1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. MateaSokolovska

    MateaSokolovska Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Значи ако си таа паметната уште коа си дознала дека е женет ќе си го оставела и ќе си се тргнела настрана. Разбирам што е љубов ама на некој да му го упропастам семејството е тоа не си би го дозволила. Со ова што си го сторила си паднала на најниско можно ниво. Од толку мажи на овој свет ти си нашла некој женет. Само едно ме интересира: толку ли е убав,вреден,многу те задоволува у сексот, те мисли(ова не мора да ми го одговориш секако не можеш да му ги прочиташ :rofl: ) па да вреди да се мачиш 4 години (што нее е мал период) и да живееш со грижа на совеста толку време ?
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.210
    Допаѓања:
    106.812
    Пол:
    Женски
    Грижа на совест?? ХА!! Па овие не знаат што е тоа, оперирани се од грижа на совест. Инаку не би ни погледнале во женет човек а не па да кукаат дека им е тешко, дека го сакаат , бла бла бла. Фуј!
     
    На tessie и MateaSokolovska им се допаѓа ова.
  3. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    Што е проблемот со постовите на женава? Жената си кажува нејзино мислење и начин на живот и престанете да пљукате и да бидете дрски зашто ке почнам да верувам дека овде форумов врие од девојченца од по 14 години кои уште ни на школо не проодиле саглам па уште ќе зборуваат и за бракови.Вас некој ви суди? Не судете ок? Секој ќе си живее ко што сака и ќе си брка работа.Нејзиниот живот не зависи од вас ниту вашиот од неа.Научете се еднаш да почитувате некој поразличен од вас и различни мислења ,зашто се не сите затворени во некој розев свет каде маж и жена живеат среќно бла бла без да погледнат некогаш и наоколу.Таков е животот ,навикнете се на тоа.Љубовта не трае вечно ,овде на форумов врие од невини и светци у заграда а у реалноста и те како е многу поинаку.Со луѓе сум секој ден,работа се дружам и гледам што се случува околу мене ,секс на страна од бракови и врски на секој чекор .
     
    На ljubovljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    љубов со се случи со тебе уште си срекно заљубена во пријателов или пукна тиквата?
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.819
    Антониа, темава не служи за исповед, не служи за тие што се плеткаат со женети да си ја кажат приказната и толку. Ова е форум и тука се ДИСКУТИРА. Ако сакаат да се исповедуваат и да не ги осудуваме, нека си отворат блог.
    Не можеш на форум да бараш не прави она и не прави ова. Се‘ дури се почитуваат форумските правила и дури напишаното не е надвор од темата, секој може да пишува што си сака.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
     
  7. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    дали форумско правило е некого да нарекувате очаен и гуска ,само затоашто не се совпаѓа со вашите мислења? :)
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Па види сега, темава е осетлива, штом си решила да пишуваш на неа, треба да очекуваш секакви реакции, мислам не е темава „Кој кармин да го купам?“ (ми тргна муабетот за кармини деновиве :lol: ) туку е „Врска со оженет човек“, а таквите “госпоџици“ што одат со женети расплакале многу деца и семејства кои ним ништо не им згрешиле...не можеш да очекуваш тапшање по рамо и фрази од типот на „Само напред!“ Не' има и мажени овде на форумов на кои од самата помисла на такво сценарио, коса ни' се крева на глава...

    „Ништо не е погрешно ако не' прави среќни?“ Тоа се вика себичност, безобразие и хедонизам таму јас каде што живеам. И фашистите ги правело среќни да си ги украсуваат лустерите со човечки кожи и коски и да мешаат гени, па тоа е далеку од не-погрешно.
     
