Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.661
    Допаѓања:
    116.164
    Пол:
    Женски
    А бе овде очи си вадиме за нешто што ја знаеме само едната страна. Не знаеме дали знаела дека бил женет кога влегла во врска со него. Ако знаела, е извини ама не ја оправдувам. Свесно да се пикам да градам среќа над туѓо гнездо не фала. Ако после дознала и сакала а не можела да се ослободи од него (има такви психопати) тогаш е за жалење. Згрешила ама јебига налетала на психо. Така да само на еден напишан пост за кој се повеќе почнувам да мислам дека е измислен ... Ај може некоја се наоѓа во ваква ситуација, чита овде па ќе помогнеме некому..
    @Bridget живее сама, нејзините не смеат да знаат за врската, очигледно е дека не е од градот од кај што живее моментално. Еве нека не е Скопје да не ти скоривам јадови. Ама нешто не штима овде...
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.098
    Пол:
    Женски
    Кажав јас убаво и јасно. За една недела можат многу работи да се случат, се остало е претпоставки.
    Освен тоа таа самата кажа дека после одморот тој се променил, следувало шамар од нејзина страна, не и верувал нејзе за ништо,ја шамарал. Тоа е нејзината верзија.
    Неговата верзија не ја знаеме,по нејзината заклучив дека тој се зближил со жена му. Истото го кажав во мојот првичен пост,претпрочитај си.

    Не мора да се надлажуваме за ништо ако не сакаме,може некој не сака да пишува повеќе едно те исто цел ден.
     
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.450
    Допаѓања:
    126.911
    Пол:
    Женски
    Затоа што е идиот.
    Пак ќе речам,никој не го пере.Крив е.
    Ама и швалерката е крива.
    Оженетиот маж има жена,зафатен е!
    Швалерката учествува во неверството и со тоа ги повредува жената и децата на тој.
    Требало да се повлече од моментот кога дознала дека е оженет.
    Повторно ова:
     
  4. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Не ти е крива девојката што не е од Скопје ако спие со маж ти.
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.178
    Допаѓања:
    135.922
    А скопјанки не знаат да живеат сами? Па тоа кога ќе видам, начукала некоја 35 и уште со мама и тато и нема кај да се опне со некој.

    Иначе, и девојчево си го бара. Ќе си го најде.
     
    На Peanut Butter и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Навреда е навреда, демек само провинцијалките се орос*ии. Дали девојката ја кажува вистината или не не знаеме со сигурност, ниту смееме да осудиме зошто можеби таа е жртва во оваа ситуација. Млада, несигурна девојка, залажувана само за да биде искористена.
    И што е најтрагично кога ќе му здосади, кога ќе најде нешто ново повозбудливо, ќе ја отфрли како ништо.
     
    На Kanya и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  7. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Многу навреди на темава. Ја замолувам @Cosmic Girl да даде свое мислење.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.661
    Допаѓања:
    116.164
    Пол:
    Женски
    Јас така разбрав од нејзиниот пост. Немам кугла магична да знам. А ако е од ист град и нејзините да не дознале до сега.. Тоа ми боди очи. Тоа во Скопјево одма се се дознава а не па во помал град.
    Да бе одиме офтопик девојкава си има проблем ваљда ќе си го реши. Ние овде се исповреѓавме меѓу себе а таа може си седи си ужива и се смее.
     
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.861
    Допаѓања:
    170.946
    Пол:
    Женски
    Збораш како да мислам дека партнерот кој изневерува нема одговорност. Тој има најголема одговорност. И то не смеј да е предмет на дискусија. Зошто не смеј да се оправда на било кој начин партнер кој повредува свој партнер. Ама на швалер/ка moral standpoint е на дискусија. Зошто е нијанса во прашање. Не е целосен виновник. Не е невин. Не е за оправдување ( учествува во повредување) не е за целосно судење ( сепак нема одговорност кон семејството). Разликата е, никој не е морално супериорен. Само не си наоѓаме изговори за глупостите шо ги прајме, ко швалерите и изневерувачите во темава.

    Јас не случајно користам термин партнер кој изневерува. Не ми менва пол негов, ни пак пол на тој кој изневерува. Еве швалер со жена шо изневерува нека е. Ист муабет. Вие прајте полови определби, изневерувачи и соучесници во мои очи скроз исто се. Безразлика на пол. Ако планираш пак да ми реплицираш "мАшКо Е", одбегни ме.
     
    На Lady D ❤️, IRBBB, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Срамота е да се плеткате со оженети или омажени.
     
    На Konfetka, Billy Idol, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.939
    Допаѓања:
    48.125
    Пол:
    Женски
    И крај на дискусијата.
     
