните активности на вашите партнери. Јас лично не би била втора, ама ете има такви жени на кои не им смета.
     
    На IRBBB, evangelina.ina, Kanya и 2 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    И мажи.
    За мажите жртви е уште потешко, поради стигмата.

    Ама се поретки...
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.097
    Пол:
    Женски
    А зошто швалерката не си најде човек што ќе ја цени и поштува?
    Зошто го скокаш пола мислење?
    Гледаш дека недочитуваш…си легна сама на брашното.
     
    На deskarada, GrimTheReaper и nextredstyle им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.593
    Допаѓања:
    115.570
    Пол:
    Женски
    Зашто има жени со комплркс на докажување Јас сум подобра од жена му. Значи тоа си е во ментален склоп на жената. А најгнасни ми се оние што знаат дека тој е женет, ја познаваат жена му (неретко другарки се, колешки) и нарочно се пикаат. Е од тие ми се блуе!!! Тие ми се најдолните створови на светот.
     
    На azelea, manako1, Nikolina35 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Јас напишав јасно дека исклучиво изневерувачот е крив, во овој случај мажот. Никаде не напишав дека е девојката крива.

    Да напоменав дека откако дознала дека е женет, требала да се тргни сама и да не продолжува со контакт. Ама продолжила. Дали односот ја задоволувал или нешто друго ние може да погодуваме но само она најдобро си знае зошто останала.

    Кога врската преминала во насилство ја посоветував да пријави во МВР. Господинот веднаш ќе си замине, бидејќи неверувам дека би сакал сопругата да сознае.

    Девојчето направило грешка, манипулатор бил и насилник, сега треба да го пријави. Најдобар нека е во кревет за џабе и е ваков човек. Луѓето за се нешто ќе зборуваат и ќе заборават. Кажав секое чудо за 3 дена. Она ќе биде слободна.

    Искрено, во овој момент посакувам и ја охрабрувам да го пријави, а со тоа и сопругата ќе дознае што говедо е, за на крајот сите да се спасат.
     
    На evangelina.ina, Peanut Butter, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.097
    Пол:
    Женски
    Ти нели беше на страна на швалерката, сега одеднаш ти се блуе. 8-|
    Исто жената ти беше крива, мажот светец.

    #смајлиштосекрсти
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.593
    Допаѓања:
    115.570
    Пол:
    Женски
    Не сум јас на ничија страна само сум реална. Не можам да плукам по некоја таму што не ја знам, зашто мажот ми сакал да го пикне во друга, зашто не знаел да го цени бракот со мене. Ако не е петра ќе е стојна. И што треба да се тепам со секоја жена на светот? Не бре, него ќе го решам.
     
    На nevermet18, Mikha4 и WildMk им се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.819
    Допаѓања:
    17.627
    Пол:
    Женски
    Треба да се смириш и да размислиш свесно. Каде се може да се видите? Ти доаѓа дома, на работа, каде и да се сретнувате договорени и виртуелно.
    Виртуелно е најлесно да го откачиш. Блок и бришење од секаде. Смени и број ако треба. Повеќе нема да се договараш со него за средби. Значи останува само на работа и дома.
    На работа ако си со колеги, а верувам си, не може да ти направи нешто посебно. Пријави го кај надреден ако те замара на работа. Што мислиш дека ќе каже за тебе? Забораваш дека ќе се издаде и сам, а освен тоа двајца може да ја играат таа игра. Сметам дека тоа е празна закана.
    Најголем проблем е тоа што ти доаѓа дома и мора да прашам....нели живееш со некој? Со твоите? Секој ден ти е на врата и никој не приметил? Да не се претставува како јеховин сведок пред твоите? Ова ме тера да мислам дека можеби си трол.

    Во секој случај, најдобра шанса ти е да кажеш на твоите. Што може да се случи? Да ти забранат да излезеш? Да ти се налутат? Да се расправате? Знам дека звучи лошо, ама не го поминуваш тоа и онака со него?
    Освен тоа секогаш би те советувала пријавување во полиција и посета на психолог.
     
    Последна измена: 2 октомври 2021
    На Okle23, Celltica, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    26.981
    Мажот е еднакво крив како и швалерката. :?:
    Само малку повеќе се преминува границата кога од швалер станува психопат кој те следи насекаде. Just saying..
    Не ми се верува дека читам коментари дека го бранат мажево. Доста беше дневна доза токсичност Фемина за денес.(waiting)
     
  19. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Ова може само да го напише маж со површински емоции кој ништо не сфаќа околу себе. Изманипулирана сиротка е затоа што тој направил се за таа да се заљуби во него, покрај децата и жената. Сигурно и не е единствената девојка со која флертувал. Тоа што таа го ошамарила прво не му дава нему право за да и врати, ударот сигурно бил посилен. Ти си од оние мажи што се би направиле за да излажат некоја - притоа со самото нејзино прифаќање да биде со тебе ја малтретирате бидејќи првично прифатила само љубов. Ги тестирате како да се стока само затоа што прифатиле да бидат со вас.
     
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.418
    Допаѓања:
    126.676
    Пол:
    Женски
    Леле,заклучоков... |(:rofl:
    Си се зачленила пред неколку дена. :D
    Како можеш да го процениш членот од еден пост?
    Како можеш да го ставаш во ист кош со такви мажи?
    И тоа човек што не го познаваш.
    Сите рековме дека не заслужила удирање.
    Никој не заслужува да биде удиран/тепан.Никој!
    Били само смета дека и швалерката погрешила.
    Тебе ако не ти смета дечко ти/маж ти да те вара,твое си е.Ама,секој има право да каже дека изневерувањето е погрешно.
     
    На CrazyGirl15, deskarada, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.