    На Hipica, slim, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    10.889
    Не ги разбирам патетичните жени,кои се низок карактер и себични кои помислуваат на врска со оженети.
    Всушност баш во ваквиот начин на пристап се гледа интелектот и карактерот кај некоја особа,без разлика дали е маж или жена.
    Не би сакала никому да судам,али стварно ми се гади од вакви створења кои се улетуваат измеѓу веќе изградена врска и на тој начин рушат се што претходно било создавано.
    Али сите оние кои посегнуваат по туѓо,немој да мислите дека правда нема и дека еден ден ќе ве стигне онаму каде што најмногу ќе ве заболи.
    Не би да реплицирам на мислења од типот на лесни жени со слабоумен карактер од едноставна причина што ми се гади прво од нивниот мозок,суета која ја немаат на повидок и сопственото его.
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    па добро затоа викам,не може еднаш да речеш почитувам форумски правила а потоа да речеш ќе пишувам што сакам.Малце е контрадикторно
     
  11. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147

    навистина е така...не размилсувате ли дека времето кое го поминува со вас, е всушност времето кое им го кратите на децата со нивниот татко......парите кои ви ги дава или ви купува подароци, може ги “заштедува“ од храната и облеката на децата.....вие сте среќни :?: а што е со сопругата што го чека дома, што се грижи за неговите деца, што му ги пере гаќите......што е со децата кои наместо да живеат среќно детство-живеат во кавги и расправии- се разбира поади вас..........?

    како може да бидете среќни на туѓата несреќа??? значи штом има деца, вие не растурате брак- растурате СЕМЕЈСТВО!!!!алооо

    “ама тој мене ме сака....не е среќен со жена му....ради децата е со неа...јас го правам среќен“““------ма немој.....да не го прави среќен твојата вагина, или тебе неговите пари???
    ставете се во ситуација на сопругата која и го крадете сопругит, на децата на кои им го крадететаткото и дел од детството??? би сакале ли некоја тоа вам или на вашата ќерка да и го направи?
    а од пракса се покажало дека ако ја вара жената со вас....и да се разведе и да веземе за жена...по некое време и вас ќе почне да ве вара со некоја..хмммммм.....позгодна и помлада.....

    ПС знам пример за еден пар...таа цел живот му е љубовница...била многу убава-но останала со него од пуста љубов...и знаете што? тој никогаш не се разведе од сопругата...тој сега за сите празници е со сопругата, децата и внуците...а таа е сама...без деца, без никој.....зошто? зошто решила младоста и убавината да му ги подари на некој кој веќе имал се...
     
  12. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Ова е нешто што највеќе на свет го мразам врска со некој/а што припаѓа на друг/а. Тоа е нешто најглупо и најпонижувачко нешто што може да се направи.Има полно слободни луѓе на овој свет некој слободен те чека само тебе и има љубов само за тебе, каква потреба имаме од тоа да расипеме среќа на други луѓе тоа е грев и нема никогаш да ги подржам љубовниците НИКОГАШ тоа се луѓе што немаат свое ЈАС, се гордеат на туѓата несреќа, а не помисливте како би ви било на вас вашиот маж да е*е друга пи**а, не е убаво не...Мислете на време се врти кругот.
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе се обидам, колку што е можно без осудувачки тон да ви укажам колку всушност си правите штета самите на себе, па потоа на едно невино семејство.

    Мене не ми е јасно како може да е привлечен маж што остава зад себе слика на кукавица. Се крие, вам ви кажува приказни „те сакам, ќе се разведам“ а ете...не се разведува. Ви кажува убави работи? Земете книга со љубовна поезија, поефтино ќе си поминете, а и духовно ќе се обогатите. Зарем не сакате некого кој со гордост (а не со срам и страв) ќе ве однесе пред неговите и ќе им рече: „Јас ја сакам.“ Некој кој ќе ве запознае со друштвото, без да ве компромитира со самото тоа, да им даде мета на која ќе покажуваат со прст. Тој ќе си продолжи понатаму и никој ништо нема да му пререче, да се потсетиме, не сме толку либерално општество, туку кај нас се'уште татковците (пример, не велам дека нема и исклучоци) повеќе се радуваат на машко дете, а на женското дете се префрла сета вина и срам за секоја грешка во која учествувале маж и жена. Се обидуваме да го оттргнеме тоа и да бидеме модерни, но тоа се гледа само на демо снимката, во вистинскиот живот сосем поинаку функционираме, на стариот добро научен начин.

