А ненене. Феминизмот подумира по малце секојпат кога ќе пробате да одбраните ваква нема да кажам жена, туку женичка. Жртва е на насилство и на ништо друго. Па груминг, па изманипулирана, па греота ова па она. Сите знаат што прават и тоа е тоа.
Ајде од почеток сега, мажот е единствениот учесник во неверството бидејќи тој е во брак. Тој ја изневерува жена му.
А дали тебе некоја провинцијалка ти презела дечко па си толку погодена? Простачко ти е мислењето, затоа те цитирав, не дека лично се најдов погодена. А за мене ако се интересираш, не сум ви зела скопјанец, од мое село си имам маж, кој не го бирав од каде е, туку каков е, ниту пак сум била љубовница. За мене па такви како тебе кои осудуваат кој од кај е се сељанки од најнизок ранг, кога веќе осудуваме. Уште ова: додека има такви како тебе кои други жени нарекуваат ‘курви’, ќе има и такви шовинисти кои ги тепаат.
Колку сте се напнале да мерите кој колку е крив за одлуки кои ги засегаат само нив, сега ве замислувам спремни со камења во раце за казната да ја извршите, жедни за крв Многу непочитување има на форумов, не само на темава, жално е што ако некоја е стварно во опасност и пишувањето овде ѝ е начин да побара помош, не што нема да ја добие туку ќе ѝ помогнете да го допре дното само за да излезете супериорни на анонимен форум. Навредите, понижувањата по географска одредница и нема да ги коментирам, но до толку се дрзнувате да му кажувате кој што треба да мисли Не ви е гајле вас ни за изневерената жена, ни за децата, или бракот воопшто. Се полните овде кога ќе ги истресете фрустрациите на некој. Што ако тој некој ви е сестра, другарка, некоја блиска во животот?
Колку години имаш? Сто пати ти кажав дека во неверство учествуваат двајца или повеќе.Он не ја изневерил жена му сам со себе,туку со девојкава! Швалерката е учесник во неверството. Гледам и други ти кажале. Цело време звучиш како да не знаеш што е неверство.
Како можи да дозволи 19годишна девојка, 32годишен маж да и се приближи? И со тоа манипулирана била, 4години манипулирана? Ајде да речиме на почеток не знаела дека е женет, ами од кога дознала? Мислам апсурдно е да браните швалерка. Сите пишавме дека тој е насилник и дека треба да го пријави, тоа кажавме. Ама глумење жртва, го сакала, ја манипулирал, такви приказни не, кога свесно одела со женет маж години. За мене двајцата се поденакво виновни. И швалерка, швалер ми се луѓе без самопочит, без да се ценат и почитуваат себе си. Толку имам да кажам.
Сакаш да кажеш дека повеќе знаеш ако имаш повеќе години? Ја изневерил жена му. Швалерката не учевствува во неверството затоа што тоа е дел од бракот. Жртвата нема никого изневерено.
Не, ич не е едноставно. Швалерката не изневерува никого, па така не знам како може да учествува во неверство кое не го извршува? Сопругот изневерува! Simple as that!
Морам да поставам едно хипотетичко прашање. Ставете се во ситуација дека го имате изневерено партнерот. Дали за својата грешка ќе повлечете и некој друг дека е виновен? ^И тој е крив што е згоден и што прифати свесно да биде со мене, а јас мажена. ^Дека се збореше 2021 година, а пак жените не ги обвинуваме, ги браниме. Душичка изманипулирана сиротка е мажот во овој случај?
Крив е некој од кој можеш да бараш одговорност, да сноси последици, да се соочи со ризикот кој го преземал... Каква одговорност носи швалерката? Може да ја наречеме неморална, апатична, непринципиелна ама крива? Никој не ја бранеше девојката туку почнаа да ја напаѓаат со секакви погрдни зборови. Зошто ороспија? Може и е прв маж во животот.
Теоретски никој не изневерува никого ако се во отворен брак. Ама ако не се, само мажот е изневерувач, да. Сепак тоа не ја пере девојката од секаква морална одговорност. Ако не е таа, ќе е друга е толку лош аргумент. Пробај искористи го за други ситуации. Ако не сум јас, друг ќе седне на местово за инвалиди во бус. Ако не сум јас, друг ќе го најде паричников на улица и ќе ги собере париве. Ако не сум јас, друг секако ќе процепа на црвено без да застане. Ако не сум јас, друг ќе го собере точаков паркиран без катанче. Само затоа што и некој друг би го направил тоа, не значи дека не учествува и таа во повредување на трети личности. Некој друг би го направил тоа, ама некој и нема. Сепак таа решила да е дел од првите.