Не сум потполно во тек со приказната, ама за ова сакав да искоментирам. Мислам...не знам зошто тоа што живееме во модерно општество треба автоматски да значи дека треба да имаме и искривени вредности и да прифаќаме вакви врски. Зошто треба да е нормална оваа појава? Зошто треба да климаме со глава и да речеме, да тоа си е твој проблем, мене не ме занима? Кога утре може ете некоја ваква личност ќе се појави и ќе го растури мојот или твојот брак или како и да е. Мислам...ако толку лесно се сфаќа поимот брак, тогаш зошто воопшто стапувате во брак? Која себичност е таа, се врзуваш за еден човек, му ги грееш илузиите, а од друга страна си живееш во возбуда со друг човек. Истата приказна со девојки во врска со оженети мажи. Зарем немате ни трошка совест како се чувствува тоа семејство од кое вие крадете љубов? Срамота е, навистина. И да е искрена љубов, и да постои можност да бидете навистина заедно, почекајте некој законски и психички да се раздели од сегашниот партнер, па тогаш создавајте си врска. Не знам што да искоментирам друго...
Постов го имаше постирано Серафима во делот „Религија-Зошто страдаме и патиме“,но вреди да се прочита во контекст на муабетот тука. http://preminportal.com.mk/content/view/9599/54/ Е ова е страшното,колку нашите гревови вакви и слични влијаат на нашите деца,понатака на децата на нашите деца,на идните поколенија.Какво духовно наследство им оставаме. Дури и нерелигиозните ова би го протолкувале,се’ се враќа,се’ се плаќа,природата враќа и слично.Во секој случај е страшно. И да погрешил некој,нека ја увиди грешката,нека се покае и се разбира да не греши повеќе.
Да се надоврзам на муабетот... Познавам девојка, моја школска, која што веќе 2-3 години е во тајна врска со колега на татко и. Во исто време е и другарка со неговата ќерка! Колку е ова патетично?! Ете не знам како, ама врската успеале да ја одржат и кријат постојано, ма да кругот на ново запознаени лица со истата секојдневно се шири. Како таа ќе заврши на крај не знам...Велат кој и да ја советувал не сакала да слуша, била убедена дека со ваков начин на живот и со оваа врска е најзадоволна,среќна и вљубена. Се си мислам дека не е свесна на ризикот што си го превземена врз себе, но тоа си е нејзино. Во секој случај-ЖАЛНО!
Се слагам дека повеќето бараат утеха и подршка во тој пат по кој што тргнале.И секако дека ги бараат постовите во кои што можат да си ја пронајдат сличната ситуацијаи да си се утешат.Незнам колку се злобни и полни со омраза, јас мислам дека се несреќни и полни со несамодоверба.(сакам да кажам дека зборам само за оние девојки кои неможеле да си ги контролираат тие чувства, или чија наивност некој опасен ватрен љубавник ја искористил, не за оние кои свесно го прават тоа за материјални и x причини).Ќе сватат еден ден, но касно ќе биде. Со еден погоре коментар се сложувам, дека незначи ако живееме во модерно општество, мораме д аги прифатиме и искривените вредности.Но факт е дека е така за жал.Последниов пост на девојката во врска со колега на татко и ме фрапира.Потекнувам од генерација која е меѓу последните која умеела да цени дел од моралните вредности на општеството, денес тоа е се поретко и поретко...Што ќе биде во времето со нашите деца..Затоа пак ќе кажам само подалеку од нас.