    И да дојде до развод, тој, со еден брак зад себе во кој изневерувал, многу побргу и полесно ќе продолжи понатаму отколку вие, млади, слободни (сигурна сум и со голем потенцијал навистина да постигнете нешто во животот) девојчиња, но со една катастрофална грешка (сте предизвикале распад на едно семејство, само затоа што тогаш сте мислеле дека не постои погрешно во работите кои ве усреќуваат) сте си ставиле голема црна дамка на себе која секој ќе ја гледа и ќе се размисли добро пред да ве пушти во својот живот.
     
    На stetoskop, Annath, baby-star и 5 други им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.210
    Допаѓања:
    106.812
    Пол:
    Женски
    Ананатониа а да не погодивме некој нерв ние вака што живееме во розов свет? Не душо моја не живееме во розов свет, од ваквите жени кои сакаат туѓи мажи ни е се само не розов светот. А ако не ти се допаѓа како и се обраќаме на женава, не не читај и готово. Што се замараш?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Тешко дека ова допира до нив.Таквите немаат никакви морални вредности,едноставно не им е гајле или немаат доволно мозок да размислат за погоре напишаното.
    Многу убаво кажано.Можеби треба нова тема “Зошто да кажеш НЕ на врска со оженет маж“,па да се запишат ваквите размислувања.Ќе помогнат на некого.
    Инаку во таква ситуација,јас најпрво го осудувам мажот,како си дозволил да дојде до тоа.Меѓутоа,знаејќи какви се повеќето мажи,останува на тоа дека ако девојките не влегуваат во такви врски мажите ќе нема со кого да изневеруваат :) .
    Ми се случува понекогаш да ги анализирам луѓето,по начинот на комуникација,по нивниот поглед,муабети,односно по целото нивно однесување и тоа онака од страна,па затоа велам повеќето мажи.Еве пример кај мене на работа еден колега нон стоп “облетува“ околу една колешка(немажена),претходно истото го правеше кај друга,но во меѓувреме се омажи,па намали со тоа облетувањето.Нон стоп наоѓа нешто да праша,да најде некој муабет,изговор да биде со неа.Е сега да беше некоја од нив “таква“ можеби и ќе се случело нешто,но и двете сосема коректно си се однесуваат.
    Еве и маж ми ќе го земам за пример и он истото го прави на една моја братучетка,облетува пред неа зад неа,а кога му кажав нормално негира.Инаку од порано исто сум гледала многу,многу примери за вакви мажи,лично и мене ми се има случено од колега,дури и нападен да биде, и затоа најпрво ги осудувам нив,а потоа девојката.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Да, па затоа треба да ги распознаеме незрелите “големи деца“ на кои им личи се' повеќе од тоа да изигруваат деца од мажите вредни за внимание...не заради неговата жена и семејство, туку заради нас самите, нашата самопочит и интегритет, а потоа и за другите кои ќе бидат повредени по пат.

    Постот над мене за таквото однесување на мажите ме потсети на периодот tessie кога беше учениче, кога ми беа првите “сериозни испрашувања“ во основно, коа имаше историја, географија и сл. за првпат...и кога одговарав, кога мислев дека знам нешто, ама се плашев да не сум на погрешен пат, поолека почнував со одговорот и ја гледав упорно наставничката за да најдам некој знак кој ќе ми каже „да, на правилниот пат си, продолжи“. :D

    Е таквите мажи се исти плашливци како и децата тогаш (уште да беа толку чисти и искрени арно ќе беше). Затоа, еден отсечен поглед и збор се доволни за да се освестат дека не се на правилната патека и дека не сте вие девојката која тој ќе ја уништи. Нема љубезно одбивање, затоа што тие во тој момент толку сакаат да згрешат што им треба само најмал знак на позитивна реакција за да одат со главата в ѕид, спремни да уништат едно семејство и некоја девојка (а многу често и две семејства).
     
  17. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно сум против врска со оженет човек. Па колку и да ми се допаѓа или па да му се допаѓам јас сум против овие врски. Стварно не ги разбирам оние кои можат да бидат во врска со оженети луѓе и притоа да не чувствуваат грижа на совест. Јас не би издржала. Ако толку сака да бидеме во врска, и ако толку не ја сака сопругата, како прво незнам ни зошто ја земал, а како второ нека се разведе па после ќе правиме муабет :)
    Толку од мене поздрав.
     
