Ве молам без понатамошни навреди, ќе следуваат банови од темата. Ако за нешто гледате дека не се согласувате океј, не мора истото со страници да се повторува. Agree to disagree и толку.
Не! Не секое мажиште ги кажува тие зборови па после се кааел. Психопати ги вреѓаат и тепаат жените! Да го тргнеме за момент тоа што е женет! Од самиот старт типов е едно големо црвено знаменце, ПСИХОПАТ! Љубоморен, ти забранувал да излегуваш, те контролирал...а ти си му се потчинувала сите 4 години. Во првиот момент кога си му се спротиставила излегло чудовиштето од него па почнал да те тепа!!! На секое твое противречење он шамар! И така ќе биде се додека пак не му се потчиниш!!! Ако сакаш животот и најубавите години да ти поминат со психопат кој како ќе те држи на ланец и тепа, слободно ипропасти си го животот!!! А ако барем малку имаш самопочит и си го сакаш животот ќе се тргнеш од тоа чудовиште и никогаш повеќе нема да ја повториш оваа грешка да се бафташ со женети психопати. Него ќе си најдеш дечко, има прекрасни деца, кој ќе те сака и почитува и ќе си му ти на прво место! И да, нема да те вреѓа и тепа во афект! А ако сакаш да се досамоуништиш продолжи си да си тераш како и досега! Жртва не си, далеку од тоа! Доволно си возрасна да расудуваш и да знаеш што е добро а што лошо, исправно а што не, морално или неморално! Искрено се надевам дека ќе се свестиш!
Не сум мажена јас. И никогаш не би си дозволила да бидам втора, да си погазам достоинство за 50гр месо. За мажени што шврљаат не знам што да кажам.. Немам таков ментален склоп.
Добро ај да поедноставиме: Тој: 1. Виновен пред жена му. 2. Насилник кој треба да се казни. Швалерката: Виновна за сопствената каша, но не за тепањето. Свесно повредува друга жена и има низок морал. Сопругата: Може да се лути САМО на сопругот, не на љубовницата, бидејќи САМО сопругот се заколнал на љубов, почит и моногамност. Така да децо кога сте швалери/швалерки најмногу се повредувате себеси.
Ау какви драми. Тегнење на долго и широко кога и двајцата се...пардон мај френч, стоки. Кој колкава вина има небитно, и двајцата се ѓубриња од луѓе. Само момаков не ми е јасен, му рекла не, го игнорирала. Зошто е овој ко пијавица? Smells like повредено мачо мен ego to me
И јас се впуштив во таква авантура Искрено мислев дека е сингл, ама на првиот состанок дирекно ми кажа дека е оженат, се случи што се случи, едноставно ми годи оваа афера и никој не знае, не живеам во илузии и фантаази знам дека сево ова еден ден ќе заврши и тоа му го реков кога ми купи автомобил дека не сакам да му бидам должна ама он е џек и џентламен, жал ми е што не се сретнавме порано коа бил сингл али судбина јебига
неговите манири се џентламенски, однесувањето му е кавалерски, покрај него се осеќам како Анџелина Џоли
Дека никој не заслужува да е психички или физички малтретиран стои. Ама не знам како толку солзи изнапуштивте за некој како девојката која е со класична опсесија спрема човеков, пази она 4 години се впуштила во врска со зафатен човек, свесно влегла во тоа да е втора виолина, и заминал типот на одмор, таа кубе коси, плаче, депресивни епизоди ја маваат. Извинете, ама и во нормална врска ова не е во ред. Пак ќе кажам, неговото исто не е во ред и девојче треба на психолог да си го решаваш проблемот. Второ, и да има и да нема морална одговорност, има одговорност да ги сноси последиците на тоа во кое се впуштила. Извинете, ама не можете да очекувате разум и нормално однесување од човек што решил 4 години да мине во паралелна врска надвор од бракот. Сега ќе кажете ама колку ги има такви, гајле ми е колку ги има, едноставно таков човек нема да се грижи за никој друг освен за себе и своите интереси, тоа е факт. Така што, не може да се впуштите свесно во проблематична врска и да очекувате дека човекот отспротива е совршен. Не дека тоа е оправдување за овој, или е осуда директно за неа, ама реално секој возрасен човек треба да е свесен за тоа со кого влегува во некаква врска, па уште и со кого останува 4 години. Грешката е направена и сега девојката треба да си се обрати на психолог, а не да го воспева тука сексот и не знам колку била убава врската како во првиот пост. Пак ќе повторам, насилството не го оправдувам, ама девојката сега треба да се соочи со себе и проблемот и да излезе од тоа, да сфати со кој психопат си имала работа и да се тргне сосема. Трето, 19-20 години се сосема доволни за да си свесен за сериозноста на одржување на врска со оженет човек. Дали имала проблем со самодоверба или не е небитно, зошто на крај се сведува на тоа каков ти е моралниот компас. Колку и да сакате да прикажете тука дека љубовницата или љубовникот нема никаква одговорност, да, може не би идела да барам одговорност од неа, ама па од такви луѓе кои свесно се впуштиле во врска со зафатен човек, не би очекувала никакви повисоки вредности како емпатија или несебичност.
Точно. Што и да одлучиш да правиш, треба да си свесен за последиците. Најглупото нешто што може да ти се случи е да се заљубиш во оженет. Оди изеби го, ако ти е толку мерак и толку. Ама ете, некои се заљубуваат, некои и ги тепаат (како од примеров). И како ќе им помогнеме да излезат од ситуацијата? Со нарекување 'неморални курви'? Тебе би ти помогнал ваков муабет ако си во нејзина ситуација?
Па не баш, двајцата се хардкор гнаси, мажот шо изневерува и швалерката што си дозволила да влезе у таква "врска". Си стојам на тоа дека мажот е крив за сето ова, ама дај не сожалувајте вакви женски што немаат ни тронка емпатија кон друга жена и деца, first of all. Второ, сите туфкате феминизам, ова она, али заборавате дека женската личност во овој случај понижила друга женска личност, сега нека не се крие зад виктим картата, ти се молам. А за мажот, се надевам дека насилствово тродупло ќе му се врати подоцна у животот, кога ќе му треба вистински партнер и топлина од дечињата, нека помисли на овие моменти. Можам да замислам каков емоционален терор и хаос му е дома, жално, стварно.