Ми треба ваш совет.а и незнам колку ке ме разберете.Се зблизив со колега ор работа, прбо бевме мнигу блиски сите тајни си ги казуаввме, проблеми, се.После некое време јас почнав да осекав несто потајно во мене некојпривлечност и карактерот ку го засакав како поминувше времето.Јас не му го искажував сето тоа, ми беше многу тешко, ке ме сватат некои што се нашле во вакав ситуација.После нкое време приметив дури и он директно пошчна да збори дека му се свига, и многу ми олесни.Значи почнавме такао ненаметливо,значи јас ништо не инсистирав, све он почнуваше, дури и се бацивме, но работава е што типов е женет а ми се нашол во многу ситуации сето тоа дојде многу спонтано, после неколку пати и директно ме праша дали сакам нешто повеке од тоа.Јас му реков малце да застанеме да не избрзуваме одма со таа работа, треба време, ин рече добо како сакаш ке останеме другари.Мене искремо сега ми тешко и незнам дали добро постапив и дали би сакал нешто понатака со мене.А сеа ми е ептен тешко ради тоа.Ми треба совет и од машко.Позз
Aj сега замисли си ти дека си на место на жена му? како би се чуствувала да дознаеш дека мажот ти има намери со друга и започнал врска...абе девојко сето тоа е погрешно,зошто не размислуваш малку не е ни требало да дојдеш до тој степен да се бакнете,ама ете тој се согласува да прекинете т.е да останете другари..сепак е неубаво,зошто тој веке има фамилија,а ти како слеп за стап трчаш по фамилијарни мажи
Свеат, зашто мене ме опкривуваваш, кога јас немав никаква намера да почнам, туку тој ја почна работава, гледам дека он осекамнесто за мене, несум тука јас кривата, што го молам свакаш, обостранми чувства се.
А мислиш дека навистина осеќа нешто за тебе, дека ќе почнете врска и дека ќе си ја остави жената ....немој да бидеш една од многуте глупачки (извини ама морам да ти удрам еден виртуелен шамар за да се освестиш) кои паднале на таа финта. Ќе влезеш во еден зачаран круг, ќе се понижиш себе си, ќе бидеш мивка во очите на сите кои ќе дознаат дека растураш брак, а ќе дознаат верувај, ниедна тајна не остала тајна ...а само типот ќе си поигра со тебе т.е ќе се олесни еднаш или неколку пати и ќе си се врати дома кај женичката, која очигледно не знае дека си има работа со таков кретен. Ако искрено нешто чувствувал за тебе немало да ти понуди да бидете другари туку ќе инсистирал и ќе ти докажувал и покажувал колку му се длабоки чувствата кон тебе.... мене ми се чини дека осетил дека нема да добие брзо кај тебе па си се повлекол човекот. Биди паметна и дистанцирај се.
монибејби знам дека скоро си излегла од брак и дека ти треба љубов од некој подршка рамо на кое кога ке ти биде тешко ке се спуштиш и ке се ослониш но верувај срцка дека овој последен кој треба да ти биде се она што посакуваш не те укривувам знам добро како е и знам како се осекаш сега цел свет го гледаш во него ти помогнал кога ти било тешко да али не треба на оваков начин да му вратиш за помошта јас верувам дека тој осетил дека те привлекува и почнал да ти се пушта а се со цел да легне со тебе верувај со него и оваков вид на врска нема да бидиш срекна зар не испадна од бракот за да најдеш човек со кој ке бидиш срекна???? и да покушава он нешто и да навалува ти откачи го кажи му дека го гледаш како другар дека си има жена и деца и фамилија и дека немаш намера со него да си го расипуваш животото бидејки кога ке се дознае за ова исто така ке му ги отвориш устите на многумина уклучувајки го твојот бивш сопруг и ке му дадеш шанса да докаже со ова дека ете ти си таа што не чиниш и затоа те оставил крени глава и среди си го животот наместо одново да го змрсуваш
Имаш многу добри совети тука , нема да проповедам колку е лошо брак да се ратура и да изигравам попадика за тебе не е добро плус од толку слободни машки сама да се врзуваш во проблеми , и да бидеш забава на некој и да останеш со прстот во уста кога тој пак ке си остане со жената , уразуми се моме
Имам исто милење и јас тессие видете девојки не знаете како е на една жена да биде изневерена од човекот кој го сакал и таткото на нејзините деца (зборувам за овие што одат по оженети мажи)и не не е само мажот виновен ,еве јас имам таков случај и дојдов до развод за една распуштеница сега ке кажете дека мм му се кренало па да зошо жената додека му била дома ги чувала децата ,перела ,чистела еве некоја како монивејби го искористила тоа време ,и вика не јас немам вина немој молим те па кој маж на ма да проба нешто на страна да има ама ретки се тие мажи. Јас бев во тоа и само јас знам што преживеав на една страна ти се децата кои се многу поврзани от татко им на друга не сакаш да го видиш тој човек со кој планиравме иднина за нашите деца на две огна бев тој не сакаше да се разведеме напраи сто работи да му го простам тоа не дека сум простила ама пак неможев да го оставам сепак го сакав и го сакам ама тоа неможам да го заборавам. а таа дотичната се што не направи за да се разделиме ми се јавуваше мене и на моите деца замислете имам многу на ова тема ама сепак ке оставам за друг пат.
