Така е. Таа тема е еден цел дел од психологијата кој мора најпрво да се знае за да се даде ваков совет. За судење е најлесно. Да сакала некој/а да ја суди ќе кажела во приватниот живот на другар, другарка, родители, немаше да пишува тука на форумов.
Нејзе не и' било гајле? А него му било гајле за жена му и за децата дури лажел 19 годишна девојка? Па те сакам, па со тебе ми е вака, со нејзе ми е онака, ти чиниш, таа не чини... Тоа љубов е за тебе? Шо и' ветила швалерката на жена му? Вечна љубов? Или можеби тој и' ветил, ама се посрал на ветувањето, па уште и го замачкал со рачиштата? Ти мене ако ми ветиш нешто, очекувам ТИ да го исполниш ветувањето, не комшиите.
Се додека правите поделби на луѓе врз база на едно мислење ќе си патите. Како да ти врати на одговорот @Billy Idol кога ти со една реченица го направи од гомно подоле. Кој дел не ти е јасен дека таа не е изманипулирана туку сама свесно се предала кога знаела дека е женет. Како бе гајле ви е за жена му и децата,дур ви е убаво нека трае? Како бе тоа немате трошка срам, перде еве не знам… #смајлиштосекрсти
До негде се согласувам со сите. Да, и швалерката не е лишена од вина. Ама не е един виновник и доколку би се лутеле на некој, то треба да е на партнерот кој не изневерил. Факт е дека швалерката не ја боли пична жила за семејството на швалерот и дека него треба да му е гајле АМА свесно одиш во активност која ќе повреди некој и од таму во најмала рака си соучесник, ако не и поќе. Не знам какви филозофии пратите другите, ама мојата е прилично јасна. Ако има некој повреден од активноста во која учествуваш - морално грешно е. Ама нема да ти речам да не го прајш. Доволно голем си да процениш сам. Сега за девојката која е со женет. Малку ве читав со деној веќе. Мака ми беше да барам оргиналното мислење. Ако партнерот ја малтретира ( иако во случајов е швалерка и не знам дали „партнер“ е точниот израз) та треба да замини. Да. Свесно влегла во ваква врска и учествува во повредувањето на жената АМА во исто време таа е жртва на насилство. Едното не го исклучува другото. Да, можеби е манипулирана, можеби не е. Према информации шо видов, то не можи да се знај. Апсолутно можи некој да е манипулиран со години, впрочем колку токсични и насилни врски постојат кои траат и траат. Само зошто ова е „тајна“ врска, не значи дека е лишена од то да е токсична и дека неа и` е лесно да замини. Ова не е оправдување на изневерувањето, туку презентирање неа како жртва на насилство. Така да девојко раскини. Нека е онлајн или во присуство на трета личност ако ти е страв. Кажи му дека ако те замара пак ќе пријавиш во човечки ресурси и во полиција ( колку шо сфатив заедно работите). Не му одговара него да пријавиш, ама ако продолжи ич не се думај - пријави. Ова поќе ко заклучок иди веќе. Ако прајш една работа грешна, и една точна, не се невалидизира точната зошто си напрајла грешна па „заслужваш“. Нема такво нешто. И се согласувам со другите дека дури и швалерката, покрај партнерот, нема емпатија. Пошто ако имаше, ќе сфатеше дека иако таа нема ветување кон партнерката, ни пак се грижи за семејството, учесник е во повредување на едно, ако не и на поќе лица. И ако не осетите нешто кога вака се формулира реченицата, да, немате емпатија. Ова е коментирано за швалерка зошто вие то сте зборале. Мислам дека на долго и на широко имам зборано за партнерот кој изневерува претходно.
Апсолутно се согласувам. Вистина е дека немам емпатија тие 2-3 саати додека сме заедно. Не само што немам емпатија, туку се гадам од тоа со каков маж живее некоја. Јас бев жртва и на насилство и на сексуален напад. И се мразам себе си затоа што бев тоа. Затоа што 'дозволив' да бидам жртва. Никогаш нема да си простам, ама и никогаш повеќе нема да бидам јас жртвата. Сметам дека такви мажи не треба да се толерираат ни секунда. Јас 3 и пол години се влечев и не знаев кај ом, кај терам. Нема повеќе ни еден маж да ми кажува која сум, што сум, што смеам, што не смеам да правам, кај смеам да одам, што смеам да облекувам, со кој смеам да се дружам... и да дозволам да јадам ќотек. Јас сум 'курвата', ама ќе бидам курва јас кога сакам, така јас како што сакам, со тој јас што сакам. Никогаш повеќе нема некој да дозволам да ме силова. Порадо би умрела отколку тоа да ми се случи. Секоја трета жена има трпено некакво насилство од партнер. Ужасна бројка... ужасна... Не вреди...