  18. emily90

    emily90 Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Моето мислење е дека на мажот му се сака тој е виновникот не се другите жени криви ако маж ти е ЖЕНКАР ...толку од мене....
     
  19. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сте премногу критични на овие жени кои се осудиле да го образложат својот проблем и да побараат совет од сите нас тука. И јас можеби веднаш ставајќи се во улога на мажена жена веднаш би изреагирала така,нарекувајќи ги со погрдни зборови тие особи.Но не е секогаш така.Во животот постојат многу ситуации, а сите сме сведоци дека постоеле моменти кога не сме можеле да си ги контролираме чувствата. И на сите може повторно да ни се случи истото, дали биле во брак или не...Да го изневериме партнерот, или пак да бидеме изневерени...Затоа на овие реални и секојдневни ситуцаии реагирам само ,,не дај боже, што подалеку од мене,,..Среќна сум и убаво ми е и несакам да ми се случи нешто такво, во спротивно секако би се борела до крај...
    Ситуацијата на љубовљубов и ,,емоцоналната превара,,кон својот сопруг не ја осудувам.Сето тоа може да се случи.Но го осудувам нејзиниот двоен живот.Доколку нејзиниот сопруг ја исполнува во секој поглед, таа не би помислила на друг.Затоа треба добро да размисли за нејзината ситуација, и треба да разговара и да му каже на спругот.А со тоа и да си ги сноси последиците.Кога имаш храброст за таков чекор, тогаш биди храбра до крај и отвори ги картите кон луѓето со кои си одлучила д аго делиш животот. Не е фер некој да биде магаре во целата ситуација.Освен ако бракот не ви е така договорен, па секој да си брка своја работа (верувајте, такви бракови постојат и тоа доста често).
    За оние девојчиња/девојки кои се безнадежно заљубени во женети мажи и кои го чекаат крајот на бракот на својот сакан, би сакала да им укажам дека залудно си го губат времето.Ако тој во вас ја пронашол правата и вистинската љубов, тој веднаш ќе се откаже од својот таканаречен измачувачки живот.И навистина тоа е реткост.Оставте го и пуштете времето нека го каже своето.Ако треба да биде тој правиот, самиот живот утре ќе ви го донесе на тацна, без да имате никава грижа на совест дека сте уништиле едно семејство.Ако не е тој, тогаш вистинскиот ве чека и време е да го побарате.Не си го трошите животот на веќе потрошени мажи кои бараат само секс и авантура, надевајќи се дека вие сте вистинската во неговиот живот.
    И на крај, доколку не дај боже, пак не дај боже, мојот сопруг ме изневери, можеби жената ќе ја мразам, сигурно до лудило, ма до убивање гарант.Но таа не би ми била вистинскиот виновник во таа ситуација.Вистинскиот виновник е оној со кој сме решиле да го поделиме животот и да основаме семејство.
    Не осудувајте, не критикувајте, само кажете си подалеку од нас...Затоа дајте му совет, на оној кој побарал помош од вас...Ова е живот и се се случува......Поздрав...
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    И мажот е виновен, ама е се' освен фер и реално вината само нему да му ја префрлиме...

    Инаку во врска со мислењето над мене, повеќето девојки се трудевме многу пати да бидеме разбирливи и искрени во советите кои им ги даваме на овие девојки. Како и да е (со чест на исклучоците кои навистина беа свесни дека грешат и навистина сакаа да го решат проблемот, такви беа многу малку), повеќето, очигледно не бараа совет, туку виртуелно тапшање по рамо и поддршка да продолжат со таквите гнасотии. Ние, од другата страна, бевме тие што беа напаѓани, иронично нарекувани светици, навредувани, дури мислам дека неколку пати и обвинувани од типот на „да би било се' во ред со жените, нас немаше да не' има“ и сфативме дека, за жал, повеќето (пак ќе речам со чест на реетките исклучоци) не се само наивни девојчиња кои ги излажале, туку се суштества полни со омраза кон оние кои не се како нив, кои мислат дека е голем триумф да имаш таков статус во животот. Мислиш дека некого си насанкал, а всушност самиот себеси најмногу си си наштетил.