    На MeowMeow, nextredstyle, Dimi_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.661
    Допаѓања:
    116.164
    Пол:
    Женски
    @theowndemon ај прочитај наназад што имам пишувано.
     
  13. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Пиша дека таа била крива зошто едвај чекала да најде некој наивен како него за да си овозможи топол дом бидејќи не е од Скопје.
     
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.861
    Допаѓања:
    170.946
    Пол:
    Женски
    Читам. Ама пред се читам шо ми реплицираш, со поќе внимание пошто вниманието ми е "флуидно". Ако имаш да кажиш нешто - кажи. На то шо ти реплицирав. Ако се шо имаш да ми кажиш е да читам наназад, дај кажи совреме мјут да ти манам и да си спасам мозочни клетки без натегање напред- назад.
     
    На nextredstyle и buba4e89 им се допаѓа ова.
  15. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    @nena2010 Значи не е битно тој дека изневерувал или нејзе дека 4 години око не ѝ трепнувало, страшно е што е провинцијалка и краде еден скопски џентлмен? Стварно значи ова провинцијалкиве мажите ви ги испокрадоа. :rofl:
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    60.884
    Пол:
    Женски
    Вајлд, јас себеси се декларирам како феминистка. Нема што сега да пропагирам, си се знаеме на форумов кои сме и што сме. Ама, едно големо ама - кога феминизмот е насочен на правилен начин. Ако сме феминистки, се бориме за добробит на сите жени подеднакво, а не во името на тој феминизам да одиме во екстремно повивање на некаков морал за да се долови поента.

    Ако сме феминистки не смееме само неа да ја гледаме како изолиран случај, туку треба да ја гледаме и сопругата. Овде една жена директно штети на друга и тоа е тоа, колку и да си феминист едноставно нема оправдување. Апсолутно се согласувам дека никако не смеат да се тепаат, таа да го трпи тоа што го трпи, ама дека можеме да ја испереме од одговорност во име на феминизам, тоа тешко.

    Девојчево веројтно уште не чита, пак ќе и повторам неколку работи.

    Тој човек тебе не те сака. И ако магично ја остави сопругата и го остави детето и те земе тебе ништо не ти гарантира дека пак нема да најде некоја нова со која ќе си тепа време. Можно е и со уште да се гледа, а ти да не знаеш. Човек што те сака прво нема да те тепа, второ нема да те крие, трето нема да се однесува со тебе така како што се однесува.

    Прекини да се гледаш со него, се дури уште не ескалирала ситуацијата, а ако ескалира ќе има премногу колатерална штета што никој нема да може да ја излечи. Не ти е местото покрај него, во никој случај. Не си во право, си направила грешка, пресечи го секој контакт со него и почни нов лист. Нема вечно да се криете, некогаш нешто ќе се случи, ќе се дознае па дури тогаш ќе бидеш одговорна за туѓа несреќа.
     
    На MeowMeow, IRBBB, Amellie13 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.861
    Допаѓања:
    170.946
    Пол:
    Женски
    Треба да обрнам внимание и кој по пиши. Џизс. Та е крива оти ојде со оженет. Ништо поќе.
     
    На deskarada, nextredstyle, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Ѓабе си го пиша целото мислење кога се утепа во колено со една реченица. Не е битно само да си интелектуален. Ова значело тоа.
    Вака - значи ти си една пропратна точка од далеку што го набљудува неверството. Не може крива да ти е жртвата на тоа неверство. Од страната на жената ако гледаме е мажот крив. Тоа е се. Нема ојде, не ојде никој никаде, самите одлучуваме какви одлуки ќе донесеме во животов.
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Не може да се збори во име на сопругата кога ниту таа ниту маж и се изјасниле на темава. Од каде знаеш каква врска имаат? Од каде знаете дека не се договорени да имаат нешто на страна?
    Во моментов пишува девојка која е жртва на насилство и тука треба да е фокусот. Последици таа од нејзиното плеткање со женет веќе има и ќе има понатаму, ич да не се секирате дали ќе е казнета за нејзината грешка.
     
    На oblace1, x-MajaEsposito-x, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.661
    Допаѓања:
    116.164
    Пол:
    Женски
    Одлуката да биде со оженет човек свесно ја донела сама. За тоа сама си е крива. За претрпено насилство, физичко, психичко никој не екрив ниту си го барал. Ако сака да излезе од оваа врска ете и совети милион. Ама дека некој ќе ја жали и ќе ја оправдува дека е швалерка тешко. А створот од маж што е со неа не вреди ни воздух да дише ама за жал не е единствен. Да не накапа човек на таков.