Абе луње, одприлика знаете после какви проблеми поминав, сега со човеков ја не планирам ништо сериозно, не ни планирав да му рстурам фамилија, не ни имам таква намера на вистина.Муабетов ми беше онака да се гледаме у месецот два три пати, пример ради задоволство, ете примет а не јас со него да се факам во сериозна врска , јаз занм деак таа врска би немала иднина, ме свака некој?
А зошто да го правиш тоа, макар и за забава и задоволство, ти ко што викаш? Само губење на време е, башка може и да се развијат чувства кои сега не ги планираш. Што ќе правиш тоа ако се случи? Подобро не навлегувај во такви работи, ништо добро од тоа не може да излезе.
те свакам монибејби дека сакаш да се осетиш сакана љубена сакаш да имаш потпора да се ослониш на некој кога ке имаш потреба од некој и имаш право на тоа нели се разведе баш заради што го немаше сето ова али срцка погрешна личност имаш одбрано разбираш????? зошто за неколку пати видување да те разберат сите и да му ги отвортиш муцките на сите како ете ти си таа лошата ти не чиниш и да има бившиот твој со што да те напаѓа и прикажува како неморална жена односно да те прикажува како курва имаш право на љубов и срека само не со ваков човек подобро најди си некој што можиш со него и да се заљубиш и да успееш а не вака однапред знаеш дека немаш иднина со овој мислам дека ти веке си имаш одлучено и ние што и да пишеме ти пак ке се гледаш со него али ти си знаеш кога можеш да одис по полесниот пат зошто ти секогаш го одбираш потрнливиот пат
Не јас не те свакам еве ке ти кажам зошто додека ти ке бидеш со него ради задоволство ај те молам стави се само пет мин на место на неговата жена!? Колку читам тука и ти си била мажена ако не сум крешка па можеби знаеш како е тоа иако се сомневам,да би знаела не би се впуштила во такво нешто.
Абе зарах ти го разбирам муабетот, и јас сум била во таква истуација и не би ми било сеедно маж ми да идесо друга, те разбирам, ама мене не би било намера да им го расипам они тоа што го имаат, аве зборам да не се гледаме толку често, незнам што да правам,а од друга страна па мие тешко што го одбив.
Во почетокот можеби ќе ти биде убаво и најубаво ама како што ќе поминува времето пак ти ќе бидеш таа што по мое ќе биде на некој начин повредена од таа врска.........те сваќам дека сега поминуваш низ тежок период и знам колку ти треба таква некоја близина од маж покрај себе,ама најди некој неженет за тоа два-три пати во месецот да се гледаш со него,некој кон кого нема да имаш и тој нема да има обврски околу себе........не ти треба дополнително да си ја комплицираш состојбата во која се најдуваш.
Снезанце да добро се секавш ан оваа ситуација, та така беше јас тогаш него почнав да го засакувам, но мегу нас немаше ама баш ништо., со таа разлика што не покуша нешто да направи сомене, после веке неработев таму и изгубив контакт сонего.Со тојнемавме ништо.