Ова е феномен што искрено заслужува посебна тема. Немаш пари, немаш работа, немаш имот, ама битно е да се омажиш и да ја цицаш платата на маж ти. И пак мажот крив.
Браво,швалерката жртва,жена крива,мажот…фазла небитен. Дај нека се разведе човеков да бидеш среќна нека биде со швалеркава. Децата и семејството кој ги врти. Сфаќате дека таа ќе беше со него уште долго да не беше насилството? Сама си кажа на почетокот “прав маж,господин”. Мистер Џентлемен со еден збор. Не е ни баш наивна,ни цвеќе за мирисање.
А како е свесно со некого, жена која е цел живот малтретирана од партнерот? Ај како има жени кои се жртви на убиство од партнерот? Сто пати по темиве имам постирано што значи да си жртва на насилство и што се' вклучува. Контроверзниот The Stanford prison experiment за една недела ги претвори 'нормални' луѓе во садисти, во насилници, а што можат месеци, години тортура да ти направат... ехеее... Why Do Victims Stay? Why People Stay It's not as easy as simply walking away Eight Reasons Women Stay in Abusive Relationships Why Victims Stay WHY DO VICTIMS STAY WITH OR RETURN TO ABUSERS? Ова се само првите пет линкови од гугл пребарување: why do victims of abuse stay Илијадници други линкови има. Прочитај го кој ти фаќа око.
Ја зборувам за темата…Од кај ти знаеш дека ја тепал четири години? Да не се криеше во шкаф и ги ѕиркаше?
Знам то шо пиша чупето! а ти прајш како полицајците: А ти му влезе в кола? А како беше облечена? Можи си го испровоцирала, па те удрил? И после правда ќе очекуваме... Од каде? Не знам што читаш, па да заклучиш дека се побивам? Не ми се објаснува поќе. Кој разбра-разбра.
Ти се правиш паметна а всушност си… Ништо ново кај тебе,ако не е по твое правиме како полицајците. Како да ти објаснам дека фазла без врска тропаш.
@buba4e89 еве она раскине со него, се свести. Мислиш дека тој нема да се пушта на други помлади?? И што мислиш дека кога се пушта кажува дека е женет? Море не знаеш какви се говеда има. Мене лично еден ми пишуваше од лажен профил, " Во спална сум со тебе пишувам, а жена ми во дневна пишува домашна со син ми!!!". Е сега јас му реков Иди помогни на жена ти не туку бркај сојки тука и го направив од гомно подоле, ама имаш и такви кои не им е гајле. И што мислиш дека овај мојов пример, само со мене се допишуваше?? А бе ги ловам тие со скриени профили ко ништо. А правите им се заеднички со жена му и таму цвета љубовта. Само поплукај си во пазува да не те задеси. Да не зборам за втори телефони во фиока на работа, за станови што се изнајмуваат на саат за време на пауза... Оф.. тешки се тие работи. Ама како што кажав, за танго се потребни двајца..Никој со сила не може да те натера да бидеш со некого.
Не знам каде прочита дека јас го бранам него,во една приказна има две страни и не е секогаш само едниот виновен.
И? То ја прај швалерката или швалерот невини, емпатични и сл? Не. Не. И не. Само мачкање очи е да се речи дека нема морална одговорност the side chick/ dude. Оти има. Иако главна вина е на партнер кој изневерува. Не е црно - бело, има нијанси измеѓу.
Најмногу е тој крив. Каков чоек треба да бидиш, да ветуваш вечна љубов, верност, деца да имаш со некој и после оти 'ти се ебало', да погазиш се'? Кажи си направо: “Јас сум курвар.“ - па ако сака нека остани со тебе, ако неќи, пушти ја нека си го тера животот. А не ќе ја лажи жена му, ќе ја лажи швалерката. Двете ќе рикат, ќе си ги корнат косите, ќе се самоубиваат, ќе се убиваат една со друга. Абе фатете го него здробете го од мање! Тој ги прај сите проблеми. Немаш појма колку се лесни за изневерување повеќето. 90% од тие што ги знам, барем еднаш ги изневериле партнерите. Сите знаеме приказни со изневерување. И приказни со жени дома што јадат ќотеци, оти господино не го чекала салата и ракија ко ќе си дојдел од работа. ... ама секој си знај за себе... ваљда...
Точно, кога си соучесник во нанесување некому зло, имаш и ти кривица! Нели треба жени со жени да се почитуваме и поддржуваме? Така по други теми викате... Епа со мајндсетот „јас сум слободна, што има да ми е гајле за други“ не се покажува почит и поддршка. Или ко ќе се работи за ќевот да си го истерате тогаш супер изговор имате. Криви се сите учесници коишто се впуштиле и се свесно соучесници во изневерување. А тоа што ги снаоѓа после е карма, што ќе посееш тоа ќе жнееш.
Ја тепа па ја сака и и кажува розеви зборови. Ја манипулира. Не знам зошто толку го браните човекот? Тој ја изневерува својата жена.
Ај да се почитуваме. Ај сите шо ми се имаат пуштано, да ги кажам на жените. Ко Фросе шо му напрај на онај. Шо мислите, кој ќе го јади стапот?