Тогаш немаш никакво право да прокламираш феминизам. Сѐ останато паѓа во вода. Настрана мажите, се знае што заслужува насилник, изневерувач, социопат..зборуваме за жена кон жена тука. Fake feminism or what..
Најодвратна форма на феминизам е, најекстремна. Кога гледам жена која е изневерувана, или малтретирана од партнер, дали психички, физички, финансиски... се гледам себе си. Сакам да ја фатам да ја исшамарам, да ја заплескам и да и' кажам: “Освести се!!!“ Ама ми текнува каква бев јас кога бев на нивно место. Сама, исплашена... You don't trust anybody but him. Јас и' кажувам на мајка ми дека ми силоваа, таа ми вели: “Кај сите, таму и тој“ Им кажувам на другарките дека ме удрил дечко ми, се смеат и ми раскажуваат како нив ги тепал дечко им. Им кажувам на моите ми велат: “Скарај му се“ Тој ти кажува дека ќе те убие. Никој не ти помага, никој не те разбира, тој зборува наоколу дека ти си ваква-онаква, почнуваш да веруваш дека е вистина, дека сите ти го свртиле грбот. Ако оди со други: “Ти не го палиш“ или “Маж е, шо ако“ Ако те тепа, нормализирано е. Ако те силувале... исто... Никој не пријавува во полиција. Немаш излез. А замисли со деца и без финансии. Убедена дека си ти 'грешната', без трошка самодоверба, или верба во светот. It's a dark and lonely place. И затоа не сум им кажала дека ги изневерува... оти јас ќе бидам кривата, тој ќе биди 'само мажот'. Ако не можам да сменам за другите, ќе се обидам барем јас да задржам колку-толку контрола врз својот живот. * It's a coping mechanism. Не ги осудувајте жртвите. Нема полошо.
За човеков што изневерува 4 години и плус ја малтретира девојката е ѓубре. Скоро сите се нафрлија на девојката дека е неморална и многу други погрдни зборови, дека е соучесник, дека требало да го одбие. Па што тој барал да се нуди кај 19 годишна? Друга работа може исто така се однесува и со жена му. Може и таа е психички и физички малтретирана од него. Дали со тоа што е во брак со него и она е соучесник? Дали и ако жена му одлучи да биде со друг ќе биде исто критикувана?
A zasto ednoto go isklucuva drugoto? Ne moze dvajcata da bidat vinovni sto upropastile semejstvo? Kako moze vo celost da bide isklucena ednata strana koga direktno i svesno ucestvuva vo toa?
Од каде знаеме дали тој лажел дали е женет или не. И веќе и да било дека девојката му се понудила тој како женет 32 годишен маж можел да ја одбие. Ама вака дома жена му да го трпи а на страна да си прави што сака. Или за пред луѓе ептен фин ќе се прави па дури и на одмор со семејството отишол. Ѓубре е и крај.
Виновен е тој што изневерува затоа што не си го почитува своето, но не е ни чиста онаа личност со која некој изневерува. Не изневерува некој сам, двајца се. Морал и емпатија треба да се има и за туѓото, како тоа ви е ок некоја да не се грижи ај за нечија жена, ама деца? Не е исправно никако. Еден ден таа ќе има семејство, како ќе и' биде неа да и' се случи истото?
32 годишен маж, ако му пријде 19 годишно дете, треба да го фати за партал и да го испрати кај мајка му! Таа ако е зелена, тој би требало да е возрасен. *Чеј пример. Машки по 20 години, мене ми се имаат пуштано. Последно нешто што ќе ми текни е да имам секс со него, па уште и да му ветувам дека ќе го оставам маж ми и дека ќе бидам со него. Треба ич да немаш три чисти во глата.
Прашај ја. Има одговорено,свесно пристапила. А сигурна сум дека да не беше насилството таа ќе продолжеше со него уште долго.
Зошто цело време се напаѓа девојката? А тој што е? Девојката е психички и физички малтретирана и тоа е единствената вистина.
Па ко е лажов, ич не е чудно. Пишав поназад. Пред дваесет години жената ќе се самоубиваше, сеуште е со изневерувачот. Тешко на тие луѓе. Ни ги поддржува некој, ни имаат кај да одат. Повеќето немаат имот, немаат работа, или примаат некоја мизерна плата. Па уште ако те тепа и малтретира и изневерува, буквално ко в затвор да си.
Многу ме занима како е психички малтретирана кога таа четири години свесно била со женет човек. Значи СВЕСНО!